Скопје
33ᴼ /
33ᴼ
Со концерт на грчкиот ансамбл „Десетте бузуки на Домна“, на 16 јули во 21 часот во Хераклеја, ќе биде отворено 20. јубилејно издание на Балканскиот етно-фјужн фестивал „Локум фест-музика и традиција“. На концертот ќе настапат музичари на 10 бузуки, гитара, контрабас, солисти и танчари. „Локум фест“ е единствен фестивал од ваков тип во Македонија, кој веќе дваесет успешно ги поврзува традиционалната градска музика, етно звукот и современата ...
Македонскиот металкор бенд „Карма скејл“ (Karma Scale) ќе настапи на годинашното издание на фестивалот „Хилс оф рок“ (Hills of Rock) во Пловдив, што ќе се одржи од 24 до 26 јули. Овој фестивал секоја година може да се пофали со врвна програма и ексклузивни настапи за регионот. Главните ѕвезди оваа година се Мерилин Менсон и „Гадсмек“, а меѓу учесниците се и „Секс пистолс“ (со пејачот Френк Картер), „Лемб оф гад“ и „Блејк лејбл сосаети“. ...
Скопје синоќа беше музички центар на светот. Легендарните „Дјуран Дјуран“ одржаа фантастичен концерт во арената „Борис Трајковски“ во организација на „Авалон“, пред преполна сала и публика која пееше во еден глас. Од самиот почеток атмосферата беше еуфорична, а настанот со одличен настап го отвори Дина Јашари со својот бенд. Шармот и појавата на пејачот Сајмон Ле Бон беа доволни за почеток на концертот. Ако на тоа се додадат неговиот ...
Дуото Дац и Александар денеска (2 јули) ја промовираше својата прва плоча „Уште ми фалиш“, за која претходно кажа дека е со црвена боја, во знак на љубовта. Плочата му ја посветија на легендарниот радиоводител и диџеј Драган Б.Костиќ, кој почина во декември. „Мој музички ментор секогаш бил Драган Б. Костиќ. тој многу ќе се радуваше да беше овде, но, за жал, не ја дочека оваа промоција. Затоа, плочата му ја посветуваме нему и ќе ја подариме на ...
Младиот пејач Борјан Диневски дебитира со синглот „Трофеј“. Диневски има 18 години и е ученик во четврта година во скопската гимназија „Орце Николов“. „’Трофеј’ е поп/афробит песна со свеж, модерен звук и летна атмосфера, создадена да внесе нова енергија и да понуди нешто поинакво на музичката сцена во периодот што следи. Автор и продуцент на песната е Александар Масевски“, вели Диневски. Тој додава дека има желба да создава музика што ќе ...
„Стотројка“ го објави „Дома“, најновото минииздание на пејачот, автор и продуцент Тодор Караколев. Албумот содржи три композиции: инструменталната „103“, насловната „Дома“ и „Сеедно“, за кои авторот вели дека носат атмосфера што се движи помеѓу немир, интроспекција и смиреност. Спотот за „103“ го направи Дамјан Цветков-Димитров и е изработен преку 3-Д скенирање на студиото на „Стотројка“. Музиката е целосно авторство на Караколев, мастерингот ...
На 3 јули во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид од 20.30 часот ќе се одржи концерт на НУ „ТАНЕЦ“. На 6 јули на истото место настапува хрватскиот фолклотрен ансамбл „Ладо“, со кој „Танец“ често соработува. Двата познати фолклорни ансамбли потоа ќе имаат два заеднички концерти, на 8 јули на античкиот локалитет Хераклеја во Битола и на 10 јули во Скопје, во Националната опера и балет (НОБ) во Скопје. „Овој незаборавен аудио-визуелен ...
Пеејќи песни од Владо Јаневски, стотици фанови се собраа пред Арената „Борис Трајковски“ во Скопје за да му оддадат почит на кантавторот кој почина на 28 јуни во Скопје, по кусо боледување. На настанот кој го иницираа фановите на Јаневски, а го поддржа продукција „Прагма“, дојдоа и негови колеги и пријатели кои со години соработувале со него. Пеејќи го евергринот „Некогаш и негде“ заедно со водителот Марко Марк, фановите направија ѕвездено ...
Претставата „Анна“, во режија на Нина Николиќ, продукција на Театар Комедија и „Перипетија продукција“, ја доби Гран при наградата на 27. издание на меѓународниот фестивал на камерен театар „Златен лав“ во Умаг, Хрватска. Актерката Маја Љутков беше наградена за главна женска улога за својата изведба на Анна. По Умаг, следната фестивалска изведба на „Анна“ е на меѓународниот фестивал на камерна драма „Ристо Шишков“ во Струмица. Претставата е ...
Вечерва (30 јуни) од 19 часот, во Музејот на македонската борба во Скопје ќе се одржи гала оперски концерт во рамките на проектот „Жените во музичката уметност низ вековите“. Настапуваат сопранистките Магдалена Алексовска (фото) и Тина Ристеска, мецосопранот Даница Станојоска, Ивона Давидовска на контрабас и Наташа Калајџиева-Здравева на пијано. Уметнички соработник е Милан Јанкулоски. Влезот за публиката е слободен. „Концертите имаат за цел ...
Актерот Том Харди се подготвува да го издаде својот деби рап албум. Тој соработува со „Царфејс“, супергрупата од Источниот Брег, на албумот „Czarface Meets Frankie Pulitzer“. Френки Пулицер е раперското алтер-его на Харди. Гости на албумот се и Метод Мен и Баста Рајмс. Харди веќе го објави првиот сингл од албумот насловен „Brothers Grimm“. Харди долго време се занимава со рап, а во 2011 откри дека склучил договор за снимање кога имал 15 ...
Утре (30 јуни) од 20 часот, на платото пред арената „Борис Трајковски“ ќе се организира настан во чест на кантавторот Владо Јаневски, кој почина вчера (28 јуни) по кусо боледување во Скопје, објави продукцијата „Прагма“. „Ќе се собереме за последен пат да му оддадеме почит на Владо Јаневски. Нека неговите песни одекнат уште еднаш, нека светлината од свеќите биде нашето ‘благодарам’, а нашето присуство доказ дека големите уметници никогаш не ...
Популарната британска група „Ајдлс“, која настапи на третата вечер од годинашниов Д фестивал, во Штип пристигна со три шлепери опрема, иако организаторот веќе имаше инсталирано бина со комплетна опрема, со која во претходните два дена настапија останатите учесници. „Тоа е група која сака висок професионализам и затоа секаде каде гостува, настапува со своја опрема. Бараа од нас да овозможиме пристап на камионите за да ја инсталираат. Групата ...
Кинотеката за јули најави филмска програма составена од омажи, ретроспективи и современи македонски филмови. Програмата започнува со омаж на Горан Стефановски, еден од најзначајните македонски драмски автори и сценаристи. Во негова чест ќе биде прикажан филмот „До балчак“, во режија на Столе Попов, на 1 јули од 20:30 часот. Посебен сегмент од програмата е посветен на Стефан Сидовски-Сидо, професор по филозофија, предавач по теорија на филм и ...
Манчестер Јунајтед го обезбеди поголемиот дел од земјиштето потребно за изградба на новиот стадион со 100.000 седишта, соопшти клубот. Јунајтед минатата година ги објави плановите за изградба на стадионот вреден две милијарди фунти, кој ќе биде најголемиот во Велика Британија. Новиот стадион ќе се гради веднаш до постојниот „Олд Трафорд“. „Можноста да градиме толку блиску до ‘Олд Трафорд‘ ни овозможува да ги зачуваме наследството, традициите ...
Планираниот биографски филм за Мадона, најавен во 2020, пропаднал поради несогласувањата околу висината на буџетот и предлогот да се снима во Србија, откри славната пејачка во интервју за магазинот „Интервју“. Овој филм требаше да го режира самата Мадона, по сценарио на оскаровката Дијабло Коди. „Се појавија несогласувања помеѓу мене и студиото ‘Јуниверзал‘ околу буџетот. Имав исклучителен живот. Мојот живот беше огромен, па затоа ми беше ...
Канада дојде чекор поблиску до учество на Евровизија откако Европската радиодифузна унија објави дека канадскиот национален јавен радиодифузер „Си-Би-Си/Радио Канада“ станал полноправен член на групата. Учеството на блескавото европско музичко натпреварување е една од целите на канадскиот премиер Марк Карни откако ја презеде функцијата во 2025 година. Буџетот на неговата влада вклучуваше 150 милиони канадски долари за финансирање на Си-Би-Си ...
Поп-пејачот Стефан Величковски ја промовираше својата нова песна „Имам сѐ“, балада за која вели дека е посветена на родителската љубов и поддршката за децата. Текстот го напиша неговата сопруга Ана Николовска-Величковски како роденденски подарок за нивната ќерка Зорана, а Стефан Величковски е автор на музиката. На песната работеше и Иле Спасев како аранжер, а Драган Ристевски го режираше видеоспотот, во кој главната улога ја има ќерката ...
Момчило Бајагиќ-Бајага, германскиот техно диџеј Борис Брејча и британскиот бенд „Ајдлс“ ќе бидат меѓу учесниците на тридневниот Д фестивал во Штип, што трае од денеска (26 јуни) до 28 јуни. Главната бина е на Градскиот стадион, а ќе има вкупно шест сцени, некои на пешачката патека покрај реката Брегалница. Како и лани, влезот е бесплатен. „Музичките вибрации ќе бидат збогатени и со настапот на Јура Стублиќ и групата ‘Филм‘ и повеќе странски ...
Од 26 до 28 јуни во Кисела Вода ќе се одржи „Културно лето“, со тридневна музичка, културна и забавна програма по повод 71. роденден на најстарата скопска општина. Настаните ќе се одржуваат на неколку локации низ општината, со содржини наменети за сите генерации. Фестивалот започнува кај крстот во Драчево во 20 часот со настапи на КУД „Китка“, Андријана Петрушевска, „Љубојна“ и Никола Станишиќ. На 27 јуни програмата продолжува во паркот ...
Квентин Тарантино и Кајли Миног ќе глумат во нов филм заедно, објави „Вараети“. Станува збор за драмата „Tangled Up in Blue“, во режија на Британецот Џејми Адамс. Деталите за дејството не се познати, но Тарантино и Миног се видени на снимање во велшкиот град Порткол. Во филмот глумат и Софија Бутела и Џејсон Ајзакс, кој играше во третата сезона на „Белиот лотус“. Тарантино веќе соработуваше со Адамс, на филмот „Only What We Carry“, кој имаше ...
Легендарниот гитарист Влатко Стефановски одржа двочасовен концерт во Домот на младите во Штип, во рамките на Штипското културно лето. Настапот започна и заврши со голем аплауз на полната летна сцена.. „Уште од млад знаев дека Штип е рокерско место, рокерски град. Овде запознав многу добри и интересни луѓе, кои секогаш ми го олеснуваа престојот“, рече Стефановски. Тој се наврати и на периодот кога како помлад настапувал во градот. „Во 1983 ...
Филмови за Мајлс Дејвис, „Дјуран Дјуран“ и „Крафтверк“ ќе бидат дел од 12. издание на фестивалот на музички документарци Скопје синема сити, што ќе се одржи на 26 и 27 јуни во кино Фросина во Младински културен центар. На отворањето од 20 часот ќе биде прикажан документарниот филм „Мајлс Дејвис: Раѓањето на култот“, во чест на 100 години од раѓањето на легендарниот џез-музичар. Втората фестивалска вечер се проекциите на „Дјуран Дјуран: Зад ...
Популарната македонска група „Суперхикс“, која слави 35 години постоење, ќе го спои овој јубилеј со 25 години на фестивалот „Битола отворен град“, на кој ќе настапи на 26 јуни од 20:30 часот на Широк Сокак. Дел до концертот ќе бидат и битолскиот бенд „Ерапшн“ и новосадскиот бенд „Осми дан“. Концертот е дел од богатата четиридневна програма на фестивалот „Битола отворен град“, во организација на Младинскиот културен центра од Битола, кој ...
Ана Петановска сними македонска верзија на песната „Балада за ангелот“, која во 2024 ја испеа на фестивалот „Белградска пролет“. Песната му е посветена на Тоше Проески, а белградската публика ѝ даде голем аплауз по настапот. Песната во оригинал е напишана на српски јазик, со музика на еден од најпознатите македонски композитори, Григор Копров. Тој вели дека инспирацијата за песната ја пронашол во коментар оставен под спот на Тоше, каде ...
Со концерт на групата „Љубојна“, вечерва (24 јуни) на летната сцена во Крива Паланка ќе биде отворено „Кривопаланечко културно лето 2026“. Градоначалникот Сашко Митовски преку видеообраќање ги покани граѓаните и посетителите да бидат дел од отворањето на летната сцена во центарот на градот. „Годинашното издание носи богата програма со повеќе од 60 културни настани: концерти, изложби, театарски претстави, книжевни и музички вечери и содржини ...
Тронот што го користеше Ози Озборн за време на неговиот последен настап ќе биде јавно изложен во Бирмингем, додека обожавателите се подготвуваат да ја одбележат првата годишнина од смртта на рок-легендата. Црниот трон во готски стил, што беше на бината на прошталниот концерт на „Блек Сабат“ во „Вила парк“ во јули 2025, ќе стане дел од изложбата „Ози Озборн: Херој на работничката класа“ во Музејот и уметничка галерија во Бирмингем од 1 јули. ...
Со концерт на групата „Љубојна“, вечерва (24 јуни) на летната сцена во Крива Паланка ќе биде отворено „Кривопаланечко културно лето 2026“. Градоначалникот Сашко Митовски преку видеообраќање ги покани граѓаните и посетителите да бидат дел од отворањето на летната сцена во центарот на градот. „Годинашното издание носи богата програма со повеќе од 60 културни настани: концерти, изложби, театарски претстави, книжевни и музички вечери и содржини ...
Дина Јашари ќе отвори уште еден голем концерт во организација на „Авалон“. Откако лани ја загреваа публиката пред концертот на „Масив атак“ во Градски парк, Јашари и нејзиниот бенд ќе настапат и пред „Дјуран Дјуран“ на концертот што ќе се одржи во арената „Борис Трајковски“ на 2 јули. Ова е ново признание за една од највпечатливите нови авторки на регионалната сцена, која минатата година го објави својот деби апбум „Растенија без корен“, а ...
„Ехо од Хераклеја“ е насловен концертот на Миле Кузмановски и Камерниот оркестар на Битола, кој ќе се одржи на 15 јули во Хереклеја во Битола од 20:30 часот. „Публиката ќе има можност да ги слушне безвременските хитови во едно поинакво издание, а Миле Кузмановски ќе биде придружуван од камерен оркестар. Тој и оркестарот заедно ќе направат битолска приказна што ќе се памети“, велат организаторите. „Особено се радувам што ќе пеам во еден таков ...