Наградата „Драги“ за најдобар книжевен превод на македонски јазик ја доби Анастасија Ѓурчинова, за преводот од италијански јазик на делото „Интимен живот“ од авторот Николо Аманити во издание на „Антолог“. Комисијата за доделување на наградата во состав проф. д-р Зорица Николовска, претставник одбран од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје, Јана Михајловска, член од семејството на Драги Михајловски и Владимир Јанковски, претставник ...

Мировната мисија на ОН во Либан (УНИФИЛ) предупреди дека секоја израелска инвазија на либанска територија ќе биде кршење на суверенитетот на земјата и на резолуцијата 1701 на Советот за безбедност на ОН, пишува „Анадолу“. „Секое преминување во Либан е кршење на либанскиот суверенитет и територијален интегритет и кршење на резолуцијата 1701“, се вели во соопштението на УНИФИЛ. Израелската Армија претходно соопшти дека започнала „ограничени и ...

Во ситуација кога протекуваат сензитивни информации за воени дејствија на една од најголемите воени сили во светот и кога укажувачот (whistleblower) денот по судењето го менува својот род, што го задржува вниманието на пасивниот слушател? Кој факт е посилен и која информација побрзо се меморира кога некој првпат слуша за Челзи Менинг? „Ќе направиме нешто за војната, родот и слободата, ќе се вика: ‘Што би рекла Челзи?’“ е мултимедијално театарско ...

Лажна дневна паркинг карта во која е злоупотребено дизајнот и логото на ЈП Паркинзи на Општина Центар (ПОЦ) е пријавена денеска, соопштија од претпријатието. Преку нивната Фејсбук страница, тие соопштија дека на лажната карта стои QR код кој се скенира и кој води кон веб-страница која нема поврзаност со претпријатието, а каде се врши онлајн уплата и е со цел преку измама да се повлечат парични средства. „Ги замолуваме граѓаните да бидат ...

Во сабота (5 октомври) ќе се одржи јубилејното 20. издание на „Бела ноќ“ во Скопје. Настанот ќе се одржи на повеќе локации, а организаторите посочија дека граѓаните ќе имаат можност да уживаат во театарски спектакл на отворено, музички настани, изложби, проекции, работилници и други културно-уметнички перформанси. Во прилог погледнете ја целата програма: ЈУ Универзална сала Младински културен центар ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци” НУ ...

Скопје на 3ти и 4ти октомври, повторно ќе биде домаќин на најголемиот собир на професионалци и ентузијасти за вештачка интелигенција во Југоисточна Европа – „AI Tech Summit“. „Над 700-ина учесници од цел регион ќе имаат можност одблизу да слушнат експерти и иноватори од светските гиганти како Microsoft, NVIDIA, Google, UBS, Ericsson, Amazon и KPMG, но исто така и да ги разменат своите искуства. AI Tech Summit повторно ќе ги насочи погледите кон ...

Интернационалната мрежа на млади правници ЕЛСА ги повикува бруцошите да станат членови, со што, како што велат ќе добијат многу придобивки. „Тимот на ЕЛСА ви посакува среќен и успешен почеток на новата академска година. Нека оваа година биде уште повеќе полна со знаења, нови можности и професионални предизвици. Не пропуштајте ја промотивната понуда за членство во ЕЛСА Северна Македонија, чија цена изнесува само 300 денари. Истата ќе важи во ...

Треба медиумско ангажирање и описменување на младите луѓе, за да порасне и нивниот граѓански и политички ангажман. Ова особено е важно ако се знае дека учеството на младите во јавниот живот е ниско, па активирање во ова поле значи и почеста проверка на вистинитоста на информациите и поголема доверба во сопствените потенцијали да ги препознаат дезинформациите. Истовремено, загрижува тоа што скоро четвртина од младите се наоѓаат во критичните ...

Поради влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до македонските граѓани да ги одложат патувањата кон Израел, Иран и Либан, додека државјаните кои се наоѓаат на територијата на овие држави да ги следат упатствата на локалните власти и движењето да го сведат на минимум. Оттаму потсетија дека на СОС дежурните телефони на Министерството +389 75 273 732 и +389 75 268 736, како ...

По повод одбележувањето на 50-годишнината од своето постоење, Францускиот институт во Скопје, во тесна соработка со манифестацијата „Бела ноќ“, информира дека ќе се изведе претстава на отворено со улично дефиле – „Сонот на Ербер“, во изведба на француската театарска трупа „Кидам“ (La Compagnie des Quidams), која има од 100 до 150 настапи годишно низ целиот свет. Настанот ќе се одржи в сабота 5 октомври 2024 година, со почеток во 20:00 часот со ...

Новата поетска книга на поетот Митко Гогов, „Бок на ба(к)терии“ ќе биде промовирана вечерва (1 октомври, вторник) во Културно информативниот центар во Скопје во почеток во 19:19 часот. Книгата ќе ја промовираат Зоран Анчевски и Бранко Цветкоски. Книгата е во издание на „Макавеј“. Митко Гогов пишува поезија, кратки раскази, есеистика и публицистика. Пишува и хаику, сенриу, ренга кои ги објавува повремено во микроблогосферата twitter. Неговото ...

Тимот „SingleTons“ составен од млади иноватори создаде интерактивна платформа на која се прикажани податоците за основните училишта низ државата со што победи на првиот ДатаТон организиран од Здружението ЗМАИ. Предизвикот беше да се раскажат приказни за младите и образованието, користејќи големи бази на податоци објавени од институциите. По три дена напорна работа, редовно менторирање и тренинзи поврзани со користењето на податоци, обработка, ...

„Да се биде мал јазик без огромна писмена традиција може да се гледа и како предност. Едноставно, ние го немаме товарот на вековните јазични и книжевни традиции; ние го немаме товарот на споредувањето, ние го немаме товарот дека толку многу е напишано и измислено, што нема простор за ново. Всушност, ние сме тие што ја имаме слободата да измислиме. Ние сме тие што живо го створаме јазикот, ние сме тие што ги градиме основите на културата, ние сме ...

Македонија одвојува само 0,38% од БДП за научно- истражувачка дејност, поради што се наоѓаме на “опашката“ во регионот според парите за инвестирање и развој на овој сегмент кој е основа за развој на економијата, здравството, бизнисот, пишува Порталб.мк Академската година почнува со зголемен број на студенти а завршува со намален број на дипломци. Македонија „заостанува“ во однос на земјите од регионот според парите што ги инвестира во ...

Музичко-сценскиот и танцов перформанс „Безвременски прикаски“ ќе се одржи утре (2 октомври) во 21:30 часот во киното Фросина во Младинскиот културен центар во Скопје. Станува збор за претстава во која четворица актери преку танцови форми и техники оживуваат седум раскази на познатиот писател Франц Кафка. Режисерка е Ирена Лозинска, а во претставата играат Исидор Јованоски, Ана Левајковиќ Бошков, Хакан Даци и Нела Павловска. Енес Беговски е автор ...

Илјадници студенти денес за првпат зачекорија по академските патеки со што официјално започна новата академска 2024/25 година. По тој повод на платото на општествениот кампус, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во соработка со Универзитетското студентско собрание (УСС УКИМ) организираа свеченост за добредојде на првиот академски час. Настанот беше отворен со интонација на државната, свечената химна на УКИМ и студентската химна „Гаудеамус“ во ...

Македонија одвојува само 0,38% од БДП за научно- истражувачка дејност, поради што се наоѓаме на “опашката“ во регионот според парите за инвестирање и развој на овој сегмент кој е основа за развој на економијата, здравството, бизнисот, пишува Порталб.мк Академската година почнува со зголемен број на студенти а завршува со намален број на дипломци. Македонија „заостанува“ во однос на земјите од регионот според парите што ги инвестира во ...

Објавени се конкурсите за доделување на стипендии за средношколци за учебната 2024-2025 година, а крајниот рок за аплицирање е 15 октомври 2024 година, соопшти Министерството за образование и наука (МОН). Се работи за вкупно 9 различни категории на стипендии, а условите за стекнување на правото на користење, како и потребните документи се наведени во секој од конкурсите. Сите детали за стипендиите се достапни на следниов ЛИНК, а дополнителни ...

Пишува: Весна Попоска Не може секоја колатерална штета да се оправда со „легитимна воена цел“, особено ако остава слики на терор кои долго ќе се паметат и ќе останат врежани во историјата на човештвото. Некои граници, едноставно, не смеат да бидат преминати. Крвавите конфликти на Блискиот исток, за жал, не се новост, туку долгорочна и комплексна историја. Сепак, има неколку клучни настани кои ја исцртуваат линијата на конфликтот до денес: ...

Израел утрово изврши инвазија на Либан, која израелските одбранбени сили (ИДФ) ја нарекоа „ограничена копнена операција“ во јужен Либан, чија цел е Хезболах, пренесува Данас. По најавата на Израел дека започнува „ограничен упад“ во јужен Либан, портпаролот на израелската војска Авичај Адрае утринава издаде соопштение, во кое им порача на Либанците да не патуваат со возила од север до регионот јужно од реката Литани „од лични безбедносни ...

Под мотото „Културата како јавно добро“, во изминативе неколку денови се одржуваше третото издание на „Маалски фестивал“, со низа настани што ја вклучија локалната заедница во уметност, музика, работилници, акции, прошетки низ маало… Исто така, беше претставен и нов мурал на објектот на организаторот Центар-Јадро, кој одбележа петгодишнина од своето постоење како хибриден центар што функционира по принципот цивилно-јавно партерство, а ...

Грејната сезона започнува на 15 октомври и завршува на 15 април 2025 година, најави денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и управување со комунален отпад (РКЕ). Но, доколку прогнозираната средна надворешна температура за следниот ден е еднаква или помала од 12ºС, тогаш грејната сезона може најрано да започне од 1 октомври и да заврши најдоцна до 30 април. Согласно Правилата за снабдување со топлинска енергија и Тарифниот ...

Распишани се конкурсите за државните награди „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ и „Мето Јовановски“ за 2024 година. Конкурсите траат од 1 до 31 октомври. Со државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ се оддава признание за остварувања во областа на публицистиката и новинарството, а им се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани. „Државната награда се врачува во Собранието на РСМ на 21 декември, ...

Мултимедијалниот уметник Љупчо Каров, академскиот сликар Владимир Темков и драмскиот актер и продуцент Јовица Михајловски за животно дело во областа на културата и уметноста, како и истражувачот на македонскиот фолклор Марко Китевски за животно дело од областа на науката, се добитници на државната награда „11 Октомври“. Одлуката беше донесена на седница одржана на 11 септември на Одборот за доделување на наградата чија претседателка е Елена ...

Јавните набавки во 2023 година достигнале рекордно висока вредност и рекордно ниска конкуренција во последните 10 години, а склучени се договори за јавни набавки во вкупна вредност од 1.5 милијарда евра, што е 35% повеќе од претходната година. Ова е еден од клучните наоди од трите истражувања кои денеска ги објави Центарот за граѓански комуникации (ЦГК), односно Извештајот од редовниот мониторинг на јавните набавки, Индексот на рационалност каде ...

Театар Комедија го објави репертоарот за месец октомври. Според програмата публиката ќе може да ужива во девет претстави. Програмата е следна: 1 октомври – „Демнејќи го Годо“ 3 октомври – „Вечера за глупаци“ 4 октомври – „Анатомија на неверството“ 8 октомври – „Ало, Ало!“ 10 октомври – „Пар распар“ 12 октомври – „Жени во собрание“ 15 октомври – „Веќе не е ни смешно“ 17 октомври – „Стујардеси“ 19 октомври – „Вардарски пастуви“ 22 октомври – „Веќе ...

На крајот на оваа седмица, прочитај го нашиот избор на топ вести од образование, култура, граѓанско општество, политика, животна средина… Сексуалното насилство преку слики и дипфејкот земаат многу жртви, а кај нас уште не се инкриминирани 85% од жените во светот веќе се соочиле со некаква форма на дигитално насилство, а 13,3% тоа го искусиле до својата 15-та година. За разлика од домот, работата и улицата, дигиталниот простор нуди неограничена ...

Вториот ден од нашата посета на БИТЕФ почна најнормално. Бевме таму извесно време пред почетокот на словенечката претстава „Сексуална едукација ||: Борба“ која требаше да се одигра во дворот на театарот БИТЕФ (авангардна театарска сцена сместена во реконструирана евангелистичка црква во областа Дорќол во Белград). Како што полека се полнеше, актерките ја заземаа сцената и почнаа да зборуваат на словенечко-хрватско-српски – во главно разбирливо ...

Додека Рим се подготвува за очекуваниот прилив на туристи за време на јубилејот во 2025 година, градските власти дискутираат за потенцијалните мерки за менаџирање на огромниот број посетители на Фонтаната Треви, пишува „Анадолу“. Градот очекува да пречека приближно 32 милиони посетители за време на овој едногодишен римокатолички настан. Според предложениот план, посетителите ќе треба да направат претходна резервација за пристап до фонтаната, со ...

Во галеријата „КО-РА” вчера се отвори изложбата „Бескрајна приказна за една точка“ на Марија Чепишева, академски графичар и графички дизајнер. Како што информираат од „КО-РА“, делата на Чепишева се работени во фузија на повеќе експериментални техники, често и со богата колажна структура. “Бескрајна приказна за една точка“ е патување кон еден сон, за едно мечтаење. Приказна на една точка која ја има секаде и која сака да зборува и раскажува. ...

weather icon

Скопје

30ᴼ / 30ᴼ
0.51
35%
1017
weather icon

Белград

27ᴼ / 27ᴼ
2.68
59%
1017
weather icon

Загреб

28ᴼ / 26ᴼ
1.03
58%
1019
weather icon

Софија

24ᴼ / 24ᴼ
4.12
47%
1017
weather icon

Сараево

29ᴼ / 29ᴼ
3.23
43%
1014
weather icon

Љубљана

27ᴼ / 24ᴼ
1.03
62%
1020
weather icon

Атина

29ᴼ / 27ᴼ
5.81
43%
1013
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
1.54
34%
1014
weather icon

Подгорица

31ᴼ / 31ᴼ
3.09
31%
1016
weather icon

Букурешт

29ᴼ / 27ᴼ
1.54
48%
1013
weather icon

Будимпешта

29ᴼ / 27ᴼ
6.17
46%
1017
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 21ᴼ
2.57
68%
1014
Currency

61.53

Currency

52.5197

Currency

72.0829

Currency

34.2833

Currency

38.3069

Currency

65.7588

Currency

7.32673

Currency

0.6714

Currency

0.36257

Currency

0.52345

Currency

1.31598

Currency

0.61434

Алуминиум

2.58

Иридиум

142132.66

Кобалт

42.99

Никел

15030.00

Рутениум

21637.45

Калај

34.19

Сребро

1157.08

Злато

105266.98

Бакар

10.18

Паладиум

36394.65

Платина

43046.71

Родиум

176025.34

Цинк

2.75