„The Mole Pack“ се скопски бенд кој постои од 2018 година. Свират блуз и рок, a по оправдана пауза скопската публика ќе има можност повторно да ги слушне и види утре 1 ноември на „Андерфест“ (Underfest) во МКЦ. Ова е разговор по повод нивниот настап на фестивалот. Како се запознавте и чија беше идејата да се формира „The Mole Pack“? Првпат ни се вкрстија патиштата околу 2012 година кога тројца од нас бевме дел од кавер блуз бенд наречен „Онија“. ...

Пишува: Мира Беќар Aктерот Ѓуричко (кој сите го изговараме Џуричко) во 2024 има амбициозна и напорна турнеја, турнеја како на рок ѕвезда. Имав можност да ги проследам двата негови стендап настапи во Скопје (6.3.2024) и во Куманово (15.10.2024). Како што кажува и самиот наслов на настапот очекував дека ќе имам искуство со комедија, шоу и нешто што е добар бизнис. Што всушност очекував? Имам комплексен однос со овој жанр кој нема ни соодветен ...

Во пресрет на денешниот ден кој во делови од светот се празнува како Ноќ на вештерките, вчеравечер во пабот „Беертија“ се читаше „страшна“ поезија, се продаваа графики, обетки, привезоци со мотиви инспирирани од духови, вештерки и разни други страшни филмски и книжевни ликови. Дел од присутните беа облечени во црно со поупадлива шминка што одговараше на амбиентот на местото кое деновиве е претворено во „куќа на стравот“ со пајажини и други ...

Во просториите на „ОРО Радио Бар Галерија“ вечерва (четврток, 31 октомври) со почеток од 20 часот ќе биде промовиран стрипот „Д Џитерс“ („The Jitters“) од Стефан Николовски, работен според негово сценарио и цртеж. Станува збор за жанровски антолошки стрип во боја, збирка од четири различни приказни, во кои протагонистите ги занемаруваат последиците предизвикани од нивните исполнети желби. Преку наивното вкусување на четири бонбончиња, отпочнува ...

Во Собранието денеска започна хакатон кој има за цел да ги поврзе младите програмери со Собранието преку развивање иновативни софтверски решенија, користејќи сетови на податоци од Порталот за отворени податоци на Собранието, Националниот портал за отворени податоци и Порталот за отворени финансии. Хакатонот се реализира како дел од Програмата за парламентарна поддршка, а е дизајниран да ги инспирира и поттикне младите таленти да ја користат ...

Игор Раиден Можам да кажам дека бев прилично задоволен со употребата на сега веќе старата апликација за градски автобуски превоз, „Скопска“. Не беше совршена, но беше функционална. Нешто што во новата апликација, „Скопје Бус“ (Skopjebus) лансирана денес, го немаме. И иако имам разбирање дека во првите денови ќе има проблеми со функционалноста, она што можам со сигурност да го кажам е дека не очекував дека ќе има толку многу проблеми. Првото ...

Во Македонија велосипедската мрежа е долга 130 километри и се простира главно во Скопје. Но, таа не секаде е во добра состојба и не нужно е правена по стандарди. Во другите градови, пак, некаде не постојат велосипедски површини, или се нецелосни, нефункционални или импровизирани. Дополнително, велосипедската структура во македонската регулатива се дефинира само во еден член на половина страна во Правилникот за урбанистичко планирање, за кој ...

Најмалку 51 лице загина во поплавите што ја погодија југоисточна Шпанија, пренесува Ал Џазира Балканс. Првиот човек на регионот Валенсија, Карлос Мазон, потврди дека службите за итна помош ги пронашле мртвите тела, но дека поради почит кон семејствата нема да даваат дополнителни информации. Поројните дождови предизвикани од студениот фронт што се движи низ јужниот и источниот дел на земјата, вчера ги поплавија патиштата и градовите, поради што ...

Од 1 ноември, првиот македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против галаксијата“ ќе почне да се прикажува во „Синеплекс“ и во „Киноверзум“. „Јон Вардар против галаксијата“ е хумористична приказна за еден натпросечно потпросечен човек, еден нарцисоиден робот и многу вонземјани кои се на мисија да ја спасат галаксијата од самите себеси. Режијата е на Гоце Цветановски, арт директор е Михајло Димитриевски – Тхе Мичо, а директор на ...

Вечерва, (30 октомври) со почеток во 21 часот, ќе се одржи 35. Џам сесија (Jam Session) во културно едукативниот центар Лабораториум. Без разлика дали се етаблирани или сеуште се градат, од Лабораториум велат дека оваа сесија на импровизации е наменета за музичари. „Доаѓаат да се изразат себеси на нов и експериментален начин, воедно да се сретнат и со други музичари и преку фузија на нивните различности да направат кохезија. Свират, се наоѓаат ...

Од 31 октомври до 4 ноември во Скопје, под мотото „Лабораторија за приказни – таму каде што се вкрстуваат нашите патишта“, ќе се одржи третото издание на Фестивалот на приказни за деца и млади „Крошна“. Како што информираат организаторите, оваа година посетителите ќе имаат можност да слушаат македонски, грчки, полски, словенечки и шпански приказни во различни формати. „На овој начин сакаме на децата да им ја пренесеме пораката дека сите деца и ...

Вечерва (30.10) со почеток во 20 часот во пабот Беертија ќе се одржи 12. издание на „Поетска епизода“ на тема „Хорор, чудно, страшно“. На настанот ќе учествуваат поетите и поетеси Лидија Димковска, Андреј Ал-Асади, Милена Сиљаноска, Никола Наумовски и Драгана Стојадиновска. Модератори на настанот ќе бидат Андреј Медиќ Лазаревски и Марија Велинова. „Поетска епизода“ е книжевен настан организиран во соработка со Здружението за афирмација на ...

Нискобуџетната авио-компанија од Унгарија, „Визер“ ги укина линиите од Скопје до Келн, Копенхаген и Стокхолм-Скавст. Скопскиот аеродром на 27 октомври го објави зимскиот распоред на летови каде ги нема овие летови, а тие не се застапени ниту на сајтот на авио-комапнијата. „Визер“ се повлекува од Келн поради високите цени за услуги и давачки што ги воведе аеродромот Келн-Бон. За да се надомести интересот за тој дел од Германија, компанијата ќе ги ...

Која е состојбата на лицата со попреченост во однос на медиумската писменост и како лажните вести и дезинформации влијаат на нив, како младите гледаат на медиумската писменост и ширењето на дезинформации и која е улогата на неформалното образование во промоцијата на медиумската писменост и борбата против дезинформациите. Ова беа некои од главните прашања на денешната панел дискусијата за медиумска писменост кај младите која се одржа во ...

Пишува: Бојан Лазаревски Во услови кога сѐ повеќе млади се одлучуваат да студираат во странство, инвестирањето во студентскиот стандард е поважно од било кога. Младинската картичка може да биде главната алка во овој процес и е крајно време да го добие потребното внимание. Ја имав привилегијата неколку пати дел од моите додипломски студии да ги поминам на Карловиот универзитет во Прага, Република Чешка. Секогаш по враќањето во Македонија, она што ...

Од оваа недела стартува новиот начин на плаќање на билет за едно возење во автобусите на Јавно сообраќајно претпријатие – Скопје (ЈСП). Како што информираат оттаму, билетот по цена од 40 денари, може да се купи преку бројот 185, со СМС порака или преку новата мобилна апликација „Skopjebus“. Начинот за новото плаќање е следен: Патникот од својот мобилен телефон врти на бројот 185 при што слуша “бип“ сигнал и говорна порака “Купивте билет за едно ...

Здружението за социјални иновации Арно отвора повик за Академија за циркуларна економија. Повикот е отворен за сите здруженија кои имаат идеја за бизнис кој прави добро за природата и заедниците преку повторна употреба на материјали, превенција на отпад или има други елементи од циркуларната економија. Апликациите треба да се поднесат најдоцна до 3 ноември со пополнување на пријава на овој линк. Организациите кои ќе бидат избрани за учество ...

По повод одбележувањето на 175 години од смрта на светски познатиот Фредерих Франсоа Шопен, во среда на 30 октомври со почеток во 19:00 часот во Камерната сала на Филхармонија ќе се одржи концерт „Ноктурно за Шопен“ на кој премиерно ќе бидат изведени 17 дела од современи композитори – жени напишани во чест на Шопен. Композициите на пијано ќе ги изведуваат млади и талентирани ученици, како и ученици со атипичен развој од основните и средните ...

МОН две години не плаќа за бесплатниот превоз на студентите, за секој извозен километар се прави трошок од два денари, а приход од еден денар. Субвенционирањето од Град Скопје во висина од 673.870 илјади денари (околу 10,96 милиони евра), не е доволно за претпријатието да ги постигне стратешките цели за одржлив урбан транспортен систем и развој на јавниот градски превоз во Скопје Ова се дел од наодите од ревизијата на Државниот завод за ревизија ...

Под мотото „Дионизија сега“, од 1-ви до 5-ти ноември на повеќе места низ Скопје, Академската сцена на ФДУ, Драмскиот театар, Албанскиот Театар, Младинскиот културен центар и Котур Кафе и Филм, ќе се одржи 32. Издание на студентските средби Скомрахи на Факултетот за драмски ументости (ФДУ). Како што информираат организаторите, Скомрахи и годинава ќе ги обдеинат во Скопје студентите од повеќе европски драмски и филмски академии. „Публиката ќе има ...

Јужен Судан прогласи епидемија на колера, пишува „Анадолу“. Ваквото известување следува по извештаите за 44 сомнителни случаи и 6 лабораториски потврдени случаи на колера во Ренк, Горен Нил. Заклучно со 27 октомври, пријавени се 49 случаи на колера меѓу бегалците, повратниците и локалните заедници. Министерката за здравство Јоланда Авел Денг ги увери граѓаните дека владата е посветена на запирање на ширењето на колерата во Ренк. „Министерството ...

Израелскиот парламент усвои закон со кој на најважната агенција на Обединетите нации која им помага на Палестинците (УНРВА) ѝ се забранува работа во Израел, пренесува Н1. Предлог-законот беше усвоен со 92 гласа „за“ и 10 „против“. Усвојувањето на законот сериозно ќе ја ограничи можноста на Обединетите нации да пружат помош за палестинските бегалци на териториите окупирани од Израел, а членовите на Кнесетот ги отфрлија повиците на меѓународната ...

Илина Качинске Да ги едуцираме најмладите ученици дека користење на реченици и текстови кои некој друг ги осмислил, изговорил, напишал или генерирал со помош на ВИ е еднакво на кражба. Во изминатите неколку години имавме можност да ја посведочиме флексибилноста на педагогијата но и нејзината длабочина и широчина за постојана надградба и усовршување со цел да одговори на разни општествени случувања. 2022 ни донесе еден нов панпредизвик – ...

Само четири министерства за девет месец реализирале повеќе од 60% од планираните капитални инвестиции. Трите ново формирани ресори, за спорт, за енергетика и за јавна администрација иако имаат поголем износ на средства за капитални инвестиции, засега реализацијата е нула , пишува Порталб.мк. Според новите податоци од Министерството за финансии, највисок износ на потрошени средства за јавни инвестиции има МВР. Дел од ресорите со поголеми буџети ...

„Аксиома“ ја објави програмата за „Омнибустопија 6“, за која велат претставува своевидна рекапитулација на активностите на здружението во последните 12 месеци, но и антиципација на она што ќе следува во догледна иднина. „Тоа значи дека музиката, повеќе од кое било претходно издание на ‘Омнибустопија’, ќе биде во преден план. Ќе имате можност да проследите несекојдневни концерти, изложба, разговори и работилница“, посочуваат од „Аксиома“. Во ...

Рецензија на деби албумот на „Sex Pistols“ – „Never Mind the Bollocks, Here’s the Sex Pistols“, објавен на денешен ден во 1977. Објавен на 28 октомври 1977 година, „Never Mind the Bollocks, Here’s the Sex Pistols“ не е само албум – тоа е целосна музичка и културна револуција. Со својот суров звук, провокативни текстови и неумолива енергија, албумот го постави панк-рокот како доминантна сила која го критикуваше општеството, предизвика генерациски ...

„Македонски космонаути на врвот на Сончевиот систем“. Оваа „сензационална вест“ деновиве се врти по реклами, билборди, по фасади на згради, а намерно „боде очи“ за да ги најави годинешните „Деновите на медиумска писменост 2024“ (ДМП), кои од денеска 28 октомври до 4 ноември ќе отворат прашања за вештачката интелигенција, дезинформациите, дигиталниот живот, но и важноста и интегритетот на новинарите во одбраната на јавниот интерес. ДМП се ...

Министерството за здравство информира дека за вакцинација против сезонски грип досега се пријавени над 61 илјада граѓани, додека во пунктовите за вакцинација веќе се вакцинирани над 19 илјади. Како што велат од Министерството, овие бројки го покажуваат големиот интерес на граѓаните да се заштитат од компликации од сезонскиот грип. Дополнително, оттаму известуваат дека почнувајќи од денес, мобилните тимови од здравствените установи ќе ...

На 25. и 26. октомври се одржа хакатонот Climathon Скопје 2024 на кој учествуваа 10 тимови кои работеа на развивање решенија за еколошки предизвици специфични за Скопјe, како загадување на воздухот, енергетска ефикасност, управување со отпадот и сл. Тимовите ги водеа стручни ментори, а идеите ги претставија пред комисија. Оваа година имаше две победнички решенија кои го поделија првото место. Tимовите „My Terrarium“ од Машинскиот Факултет при ...

Почна изградбата на автопатот од Гостивар до Букојчани и Кичево. Министерот за транспорт и врски Александар Николоски истакна дека ова е најтешкиот дел од она што треба да е автопат Скопје – Кичево – Струга – Охрид. Делницата е дел од Паневропскиот коридор 8 „Првпат по 50 години почнуваат реални работи за изградба на овој автопат којшто ќе значи дека помеѓу главниот град на нашата држава и Охрид и Струга ќе се патува за некаде час и дваесет ...

Повик

2 дена - МРТ
weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
86%
1033
weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
1.03
81%
1030
weather icon

Загреб

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
93%
1029
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
86%
1034
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
0.99
79%
1030
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
0.51
99%
1028
weather icon

Атина

16ᴼ / 14ᴼ
0.45
72%
1029
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
66%
1030
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
0.0
71%
1031
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 1ᴼ
4.12
76%
1029
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 4ᴼ
0.89
95%
1029
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
4.12
62%
1031
Currency

61.555

Currency

52.4113

Currency

70.0141

Currency

34.7579

Currency

38.0952

Currency

65.9222

Currency

7.45972

Currency

0.65322

Currency

0.33776

Currency

0.52399

Currency

1.22957

Currency

0.57975

Кобалт

58.42

Сребро

2128.87

Иридиум

145787.60

Родиум

258009.74

Калај

42.35

Злато

139470.53

Бакар

10.93

Алуминиум

2.90

Платина

61733.50

Паладиум

52470.02

Рутениум

29192.88

Цинк

3.03