Во Културно-информативен центар (КИЦ) во Скопје, Салон Империјал 2, утре (13 септември) од 19:30 часот ќе биде отворена изложбата на фотографии „Портрети од темната комора“ на фотографот и хроничар Зденко Петровски. „Оваа изложба на Зденко Петровски е прошетка низ едно време, раст низ еден живот или развој на едно општество. Изложбата е сведоштво на лицата од последните три децении на минатиот век каде што можат да се читаат и младоста и ...

По повод 10 години создавање во полето на видеоуметноста на македонската уметница Тања Балаќ, во Кинотеката на Македонија ќе се одржи проекција на 10 нејзини видео-уметнички дела. „Станува збор за своевидно еднодецениско заокружување на делата остварени во овој медиум, кои најчесто се коментар на она што се случува во светот, од 2014 наваму. Имено, кон крајот на првата деценија на 21 век, Балаќ, покрај сликарството, пастелите и колажот, сè ...

Под мотото „Твоја приказна, наша поддршка“, младинската организација „Младите можат“ спроведува кампања за едукација на средношколци на менталното здравје. „Недостигот на едукација и поддршка во училиштата често ги оставa младите без простор за споделување и помош“, велат од организацијата. Според Ана Попризова, училиштен психолог во гимназијата „Орце Николов“, кампањата „Твоја приказна, наша поддршка“ доаѓа во исклучително значајно време, ...

Агенцијата на Обединетите нации за палестински бегалци (УНРВА) соопшти дека шест од нејзините вработени се убиени во воздушен напад од Израел врз едно од училиштата во центарот на Газа, пишува „Би-Би-Си“. Потпаролот на цивилната одбрана на Газа, Махмуд Баса изјави дека 18 луѓе се убиени во нападот врз училиштето „Ал Џауни“ во кампот Нусејрат кој се користи како засолниште за илјадници раселени Палестинци. Израелската војска изјави дека извршила ...

Гитаристот Сашо Поповски, Иван Бејков кој свири контрабас и Александар Ванчовски на тапани во среда (17 септември) ќе одржат концерт во Салон 19:19 во Културно-информативниот центар во Скопје. „На својот прв албум за ‘Art Melodies’, гитаристот Сашо Поповски го усовршува својот концепт на трио проект изграден на постојани варијации на мелодии, го нагласува звукот, текстурите, интеракцијата и просторот со воведување на колорит и контрастни музичка ...

Повеќе средства за инфраструктура и модернизација на основните и средните училишта и вложување во обучување на квалитетен наставен кадар, подигање на наставничкото достоинство и финансирање на подобро организиран училиштен транспорт беа темите кои се отвороија на денешната панел-дискусија „Образование водено од реалните потреби на учениците – паметно инвестирање во наставниот кадар и инфраструктура“. Прва панелистка беше Вера Кондиќ Митровска ...

Бранко Прља Како вештачката интелигенција може да придонесе во зачувувањето и развојот на македонскиот културен идентитет. Предизвикот е во балансирањето меѓу зачувувањето на традиционалните вредности и прифаќањето на новите технологии. Во ерата на глобализацијата и дигиталната трансформација, културниот идентитет останува клучен фактор за развојот и афирмацијата на нациите. За земји како Македонија, кои се стремат да го зацврстат своето место ...

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) реагира на опструкцијата и попречувањето на новинарите и медиумските работници да ја вршат својата работа од, како што велат, неодговорни поединци – жители на селото Галате, општина Врапчиште. Според информациите кои пристигнале до ЗНМ од колегите новинари и медиумски работници, денеска при земање на изјави и снимање на инсерти екипите на ТВ АЛСАТ и ТВ21 биле вербално нападнати и спречени да ја ...

Во кафе-книжарница „Буква” со почеток во 20 часот, вечерва (11 септември) ќе започне првата синесеанса од проектот „Рани трудови” на Филип Херин и Јане Алтипармаков. „Рани трудови” е проект за промоција на филмските режисери од Македонија. Сезоната есен-зима 2024/25, Филип Херин и Јане Алтипармаков на гости ќе имаат колеги режисери со кои преку прокции на студентски кратки играни и документарни форми ќе пробаат да навлезат во светот на ...

Собранието во соработка со Фондацијата за демократија на Вестминстер (ВФД) и поддршка од Британската Амбасада во Скопје, отвора повик за волонтери. „Новата Програма за волонтери ќе им понуди на 20 млади луѓе можност да стекнат практично искуство и да научат за демократијата од прва рака во срцето на демократските процеси – Собранието. Преку оваа програма, Собранието ќе добие можност да ја доближи својата работа до младите“, посочуваат од ВФД. Од ...

На 25 септември, на терасата на Музејот на современата уметност во Скопје, Здружението Икуалити ќе се обиде да ги прошири хоризонтите на скопската модна култура, промовирајќи високи вредности на општествена инклузија и отворено општество преку настанот „ZEN Инклузивно soirée“. „Настанот ZEN Инклузивно soirée има за цел да приреди уникатно искуство на 31 лице со попреченост преку креирање на адаптирана гардероба во која тие ќе продефилираат на ...

На 14 септември во просториите на „Јавна соба“ ќе се одржи бесплатната работилница насловена „Козметички третман на велосипед“ со што се најавува новото издание на фестивалот „Недела на дизајн“. „Велосипедистите кои сакаат да им дадат козметички третман на своите нови или постари велосипеди и на тој начин да ја подобрат видливоста во сообраќајот можат да ја посетат оваа необична работилница и да си заминат со уникатен дизајн на велосипед. ...

На Скопското Кале на 15 септември во организација на Storytelling Skopje, а во партнерство со ХАЕМУС и Музеј на Македонија, ќе се реализира настанот „Патување низ времето со кралицата Марија – Игрифицирано искуство низ средниот век“. „Се работи за вистинска авантура која буквално пред очите на посетителите го оживува наследството од средновековниот период на Скопје и ги враќа учесниците директно во 14-от век, воведувајќи ги во животот и времето ...

Новото издание на Скопски џез фестивал ќе се одржи од 17 до 20 октомври. Фестивалот годинава ќе го отвори една од најпопуларните џез-пејачки во светот и трикратна Греми лауреатка, Сесил Меклорин Салвант од САД со нејзиниот квартет во кој, меѓу другите, членува и еден од водечките американски џез-пијанисти, Саливан Фортнер. „Опишана од Џеси Норман како ‘уникатен глас поткрепен со интелигенција и апсолутна музикалност’, Салвант се прослави со ...

Американскиот актер Џејмс Ерл Џонс познат по неговата улога во која го позајмуваше гласот на негативецот Дарт Вејдер од „Војна на ѕвездите“ и на Муфаса во „Кралот лав“, почина на 93 години. Џонс глумеше во многу филмови меѓу кои и „Поле на соништата“ (Field of Dreams), „Доаѓањето во Америка“ (Coming To America), „Конан Варваринот“ (Conan the Barbarian) и „Кралот Лав“ (The Lion King). Во текот на својата кариера Џонс се стекна со три Тони ...

Втора недела по стартот на школската година, а голем број деца со атипичен развој и денеска не добија образовни асистенти во основните училишта. Министерката за образование и наука Весна Јаневска прво тврдеше дека асистентите ќе почнат со работа од 2 септември, потоа најави дека ќе влезат во училиштата во вторник (10 септември), а денеска рече „постепено во следните денови“. „Сепак и денес ќе се потпишуваат договорите, значи во следните денови ...

Во пресрет на Меѓународниот ден на чистиот воздух, УНИЦЕФ во Европа и Централна Азија објави нов документ за политики во кој истакна дека во 2021 година, над 5.480 доенчиња во 23 земји и територии низ Европа и Централна Азија починале од причини поврзани со аерозагадувањето. Во Македонија, смртните случаи на новороденчиња кои се поврзани со загадениот воздух сочинуваат 11,6 отсто или 1 од 9 смртни случаи на деца на возраст до една година. ...

Во четврток (12.09) претставата „Кенди’’ во режија на Тамара Стојаноска ќе учествува во официјална конкуренција на 32. МТФ Ристо Шишков во Струмица. Во претставата играат актерите Лео Поповиќ и Бобан Алексоски, а музиката е на Лука Тошев. „Кенди’’ премиерно беше прикажана во 2022 година а досега има освоено три награди: „Бранко Ѓорчев’’ на истоимениот фестивал во Неготино, „Биш’’ на фестивалот Млад отворен театар во МКЦ и награда за најдобра ...

„Beach Film Festival“ беше поканет да учествува како панелист на 26-та Евромедитеранска конференција за кино „Мобилно кино: ново коине за младите eвромедитеранци за поттикнување на мир и толеранција,“ која се одржа на 6 септември во рамките на 81. Венецијански филмски фестивал кој се одржуваше од 28 август до 7 септември. „Настанот, организиран од Меѓународниот совет за кино и телевизија (CICT-ICFT) при УНЕСКО, има за цел да го истражи ...

Од 21 септември во Кинотеката на Северна Македонија ќе започне нов циклус на филмски училници наменет за љубопитните основци кои сакаат да научат што е тоа филм, како се прави филм, и најпосле – самите да направат филм, информираат од таму. Филмските училници ќе се одржуваат во текот на десетина работни саботи, од крајот на септември до почетокот на декември, во видеотеката и киносалата на Кинотеката. Координатор на целата програма е режисерот ...

Во рамките на кампањата „Твоја приказна, наша поддршка“, граѓанската организација „Младите можат“ започна со спроведување онлајн анкета наменета за средношколците од целата држава. Анкетата ќе трае еден месец, а главната цел е се чујат мислењата и ставовите на средношколците за тоа каква е нивната визија за идеалната училишна средина. „Преку анкетата сакаме да дознаеме како треба да изгледа едно училиште кое активно се грижи за менталното ...

Студентите кои годинава се запишуваат во прва година на факултет од денес (10 септември) може да аплицираат за сместување во државните и приватните студентски домови. Оваа академска година за бруцошите се предвидени 1.034 студентски легла. Студентите кои се пријавуваат на конкурсот треба да пополнат електронска пријава и да ја прикачат соодветната документација на интернет порталот http://e-uslugi.mon.gov.mk и тоа: 1. Потврда за редовност во ...

Mанифестацијата „100 илјади поети за промена“, во соработка со Здружението „Контекст-Струмица“ распиша конкурси за поезија и плакат за годинашното издание на фестивалот. Поезијата и дизајните, со кои ќе може да конкурираат автори од сите генерации, треба да бидат социјално ангажирана и да разработуваат теми кои се поврзани со промените, глобално, но и локално. На конкурсот секој автор може да учествува со по една песна. Песните треба да се ...

Австралискиот премиер Ентони Албаниз објави дека неговата Влада планира да им забрани на децата да користат социјални мрежи, пишува „Анадолу“. Во изјавата премиерот Албаниз рече дека неговата лабуристичка Влада оваа година ќе претстави закон за минимална возраст за пристап до социјалните мрежи и другите релевантни дигитални платформи. „Знаеме дека социјалните мрежи предизвикуваат социјална штета и ги оттргнуваат децата од вистинските пријатели и ...

Наградата „Прозарт“, што Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ по 12. пат ја доделува на истакнат автор за авторски придонес кон развојот на книжевноста на Балканот, годинава му припадна на српскиот писател Владимир Пиштало. Наградата ќе му биде доделена на Пиштало лично, на свеченото затворање на фестивалот, во Даут Пашин амам во Скопје, на 17 септември. Организаторите велат дека Владимир Пиштало е писател што ги означи ...

Универзитетскиот професор Бенјамин Лангер за преводот на „Пиреј“ од Петре М. Андреевски на германски јазик е добитник на годинешната интернационална награда „Драги“. „Идејата беше поттикната од фактот дека годинава се одбележуваат 90 години од раѓањето на авторот, како и 44 години од објавувањето на неговиот најпознат роман, кој во бравурозно изработен превод на германски јазик го објави престижната издавачка куќа ‘Гуголц’ од Берлин“, се вели во ...

Фрагменти од коски беа откриени во местото Мата Менге на островот Флорес, а фосилот ја откри мистеријата за потеклото на видовите хомо флоресиенсис, познати како „Хобити“, објави списанието „Nature communications“, а пренесува Ал Џазира Балканс. Фосилизираните фрагменти од коска на надлактицата долга 88 милиметри се стари речиси 700.000 години, ја претставуваат најмалата коска на екстремитетите на предците на хомо сапиенсот и припаѓаат на ...

„Шоуган“ (Shōgun) освои најмногу Еми награди за телевизиска серија со само една сезона на втората од двата вечери на доделување на Еми наградите која во саботата се одржа во Лос Анџелес. „Мечката“ (The Bear) освои седум награди меѓу кои и за најдобра гостин-актерка која ѝ припадна на Џејми Ли Куртис. Водителите цела ноќ посветена на доделување награди на сериите кои не влегоа во главната програма што се одржа на почетокот на годинава, извикуваа ...

Палестинскиот фотограф Лоај Ејуб ја освои главната награда на фестивалот за фотографии „Visa pour l’image“ во Перпињан, Франција, пишува „Анадолу“. Ејуб ја доби наградата за неговата фотографија која го прикажува човечкото страдање во Газа. Во својот говор одржан преку видео повик, тој ја посвети наградата на „сите новинари Палестинци убиени додека ги извршувале своите должности во Газа.“ За време на неговиот говор, Ејуб ја спомна палестинската ...

Пред шест години, кога официјалните лица на холандскиот колеџ „Калвијн“ почнаа да размислуваат дали да ги забранат мобилните телефони во нивното училиште, идејата ги вознемири учениците. „Бевме прашувани дали мислиме дека живееме во 1800-те години“, вели Јан Бакер, директор на улилиштето каде учат деца од 12 до 18 години. Додека повеќето ја поддржаа идејата, речиси 20% од родителите, наставниците и ученици кои беа анкетирани се изјаснија против ...

weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
0.51
67%
1013
weather icon

Белград

17ᴼ / 15ᴼ
3.09
71%
1011
weather icon

Загреб

14ᴼ / 14ᴼ
1.54
77%
1011
weather icon

Софија

11ᴼ / 11ᴼ
2.06
71%
1013
weather icon

Сараево

14ᴼ / 14ᴼ
1.1
72%
1012
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 11ᴼ
1.03
87%
1013
weather icon

Атина

18ᴼ / 14ᴼ
2.24
75%
1011
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
4.12
88%
1011
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
2.57
67%
1012
weather icon

Букурешт

14ᴼ / 13ᴼ
1.54
67%
1011
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 13ᴼ
1.54
75%
1011
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 12ᴼ
6.17
58%
1012
Currency

61.525

Currency

54.091

Currency

71.7367

Currency

34.5534

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63352

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1049.88

Злато

109913.70

Бакар

9.54

Паладиум

29610.84

Платина

30576.51

Родиум

173614.03

Цинк

2.52