Во четвртокот започна етапната исплата на ученичките стипендии на сите корисници кои правото на стипендија го стекнале во некоја од изминатите учебни години, а го продолжиле во тековната, информираа од Министерството за образование и наука (МОН). Оттаму посочија дека сите постојни корисници на ученички стипендии ќе добијат средства за три месеци – септември, октомври и ноември до крајот на следната недела. Се работи за 6.350 ...

Граѓанската иницијатива „Збогум Буково“ организираше информативен настан во центарот на Охрид, на кој уште еднаш потсетија на штетноста од нестандардните депонии и со проблемот на третманот и депонирањето на комуналниот отпад, јавува порталот „Охрид прес“. Охриѓани побараа итно решавање на проблемот со депонијата „Буково“ и нејзино затворање, а од надлежните очекуваат да ги отпочнат процесите за изградба на регионалната депонија во Новаци, како ...

На крајот на оваа седмица посветена на медиумската писменост, прочитај го нашиот избор на топ вести од образование, култура, граѓанско општество, политика и животна средина… 1. [Видео] Новинарите зборуваат: ВИ може да биде сојузник во редакциите, но не и да го замени новинарот Рапидниот развој на алатките за вештачка интелигенција (ВИ) секојдневно се заканува дека ќе ги „истисне“ луѓето од професиите. Што се случува со новинарството? Знаете ли ...

Граѓани и активисти вчера од 18 часот па до полноќ го блокираа Варадинскиот мост во Нови Сад во знак на „граѓанска непослушност“ поради смртта на 14 лица во уривањето на настрешницата на железничката станица пред една недела, јавува Радио Слободна Европа. Тие ја повикаа Владата на одговорност и побараа оставка од градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ и од премиерот на Србија, Милош Вучевиќ, процесирање на сите одговорни, како и отстранување ...

Осумте ѕвона на катедралата Нотр Дам во Париз заѕвонија по повеќе од пет години од пожарот кој сериозно ја оштети зградата, пренесува Данас. „Ова е прекрасна сцена, важна и симболична, сите ѕвона ѕвонат за прв пат по пожарот“, рече Филип Јост, кој ја предводи јавната институција задолжена за реставрација на катедралата. По завршувањето на реставрацијата, катедралата треба да биде отворена на 7 декември. Враќањето на ѕвоната е дополнителна етапа ...

Портрет на таткото на модерната компјутерска наука Алан Тјуринг направена од хуманоиден робот со вештачка интелигенција влезе во историјата, со тоа што беше продадена за 1 милион евра на аукција, јавува Евроњуз. Меѓународната аукциска куќа „Сотбис“ објави дека за дигиталното уметничко дело имало 27 понуди, а продажбата ги надминала очекувањата. Првично, делото се очекувало да достигне цена помеѓу 113 и 169 илјади евра. Делото, создадено од Аи-Да ...

Цената на биткоинот вчеравечер достигна нов рекорд, па така во 20:59 часот цената на оваа криптовалута изнесуваше 77.276 долари, јавува Евроњуз Србија. Најпознатата криптовалута претходно порасна за повеќе од 10 отсто веднаш откако Трамп обезбеди втор мандат во Белата куќа. Зголемувањето е најголемо од претходниот скок во март, кога инвеститорите беа израдувани од приливите во фондови кои ја следат цената на биткоинот на американските берзи. ...

Концентрацијата на отпад во малата депонија со линдан во ОХИС е за 25 отсто повисока од иницијално проценетите количини, покажале досегашните ископувања на овој опасен отпад. Заради тоа месецов ќе започнат тестирања на почвата во делот што остана да се исчисти, за да може да се направи вистинска проценка уште колку време и пари ќе треба да се заврши со овој голем проект. Владата минатиот месец од буџетот одвои 24,2 милиони денари со кои во ...

Центарот за современи уметности (ЦАЦ) изработи кратко видео на кое се прикажани канализациите и отпадните води кои се влеваат во реката Вардар од нејзиниот извор во Вруток, па се до излезот на Скопје. Идејата на ова видео е да се информираат граѓаните за, како што велат од ЦАЦ, тивкото долгогодишно уништување на најголемата река и да се обидат да ја подигнат свеста на надлежните, односно на Министерство за животна средина и локални самоуправи за ...

Соња Стојадиновиќ Комплицираниот и долготраен процес за создавање на нови лекови придонесува во губењето на човечки животи. Антибиотиците се покажаа ефикасни за последниве 70 години, но тоа не значи дека треба да се држиме само за нив. Како обични смртници кои израснале со антибиотиците кои се во употреба во последните 50 години, бактериофагите за нас и за многу генерации претставуваат мистерија. Какви се тие лекови, кога се настанати, зошто ...

Ексклузивни наоди од пред 2.500 години се ископани во Охридско-струшкиот регион, соопшти денеска министерот за култура и туризам Зоран Љутков. Предметите денеска беа изложени во НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Охрид на прес-конференција на која Љутков рече дека станува збор за голем научно-истражувачки успех, кој не само што фрла нови светла на археолошката историја на земјата, туку и претставува значаен придонес во ...

Во четврток, на 14 ноември, Амбасадата на Република Кореја во соработка со Кинотека на Македонија го организира „Денот на Корејската култура во Скопје“ кој ќе се одбележи со проекција на два играни филма. Од 17:00 часот ќе биде прикажан филмот „Помеѓу боговите: Двата Света“. „Откако неочекувано умира, пожарникарот Ја-хонг е одведен во задгробниот живот од три чувари на задгробниот свет. За да може да се реинкарнира, тој мора да помине седум ...

Канцеларијата за човекови права на Обединетите нации (ОН) во петокот соопшти дека речиси 70% од загинатите во тековниот конфликт во Газа се жени и деца, пишува „Анадолу“. Канцеларијата ги објави податоците во извештај од 32 страници, кој покрива шестмесечен период од ноември 2023 до април 2024. Во соопштението што го придружува извештајот, се вели дека детално се проверувале личните податоци на загинатите во Газа, кои биле погодени од удари, ...

Скопската зоолошка градина од утре (сабота) повторно се отвора за посетители со редовно работно време од 9 до 16 часот секој ден, соопштија оттаму. Зоолошката градина беше затворена 21 ден за посетителите, откако беше утврден случај на птичји грип по угинување на една гуска во езерцето на градината. Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) на 19 октомври изврши надзор во Зоолошката градина, а беше извршено и хумано убивање и нештетно ...

Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) соопшти дека се повлекува од партнерството со Град Скопје за кандидатурата на Град Скопје за Европска младинска престолнина 2027 година. Во февруари годинава, Град Скопје на иницијатива на НМСМ и други младински организации отпочна со подготовка за кандидатурата, која ја доделува Европскиот младински форум со цел, како што рекоа тогаш од Град Скопје, да ги охрабри младите да го зголемат ...

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) отвори телефонска линија за советување, со цел да ги поддржи лицата во процесот на откажување од пушењето. Како што информираат оттаму, процесот ќе го водат квалификувани стручни лица кои ќе нудат персонализирани совети и стратегии за успешно ослободување од пушењето. Телефонската линија ќе биде достапна секој понеделник и среда од 11 до 13 часот. Заинтересираните да се откажат од пушење, може да се јават на ...

Рецензија на влијателниот албум „Loveless“ од „My Bloody Valentine“, објавен за издавачката куќа „Creation Records“. Објавен на 4-ти ноември 1991 година, „Loveless“ од „My Bloody Valentine“ и денес е мистерија и ремек-дело, кое не ја изгубило својата моќ и влијание дури и по повеќе од три децении. Ова не е само музички албум – тоа е звучен пејзаж што го обзема слушателот и го носи во свет каде звукот ги брише границите на реалноста. Со ...

По повод 10 ноември, меѓународниот ден на науката, Универзитетот „Гоце Делчев“ организира настан за негово одбележување. На денот на науката Универзитетот ќе додели признанија и награди на најзначајните научници и научни достигнувања од стана на Универзитетот „Гоце Делчев“. Универзитетот годинава ќе го додели и признанието најдобар научник за 2024 година. Настанот ќе се одржи во ректоратот на УГД (свечена сала) во понеделник, (11 ноември) со ...

Новата Платформа за соработка на Црвениот крст на РСМ со властите во државата беше промовирана вчера (6 ноември, петок) на свечен настан во хотел „Стоун Бриџ“ во Скопје. Настанот се одржа под покровителство на Министерот за внатрешни работи на Владата, Панче Тошковски кој во воведното обраќање го апострофираше значењето на организацијата на Црвениот крст како вршител на помошната улога на властите во државата особено при итни состојби и ...

Општинското средно училиште „Коле Нехтенин“ во Штип ќе се трансформира во Регионален центар за стручно образование и обука, кој ќе биде под надлежност на државата. Ова ќе биде процес кој согласно Планот за раст, ќе треба да се заокружи во временска рамка од три години. За ова информираше министерката за образование и наука Весна Јаневска при денешната посета на општина Штип, додавајќи дека станува збор за важна одлука во рамки на заложбите на ...

Изложбата “Од семејно кон институционално културно наследство – семејство Шабан” на Музејот на македонската борба за самостојност ќе гостува од 8 до 14 ноември во Културно-информативниот центар во Истанбул. „Експозицијата ја сочинуваат 15 изложбени паноа, со текстови и фотографии од донирани предмети на семејството Шабан во временски интервал од 200 години, кои со својата посебност доловуваат моменти и пренесуваат емоции при презентирање на ...

Рецензентски осврт за деби албумот „In the Flat Field“ на легендите на готик рок и њу-вејв стилот „Bauhaus“, објавен за издавачката куќа „4AD“. Пред 44 години, во ноември 1980-та, се појави деби албумот „In the Flat Field“ на „Bauhaus“ – дело кое го отвори патот за готик рок жанрот и постави темел за една музичка револуција. Албумот, кој е одраз на дефинираната естетика и бунтовниот дух на раните 1980-ти, остави незаборавен и траен впечаток со ...

Културно едукативниот центар „Лабораториум“ ги поканува жителите на Скопје од сите генерации, на новото, празнично издание на „Старата скопска игранка“ кое ќе се случи на 13 ноември со почеток во 19 часот. Влезот е слободен за сите. „Овој 13 ноември ‘Лабораториум’ организира низа активности за прославување на денот на ослободување на Скопје. Како загревање, во 19 часот преку ‘Скопскиот квиз’ водителот Никола Наумовски ќе го ‘тестира’ знаењето на ...

Денес во рубриката #НизТвојотОбјектив ви претставуваме фотографии на Лени вон Гелева. „Фотографиите од оваа серија се улична фотографија кои ја истакнуваат темата на трансформацијата и зачувувањето на спомените, со вметната доза на хумор. Направени се во Скопје. Тие го покажуваат секојдневниот живот, динамиката на градскиот простор, интимни моменти од животот на градот, случајни луѓе“, вели таа за Радио МОФ. Радио МОФ започна со рубриката ...

Новинарските екипи на Н1 и Евроњуз синоќа биле нападнати на протестот во Нови Сад по повод смртта на 14 луѓе на железничката станица, а иако на местото на настанот биле присутни голем број полицајци, никој не реагирал, се вели во реакцијата на регионалната мрежа SafeJournalists. Новинарката на телевизијата Н1 Жаклина Таталовиќ и снимателот Никола Поповиќ за време на директниот пренос од плоштадот „Слобода“ најпрво биле навредувани и попречени во ...

Бесплатни семинари за „Гејмификација“ и „Позитивна невропсихологија“ од професори на „Сити Колеџ“, Европскиот кампус на Универзитетот „Јорк“, ќе се одржат на 11 ноември од 12 до 16 часот во „Лабораториум“. Учесниците ќе добијат сертификати за посетеност. Семинарот за „Гејмификација: Современ начин за ангажирање на вработените и клиентите“ ќе го води Крис Лиасидис, вонреден професор на Катедрата за бизнис администрација и економија, а ќе адресира ...

Вредноста на биткоинот, според „CoinMarketCap“ достигна рекордни 75.317 долари утрово околу 6 часот, а растот од неколку илјади долари започна нешто по полноќ. Па така, за неколку часа, вредноста на биткоинот се зголеми од 69.434 долари околу 1 часот и 10 минути, на рекордни 75.317 долари утрово. Во последните неколку часа, вредноста на биткоинот се движи помеѓу 72 и 74 илјади долари. Трамп, кој себеси се нарече крипто-претседател, вети дека ќе ...

Министерството за култура и стратешки комуникации на Украина соопшти дека во земјата се оштетени или уништени 2.109 објекти од културна инфраструктура како резултат на воените операции до 25 октомври годинава, пренесува Ал Џазира Балканс. Како што се наведува, најмногу се работи за културни институции во надлежност на Министерството, не земајќи ги предвид спомениците на културното наследство. Според податоците на Министерството, уништени се 368 ...

Во просториите на Народната установа Филмски центар Вардар филм започна дигитализација на аудио ленти од периодот 1940 – 2000 година кои биле зачувани во депото на Вардар филм. Се работи за околу 400 ленти кои содржат радио драми, документарни филмови, македонска и албанска музика, репортажи и работни фајлови од филмските класици во продукција на Вардар филм. „Процесот на дигитализација се одвива во колор грејдинг студиото кое е функционално и ...

Вчера, 5 ноември, почина Славка Арсова – поетеса и авторка за деца, родена на 3 јули 1934 година во Скопје, членка на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) од 1993 година. „Арсова е авторка на петнаесетина збирки поезија, но попозната е по своето творештво за деца (‘Бисерчиња од детски глави’, Академски печат, 2017) и како основачка и организаторка на детскиот книжевен фестивал ‘Ракатки’“, информираат од ДПМ. Погребот на Славка Арсова ќе ...

Повик

2 дена - МРТ
weather icon

Скопје

-3ᴼ / -3ᴼ
1.54
93%
1031
weather icon

Белград

1ᴼ / 0ᴼ
0.51
100%
1028
weather icon

Загреб

3ᴼ / 1ᴼ
0.0
94%
1027
weather icon

Софија

1ᴼ / -3ᴼ
1.03
66%
1031
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
0.57
75%
1029
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 3ᴼ
0.51
98%
1027
weather icon

Атина

11ᴼ / 8ᴼ
1.79
84%
1029
weather icon

Тирана

6ᴼ / 6ᴼ
2.57
70%
1029
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
81%
1029
weather icon

Букурешт

0ᴼ / 0ᴼ
5.14
100%
1027
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
95%
1027
weather icon

Истанбул

5ᴼ / 5ᴼ
3.6
81%
1029
Currency

61.5517

Currency

52.5497

Currency

70.0141

Currency

34.7579

Currency

38.0952

Currency

65.9222

Currency

7.45972

Currency

0.65322

Currency

0.33776

Currency

0.52399

Currency

1.22957

Currency

0.57975

Сребро

2128.87

Алуминиум

2.90

Цинк

3.03

Рутениум

29192.88

Кобалт

58.42

Калај

42.35

Бакар

10.93

Иридиум

145787.60

Платина

61733.50

Паладиум

52470.02

Родиум

258009.74

Злато

139470.53