Иран го повика Обединетите нации да преземат мерки поради, како што тврди Техеран, повторено кршење на примирјето од страна на САД, откако американските сили извршија напади врз радарски и крајбрежни надзорни објекти во јужниот дел на земјата. Иранското Министерство за надворешни работи соопшти дека нападите врз објекти во регионот Сирик и на островот Кешм претставуваат „јасно кршење“ на примирјето од 8 април и повреда на суверенитетот и ...

Македонија следната недела ќе биде под влијание на топла воздушна маса, со дневни температури кои во поголем дел од земјата ќе се движат од 26 до 33 степени. Најтопло ќе биде во Скопје, Кавадарци, Штип, Кочани, Струмица, Валандово и Гевгелија, каде што во повеќе денови температурата ќе се искачува околу или над 30 степени. Во западните и повисоките предели ќе биде малку посвежо, но со поголема можност за попладневни врнежи и грмежи. ...

Институтот за јавно здравје отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, прво од ваков вид во државата, преку кое стручни лица ќе обезбедуваат поддршка за деца, тинејџери, родители и наставници. Услугите ќе бидат достапни со упат од матичен лекар и преку системот „Мој термин“. Советувалиштето почнува со работа од понеделник, а неговата цел е да понуди организирана институционална поддршка за емоционални, семејни, училишни и лични ...

Кочани и оваа сабота повторно чекореше за загинатите во трагедијата во дискотеката „Пулс“. На 45. „Марш за ангелите“, родителите, роднините и граѓаните побараа институционална одговорност и одговор на прашањето дали секој што имал службена должност постапил совесно, професионално и во рамките на своите овластувања. Маршот започна во 18:05 часот од Паркот на револуцијата, а поворката се движеше кон Трговскиот центар, УЈП, Полициската станица, ...

Додека Европа детално објаснува како кандидатите можат да се интегрираат, сè уште избегнува да одговори на најважното прашање: кога интеграцијата станува членство? Ако Европа е подготвена за проширување денес, што точно ја спречуваше да биде подготвена вчера? Андреја СТОЈКОВСКИ Постојат моменти кога еден документ кажува многу повеќе за состојбата на Европската Унија отколку за темата на која формално е посветен. Француско-германскиот ...

Косовската полиција и Врховниот обвинител на Косово денес објавија дека во последните недели добиле бројни пријави за надворешно мешање во предвремените парламентарни избори што ќе се одржат утре, недела, 7 јуни. „Во текот на изминатите неколку недели, институциите за спроведување на законот примија и обработија бројни информации во врска со сомневање за надворешно мешање и нелегални активности насочени кон влијание врз слободната волја на ...

Министерството за дигитално управување во рок од неколку дена повторно ќе објави тендер за 1.000 камери за сообраќај, откако првичниот конкурс беше откажан по жалбите на компаниите во врска со техничките спецификации, јави денеска Катимерини. Министерот Димитрис Папастергиу изјави за Скај дека новиот тендер ја отстранува опцијата од 40 милиони евра вклучена во првичниот договор. Тој рече дека 19 компании изразиле интерес и тврдеше дека ...

Ерменските власти денес, еден ден пред парламентарните избори, уапсија шест кандидати на проруска опозициска партија, објавија државните медиуми, без да ги наведат причините за апсењата. Тоа се се кандидатите на партијата „Силна Ерменија“, предводена од руско-ерменскиот милијардер Самвел Карапетјан. Тој е во домашен притвор под обвинение за повикување на соборување на владата, што го отфрла како политички мотивирано обвинение. Односите на ...

Добитникот на Оскар Шон Пен откри зошто престанал да оди на доделувања на награди, вклучувајќи го и 98-то доделување на наградите Оскар, каде што ја освои наградата за најдобар спореден глумец. Пен објасни дека ваквите настани му предизвикуваат вознемиреност и дека се чувствува исклучително непријатно на нив, објавува People. Социјална непријатност во големи групи За време на разговор со Кејтлан Колинс од CNN на Филмскиот фестивал Трибека, ...

Откако рускиот претседател Владимир Путин официјално го отфрли отвореното писмо од украинскиот претседател Володимир Зеленски во кое се повикува на итни директни мировни преговори, одговорот на Киев дојде во форма на остра дипломатска порака, како и масовни воени напади длабоко на руска територија. Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха реагираше на одлуката на Кремљ во директна порака на социјалната мрежа X, предупредувајќи ...

Јас бев единствениот претставник на земјите од Западен Балкан кој имаше билатерални средби и со претседателот Макрон и со канцеларот Мерц. И добро знам што се дискутираше на тие средби, многу добро знам што нè очекува. Ова го кажа премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски, по повод состанокот во Тиват, Црна Гора, за Западен Балкан. На прашањето зошто Република Македонија беше единствената земја што не беше спомената на официјалната ...

Бројот на бракови во Германија се намалува со години. Според податоците од Федералниот завод за статистика, 350.000 парови го кажале судбоносното „да“ во Германија во 2024 година – историски минимум. За споредба, во 1950 година имало околу 750.000. Исто така, долго време е правило дека судбоносното „да“ не може да биде доволно романтично, помпезно и необично: свадба на плажа на Малдивите, размена на прстени на катамаран во Егејското Море или ...

Пејачката Дуа Липа и актерот Калум Тарнер на Сицилија организираа забава за пријатели, неколку дена откако се венчаа во Лондон. Во Лондон, свадбата беше ненадејна, брза и скромна, за нив двајца и за тесен круг пријатели. Но, затоа британската пејачка и актерка, Дуа Липа и Калум Тарнер, организираа вистинска свадбена забава во Палермо, Сицилија, една година откако ја објавија својата свршувачка. Фотографиите од забавата на живописната ...

Македонскиот народен театар на 5 јуни оствари исклучително успешно гостување во Казалиште „Марин Држиќ“ во Дубровник, Република Хрватска, изведувајќи ја повеќекратно наградуваната претстава „12“, работена според култното дело „12 Angry Men“ од Реџиналд Роуз, во адаптација и режија на Синиша Евтимов. Ансамблот на Македонскиот народен театар, заедно со директорот Никола Кимовски, беше пречекан со особена срдечност и искрено гостопримство од ...

Во рамки на денешната меѓународна конференција на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и Корчуланската висока политичка школа, на која беше промовирана „Скопската иницијатива“, социјалдемократските и прогресивни партии од регионот и Европа усвоија заедничка изјава со која се осудуваат дестабилизирачките активности, авторитарни влијанија и хибридните закани насочени кон соседните земји и демократските институции во регионот. На ...

Играчите на Иран добија американски визи пред Светското првенство, но неколку службеници на федерацијата сè уште чекаат дозвола пред првиот натпревар на тимот. Иранските фудбалери добија американски визи пред Светското првенство во фудбал во 2026 година, иако неколку високи службеници и помошен персонал сè уште чекаат дозвола помалку од две недели пред првиот натпревар на тимот. Доцнењата со визите ги комплицираа подготовките за турнирската ...

Се очекува премиерот Киријакос Мицотакис да го објави назначувањето на двајца нови заменик-министри на 11 јуни, објави во саботата портпаролот на владата Павлос Маринакис. Во разговор за телевизијата СКАЈ, Маринакис рече дека првата промена се однесува на назначувањето на наследник на Константинос Киранакис во неговата клучна улога како заменик-министер за транспорт, откако беше избран за нов генерален секретар на владејачката партија. ...

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање порача дека антикорупцискиот закон ќе биде прв закон кој по следните избори ќе биде потпишан од него и имплементиран. „Борбата против корупцијата е клучот и затоа и го промовиравме нашиот антикорупциски закон којшто после следните избори ќе биде првиот којшто сакаме да се донесе и да важи и да се имплементира“, рече Филипче. Тој додаде дека само преку ефикасна примена ...

Жителите на делови од Барселона почнаа да издаваат балкони и тераси со поглед на рутата што ќе ја помине папата Лав XIV на 10 јуни, а цените за изнајмување достигнуваат и до 1.600 евра, објавуваат шпанските медиуми. Огласите објавени на онлајн платформи нудат привремен пристап до приватни балкони во близина на базиликата Саграда Фамилија, од каде што посетителите ќе можат да ја следат посетата на Папата и поминувањето на Папамобилот. ...

Еден аргумент што често се користи за смирување на загриженоста за зголемената побарувачка за енергија и ресурси од центрите за податоци е дека моделите на вештачка интелигенција (ВИ) ќе имаат потреба од помалку во иднина како што се подобруваат и стануваат поефикасни. Но, ова навидум логично размислување е стапица, според новиот извештај на Обединетите нации што ги квантификува еколошките трошоци на ВИ. Извештајот проценува дека до 2030 ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на прес конференцијата во рамки на меѓународната конференција „Скопска иницијатива“се осврна на пораките од Самитот за Западен Балкан на Европската Унија во Тиват, нагласувајќи дека процесот на европска интеграција влегува во клучна фаза која државата не смее да ја пропушти. Филипче истакна дека самитот испрати јасен сигнал дека Западниот Балкан припаѓа во Европската Унија и дека за првпат се отвораат ...

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, ја поддржа идејата за поедноставување на правилата за прием на нови членки во Европската Унија, велејќи дека блокот мора да го забрза процесот на проширување за да им покаже на своите партнери од Западен Балкан дека е сериозен во врска со претворањето на нивните европски амбиции во реалност. Во ексклузивно интервју за „Еуроњуз“ од црногорскиот град Тиват, каде што се собраа лидерите на ЕУ и ...

Летовите до Русија се една од причините за високата профитабилност на Ер Србија, објавува регионалниот авијациски портал Замаеро. И покрај кандидатурата за членство во ЕУ, Србија не ги усвои санкциите на ЕУ против Русија. Имено, Ер Србија не само што продолжува да врши летови до Русија, туку ги прошири и нив, додека земјите од ЕУ ги прекинаа своите летови до Русија. „Заедно со Турската, Ер Србија е единствената европска компанија што има ...

Познатиот британски фотограф Дејвид Јароу разговараше со Би-Би-Си за серијата фотографии „Викинзите доаѓаат“ кои го освоија фудбалскиот свет пред Светското првенство. Фудбалската репрезентација на Норвешка стана главна тема на вестите пред Светското првенство поради необична фото-презентација инспирирана од традицијата на нордиските воини. Претставниците на Норвешка беа фотографирани како Викинзи, облечени во традиционални нордиски воински ...

На денешната меѓународна конференција на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и Корчуланската висока политичка школа, на која беше промовирана „Скопската иницијатива“, беше посочено дека социјалдемократите и прогресивците од регионот мора заеднички да одговорат на борбата против корупцијата и авторитарните режими, како и на потребата од интеграција на земјите од Западен Балкан во Европската Унија. Во воведното обраќање претседателот на ...

Министерството за внатрешни работи на Северна Македонија објави дека во мај 2026 година се пријавени 191 кривично дело семејно насилство, што е за 70,5 проценти повеќе во однос на истиот месец минатата година. Министерството за внатрешни работи на Северна Македонија денес објави дека во мај 2026 година се пријавени 191 кривично дело семејно насилство, што е за 70,5 проценти повеќе во однос на истиот месец минатата година. „Најмногу кривични ...

Достоинствена и емотивна вечер сведочеше синоќа публиката во гледалиштето на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп и целата македонска нација преку директниот пренос на МТВ1, на свеченото отворање на 60. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. Вечерва беше во знакот на паметењето и колку е тоа важно за секоја култура. Во таа чест беше и проекцијата на документарецот посветен на 60 години фестивал, во кој театарски ...

Претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче, ја отвори денешната меѓународна конференција „Скопска иницијатива“, организирана од СДСМ и „Корчуланска висока политичка школа“. Во воведното обраќање Филипче порача дека регионот се соочува со сериозен предизвик од авторитарни, националистички и коруптивни структури, на кои прогресивните сили мора да одговорат со единство, соработка и заедничка акција. „Скопската иницијатива е акција за ...

Соединетите Американски Држави (САД) и Иран продолжија да разменуваат удари утрово, неколку дена откако беа објавени спротивставени пораки за статусот на преговорите за прекин на огнот. САД тврдат дека пресретнале ракети и беспилотни летала што Иран ги лансирал кон Ормутскиот теснец, објави CNN (CNN). Иран испали неколку „предупредувачки“ истрели во близина на теснецот, додека американската војска нападна крајбрежни радарски места за надзор ...

Луксузниот потфат, кој се протега на заштитен остров и дел од крајбрежјето на јужниот брег, предизвика отпор од еколошките активисти и критичарите на премиерот Еди Рама, кој на тоа гледа како на надворешно мешање. Албанскиот лидер Еди Рама изјави за „Еуроњуз“ дека противењето на предложениот проект за недвижнини на јужниот брег на земјата поврзан со семејството Трамп-Кушнер се засилува со ботови, антисемитски наративи и непријателски ...

weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
2.06
33%
1014
weather icon

Белград

30ᴼ / 29ᴼ
0.89
46%
1012
weather icon

Загреб

29ᴼ / 29ᴼ
1.78
46%
1011
weather icon

Софија

24ᴼ / 24ᴼ
2.52
40%
1015
weather icon

Сараево

29ᴼ / 29ᴼ
3.21
35%
1013
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 27ᴼ
0.45
49%
1011
weather icon

Атина

29ᴼ / 26ᴼ
1.79
44%
1015
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
3.54
40%
1016
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
2.4
38%
1016
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 26ᴼ
3.13
44%
1012
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 22ᴼ
4.02
48%
1011
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
1.17
65%
1015
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Цинк

0.00

Иридиум

253540.09

Бакар

13.01

Злато

135639.33

Кобалт

45.39

Родиум

257205.97

Алуминиум

3.54

Паладиум

40767.15

Сребро

2186.28

Рутениум

48965.59

Калај

53.60

Платина

55170.68