Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
На 01.08.2026 во 12:15 часот, полициски службеници од ОВР Кратово го лишија од слобода М.Н.(34) од кратовско село, вработен како полициски службеник во МВР. Приведен е поради сомнение дека на 01.08.2026, во период кога не бил службено ангажиран, во близина на угостителски објект во Кратово испукал повеќе куршуми од неговиот службен пиштол. Тој бил приведен во полициска станица и од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички ...
Иако е продолжен илинденски викенд, и денеска се очекува постепено зголемување на сообраќајот на главните патни правци кон Скопје, особено од туристичките и излетничките места во западниот и јужниот дел на земјата. Иако засега нема официјални процени за обемот на повратниот бран, искуството од претходните години покажува дека токму неделното попладне и вечер се периодите кога фреквенцијата на возила значително се зголемува. Според последните ...
Грција се соочува со повеќе огнени фронтови и зголемена штета откако пожарите уништија повеќе од 12.000 хектари шуми и обработливо земјиште за една недела, соопштија експертите. Нов пожар избувна доцна во саботата на јонскиот остров Кефалонија. Првичните проценки покажаа дека повеќе од 6.500 хектари биле изгорени во одделни пожари во Коринтскиот Залив, кои го погодија и популарното крајбрежно село Порто Гермено во близина на Атина. Порто ...
Рачно изработена бомба што ја носела жена уби три лица и повреди најмалку 21 лице синоќа во експлозија во близина на ресторан во центарот на Москва, соопштија властите. Експлозијата се случила кратко пред 20:00 часот, во близина на италијански ресторан лоциран во еден од седумте московски облакодери од периодот на Сталин, на плоштадот Кудрин, соопшти полицијата. Рускиот национален антитерористички комитет соопшти дека неидентификувана жена ...
Опозициската Демократска унија за интеграција (ДУИ) ја обвини Владата дека вчерашното доделување на клучевите од социјалните станови во Дебар го искористила за политичка промоција на проект кој, според партијата, бил подготвен и реализиран од претходната влада. Во соопштение, ДУИ наведува дека Владата организирала јавен настан со камери, изјави и фотографии, но не им кажала на граѓаните дека станува збор за проект што бил осмислен, финансиран ...
Шпанија објави поставување на заштитна бариера од 500 метри на морската граница помеѓу шпанската енклава Сеута во Северна Африка и Мароко по масовниот пробив на мигрантите оваа недела, објави Радио Слободна Европа/Радио Либерти. Според шпанската влада, помеѓу 50.000 и 60.000 мигранти ги прекршиле границите. Бројот на загинати се искачи на 67, но владата на шпанската енклава Сеута пред каналот објави дека 86 души биле убиени. Некои се удавиле, ...
Пожарот во населбата Лептокарија (Опш.Карпош) е изгаснат. Горела скара во угостителскиот објект „Гиро Хоусе“. Пожар избувнал во оџакот на угостителскиот, но благодарение на брзата интервенција на пожарникарите била спречена поголема штета. Пламените јазици се појавиле од оџакот на објектот, по што веднаш била повикана Територијалната противпожарна единица. Екипите на пожарната за кратко време пристигнале на местото и успеале да го ...
Вчера во Свети Криж Зачретје, во Хрватска, се случи семејна трагедија, во која три лица ги загубија животите. Телата на татко и неговите две малолетни деца беа пронајдени во семејната куќа. Полициската управа Крапино-Загорје потврди дека пријавата за пожарот и експлозијата пристигнала околу 7:20 часот. Иако засега нема официјална потврда, се сомнева на убиство и самоубиство. Се очекува денес да има повеќе информации за сè. Местото на ...
Тендер-патриотите сакаат на сила да се вметнат во историјата! Христијан Мицкоски и ВМРО-ОКГ повторно се обидуваат да се вметнат во историјата каде што не припаѓаат. ВМРО-ДПМНЕ (денес ОКГ) нема никаква организациска, идејна ниту кадровска врска со АСНОМ. Ова се истакнува во реакцијата на СДСМ, која го обвини премиерот Христијан Мицкоски дека во своето обраќање по повод Денот на Републиката – Илинден го злоупотребил државниот празник за ...
Прославата на 150-годишнината од Битката кај Вучи Дол, одржана под водство на српскиот патријарх Порфирије, послужи како повод за уште еден политички и идеолошки притисок врз Црна Гора, Црногорците и сите оние граѓани чија лична и јавна перспектива не е ограничена од концептот на „српскиот свет“, оценуваат медиумите во Црна Гора. Битката кај Вучи Дол се случи на 28 јули 1876 година во Црна Гора за време на Црногорско-турската војна. Во неа, ...
Состојбата во Гостивар е стабилна – нема нови лабораториски потврдени случаи на западнонилска треска, се потенцира во соопштението на Министерството за здравство. Во текот на 1 август се регистрирани вкупно 57 први прегледи, што е за три помалку во споредба со претходниот ден, кога беа евидентирани 60 прегледи. Нема нови хоспитализации, се вели во информацијата на социјалните мрежи. Заклучно со 1 август, регистрирани се вкупно 1.041 формална ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова порача дека Македонија може да биде посилна само доколку ги надмине внатрешните поделби и изгради национално помирување, повикувајќи на единствен настап по прашањата од национален интерес. Во обраќањето по повод Денот на Републиката – Илинден, таа ја истакна историската улога на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов-Ченто, оценувајќи дека неговата подготвеност за помирување со ...
„Со напаѓањето на мојот избор, СДМС директно им кажа на граѓаните од српска националност дека ги сметаат за граѓани од втор ред чии права се пожелни само на хартија, за време на изборните кампањи. Според нивната реторика, се чини дека би биле среќни доколку Србите воопшто не постоеја во Македонија“, рече денеска министерот за локална самоуправа Иван Стоилковиќ во изјава дадена во манастирот Св. Прохор Пчињски каде што беше во посета по повод ...
Брза и координирана интервенција на струмичките пожарникари утринава спаси мајка и дете кои паднале во провалија покрај трим-патеката што води кон манастирот „Св. Илија“, во близина на Струмица. Од Територијалната противпожарна единица Струмица информираа дека повикот за интервенција бил примен околу 5:15 часот, по што на местото веднаш бил испратен тим пожарникари-спасители. Со употреба на специјализирана спасувачка опрема, екипата успеала ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод Денот на Републиката – Илинден порача дека 2 Август е „најсветиот македонски ден“, кој ги поврзува Крушевската Република од 1903 година и АСНОМ од 1944 година како двата столба на македонската државност. Во честитката објавена на социјалните мрежи, таа истакна дека во Илинден ја гледа искрата на македонската револуционерна борба и симболот на стремежот кон слобода, државност и достоинство, ...
Додека во Македонија се одбележува Денот на Републиката – Илинден, македонската дијаспора во Хрватска и годинава го слави еден од најзначајните национални празници преку четиридневната манифестација „Денови на македонската култура – Илинден 2026“, што од 1 до 4 август ќе се одржува во Жрновница, Марина, Сплит и Сињ. Настанот, кој веќе традиционално ги собира Македонците од Далмација, но и бројни гости од Хрватска, има за цел преку музиката, ...
Историјата запиша дека создавањето на самостојна суверена македонска држава беше производ на вековсните борби на плејадата македонски дејци, по примерот на соседните држави, по примерот на балканските држави и пошироко, согласно теориите за нацијата и државата. Иако малку задоцнето, заради изразените историски специфики процесот за создавање на македонската држава со сите нејзини институционални карактеристики конечно беше завршен со Првото ...
НАТО планира да го зајакне своето нуклеарно одвраќање во Европа поради континуираните закани од Русија, објави ДПА. Меѓу опциите што се дискутираат е распоредувањето дополнително американско нуклеарно оружје на Стариот континент. Според експертите, САД можеби веќе префрлиле бомби Б61-12 во воздухопловната база Лејкенхит во Велика Британија. Во случај на понатамошно влошување на безбедноста, земјите поблиску до Русија, вклучувајќи ги Полска, ...
Кога се зборува за Илинденското востание, малку документи имаат толку силно симболично значење како Крушевскиот манифест. Во учебниците најчесто се претставува како проглас со кој востаниците ги повикуваат муслиманите да не застануваат на страната на Османлиската империја, туку заеднички да се борат против неправдата и тиранијата. Но, зад овој документ стои многу посложена историска приказна. Кој го напишал? Кому бил наменет? Дали текстот ...
Во био регионите преку спојот на органско производство со современи алатки за прецизно земјоделство и регионално здружување, го претвораме нашиот природен потенцијал во стабилен и профитабилен бизнис. Јане СТАНКОСКИ* Македонското земјоделство се наоѓа на пресвртница помеѓу традиционално-конвенционалното и модерното, европско земјоделско производство каде се практикува одржливост, производство на здрава храна и заштита на животната средина. ...
Македонија со години се соочува со одлив на млади и високообразовани кадри. Политичарите речиси секојдневно зборуваат за потребата тие да останат во земјата, да се вратат по студиите во странство и своето знаење да го вложат во развојот на институциите. Но, што се случува кога тие навистина ќе се вратат? Одговорот што го нуди најновата анализа за системот на вреднување на странските дипломи при вработување во јавната администрација е ...
Премиерот Христијан Мицкоски порача дека Илинден е најсилниот историски доказ дека постојат народи кои можат да бидат окупирани, предавани и потценувани, но никогаш не можат да бидат покорени, обраќајќи се на централната прослава по повод Денот на Републиката – 2 Август, во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце. Во своето обраќање, Мицкоски истакна дека двата Илиндена, Илинденското востание од 1903 година и Првото заседание на АСНОМ во 1944 ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, по повод Денот на Републиката – Илинден, од Крушево порача дека сеќавањето на Илинденското востание и Крушевската Република има вистинска вредност само доколку служи како поттик за градење подобра иднина. Оддавајќи почит на илинденците, Филипче рече дека нивната борба не била за изолација, страв и поделби, туку за слобода, правда и право народот сам да ја одлучува својата судбина. „Македонија не смее да ...
Само 9,5 проценти од новороденчињата во Македонија се ставаат на доење во првиот час по раѓањето – период што Светската здравствена организација и УНИЦЕФ го сметаат за клучен за здравјето и на бебето и на мајката. Уште помалку охрабрувачки е податокот дека само 27,5 проценти од бебињата се исклучиво доени во првите шест месеци од животот, иако токму овој начин на исхрана се препорачува како најдобра заштита од инфекции, хронични заболувања и ...
Во македонската колективна меморија Илинденското востание е темел на државотворната идеја и симбол на борбата за слобода. Но, во август и септември 1903 година Македонија станала една од главните меѓународни теми. Од Њујорк до Лондон, од Париз до Виена, од Атина до Софија и Белград, весниците речиси секојдневно објавувале извештаи за борбите, за Крушевската Република, за судирите со османлиската војска и за трагедијата што ја погодувала ...
Најинтересниот аспект од странското известување за Илинденското востание во 1903 година е пишувањето за однесувањето на тогашната бугарска држава. Во домашниот бугарски политички и медиумски дискурс востанието најчесто било претставувано како востание на бугарското население во Македонија. Но, кога станувало збор за официјалната дипломатија, Софија настапувала многу повнимателно. Причината била едноставна: директно признавање на вмешаност ...
По повод 2 Август – Денот на Републиката, претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова донесе одлука за помилување на 25 осудени лица. На шестмина целосно им е простен неиздржаниот дел од затворската казна, кој во нивниот случај изнесувал до пет месеци, додека на уште 19 осуденици казната им е делумно намалена. Одлуките за помилување традиционално предизвикуваат интерес во јавноста, но и прашања: кој предлага, кој одлучува и дали ...
Прилеп деновиве е домаќин на Светското јуниорско и Европското сениорско првенство во воздухопловно моделарство, голем меѓународен спортски настан што се одржува од 26 јули до 2 август на теренот во близина на селото Веселчани. На првенствата учествуваат натпреварувачи од повеќе држави, а градот во овој период е центар на светското воздухопловно моделарство. Настанот носи силна меѓународна конкуренција, но и потврда за организациските ...
Координативното тело за цивилна заштита од пожари во Грција, одржа состанок со учество на министерот за климатски кризи и цивилна заштита Евангелос Турнас. На состанокот се дискутираше за превентивни мерки во врска со очекуваниот екстремен ризик од шумски пожари во сабота. Метрополитенскиот регион Атика и островот Евија, кој се наоѓа североисточно од Атина, ќе бидат ставени под највисоко ниво на опасност од пожар – категорија 5, што означува ...
Илинденските чествувања традиционално собираат илјадници граѓани во Крушево, Пелинце, Скопје и на десетици други места низ земјата. Но, годинава, покрај свечената атмосфера, вниманието ќе треба да биде насочено и кон уште еден сериозен предизвик – екстремно високите температури. Според временските прогнози, денес во Крушево температурата може да достигне околу 37 Целзиусови степени – исклучително висока вредност за град кој се наоѓа на повеќе ...