Скопје
23ᴼ /
23ᴼ
Најдобриот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ, потврди дека оваа година ќе се натпреварува на Мастерс турнирот во Синсинати. Натпреварувањето ќе се одржи од 13 до 23 август. – Со задоволство објавувам дека оваа година ќе играм во Синсинати за прв пат од 2023 година. Тогаш играв едно од најдобрите финалиња на Мастерс турнири во мојата кариера. Едвај чекам да се вратам и да настапам за вас, го цитираше прес-службата на турнирот Ѓоковиќ. ...
Најдобриот тенисер во историјата, 24-кратниот Грен слем шампион, Новак Ѓоковиќ, предложи промена во форматот на тениските натпревари. Предлогот на 39-годишниот Србин ќе значи избегнување маратонски мечеви. – Треба да го промениме системот за бодување. Сетовите треба да се играат на четири гема наместо на шест и натпреварите да се одржуваат во рок од два часа. Тоа би било најдобро за сите, изјави Ѓоковиќ за „Tennis Up To Date“. Сличен систем ...
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа се пласираше во второто коло на турнирот од серијата W75 во Лајпциг, откако попладнево со 2-1 во сетови (6-4, 4-6, 64) ја совлада Анастасија Фирман од Украина. Ѓорческа до стартната победа на турнирот во германскиот град дојде по 2 часа и 30 минути. Во второто коло македонската тенисерка ќе игра против чешката тенисерка Алена Ковачкова, која претходно денеска со 2-0 во сетови ја совлада Сохун Парк. ...
Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз официјално се откажа од Мастерсот во Синсинати. Се претпоставува дека причината се повредите, односно дека не ја залечил доволно повредата на раката што ја доби на турнирот во Барселона во април. Сега го доведе во прашање и своето учество на УС Опен, а доколку не игра на последниот Гренд слем во годината, може да ја заврши сезоната без да одигра ниту еден натпревар. ...
Еден од најголемите гласини за трансфери во сезоната сега е официјален: Фабио Куартараро се сели во Хонда. Светскиот шампион од 2021 година потпиша за тимот на Хонда ХРЦ, бидејќи новата ера на МотоГП од 850 кубни сантиметри започнува следната година, потврдена со фабриката за 2027 и 2028 година. 27-годишникот се приклучи на премиер класата во 2019 година и веднаш го привлече вниманието на публиката. По рекордите во тогашниот меѓународен ...
Официјално е: Хонда Рејсинг Корпорејшн го објави потпишувањето на договорот со Давид Алонсо од 2027 година. Колумбиецот има повеќегодишен договор со јапонските гиганти, но сè уште не е потврдено со кој тим ќе се трка – тимот Хонда ХРЦ или тимот ЛЦР. Алонсо го сврте вниманието кон себе во падокот откако заврши трет како почетник во Мото3 во 2023 година, пред да доминира во класата следната година. Моментално во својата втора сезона во ...
Возачот на Мекларен, Ландо Норис, ги освои квалификациите за 11. трка од шампионатот во Формула 1 во 2026 година во Унгарија. Неговото најдобро време на круг беше 1 минута и 17,207 секунди. Возачот на Ферари, Луис Хамилтон, беше втор со само 0,012 секунди зад Норис. Третото место во квалификациите го освои уште еден возач на Ферари, Шарл Леклер (+0,238). Четвртото место го освои лидерот во шампионатот, Андреа Кими Антонели (+0,272) во ...
Формула 1 возачот Луис Хамилтон ќе стартува од петтата позиција на ГН на Унгарија, откако доби казна од три стартни места поради попречување на Оскар Пјастри во завршниот дел од квалификациите. Возачот на Ферари првично го освои второто место во квалификациите, но по одлуката на стјуардите ќе мора да тргне од петтата стартна позиција. Одлуката беше донесена по сослушувањето на двајцата возачи, како и на претставниците на Ферари и Мекларен. ...
Формула 1 и ФИА потврдија дека Големата награда на Бахреин во 2026 година ќе се одржи на патеката Сепанг во Малезија. Трката ќе се одржи од 2 до 4 октомври, помеѓу Големата награда на Азербејџан и Големата награда на Сингапур, додека остатокот од календарот останува непроменет. Настанот официјално ќе се нарече Големата награда на Бахреин во Малезија, а договорот сè уште треба да добие конечно одобрение од Светскиот совет за мотоспорт. ...
Возачот на Мекларен, Ландо Норис,победи на трката „Хунгароринг“, која се возеше за ГН на Унгарија, вкупно единаесетта од овогодинешниот шампионат во Формула 1. Второто место му припадна на Макс Ферстапен од Ред Бул, додека трет заврши возачот на Мерцедес, Кими Антонели. Трката ја одбележа и борбата за подиум на Луис Хамилтон. Рекордерот по број победи на „Хунгароринг“ доби казна поради пребрзо влегување во боксот, па на крајот заврши на ...
Големата награда на Бахреин за 2026 година нема да се вози на Блискиот Исток, туку привремено се сели директно на легендарната патека „Сепанг“ во Малезија. Челниците на Формула 1 и ФИА официјално потврдија дека е постигнат уникатен договор меѓу владите на Бахреин и Малезија, со што се спасува одржувањето на трката. Настанот официјално ќе се вика „Формула 1 Галф Ер Голема награда на Бахреин во Малезија“ и ќе се одржи од 2 до 4 октомври 2026 ...
Шпекулациите за иднината на четирикратниот светски шампион, Макс Верстапен, не стивнуваат, иако неговиот договор со Ред бул важи до 2028 година. Според бројни информации, во договорот постои клаузула што би можела да му овозможи предвремено заминување доколку не бидат исполнети одредени резултатски услови. Како најсериозни негови можни дестинации се споменуваат Мерцедес и Мекларен, иако Тото Волф и Зак Браун засега тврдат дека немаат планови ...
Големата награда на Германија би можела да се врати во календарот на формула 1. Разговори за враќање на Ф1 на патеката во Хокенхајм се веќе започнати. Последната трка се одржа во 2019 година. Новите инвеститори се подготвени за нови вложувања и патеката повторно да биде организатор на трка во формула 1. Последните години проширувањето на Ф1 надвор од Европа е поголемо. Голем интерес за организација на трки има во земјите од Африка, Азија, па ...
Европскиот автомобилски шампион Игор Стефановски – Иџе, започнува ново поглавје во својата богата тркачка кариера. По освоените европски титули и бројните успеси на најпознатите ридски патеки, оваа сезона тој ќе настапува со прототип болид, најмоќната и најпрестижната класа во ридскиот автомобилизам. Со овој историски чекор, Стефановски станува првиот македонски возач што ќе се натпреварува со прототип болид на официјални меѓународни ...
Никола Јокиќ наскоро може да стане сопственик на најголемиот договор во историјата на НБА. Според информациите на „ЕСПН“, се очекува управата на Денвер Нагетс да му понуди на српскиот центар петгодишно продолжување на соработката, вредно околу 359,5 милиони долари. Јокиќ има договор со Денвер до 2028 година, но веќе има можност за нова максимална соработка. Доколку потпише четиригодишна екстензија, таа би му донела околу 278 милиони долари, ...
Поранешната НБА-ѕвезда, Шекил О’Нил ја изложи целта на Леброн Џејмс за крајот на неговата кариера. Шекил верува дека импресивниот рекорд на Леброн Џејмс го мотивира да ја продолжи кариерата на 41 година. – Леброн ужива во тоа што е најефикасниот кошаркар во историјата на лигата. И еве што ќе ви кажам. Неговата цел е да го направи рекордот апсолутно недостижен, да го обезбеди засекогаш. Кога играв, гледајќи ја статистиката на Карим, си ...
Кошаркарската федерација на Македонија ја информира јавноста дека по завршувањето на постапката за лиценцирање, како и по истекот на рокот за поднесување жалби во делот на исполнување на обврските поврзани со финансиската дисциплина, е констатирано дека еден клуб не ги исполнил условите предвидени со важечките акти на Федерацијата за настап во највисокиот степен на натпреварување во сезоната 2026/2027. Во согласност со одредбите од ...
Кошаркарката федерација на Македонија објави дека еден прволигаш не ги исполнил обврските и не ја добил потребната лиценца за настапување во највисок ранг за следната сезона. ТФТ и Маџари тоа го сторија, но не и екипата на Чаир која што и официјално не е повеќе дел од елитната македонска кошарка. Тимот од Скопје кој имаше долг беше убедливо најголем кога станува збор за трите спорни екипи не ги исполни барањата. Од друга страна пак, од КФСМ ...
Легендарниот Клеј Томпсон би можел да ја продолжи кариерата во Лос Анџелес Лејкерс, пренесуваат американските медиуми. Според информациите, искусниот шутер е блиску до разделба со Далас и наскоро би можел да стане слободен агент. Лејкерс важи за главен фаворит за неговиот потпис, Томпсон има уште една година од договорот вреден 17,4 милиони долари, а минатата сезона бележеше просек од 11,7 поени со 39 проценти успешност во шутот. Иако се ...
Торнике Шенгелија ја напушти Барселона и како што стојат работите, кариерата ќе ја продолжи во Дубаи. Кошаркаската секција на Барселона, летово влече нелогични потези. Голем број кошаркари си заминаа, стигнаа досега само тројца и новиот тренер, инаку селекторт на Словенија, Секулиќ. Ако по утрото денот се познава, Барселона нема да има конкурентен тим сезонава не само во Евролигата туку и во Шпанија. Поради тоа Шенгелија реши да замине. За да ...
Машката кадетска репрезентација на Македонија со убедлива победа го започна настапот на ЕП од Б-дивизијата, кое се одржува во Гевгелија и Скопје. Избраниците на селекторот Дејан Стојановски ја совладаа селекцијата на Кипар со 82-63 и на најдобар можен начин го отворија шампионатот. Најефикасен беше Дион Шабани, кој одигра извонреден натпревар и запиша дабл-дабл учинок од 37 поени и 10 скока. Одлична поддршка доби од Александар Зунзуровски, ...
Македонската кадетска репрезентација со убедлива победа над Кипар го отвори настапот на ЕП од Дивизијата „Б“, а селекторот Дејан Стојановски беше задоволен од пристапот и енергијата што ја прикажаа неговите избраници. Селекторот потенцираше дека има простор за напредок, особено во контролата на топката, и дека тимот веќе ги насочува подготовките кон вториот натпревар во групата, против селекцијата на Исланд. „Добар прв чекор. Како што кажав и ...
Новата управа на КК Пелистер продолжува на ангажманот на новите кошаркари. Притоа уште еден македонски младински репрезентативец во следната сезона ќе го носи дресот на Пелистер. Клубот од Битола постигна согласност со репрезентативецот до 20 години, Бојан Димитриев. 20-годишниот кошаркар, минатата сезона ја мина во дресот на Водно Санс. Во новата сезона на клупата на Пелистер ќе биде Тане Спасев, а нови играчи се Коста Кириловски, Виктор ...
Женската јуниорска кошаркарска репрезентација на Македонија не успеа да ја забележи првата победа на ЕП од Дивизијата Б во Тулчеа, откако во неизвесна завршница загуби од селекцијата на Азербејџан со 73-75. Нашата селекција игра за разигрување за пласман од 17. до 20. позиција на шампионатот, а првиот натпревар од таа група го отвори со пораз од Азербејџанките. Најдобра кај Македонија беше Ива Колева со 18 поени, ја следеше Теа Трајковска со ...
Германскиот ракометен клуб Фленсбург го потврди ангажманот на португалските репрезентативци Мартим и Кико Кошта, кои потпишаа договори со клубот до 2032 година. Потписите на Мартим и Кико Кошта ја потврдуваат и долгорочната стратегија на Флензбург, кој сака да изгради конкурентен тим способен да се бори за сите трофеи во Германија и Европа во наредните години. Германскиот ракометен клуб Фленсбург го потврди ангажманот на португалските ...
Цепелинот на нашите ракометари против Франција се најде во листата на ТОП 5 најубави голови во првата фаза од натпреварите на ЕП за кадети во Белград. Делото е на Бобан Поповски кој постигна извонреден гол од цепелин кој се најде на третото место на ТОП 5 листата формиранаод ЕХФ за најубави голови на ЕП. The M18 #ehfeuro2026 preliminary round 𝗧𝗢𝗣 𝟱 𝗚𝗢𝗔𝗟𝗦 are here! 🔥 Which one is your favourite? 🤔 #followthefuture #handball ...
Македонската кадетска ракометна репрезентација ја забележа првата победа на Европското првенство кое се одржува во Србија, откако попладнево ја совлада Италија со убедливи 33-23 во воведниот натпревар во групата 1 во разигрувањето за пласман од 9 до 16 место. Избраниците на селекторот Горан Кузмановски од самиот почеток на дуелот во Белград стекнаа водство од три голови разлика и на полувремето заминаа со предност од 17-13. Македонските ...
Македонската машка кадетска ракометна репрезентација ја совлада попладнево Турција со 29-27 и со тоа ја забележа втората победа во групата 1. од разигрувањето за пласман од 9. до 16. место на Европското првенство во Белград. Избраниците на селекторот Горан Кузмановски резервирано влегоа во дуелот, овозможувајќи им на турските ракометари да дојдат до почетно водство од 8-5. Македонските ракометари одговорија со серија од 6-2 за прво водство на ...
Македонскиот ракометен првак Вардар ги информира навивачите, дека има промени во распоредот во ЕХФ ЛШ. Домашниот натпревар од 2.коло против Нант, што ќе се игра на 16 септември во СЦ „Јане Сандански“, ќе започне во 18:45 часот. Промена има и за гостувањето кај Висла Плоцк во 4. коло. Натпреварот, претходно беше закажан за 15 октомври, но ќе се игра на 14 октомври, со почеток од 18:45 часот. Клубот дополнително ќе ги информира навивачите за ...
Машката кадетска ракометна репрезентација на Македонија ја забележа и втората победа на ЕП 2026, откако денеска ја совлада селекцијата на Турција со 29:27. Нашата репрезентација го освои второто место во својата група од разигрувањето и како најдобропласирана второпласирана селекција обезбеди место меѓу најдобрите 16 репрезентации на шампионатот. Нашата селекција ќе продолжи да се натпреварува за пласман од деветтото до 16 место на ...