На 85 годишна возраст почина македонскиот кошаркарски тренер Лазар Лечиќ. Лечиќ се смета за еден од основоположниците на кошарката во независна Македонија. Тој работеше во Работнички, МЗТ Скопје, Никол ферт, а беше тренер и во Србија (Борац Чачак и Војводина), Словенија (Олимпија Љубљана) и Грција (Арис). Беше дел и од стручниот штаб на југословенската репрезентација која во 1970 ја освои светската шампионска титула. Во 2015 година ја доби ...

На петтото издание на „Флипбук Филм Фестивал“ кој се одржa од 8 до 11 август годинава во Кинотеката на Македонија беа прикажани близу 100 филмови во главната, студентската, селекцијата на анимиран докуметарец, на анимирани музички видеа и европската панорама. Жирито на главната и селекцијата на анимиран документарен филм во состав Никица Гилиќ од Хрватска, Андријана Ружиќ од Србија и Влатко Галевски од Македонија, одлучија наградата за најдобар ...

Со четки и боја во рацете, млади волонтери вчера, го разубавуваа просторот во дневниот центар за развој на ромската заедница „Сумнал“ сликајќи цртежи и шарени мурали по повод Меѓународниот ден на млади. Акцијата, „Време е за активизам“ во организација на Младинскиот образовен форум (МОФ) преку креативен процес ги сплоти на едно место младите, но и повозрасните од различни културни средини. За Радио МОФ, тие велат дека процесот на волонтирање и ...

Полицијата вчера го лишила од слобода Х.М.(29) од село Канатларци поради сомнение дека предизвикал пожар. „Околу 19.00 часот кај место викано „Корија“ во во атар на село Канатларци предизвикал пожар во кој горела сува трева. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп, а повредени лица нема“, известуваат од Министерството за внатрешни работи (МВР). Оттаму додаваат дека лицето било задржано во полициска станица и ...

„Младите се клучот за силен напредок и светла иднина. Голема е честа и одговорноста што токму на овој ден, Меѓународниот ден на младите ни е доделена награда на Општина Охрид издвојувајки се како општина која е најотворена, инклузинва и работи за младите“, изјави претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиноски на вчерашната конференција „Општините пријател на младите – Младинското учество во фокус“ организирана по повод 12 август, ...

Во НУ Центар за култура од Крива Паланка, вечерва, со почеток во 20:00 часот ќе биде отворена изложбата „Мантра на љубовта“ од Маја Андонова Јокиќ. „Изложбата ја носи пораката на доловување на малите мигови во денот, повеќе љубов, поддршка и поттикнување промени што сакаме да ги видиме во општеството, особено во брзото време на живеење, на изместени духовни и морални вредности“, се вели во најавата. Маја Андонова Јокиќ е трагач по одговори за ...

Организацијата „Гоу Грин“ реагира за најновата предлог-измена на Законот за урбанизам која треба да се изгласа по скратена постапка на денешната 12. седница на Собранието. Активистите се загрижени дека изменаите ќе се донесат без соодветна јавна дебата и учество на засегнатите граѓани и граѓанскиот сектор. „Со оваа измена, ќе се овозможи уништување на јавни простори и непочитување на постоечките квалитетни законски решенија. Дополнително, ...

Skopje Creative Fest го најавува својот летен фестивал, кој треба да се одржи на 17 август на Школка во Градскиот парк во Скопје. „Овој енергичен настан има за цел да ја прикаже безграничната креативност на младите поединци во различни уметнички дисциплини, вклучувајќи пеење, танцување, стенд-ап комедија, цртање, поезија и правење филмови“, се вели во најавата. Организаторки на фестивалот се алумни на програмата „Kennedy Lungar Youth Student ...

Третото издание на фестивалот на медитеранскиот и балканскиот филм „Преку Езерото“ беше свечено затворено со доделување на наградите вчера во Дојран. Меѓународното жири составено од Електра Венаки од Грција, Предраг Пеџа Милојевиќ од Србија и лауреатот на овогодинешниот фестивал на „Наградата Мето Јовановски“, актерот Владо Јовановски, решија Гран Прито за најдобар медитерански и балкански филм да ја добие грчката дистописка драма „Тишина 6-9“ ...

Седумнаесеттото издание на Манифестацијата „Поетско Маркукуле“ викендов се одржа во градот под Марковите кули, во организација на Клубот на литературни творци – Прилеп. „Поетско Маркукуле“ е традиционален настан на кој што учествуваат вљубеници во поезијата, па така оваа година Прилеп беше домаќин на околу 140 поети од целата држава и 25 поети од странство. Фото: Клуб на литературни творци „Прилеп повторно беше центар за славење на поезијата и ...

Македонскиот пливач во маратонско пливање Томи Стефановски организира хуманитарен настан „Пливање за инклузија“ по повод 15 годишнината од препливување на каналот Ла Манш на 14 август во 10 часот и 30 минути. Тој ќе започне да плива од хотелот Десарет во месноста Пештани до Црквата Св. Јован Канео и назад до Охридското пристаниште, траса долга 15 километри. „Заедно со вас и вашата поддршка на многу деца и лица ќе им дадеме можност да ги ...

Младите луѓе се иноваторите, претприемачите и креаторите на промени кои го водат одржливиот развој на Северна Македонија, регионот и ЕУ, користејќи дигитални алатки за справување со предизвици како климатските промени и безбедноста на храната. За нивна мотивација и поттик, им треба континуирана поддршка преку фер конкуренција, транспарентни процеси и пристап до ресурси, менторство и инвеститори. Со инвестирање во младите и нивните дигитални ...

„Слобода, креативност, младост – тоа е твојата моќ!“, велат од ХераМлади, кои направија герила акција и поставија пораки по повод Меѓународниот ден на младите, 12 август. Според активистите, целта е да се зголеми свесноста кај младите, потенцирајќи дека нивните идеи, нивната вклученост во општествениот живот е од важност токму за нив самите. „Со активно вклучување на младите ќе се искористи нивниот потенцијал и капитал, а истовремено ќе се ...

„Од клик до прогрес“ е првиот дел од насловот на темата на годинешниот Ден на млади кој меѓународно се одбележува денес, 12 август. По тој повод денес им отстапуваме простор на Гоше Николов, млад новинар и креатор на инстаграм платформата Студентарија.мк и Андреј Медиќ Лазаревски, културен активист и еден од креаторите на младинската платформа Култура Бета. Своите почетоци и двете платформи ги бележат во онлајн просторт, а до денес од нивните ...

Фестивалот 36. Поетска ноќ во Велестово оваа година ќе се одржи од 16 до 18 август на локации во Велестово и Охрид. Со поетски портрет на годинешното издание ќе биде претставено творештвото на Елизабета Баковска, а во интернационалната програма ќе гостуваат поети од шест земји, Велика Британија, Ирска, Кина, Хрватска, Србија и Македонија. „Од годинава, за наредниот 4-годишен циклус имаме неколку концепциски промени, имено, наместо преку беседа, ...

На барање на Министерството за здравство, а по информацијата од Институтот за Јавно здравје и метео-алармот на Управата за хидрометеоролошки работи за појава на топлотен бран во траење од 2 дена и тоа во периодот од утре (12 август) до вторник (13 август) Владата донесе мерки за превенција. „Територијата на целата држава ќе биде зафатена од високи температури од портокалова фаза и согласно Акциониот план на Министерството за здравство за ...

„Ноќна шума: неизвесни значења и патот низ непознатото“ е новата самостојна изложба на уметникот Доротеј Нешовски која ќе се отвори во среда (14 август) во Младинскиот културен центар Скопје (МКЦ) со почеток во 20 часот. „Мноштво шарени вертикали со различни висини образуваат јасни геометриски структури, но истовремено се и без форма. Некои изгледаат како бранови, некои како планини, некои образуваат форма на амфитеатар – сите заедно означуваат ...

На четвртата вечер од филмскиот фестивал „Преку езерото“ во Дојран, беa проектирани шест кратки и долгометражни филмови. На самиот почеток беше прикажан „Дали си маж“ – краткиот македонски филм на Ѓорче Ставрески по што публиката имаше можност да постави прашања директно до режисерот. Потоа имаше проекција на долгометражниот филм „Сребрен бунт“ од израелскиот режисер Дан Шадур и „Човекот кој не можеше да молчи“ на хрватскиот режисер Небојша ...

На крајот на оваа седмица, прочитај го нашиот избор на топ вести од образование, култура, граѓанско општество, политика, животна средина… Јаневска: Повисока плата за наставниците, укинување на пролетниот распуст за учениците Покачување на платата за наставниците за околу 12% од март наредната година и укинување на пролетниот распуст за учениците, најави денеска министерката за образование и наука, Весна Јаневска по увидот на спортска сала во ...

Илјадници луѓе во Србија вчера протестираа во Белград против плановите за ископување на едно од најголемите европски наоѓалишта на литиум – клучна суровина за батериите на електричните автомобили. Активистите велат дека рудникот ќе предизвика неповратно уништување на природата во долината Јадар во западниот дел од земјата, каде што е лоцирано наоѓалиштето. По големите граѓански протести во 2022 година, рударскиот гигант Рио Тинто ја изгуби ...

Државниот инспекторат за животна средина работи со половина од потребните инспектори, а и тој број ќе се намали до крајот на годината кога во пензија ќе си одат уште двајца, пишува Новинската агенција Мета. Директорот на Инспекторатот Сретен Стојковски вели дека годишниот план во кој бараат вработување на тројца нови инспектори сè уште не им е одобрен од новото Министерство за јавна администрација, а претходниот бил одбиен од Министерството за ...

Македонските граѓани се рангираат на второто место на листата на најгневен народ во Европа, покажува извештајот на американската компанија за аналитика „Галуп“ за 2023 година . 26% од македонските граѓани се чувствуваат лути во текот на денот. Прво место на листата е Турција, каде 34% од жителите рекле дека дневно чувствуваат одредена количина гнев. По Македонија, следат Албанија и Црна Гора каде 24% од населението е луто секојдневно. Во Шпанија ...

Авион се урна во бразилската сојузна држава Сао Паоло, при што загинаа сите 61 патници во него. Авионот летал од Каскавел во јужната држава Парана до аеродромот Гураулхос во Сао Паоло кога се урнал во градот Винедо, соопшти авиокомпанијата Воепас. На снимка што кружи на социјалните мрежи се гледа како авионот паѓа вертикално, спирално. Авионот слетал во станбена зона, но нема повредени на земја. Според официјалните извори, оштетен е само еден ...

Агенцијата за цивилна одбрана во Газа предводена од Хамас соопшти дека во израелски воздушен напад врз училишна зграда во која биле засолнети Палестинци се убиени десетици луѓе, пишува „Би-Би-Си“. Потпаролот на израелските одбранбени сили изјави дека училиштето „Ал-Табаен“ служело како „активен воен комплекс на Хамас и Исламски Џихад“ со приближно 20 „милитанти“ кои дејствувале оттаму. Агенцијата за цивилна одбрана соопшти дека се убиени ...

„О2 Иницијатива“ реагира на соопштението на Министерството за транспорт за измените на Законот за урбанистичко планирање, кој е ставен на седница во Собранието во понеделник, (12 август), по скратена постапка. Од таму посочуваат дека се споменати 600 урбанистички планови заглавени во постапка, а не се спомнува дека изработката на тие урбанистички планови трае повеќе од 4.5 години и тоа по стари неважечки закони и правилници, со неточни ...

Македонскиот маратонец Дарио Ивановски го освои 69. место на маратонот на Олимписките игри во Париз 2024. Тој ја заврши својата трка со време од 2 часа 28 минути и 15 секунди. Со ова тој стана првиот македонски олимпиец кој завршил една маратонска трка. Во изјавата по завршувањето Ивановски сподели дека имал повреда на коленото и стапалото што ги почувствувал на шестиот километар од трката. Тој изјави дека се надева на уште подобри резултати во ...

На официјалното отворање на филмскиот фестивал „Преку езерото“ вчера до Дојран, на актерот Владо Јовановски му беше доделена наградата „Мето Јовановски“ за извонредно актерско достигнување во уметноста на филмот. „Оваа награда што ми претставува особена чест, ќе ми претставува уште еден товар во куферите што ние актерите ги носиме на нашите плеќи. Ова треба да се оправда, ова треба да се заслужи, ова треба постојано и секогаш во секој нареден ...

Пишува: Кирил Арсовски Пржо Само природата може да ги спаси градовите. Урбаните природи се клучни за митигација на ефектите од климатските промени преку регулирање на нивото на јаглерод диоксид во атмосферата, намалување на ефектот на топлински острови и го зголемува складирањето на јаглерод во вегетацијата и почвата. Зелените површини, особено тревниците обезбедуваат можност за апсорбција на топлината што се создава ендогено во градовите, а ...

По две години од затворањето, градежната работа во студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“ започна во мај годинава. Се предвидоа 18 месеци за завршување на реконструкцијата од денот на започнувањето. На вчерашниот увид во работата во домот, со цел да види по која динамика ќе се заврши, министерката за образование и наука Весна Јаневска рече дека ова е прв од повеќе домови кои ќе се реконструираат во следниов период. Процесот е во „фаза на ...

Спортистите ги поместуваат границите на овогодишните Олимписки игри во Париз, додека нови истражувања покажуваат колку далеку можат да одат жените во спортот додека се во состојба на бременост, пишува „Еуроњуз“. Многу олимписки спортисти своите подвизи, обиди, победи и тажни вести ги споделуваат преку социјалната мрежа Инстаграм. Откако заврши нејзиниот натпревар во мечување минатата недела, Египќанката Нада Хафез сподели и нешто повеќе. Таа ...

weather icon

Скопје

17ᴼ / 17ᴼ
1.54
55%
1014
weather icon

Белград

21ᴼ / 19ᴼ
2.57
60%
1013
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
2.06
56%
1016
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
67%
1014
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
1.0
56%
1014
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 15ᴼ
1.03
75%
1016
weather icon

Атина

21ᴼ / 18ᴼ
2.57
62%
1013
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
1.03
60%
1012
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
0.51
64%
1012
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 19ᴼ
2.68
54%
1014
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 20ᴼ
3.13
62%
1013
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 16ᴼ
5.14
59%
1014
Currency

61.525

Currency

54.091

Currency

71.7367

Currency

34.5534

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63352

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1049.88

Злато

109913.70

Бакар

9.54

Паладиум

29610.84

Платина

30576.51

Родиум

173614.03

Цинк

2.52