
Скопје
27ᴼ /
27ᴼ



Во 2024 година се одбележуваат 55 години од издавањето на еден од најлегендарните албуми во историјата на музиката — „Abbey Road“ на „The Beatles“. Објавен на 26 септември 1969 година, овој албум претставуваше кулминација на нивната еволуција како музичари. Со својот уникатен спој на рок, поп, прогресивна музика и студиски експерименти, „Abbey Road“ стана трајно наследство и камен-темелник на современата музика. „Abbey Road“ – Врвот на ...
Министерството за образование и наука информира дека монтажните бараки на основното училиште „Крсте Мисирков“ во Гази Баба по 6 децении ќе бидат заменети со нов објект. „Инвестирањето во образованието е темел на секое современо и просперитетно општество. Нам како Влада тоа ни е сосема јасно и затоа оваа област е поставена меѓу високите приоритети во програмските определби“, рече Јаневска. Новиот училишен објект ќе има два спрата со 30 училници и ...
Отворањето на изложба на графики од Трајче Блажевски ќе се одржи вечерва, 18 октомври, со почеток во 19 и 30 часот во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица. Авторот ќе се претстави со триесетина уметнички дела – графики изработени во периодот 2017-2024 година. „Да се патува по 45-годишната творечка траекторија на д-р Трајче Блажевски претставува деликатна и многу сложена авантура. Неговата обемна био-библиографија на извесен начин, сама ...
Во чест на 90. роденден на македонскиот поет, раскажувач, романописец, книжевен и ликовен критичар, есеист, антологичар и преведувач Влада Урошевиќ, денеска, 18 октомври, со почеток во 19 часот во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ ќе се одржи „старовремска“ книжевна вечер. Под името „Вистинита но не многу веројатна историја за проф. Урошевиќ за факултетот покрај Вардар и за четирите студенти“, македонската книжевна и културна фела ќе му оддаде ...
Центар-Јадро го објави видео портрет посветен на писателот Стефан Алијевиќ, со кој ја продолжуваат серијата видео портрети „Современи македонски писатели“. Стефан Алијевиќ (1991, Гевгелија) дипломирал на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, на катедрите за Општа и компаративна книжевност и Англиски јазик и книжевност. Алијевиќ се појавил на книжевната сцена со творбите објавени на интернет-порталите „Окно“ и „Разноликост“. Во 2020 ...
Младите конечно добија свое матично министерство. Фокусот врз нив сега ќе биде во надлежност на поранешното Министерство за труд и социјална политика, кое сега веќе се нарекува Министерство за социјална политика, демографија и млади. Во меѓувреме, Агенцијата за млади и спорт се укина. Но, што е муабетот со реформираното министерство? Како младите ќе бидат повеќе вклучени во државните политики и што точно е неговата улога? Погледнете повеќе во ...
Втората објава по минатомесечниот „Тажен понеделник“, ни ги носи „Милко“ во исклучително игриво издание. „Се работи за песна во која се огледа големото искуство на бендот, надополнето со модерен, свеж музички израз и звук. Несомнено, потенцијален есенски раздвижувач во етерот“, велат од независната издавачка куќа „Шарла“ (Sharla), под чија закрила е издадена песната. „Милко“ – „Оловен војник“ може слободно да се симне и поддржи преку Бендкемп. ...
Првиот настан од серијата културни настани „Родот и градот“, насловен како „Машкиот поглед на родовата еднаквост“, ќе се одржи на 24 октомври со почеток од 19 часот во Котур. „’Родот и градот’ е серија настани во кои ќе се разговара на темата родова еднаквост од повеќе преспективи, со особен нагласок на културата и општествените движења“, истакнуваат од Коалиција Маргини. Поттикнати од потребата за нијансирани и динамични дискусии на темата ...
Прирачникот за безбедност на новинари, како продолжение на досегашните дискусии на прашања поврзани со безбедноста на медиумски работници беше презентиран денеска во Јавното обвинителство на Македонија од Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), во соработка со Јавното обвинителство и Министерство за внатрешни работи. На настанот говорниците порачаа дека во денешно време насилството има различни форми и затоа овој прирачник ќе помогне во ...
Арно ќе го одбележи Светскиот ден на поправки, 18 октомври, со почеток од 11 часот и ќе го најави отворањето на првиот Центар за поправки кој ќе биде достапен за јавноста од јануари. Настанот, но и Центарот, ќе бидат на улица Ѓорѓи Сугаре 14 во Кисела Вода, веднаш до училиштето Невена Георгиева Дуња – Месна заедница 11 Октомври. „Поправките играат важна улога во зачувувањето на ресурсите и намалувањето на отпадот, што придонесува кон заштита на ...
Советот на Општина Велес донесе одлука утрешниот ден (18 октомври) да биде прогласи за Ден на жалост поради трагичната смрт на тројцата сограѓани во сообраќајната несреќа што се случи вчера на автопатот Скопје-Велес. Од општината информираа дека знамињата ќе бидат истакнати на половина копје, сите културни и спортски манифестации закажани за утре се одложуваат, а угостителските објекти кои се на територијата на општината ќе емитуваат сериозна ...
Поетот Славе Ѓорѓо Димоски ја доби државната награда „23 Октомври“ за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство од јавен интерес. Наградата ќе му биде врачена на 23 октомври (среда) во 12 часот во Собранието на Република Северна Македонија. Одлуката за доделување на наградата беше донесена на седница на ...
Во ноември и декември годинава ќе се одржи Школа за ЛГБТИК+ лидерство за млади од 18 до 30 години. Хелсиншкиот комитет за човекови права – Скопје заедно со „LGBTQ+ Victory Institute“ и Коалиција Маргини ja повикуваат следната генерација на ЛГБТИК+ лидери да се пријават на повикот. „Ако си подготвен/а да направиш вистинска промена, да застанеш во одбрана на заедницата и да ја изградиш иднината на движењето – ова е шанса за тебе“, велат оттаму. Се ...
На третата вечер на меѓународниот театарски фестивал СкупиФестивал се одигра театарската претстава на продукцијата Тула Лимнаиос од Берлин, инспирирана од музиката на Густав Мајер, а посветена на „децата на прашина“. „Тоа на некој начин сме сите ние. Тие деца се длабоко вградени во нашите индивидуални и универзални сеќавања, во ‘стаубкиндер’ (деца на прашината), дозволуваме да бидеме испратени во апсурден и збунувачки свет. Свет сличен на ...
Александар Николовски е реизбран за претседател на Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, по пат на тајно гласање на Собранието на седница одржана вчера (16 октомври). Новиот претседател го искористи правото на реизбор и по вторпат ќе раководи со Собранието. Покрај него беа избрани и 9 сенатори од редовите на УСС што ќе ги претставуваат студентите во Сенатот на Универзитетот: Николовски за првпат ...
Во КСП Центар – Јадро во понеделник (21 октомври), со почеток во 19 часот ќе се одржи промоција на списанието за млади „ШОК“. Првиот број на списанието го означува и првиот роденден на „Дума ин Сума“, неформалното здружение за култура создадено од книжевничките Ивана Смилевска, Марија Бошковска и визуелниот уметник Дарко Алексовски. Во период од една година, „Дума ин Сума“, одржа пет работилници за креативно пишување со млади во Скопје и Битола, ...
Голем дел од општините не ги спроведуваат активностите што произлегуваат од Законот за младинско учество и младински политики, познат како Закон за млади, за кој три четвртини од младите не знаат дека постои. Студентите во најчест случај не умеат да ја препознаат корупцијата во нејзините најразлични форми и не се запознаени со постоечките механизми за пријавување корупција. Истовремено, младите се свесни за последиците од аерозагадувањето и ...
Според податоците што ги објави Државниот завод за статистика овој месец, над 120.000 деца во земјава, или 32.8% од сите деца, живеат под националниот праг на сиромаштија. Стапката на сиромаштија кај децата е за 50% повисока отколку кај возрасната популација (22%) и се зголеми од 28% во 2015 година на 32.8% во 2021 година, покажувајќи со тоа дека децата се изоставени од економскиот развој на земјата, велат од Детскиот фонд на Обединетите нации ...
Сомнителниот увоз на јаглен за РЕК Битола, интересите зад проектот за катна гаража до парламентот, купувачот на запленетите станови на Сашо Мијалков, фирмите за надзорот на Бехтел и Енка, набавките на софтвер поврзани со Драги Рашковски– сите овие приказни кои предизвикаа внимание и имаа влијание во јавноста беа сработени со употреба на податоците од Централен регистар и користењето на правото за пристап до информации од јавен карактер, пишува ...
Денес во рубриката #НизТвојотОбјектив го имаме Теодор Тасевски, студент на Катедрата за преведување и толкување на Филолошкиот факултет „Блаже Конески” Скопје, кој во слободно време се занимава со пишување и фотографија. „Фотографијата ми е мене хоби, нешто што ме прави среќен и ми го исполнува денот со естетско задоволство. Среќен сум кога ќе успеам да овековечам сладок, среќен или на било кој начин интересен момент од разни настани, забави, ...
Петнаесет цариници и еден полицаец вчера биле уапсени во голема полициска акција под кодно име „Премин“ спроведена од одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР, под раководство на предметен јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција. Акцијата е резултат на повеќемесечна предистражна постапка што обвинителството во ...
Сеад Џигал Родовиот говор на омраза е проблем кој опстојува и се продлабочува. И проблем кој нема да исчезне сам од себе. Во последните неколку години политичкиот говор во земјава сѐ повеќе ги засилува поларизацијата и поделбите во општеството. Toj се покажува како лесно средство за мобилизација и експлоатација на одредени групи во политички цели, а партиите го користат како „легитимно средство“ во борбата за власт. Жените и родовите малцинства ...
Секторската работна група за изработка на Националната стратегија за информатичко-комуникациски и телекомуникациски развој во државата (ИКТ), со премиерот Христијан Мицкоски и министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски денеска го одржаа првиот состанок со кој се означи процесот на изработка на новата Националната стратегија. Целта, како што вели Андоновски е да се дефинираат активностите на институциите и Владата за дигиталната ...
Веб страницата на Претседателот ги содржи информациите за активностите кои се преземаат од страна на актуелниот шеф на државата, но неговиот претходник како и да не постоел. Секоја Влада пак е селективна во транспарентноста и повеќе ги користи веб страниците за своја промоција, отколку за полесен пристап на граѓаните до институциите, пишува Платформата за истражувачко новинарство и анализи (ПИНА). Кога ќе ја отворите официјалната веб-страница на ...
Светската програма за храна на Обединетите нации (ОН) предупреди дека 27 милиони луѓе во јужна Африка се соочуваат со најтешката криза со храна во последните децении, бидејќи постои недостаток на ресурси, пишува „Анадолу“. Агенцијата на ОН објави дека Лесото, Малави, Намибија, Замбија и Зимбабве прогласиле кризна состојба и побарале меѓународна хуманитарна помош поради рекордната суша. „Ако не добиеме дополнителни средства, милиони луѓе се ...
Уметничко-кураторскиот проект „Градот како сцена: Изведување на јавниот простор“ ќе се одржи вечерва (16 октомври) со почеток во 19 часот на Архитектонски факултет -УКИМ Скопје. Во рамки на настанот ќе се одржат предавање и разговор на тема „Градот е јавност – Приказна за шетачката“ (19 часот), како и изложба на процес на работа во рамки на Лабораторијата за просторно изведувачки практики (21 часот). Настанот ќе се заокружи со музички перформанс ...
На 16-годишна возраст вчера угина лавот Жика во скопската зоолошка градина. Лавот во Скопје беше донесен од зоолошката во Белград. „Лавовите во природа живеат од 10 до 14 години, а нашиот Жика имаше 16. Лавот Жика со оглед на длабоката старост, изминатата година почна да развива тумороидни израстоци на повеќе места на телото, за кои што во февруари со целосен тим на професори и ветеринари од Факултетот за ветеринарна медицина беа извршени ...
Програмата на годинешниот Скопје џез фестивал започнува на 17 октомври и ќе трае до 20 октомври. Фестивалот ќе го отвори вокалистката Сесил Меклорин Салвант во Национална опера и балет со почеток од 20 часот, а веднаш потоа од 23 часот во МКЦ ќе настапат „Next to silence“. На 18 октомври, петок, настап ќе имаат бендовите „Rodrigo amado the bridge“ и „The end“ во Национална опера и балет со почеток од 20 часот. Утредента на истото место и во исто ...
Минатата година 346 жени ја изгубиле битката со ракот на дојка во Северна Македонија. Меѓутоа, експертите од оваа област нагласуваат дека раното откривање ја спречува болеста, затоа самопрегледите и лекарските прегледи треба да бидат редовни, пишува Порталб.мк. Во Македонија во периодот од 2017-2021 година, ракот на дојка зазема прво место по бројот на нови случаи на малигни неоплазми кај жените. Ракот на дојка е и најчестата причина за смрт од ...
Студентите во четврта година на Факултетот за драмски уметности во Скопје (ФДУ) на отсекот актерска игра на 25 октомври ќе ја играат претставата „Кралот Иби“, а сите собрани средства ќе ги донираат за загрозените во поплавите што на почетокот на месецов ја зафатија Босна и Херцеговина. Во претставата играат сите студенти во класата на д-р Сузана Киранџиска, Мина Јелушиќ Јериниќ, Андреј Димовски, Марија Бреслиска, Христијан Ристески, Ангела ...