Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
По грчката акција „Вардарис“, има истрага и определен е притвор за едно лице, осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана, соопштија денеска од Јавното обвинителство на Република Македонија (ЈОРМ). Како што соопштија од ЈОРМ, предметен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, постапувајќи по кривична пријава поднесена од Министерството за внатрешни работи, донел наредба за ...
Состојбата со пожарите на отворен простор во текот на вчерашниот ден беше навистина тешка, имавме 29 пожари. Од нив, 22 се целосно изгаснати благодарение на брзата реакција и силната пожртвуваност на локалните пожарникари, каде што се развиваа овие пожари. Еден е ставен под контрола, додека шест се активни во моментов, соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, на видео објавено на Јутјуб. На пожарот на ...
Најмалку 12 луѓе загинаа, а уште 47 се повредени откако автобус со полска регистрација се преврте во Унгарија, на околу 140 километри од главниот град Будимпешта. Несреќата се случила околу 1:00 часот по локално време (2:00 часот по македонско време) ноќеска. Службите за итна помош во Унгарија соопштија дека десетмина од патниците во автобусот добиле тешки повреди, а 37 лица се полесно повредени, посочува ДПА. Автобусот излетал од коловозот и ...
Најмалку тројца луѓе загинаа, а повеќе од 20 се повредени во руски воздушни напади врз Украина во текот на ноќта и утрово, соопшти украинскиот претседател Володимир Зеленски, а пренесе ДПА. Двајца загинаа, а уште 14 се повредени во напад со балистичка ракета врз родниот град на Зеленски – Криви Рог, напиша тој на Телеграм. Уште еден човек загина во Суми, во североисточна Украина, а шестмина се повредени во Киев и неговата околина. – Службите ...
Во текот на изминатото деноноќие, на целата територија на државата, полициските службеници лишиле од слобода 16 возачи поради безобѕирно управување со моторно возило. Од нив, 10 управувале возило под дејство на алкохол. -Возачи од Тетово, Кочани, Кичево, Прилеп и Португалија биле запрени и при извршениот алкотест кај нив било констатирано присуство на алкохол. Возач од Турција, кај кого биле измерени 1,98 промили алкохол во крвта, предизвикал ...
Инфлацијата во Македонија во јули годинава изнесува 2,3 проценти на годишно ниво, додека цените на мало во маркетите се зголемени за 1,8 проценти, што ја става земјата на второто место со најниска инфлација во регионот, изјави премиерот Христијан Мицкоски. Одговарајќи на новинарски прашања по увид во градежни активности за изградба на фекална канализација во населеното место Идризово во општина Гази Баба, Мицкоски оцени дека ова се податоци ...
Еве, јас инсистирам да се објави извештајот, рече премиерот Христијан Мицкоски по обвинувањата од СДСМ да се објави јавно официјален извештај и анализа дека водата во Гостивар е безбедна за пиење. Во врска со кривичните пријави поднесени од опозицисиската партија против министерот за здравство и директорите на институтот и центарот за јавно здравје и на Здравствениот и санитарен инспекторат, и повикувањето на премиерот на одговорност за ...
Според ново истражување, спроведено во Мајами, Флорида, САД, научниците дошле до заклучок дека комарците не ги избираат своите жртви случајно. Имено, природните супстанции што се наоѓаат на кожата на некои луѓе ги прават многу попривлечни за овие инсекти, што објаснува зошто некои луѓе имаат десетици каснувања кога се надвор, додека други речиси и да немаат ниеден белег. Комарците не се само здодевни летни напасници – тие пренесуваат болести ...
Пливањето е една од најздравите физички активности. Иако на прв поглед и градното и грбното пливање нудат слични придобивки, кога станува збор за губење на тежина, грбното пливање има мала предност во однос на градното пливање. Се проценува дека лице со тежина од околу 70 килограми може да согори околу 200 калории за 30 минути градно пливање, додека во исто време ќе согори околу 250 калории со техниката грбно пливање. Но, важно е да се ...
Премиерот Христијан Мицкоски најави засилена градежна активност, најавувајќи изградба на шест автопатски делници низ државата во претстојниот период. Рече дека во Македонија денес на повеќе од 1200 места се гради и оти за Владата тоа е многу значајано затоа што се ангажира домашната оператва, што е сериозен индикатор за подобра економска актовност, а воедно се решаваат и децениски проблеми и им се обезбедува поквалитетн живот на граѓаните. ...
Според хороскопот, наредните месеци носат низа интересни небесни настани, а за петте хороскопски знаци ова би можело да биде период на големи промени, нови можности и важни одлуки. Лав За Лавовите започнува период на голема лична трансформација. Можеби ќе сфатите дека повеќе не сакате да ги исполнувате очекувањата на другите луѓе и време е да се запрашате што навистина сакате. Одлука поврзана со љубовта, кариерата, изгледот или животниот ...
Македонскиот маратонец Дарио Ивановски го освои 46.то место на маратонот во рамки на Европското првенство во Бирмингем. Тој маратонската патека ја истрча со време – 2:22.39 часа или имаше заостанување од 13.28 минути зад победникот Аманал Петрос од Германија. Ивановски имаше добар почеток на трката и се наоѓаше во средината од групата учесници. Но, некаде меѓу 15-20.тиот километар најверојатно поради криза имаше пад од околу 20 места. Сепак ...
Во среда го славиме Преображението Господово, празник кој се смета за еден од 12-те најголеми Христови празници, а се слави секоја година на истиот датум – 19 август. На овој ден се преобразуваат и листот во гората и каменот во водата, велат старите, и веруваат дека летото завршува на 19 август. На Преображение Господово, во глувата ноќ и небото се преобразува три пати. Според народното верување, на овој ден не треба да се спие преку ден, ...
По вчерашната голема меѓународна полициска акција, во која беше сузбиена организирана криминална група за недозволена трговија со наркотици, истрагата продолжи и во текот на ноќта и раните утрински часови, при што е пронајдено и лишено од слобода уште едно лице. Одделот за криминалистичка полиција, по спроведените истражни дејствија и оперативни активности, го пронајде и лиши од слобода лицето за кое постојат сомненија дека е дел од ...
Украина во текот на ноќта изврши масовен напад со повеќе од 600 беспилотни летала насочени кон Москва, соопшти денеска градоначалникот на руската престолнина Сергеј Собјанин преку Телеграм, а пренесе ДПА. Собјанин наведе дека руската противвоздушна одбрана уништила 201 украински дрон во Московската област, додека поголемиот дел од беспилотните летала биле пресретнати пред да стигнат до регионот. Градоначалникот на Москва соопшти дека тројца ...
Македонскиот пливач Никола Ѓуретановиќ денеска го имаше вториот настап на Европското првенство во пливање во Париз. Тој во квалификациите на 400 метри слободно постигна резултат – 4:04.05 минути и го освои 5.то место во втората од седумте групи. Ѓуретановиќ беше во водство до 170 метри, но потоа победникот на групата Биен Сибила од Андора го презеде водството. Неговото најдобро време во оваа дисциплина е 3:57.75 минути. Во вкупниот пласман ...
Ноќва околу 2 часот по полноќ на телефон ми се јави женско лице со силно вознемирен глас. Најпрво ми се претстави а потоа во паника, со викање, ме извести дека пожарот се приближува кон нејзината куќа која се наоѓа во последниот ред, на ридот над Зелениково, поради што панично бараше помош, откри денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов. Според паниката во нејзиниот глас претпоставив дека пријавата е вистинита ...
Предавничката СДС изгуби компас, не знае кај тера, целосно е дезориентирана, закажува настани, потоа ги презакажува, за на крај целосно да ги откаже. Тоа веројатно е последица на долгата изложеност на јакото сонце од елитните плажи и скапи јахти по Егејското Море во Грција, пишуваат денеска од ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека „друго објаснување нема нивната дезориентираност која, како на дугме, ја раководи ова партиско раководство на чело со Венко ...
Вкупно 18 лица поврзани со меѓународната неонацистичка организација „Крв и чест“ се уапсени во приватен клуб во Пловдив – соопшти на брифинг директорот на бугарската Обласна дирекција на Министерството за внатрешни работи во градот, постар комесар Васил Костадинов. Лицата биле приведени во клуб спроти Младинскиот рид во Пловдив, каде што биле пронајдени различни предмети со неонацистичка содржина, јави БТА. Уапсените се осомничени според член ...
Најмалку 12 лица загинаа, а десетина се тешко повредени во тешката сообраќајна несреќа што се случи ноќва во Унгарија, кога полски туристички автобус се излизга од автопатот М3 во близина на градот Мецекерешто во источна Унгарија, објави државната новинска агенција МТИ. Според унгарските медиуми и полицијата, во автобусот во моментот на несреќата имало 57 патници и двајца возачи. Спасувачките екипи веднаш излегле на местото на настанот. Некои ...
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Како што најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи, минималните температури ќе се движат од 7 до 18 Целзиусови степени, а максималните од 28 до 36 Целзиусови степени. Во Скопје и околината слично време со температура од 15 до 35 Целзиусови степени. Во следните денови следува период на стабилно и потопло време, освен ...
Две жени загинаа во поплави и одрон во северозападниот дел на Шпанија, додека две бебиња се повредени, соопштија спасувачките служби во автономната област Кастилја и Леон. Жртвите се две жени на возраст од околу 60 и 80 години, соопштија локалните власти. Маж кој првично бил пријавен за исчезнат по поплавите во селото Мансанедо де Валдуеса, подоцна бил пронајден неповреден. На местото на несреќата биле испратени екипи на противпожарната ...
Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денеска во 16 часот и 10 минути беше почувствуван земјотрес, чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, на околу 47 километри југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.5, соопштија попладнево од Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ. Земјотресот е почувствуван од жителите на градот Гостивар и ...
Македонскиот пливач Никола Ѓуретановиќ денеска ќе го има вториот настап на Европското првенство во пливање во Париз. Тој ќе настапи во квалификациите на трката на 400 метри слободно и ќе плива во втората група од седум групи. Ѓуретановиќ на шампионатот е пријавен со неговиот најдобро постигнато време во декември 2025 година постигнат во Ниш – 3:57.75 минути. Воедно ова е македонски рекорд на 400 метри слободно. Ѓуретановиќ во четвртокот ...
Единствениот македонски претставник на Европското првенство во атлетика Дарио Ивановски денеска ќе го има својот настап. Ивановски ќе биде заедно со 60 натпреварувачи кои ќе стартуваат во 8:10 часот по локално време односно 9:10 по македонско време Македонскиот атлетичар воедно и олимпиец за првпат настапува на маратонска трка на Европско првенство, додека пред две години во Рим беше учесник на полумаратонската трка. Ивановски е македонски ...
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска ќе изврши увид во градежните активности од првата фаза од изградбата на фекална канализација во населеното место Идризово, Општина Гази Баба. Со проектот е предвидена изградба на нова мрежа за фекална канализација во должина од 1.478 метри. Вредноста на договорот изнесува 49.188.012 денари, а средствата се обезбедени од вториот јавен повик на Владата. Претседателот на Владата, Христијан ...
Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ беше поразен од аргентинскиот тенисер Тијаго Агустин Тиранте со 6:2, 4:6, 4:6 и го заврши учеството на тенискиот турнир во Синсинати. Новак ги тестираше силите на противникот во првите пет гема, а потоа конечно го скрши отпорот на Аргентинецот во шестиот. Му се закани на Тиранте во продолжението од првиот сет, но немаше доволно квалитет за да ги искористи можностите за брејк. Се чинеше дека го гледаме ...
Мароканската полиција уапси најмалку 111 лица кои се обиделе да ја преминат границата и да влезат во шпанската енклава Сеута во Северна Африка, додека властите од двете страни на границата го зголемија степенот на безбедност поради повиците за нов масовен обид за преминување. Според извор од мароканското Министерство за внатрешни работи, меѓу уапсените има 109 мигранти од супсахарска Африка и двајца државјани на Мароко. Тие биле приведени во ...
Лидерот ДПА, Мендух Тачи реагираше на тврдењата на Али Ахмети за наводен документ што предвидувал поделба на Македонија. Тачи истакна дека таков документ никогаш не постоел и дека идејата за поделба била пласирана од, како што рече, псевдоакадемици инструирани од УДБА на Србија. -За поделбата на Македонија не постоел документ. Тоа беше идеја на неколку псевдоакадемици, инструирани од УДБА на Србија. Тоа не беше идеја на Академијата на ...
Раководството на Барселона ја упати последната понуда за фудбалерот на Манчестер Сити и шпански репрезентативец Родри. Според шпански АС Барселона ја зголемила понудата и третата изнесува 70 милиони евра. Во каталонскиот клуб очекуваат оваа да биде прифатена. Но, Манчестер Сити откако ги одби првите две понуди од 45 и од 60 милиони, за својот играч бараат околу 80 милиони евра. Во Барселона сметаат дека ова е превисока, особено што фудбалерот ...