Измени на Законот за високо образование, преиспитување на бројот и законитоста на универзитетите, ревидирање на студиските програми и проверка на знаењата на моменталниот професорски кадар на факултетите во земјава. Ова се дел од работите на кои во следниот период ќе се фокусира ново формираното Национално координативно тело за реформи во високото образование, науката, истражувањето и развојот. Националното координативно тело денес ја одржа ...

Отворањето на концептуалното дело „Хаос“ на мултимедијалниот уметник Методи Ангелов – Мето ќе се случи на 9 ноември, сабота, со почеток во 19 часот во Културно социјалниот простор Центар – Јадро. „Концептуалното дело ‘Хаос’ работи со идејата и искуството за хаосот како универзално и лично живеено противречно. Мултимедијалното разбирање на хаосот не цели кон наоѓање решенија за негово надминување. Напротив, постојаното движење, судирање, ...

Пишува: Бојан Лазаревски Пожарите кои непрекинато беснееја ова лето, не само што опустошија големи површини од шумите во Македонија, туку, исто така, ги зголемија сомнежите околу можноста тие да се подметнувани, со што се наметнува темата за преземање на решителни чекори за мерки кои истовремено, би помогнале за заштита на животната средина и за спречување на ваквата злоупотреба. Уште едно лето помина каде пожарите долго време беа главна тема, а ...

Првиот серијал насловен „Ехо на нејзиното мастило“ на „Камера Опскура“, независен концепт кој ги истражува македонските поетеси низ историјата па досега, ќе се случи на 9 ноември, сабота, со почеток во 17 и 30 часот во „EDGE Specialty Coffee“. „Нашите собири (со различни уметнички серии во иднина) симболично претставуваат еден мал отвор низ кој дозволуваме светлината да влезе во темниот простор“, велат Винсент Вилчник и Емануела Ковачевска ...

Во земјава секоја година со ХИВ заболуваат 46 лица, а 440 во моментов се на терапија. Овие пациенти се незадоволни поради непредвидување на минимум неопходните средства за лекување и за превенција во Програмата за заштита на населението од ХИВ- инфекција во буџетот за 2025 година. Ова го истакна Андреј Сених oд здружението „Заедно посилни“, во името на 13 граѓански организации и Црвениот крст на Република Северна Македонија, како дел од ...

Македонскиот олимписки комитет отвори повик за избор на официјалната маскота на 18. издание на Европскиот младински олимписки фестивал (ЕМОФ) 2025, кој ќе се одржи од 19 до 26 јули следната година во Скопје. „Граѓаните од сите возрасти од денеска ќе добијат уникатна можност да го изберат симболот кој ќе го претставува младинскиот спорт и ќе ги инспирира идните генерации спортисти. Повикот е дел од настојувањето да се вклучи јавноста во процесот ...

На 7 ноември (четврток) со почеток во 18 часот во излогот на Францускиот институт во Скопје ќе биде отворена на изложбата „Фото-графички експерименти“ на уметниците Ана Трајковска и Јана Луловска. Според организаторите, овој проект е создаден и премиерно прикажан на настанот „Отворено ателје“ Париз. Оваа изложба е во рамки на одбележувањето на 50-годишнината од постоењето на Францускиот институт во Скопје. Изложбата ќе остане отворена до крајот ...

Младинскиот образовен форум (МОФ) и Радио МОФ ги отвораат вратите на дворчето за заедничка дружба на последното ноемвриско сонце. 8 ноември (петок) го планираме како отворен ден исполнет со култура, уметност и активизам – Cult + Alt + Repeat за да го активираме креативниот дух. Што ќе ве „снајде“? Цртање на џиновски платна – имаме бои кои се ваши за графит, транспарент, порака или само шлакање Масичка со облека и книги – земи, остави или донирај ...

Републиканскиот кандидат Доналд Трамп прогласи победа на претседателските избори во САД, на кои милиони Американци избираа помеѓу него и актуелната потпретседателка Камала Харис. Конечните резултати сè уште не се објавени, но последните информации говорат дека Трамп речиси и сигурно по четири години ќе се врати во Белата куќа. Републиканците синоќа ја презедоа контролата врз Сенатот, горниот дом на американскиот Конгрес, откако ги освоија ...

НУ Народен театар, Битола оваа година ја одбележува 80-годишнината од неговото формирање. Македонскиот народен театар на 7 декември во чест на одбележувањето на овој голем јубилеј ќе ја одигра претставата „Бели ноќи“ според делото на Ф. М. Достоевски, а во адаптација и режија на Звездана Ангеловска. Во овој копродукциски проект играат Ана Јовановска и Дамјан Цветановски. Како сценограф се потпишува Мартин Манев, костимограф е Роза ...

Во ноември 1993 година, „Nirvana“ го изведоа својот незаборавен концерт во рамките на серијалот MTV Unplugged, кој беше објавен како албум наредната година, во ноември 1994-та, по трагичната смрт на фронтменот Курт Кобејн. Ова издание, со својот интимен пристап и емоционална длабочина, не само што го редефинираше звукот на бендот, туку стана културен и музички монумент на едно време. По три децении, „MTV Unplugged in New York“ останува симбол на ...

Илјадници луѓе вечерва излегоа на протест во Нови Сад по несреќата со уривањето на настрешницата на железничката станица во која загинаа 14 лица, а тројца се повредени. По обраќањето на организаторите, демонстрантите се упатија кон Градското собрание. Атмосферата особено се вжешти пред просториите на владејачката Српска напредна странка и пред Градското собрание, каде маскирани лица фрлаа со камења и со боја, јавува Н1. Млади маскирани со ...

Книгата „Со свои зборови: интервјуа (1985 – 2023)“ од академскиот сликар Сергеј Андреевски ќе биде промовирана на 14 ноември (четврток) во Културно-информативниот центар во Скопје во 19:19 часот. „’Со свои зборови: интервјуа (1985 ‒ 2023)’ претставува прошетка низ времето, нѐ враќа на самите почетоци на сликарската кариера на Сергеј Андреевски. Таа прошетка се личните ставови на еден македонски ликовен уметник со меѓународна кариера за ...

Дваесетина средношколци од скопските училишта „Никола Карев“ и „Димитар Влахов“ беа на гости во Радио МОФ. По повод Деновите на медиумска писменост, разговаравме за улогата на медиумите и како тоа ги засега нив и зошто е важно да има младински медиум кој ги адресира нивните проблеми и успеси. Сепак најинтересно им беше кај Пецо во радио, да се пробаат како водители на подкаст. Во продолжение, фотоградии од случувањата од Отворениот медиумски ...

Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ (ГБСК) во Скопје најавува разговор со поетесата и писателка Виолета Танчева-Златева, чиј роман „Бела Сама“ е книга на месецот, на 6 ноември, среда во 19 часот. „’Бела Сама’ е семеен роман за тагата, загубата, осаменоста и себеприфаќањето. Тоа е книга за вечната борба меѓу доброто и злото, меѓу градот и селото, за комплицираните семејни релации“, се вели во соопштението. Разговорот ќе го води книжевната ...

Поставени се темелите за формирање на Мрежа на жени во медиумите во Македонија на иницијатива на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ). На работилница која се одржала на 2 и 3 ноември биле утврдени и визијата, мисијата и целите на Мрежата, која првично ќе дејствува во рамките на ССНМ. „Дваесет колешки од 20 македонски медиуми, и гости од регионот беа дел од плодната дискусија низ која провејуваше општа констатација дека ...

Мрежата за заштита од дискриминација и Женската менторска мрежа Стела изразуваат голема загриженост заради можноста за усвојување на предлог-закони за основно и средно образование кои, според нив, ќе значат назадување наместо унапредување на заштитата на учениците од дискриминација и насилство во образовниот процес. Тие бараат двата предлог-закони да се повлечат и да се вратат во работна група која би се дополнила со стручни лица од областа на ...

Задолжителна пракса во средното и високото образование. Легализација на вработувања на имигранти. Преку помени во образованието до квалификувана работна сила и намалување на невработеноста, пишува Порталб.мк. Економски раст од 4%, странски инвестиции во иновации и за зелена транзиција. Новата усвоена Национална развојна стратегија 2024-2028 постави високи „таргети“ кои треба да бидат цел на секоја владејачка гарнитура без разлика кој партиски ...

Новото издание на списанието „Спознавање“ ќе биде промовирано на 9 ноември, сабота, со почеток во 17 часот во просториите на Младинскиот културен центар (МКЦ) во Битола. На настанот ќе се прикажат филмови, ќе има базар, музика, изложба и инсталација. Настанот ќе започне со проекција на краткометражни филмови „Life of a board“ од Леона Јариќ, „Music Theory“ од Леон Ристов и „Мала шега“ од Трифун Ситниковски, избрани од Младинскиот филмски ...

Министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ, најави дека денеска официјално ќе поднесе оставка поради несреќата во Нови Сад, кога во уривањето на настрешницата на железничката станица загинаа 14 лица, а тројца беа тешко повредени, јавува Н1. Весиќ рече дека не ја прифаќа вината за несреќата што се случи, туку дека оставката ја поднесува како одговорен човек. Весиќ рече дека на премиерот Милош Вучевиќ му понудил оставка ...

Јубилеен осврт – 25 години од објавувањето на култниот сингл на Aphex Twin „Windowlicker“ за издавачката куќа Warp Records. Во 1999 година, Aphex Twin го објави култниот сингл и музичкото видео „Windowlicker“ ремек-дело кое и по 25 години останува како еден од највпечатливите и најекспериментални моменти во историјата на електронската музика. Ричард Д. Џејмс, познат под псевдонимот Aphex Twin, преку овој сингл и видео пренесе визија која ги ...

Следната година ќе се работи на ново законско решение кое, како што рече министерката за образование и наука Весна Јаневска, ќе го унапреди студентскиот стандард, односно ќе овозможи подобро функционирање на студентските домови и повеќе можности за идните академски граѓани. Таа посочи дека има повеќе причини за изработка на нов Закон за студентски стандард. Јаневска ова го изјави на денешната расправа во Собранието по повод извештајот од ...

На 88 години почина Оливера Николова, македонска писателка за деца и возрасни. Таа е една од најплодотворните, најнаградувани и најчитани македонски писателки. Веста за смртта ја потврди Друштвото на писатели на Македонија. Оливера Николова е родена на 11 март 1936 година во Скопје. Дипломирала на Филозофски факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Целиот работен век го поминала во Македонската радио-телевизија, работејќи како ...

Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) започнува кампања насловена „И онлајн насилството остава лузни“ со цел да се подигне свеста за присутноста на проблемот, но и да се зголеми степенот на едукација за тоа како да се препознае и да се пријави сексуалното насилство на интернет. Оттаму истакнуваат дека сексуалното вознемирување и следење на интернет и јавното споделување интимни содржини без дозвола се најбрзо растечки форми на ...

Актуелната прозападна претседателка на Молдавија, Маја Санду освои втор мандат по вториот круг на претседателските избори кои се одржаа вчера, јавува Евроњуз. Според последните податоци на Централната изборна комисија, по преброени 100% од гласовите, Санду освои 55.33% од гласовите, а нејзиниот конкурент, поранешниот јавен обвинител Александар Стојаногло освои 44.67%. Говорејќи во седиштето на нејзината партија „Акција и солидарност“ во Кишинев, ...

Денеска на оградата на универзитетскиот кампус „Св.Кирил и Методиј“ (УКИМ) се постави изложбата „Со заеднички елан: од игри до дипломатија“ чија цел е да се истакнат заедничките вложувања за мир во политиката и спортот на, како што се вели, некои од најзначајните светски дипломати кои биле дел од Олимписките игри низ годините. „Тие испраќаат јасни пораки за мир, за почитување на правата на човекот, за еднаквост и за солидарност“, се вели во ...

Кога девојчињата од средните училишта во Скопје ќе добијат менструација во тек на училишните часови, тие се чувствуваат засрамени и вознемирени. И покрај ова непријатно чувство, тие се принудени да бараат хигиенски влошки од другарките во класот или од оние од другите одделенија, а неретко се случува да одат и до дома за да се пресоблечат. Оваа ситуација може да биде доста поинаква, ако училиштата во Скопје дозволат да има менструални производи ...

Рапидниот развој на алатките за вештачка интелигенција (ВИ) секојдневно се заканува дека ќе ги „истисне“ луѓето од професиите. Што се случува со новинарството? Знаете ли дека во Македонија веќе се генерирани првите тв-прилози со вештачка интелигенција За да откриеме како ова може да се одрази врз новинарството кај нас, прашавме новинари како ВИ може да помогне при креирање вести и зошто (не)може да го замени човечкиот фактор во редакциите. ...

Според Фондот за деца при Обединетите Нации (УНИЦЕФ), повеќе од 50 деца биле убиени викендов во израелските напади во северниот дел на Газа, пишува „Анадолу“. „Ова беше смртоносен викенд во северна Газа. Само во изминатите 48 часа над 50 деца беа убиени во Џабалија. Нападите срушија две станбени згради во кои беа засолнети стотици луѓе“, рече извршната директорка на УНИЦЕФ, Кетрин Расел. УНИЦЕФ објави дека во нападите бил погоден и автомобил во ...

Неформалното здружение за култура и образование „Дума ин Сума“ го објави „ШОК“ – списание за култура кое е достапно за бесплатно преземање. Во списанието може да се најдат колумни, репортажи, интервјуа, колажи, поезија, проза, стрипови. „’ШОК’ е списание од млади за сите, изработено од учесници на серијалот работилници за креативно пишување под водство на ‘Дума ин Сума’“, се вели во соопштението. „ШОК“ е достапно преку веб-сајтот ...

Повик

2 дена - МРТ
weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
86%
1033
weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
1.03
81%
1030
weather icon

Загреб

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
93%
1029
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
86%
1034
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
0.99
79%
1030
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
0.51
99%
1028
weather icon

Атина

16ᴼ / 14ᴼ
0.45
72%
1029
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
66%
1030
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
0.0
71%
1031
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 1ᴼ
4.12
76%
1029
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 4ᴼ
0.89
95%
1029
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
4.12
62%
1031
Currency

61.555

Currency

52.4113

Currency

70.0141

Currency

34.7579

Currency

38.0952

Currency

65.9222

Currency

7.45972

Currency

0.65322

Currency

0.33776

Currency

0.52399

Currency

1.22957

Currency

0.57975

Родиум

258009.74

Злато

139470.53

Цинк

3.03

Алуминиум

2.90

Паладиум

52470.02

Калај

42.35

Иридиум

145787.60

Сребро

2128.87

Рутениум

29192.88

Платина

61733.50

Кобалт

58.42

Бакар

10.93