
Скопје
13ᴼ /
13ᴼ



Белградската организацијата „Music Reactions“ која се занимава со промовирање, поддршка и продукција на техно културата најавува голем рејв настан во клубот „Хангар во Автокоманда“. На журката домашна поддршка ќе бидат „OVC Kolektiv“ со диџеите Moraitov i Petko.ov b2b Chrisot. Во Македонија за првпат ќе настапат диџејката Lucia Lu од Берлин, продуцентката и диџејка Aida Arko која е инспирирана од персиската култура и своето влијание на техно ...
Утре (10 септември) со почеток во 20 часот, во Центар – Јадро, ќе биде отворена четвртата самостојна изложба на Јулија Манојлоска. Како што информираат организаторите, секој сегмент на просторната инсталација насловена „Пред будење“, претставува засебен елемент и дело само по себе. Сите форми кои лебдат се различни идентитети. „Ако секаде наоколу постојат различни идентитети и ако ние самите понекогаш сме дел од нив, лебдењето на истите го ...
„На работ“ е трансмедијален и трансдисциплинарен проект на авторите Гоце Наневски и Дориан Јовановиќ, кој содржи повеќе просторни сегменти од целината, кои од 10 септември (вторник) ќе бидат распределени во предизвикувачкиот амбиент на Чифте амам. „Посебните делови, кои го чинат целото, се изведувани во разновидни техники и медиуми кои, на некој начин, се преплетуваат едни во други надминувајќи ги границите на чистите медиумски пристапи во ...
Утре (10 септември) почнува 11. фестивал на комедијата „Гола месечина“ во паркот Авионче, Општина Аеродром. Настанот ќе се отвори со стендап настап на Антонио Ташковски и Никола Тодоровски. На 11.септември ќе настапи „Импров група“ со актерите Наталија Теодосиева, Тони Денковски, Григор Јовановски и Дамјан Цветановски, чиј водител ќе биде Борјан Стојков. На 12 септември ќе настапат комичарите Мирослав Петковиќ, Чедомир Митевски, Марио Поповиќ и ...
Друштвото за истражување и развој Сефиданис, вчеравечер во клубот Ребел во Охрид го претстави својот најнов проект – хуманоиден робот диџеј. „Токму на полноќ, кога Македонија прослави 33 години независност, се роди Алшар, робот во изглед и природни димензии на човек, кој со помош на вештачка интелигенција може автономно да создава уникатни музички дела. Алшар има за цел да нѐ воведе во новата ера, а воедно да понуди конзервација на македонската ...
Филмот „Соседната соба“, новиот и деби филм на англиски јазик од шпанскиот режисер Педро Алмодовар ја доби наградата „Златен лав“ на 81. издание на Венецијанскиот филмски фестивал. Во филмот играат актерките Џулиен Мур и Тилда Свинтон. 81. издание на Фестивалот заврши вчера. Жирито предводено од Изабел Иперт ги додели главните награди на Брејди Корбет за режирањето на 215-минутниот пост-воен филм „Бруталист“ и на Винсент Линдон за неговиот ...
Триесет и второто издание на Меѓународниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ започнува денес (8 септември), традиционално на Денот на независноста во Струмица. Фестивалот ќе го отвори претставата на струмичкиот театар, „Црна дупка“ по текст на Горан Стефановски, а во режија на Љупчо Ѓорѓиевски. „Црна дупка“ во јуни, оваа година, на 58. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, беше наградена со наградата за најдобра ...
„Линкин Парк“ во четвртокот настапи во живо, за првпат по смртта на вокалистот Честер Бенингтон во 2017 година. Бендот се врати на сцената со нова постава: пејачката Емили Армстронг и тапанарот Болин Бритајн кои отсега ќе им се придружат на членовите Мај Шинода, Бред Делсон, Феникс и Џо Хан. Шинода и Армстронг ќе ги делат вокалните „должности“. Новата постава на бендот настапи со новиот сингл „The Emptiness Machine“. Стилот и изведбата на ...
Под мотото „Заедно за свет без бариери“ вчера (7 септември) во Струмица се одржа „Првата национална конференција за Душен и Бекер мускулна дистрофија“. Конференцијата беше организирана по повод Светскиот ден за подигнување на свеста за Душен мускулна дистрофија од „Мускулна Дистрофија Асоцијација Македонија“. Организаторите велат дека Конференцијата е посветена на подигнување на свеста за Душен мускулната дистрофија (DMD) и ги опфаќа најновите ...
На крајот на оваа седмица, прочитај го нашиот избор на топ вести од образование, култура, граѓанско општество, политика, животна средина… 1. [Галерија] 17.200 ученици за првпат седнаа во училишните клупи, почна новата учебна година 245 илјади ученици на 2 септември седнаа во училишните клупи во основните и средните училишта. Споредено со првиот училиштен ден пред една деценија, бројката на ученици се намалила за 10 отсто или за 27.000 ученици. ...
На годинашното јубилејно 45. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ по првпат на Широк сокак во Битола ќе бидат откриени ѕвезди на сите досегашни добитници на наградата Златна камера 300 која се доделува за животен опус. Директорот на Фестивалот, Симеон Мони Дамевски во видео интервју за МИА вели дека ѕвездите ќе започнат со тие на браќата Манаки, во чие име е направен фестивалот. „Едниот има добиено почесна ...
„Андалузиски пес“ во режија на Луис Буњуел во вторник (10 септември) ќе го отвори четвртото издание на Фестивалот на нем и класичен филм во Кинотека на Македонија. Проекцијата на филмот има музичка придружба во изведба на пијанистот Милош Станојевиќ, еминентен српски пијанист и добитник на повеќе награди на државни натпревари во Србија. „Андалузиски пес“ е едно од највлијателните дела во историјата на кинематографијата. Една од најиконичните ...
„Кој вели дека социјалните претприемачи се безгрешни? И дека социјалното претприемништво е страшно?!“, се вели во најавата за претстојниот настан за социјално претприемништво кој ќе се одржи во петок (13 септември) во 17 часот во кафе и филм „Котур“. Гости на настанот ќе бидат Александра Бела од УРМА, Кристиан Шопов (Еко-магионичар и Среќотворец) и Магдалена од Лице в лице). „Во духот на ПЕТОК 13ти ќе зборуваме за (не)среќите со успешни ...
Теквондо тренерот Борче Костовски е годинешниот добитник на државната награда за животно дело „8 Септември“ за неговиот придонес во развојот на спортот, афирмацијата и промоцијата на Република Северна Македонија на меѓународен план. Костовски е претседател на Теквондо федерацијата на Македонија и тренер на сребрениот олимпиец Дејан Георгиевски. „Како министерство секогаш ќе бидеме на страна на спортистите и спортските работници. Овие награди кои ...
Нелегални договори за закуп, регулирање на цената на пазарот на недвижнини, немањето стратегија за домување веќе 12 години, потребата од јавно домување наменето за различни групи на граѓани, како и недостатокот на политичка посветеност и приоритетите на политичарите за проблемите со домување и станарите. Ова се дел од предизвиците за кои членовите на Организацијата за домување и станари изминатите два дена разговараа со експерти од Шведската ...
Четири нови министерства, или вкупно 20, во новата Влада на Христијан Мицкоски се резултатот од измените и дополнувањата на Законот за организација и работа на органите на државната управа, кои беа донесени во очи на изборите годинава, пишува Новинската агенција Мета. Реорганизацијата на извршната власт помина во избрзан процес и без јавна консултација, што кај експертите и јавноста остави впечаток дека се работи за непромислена реформа, за која ...
Вселенското возило „Боинг Старлајнер“ го заврши своето патување назад кон Земјата, но астронаутите што требаше да се во него останаа на Меѓународната вселенска станица, пишува „Би-Би-Си“. Празното летало патувало во автономен режим откако се откачило од орбиталната лабораторија. Капсулата која претрпе технички проблеми откако беше лансирана со Буч Вилмор и Сунита Вилијамс беше премногу ризична за да ги врати астронаутите дома. Наместо тоа, тие ...
Во пресрет на третата конференција „Наука за деца“, која годинава ќе се одржи на 18 и 19 октомври, заедно со проф. Д-р Венка Симовска организаторите по вторпат распишуваат конкурс за наградата за извонреден научен потенцијал „Иван Ќостаров“. „Со желба да ја наградиме и поттикнеме љубовта кон науката кај децата, ги повикуваме учениците и ученичките од 9 одделение со страст за науката да аплицираат за наградата“, се вели во повикот. За ...
По петгодишна пауза, „Милко“ се враќаат на сцена со новиот сингл „Тажен понеделник“ во издание на „Шарла Рекордс“ (Sharla Records). Како што вели издавачот, нивната музика е инспирирана од британската независна музичка сцена од 80тите и 90тите години на минатиот век, и се карактеризира со изразито елегантен звук и топли, ангажирани, радио пријателски песни. „Искуството е нивниот снажен адут, и тоа може да се почувствува во секој отсвирен тон. ...
Министерството за образование и наука (МОН) вчера (6 септември) ги објави резултатите од конкурсите за прием на студенти на додипломски студии во државните и приватните студентски домови. Резултатите се однесуваат за студентите од втора и повисоките години, додека за студентите во прва година – бруцошите, рокот за аплицирање е од 10 до 17 септември. „Студентите можат да достават приговор во студентскиот дом каде што аплицирале за сместување. ...
„На работ“ е трансмедијален и трансдисциплинарен проект на авторите Гоце Наневски и Дориан Јовановиќ, кој содржи повеќе просторни сегменти од целината, и кој во форма на изложба ќе биде претставен во предизвикувачкиот амбиент на Чифте амам. Отворањето е во вторник (10 септември) во 20 часот. Станува збор за е ангажирана контекстуална реакција на, како што се вели во најавата, „општествено-политичкиот галиматијас кој секојдневно го живееме откако ...
На почетокот на учебната година, Младински образовен форум и Сојузот на средношколци потсетуваат дека училиштата треба да бидат безбедни и сигурни места за сите млади. „Просветните работници, родителите/старателите, институциите, организациите, но и учениците имаат обврска и одговорност будно да следат и да реагираат на секој, дури и најмал сигнал на насилство“, истакнуваат оттаму. 81% од младите на возраст од 15 до 19 години биле сведоци или ...
Над 500 ученици од стручно образование кои се подготвуваат за кариера во природните науки, еколошката одржливост и ублажувањето на климатските промени ќе добијат можност за практична настава и практиканство во јавните и приватните претпријатија ширум земјата, преку партнерството склучено меѓу УНИЦЕФ и Групацијата „НЕЛТ“. „Оваа иницијатива ќе им овозможи на учениците да стекнат драгоцено искуство и знаење, што ќе ги направи поконкурентни на ...
Македонската квиз асоцијација (МКА) оваа година го организира првото Државно квиз првенство на Македонија кое што ќе се одржи на 15 септември, во едукативниот културен центар „Лабораториум“ во Скопје, отворено за професионалци и дебитанти во индивидуални натпреварувања и во двојки. „Ги покануваме сите заинтересирани да ни се придружат на ова првенство односно оваа интересна и интелектуална квиз-забава, каде што можете да се натпреварувате и да ...
Најчести случаи на криминал врз дивиот свет се незаконскиот отстрел на дивеч, користењето на примки, мрежи и стапици за фаќање диви животни, труењето, и незаконската трговија со диви видови. Во однос на незаконското труење на диви животни, во август оваа година, Државниот инспекторат за животна средина донесе Стандардна оперативна процедура за постапување при ваквите случаи. Сепак, освен за овој документ, моментално во државата има недостаток од ...
Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје соопшти дека 7 септември (сабота) и 9 септември (понеделник) возилата од јавниот превоз во Скопје ќе сообраќаат по неделен возен ред. Оттаму додаваат дека за време на трите дена од продолжениот викенд, дежурни ќе бидат билетарниците и центрите за персонализација на Транспортен центар, Ѓорче Петров и Зелен пазар. Жичницата ќе функционира вообичаено за време на викендот во сабота и недела, со работно ...
Летото 2024 година постави нови температурни одредници на глобално ниво, покажуваат податоците од Службата за климатски промени „Коперник“, пишува „Анадолу“. Глобалните просечни температури од јуни до август достигнаа 0,69 Целзиусови степени над просекот од периодот 1991-2020 година, надминувајќи го претходниот рекорд од 0,66 Целзиусови степени поставен во 2023 година, според климатскиот монитор на Европската Унија. Европа го доживеа најжешкото ...
Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираат дека во текот на вчерашниот ден на територијата на Македонија имало вкупно 34 пожари на отворен простор, од кои активни се 6, под контрола е 1 и изгаснати се 27. Активни се пожарите во Општина Прилеп: с.Пештани – с.Кокре – с.Кален – с.Дуње – с.Бонче – с.Крушевица – с.Волково – с.Штавица – с.Прилепец-с.Чумово-с.Селце, во Општина Чашка, Општина Петровец, Општина Штип, Општина Чучер-Сандево и ...
Младите во Македонија немаат јасни ставови за повеќето прашања поврзани со нивната безбедност и сигурност. Тие не ја сметаат земјата ниту за безбедна, ниту за небезбедна. Што се однесува на безбедноста во државата во следните пет години, повеќето млади се на ставот дека состојбата ќе остане иста, додека повеќе од една четвртина се песимисти дека ќе биде полошо. Истовремено, скоро секој петти млад човек доживеал или бил сведок на насилство, а ...
Учебната 2024/2025 година започна во понеделникот за сите ученици, освен за оние со атипичен развој, кои генерално останаа дома бидејќи немаат образовни асистенти. Ваквата ситуација се’ уште трае, а причина е доцнењето на огласите за ангажирање образовни асистенти. Министерката за образование Весна Јаневска денеска пред новинарите рече дека во тек е потпишување на договорите за ангажирање на 815 образовни асистенти, од вкупно 1.000 планирани, ...