Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Полицијата вчеравечер во близина на крстосница од локалниот пат село Богородица-Гевгелија и регионалниот пат Гевгелија-Богданци, лишила од слобода 36-годишен струмичанец поради сомнение за сторени кривични дела по член 418-Б, член 378 и член 297-а од Кривичниот законик. При контрола во возило „фиат стило“ со австриски национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени седум лица мигранти, од кои четири од Пакистан, две од Авганистан и ...
Според информациите добиени од експертските тимови кои работат на терен, се очекува граѓаните на Гостивар кон крајот на оваа недела да добијат техничка вода, а кон крајот на следната седмица и вода за пиење, изјави директорката на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), Марија Андоновска. Во гостување во дневникот на ТВ Сител, таа информира дека ИЈЗ во изминатите денови два пати има излезено на терен во Гостивар за да се земат примероци од ...
Јарецот често се бори со чувството дека светот се движи пребрзо, но овој викенд, од 24 до 26 јули, конечно носи шанса малку да забави. Иако вашата амбиција е секогаш тука, ѕвездите сугерираат дека е време да го отфрлите деловниот костум и да облечете удобни сандали. Уште во петок навечер ќе почувствувате олеснување бидејќи обврската што ве мачеше цела недела ќе биде успешно завршена или одложена. Ова ќе отвори простор за квалитетно време со ...
Француските власти наредија евакуација на речиси 60.000 луѓе во близина на Бордо, со што вкупниот број на луѓе на кои им е наредено да бегаат од пожарите во Франција и Шпанија се искачи на повеќе од 220.000. Околу 200.000 луѓе беа евакуирани во југозападна Франција во регионите Жиронд и Ланд, а францускиот претседател Емануел Макрон ја мобилизираше војската за да помогне во справувањето со кризата. Во меѓувреме, пожарот во близина на Мадрид ...
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, поизразен во источните делови и долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 16, а максималната ќе достигне од 22 до 30 степени. Во Скопје сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а ...
Четири години трпам критики оти велам дека протоколите не се дел од преговарачката рамка, а сега тој чекор е поминат, вели ексминистерот за надворешни работи, Бујар Османи, откако актуелниот министер Тимчо Муцунски денеска изјави дека протоколите, односно записниците од разговорите, не се дел од Преговарачката рамка. „Четири години велам дека протоколите не се дел од Преговарачката рамка. Четири години трпам критики, напади и навреди. ...
Министерството за внатрешни работи соопшти дека е најавен штрајк на царинските службеници на грчките гранични премини Евзони (Богородица), Дојрани (Дојран) и Ники (Меџитлија) в понеделник, 27 јули. Согласно информациите добиени од надлежните органи на Република Грција, МВР информира дека во периодот од 05:00 до 09:00 часот по македонско време (06:00–10:00 часот по грчко време), на наведените гранични премини патничките возила ќе се ...
Во Грција се потврдени 14 случаи, Северна Македонија 2,Италија пријавила 21 случај во 17 региони.. . Светската здравствена организација (СЗО) повикува на зголемена будност по неколкуте случаи на западнонилска треска во јужна Европа . Регионалната канцеларија на СЗО за Европа во Копенхаген соопшти дека бројот на случаи на вирусот што се пренесува преку комарци се зголемил во последните недели, особено во Грција и Италија, бидејќи сезоната на ...
Претседателот на Украина Володимир Зеленски потврди дека украинските одбранбени сили нападнале еден од важните воени претпријатија во Киров, како и нафтен објект оддалечен 1.350 километри. „Нашите одбранбени сили на Украина денес нападнале еден од важните воени претпријатија во Киров, Русија. Тој снабдува компоненти за авијацијата на окупаторот и ракетна опрема, која, особено, се користи во масовни напади врз нашите градови и заедници. ...
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека американските царини за Србија ќе бидат привремено укинати од ноќеска додека траат преговорите со САД, пренесе РТС. Вучиќ изјави дека американските царини од 35% за Србија предизвикале многу проблеми за домашните компании, но дека тие од вечерва ќе бидат укинати, односно ќе бидат „намалени на нула проценти“. „Од вечерва, царините за Србија се нула проценти, за одреден период. Секако во ...
Измените на Законот за студентски стандард денеска се на дневен ред на собраниската Комисија за образование, наука и спорт. Ќе се разгледуваат поднесените шест амандмани. Законските измени се поднесени од група пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, а со нив се заоструваат критериумите за сместување во државните студентски домови. Горната граница за сместување е 30 години. Измените предвидуваат и забрани за престој во домовите доколку се прекрши редот во ...
Најмалку десет лица беа убиени, а повеќе од 100 беа повредени во рускиот балистички напад на 24 јули врз локација во близина на Киев каде што се одржуваше изложба на оружје. Советникот на претседателот, Серхиј Бескрестнов, за „Киев Индепендент“ изјави дека настанот се одржал на полигон за обука во близина на Киев, по должината на автопатот Житомир, и дека меѓу присутните имало мртви и повредени. Украинскиот претседател Володимир Зеленски ...
Невидениот топлотен бран што ја зафати Европа во јуни нанесе тежок удар врз земјоделството. Според проценките на Европската асоцијација за трговија со житарки и маслодајни растенија, производителите претрпеа загуба од две милијарди евра, додека девет милиони тони посеви беа уништени. Овој пад на производството на житарки како што се пченица, јачмен, пченка и овес значи дека 27-те членки на Европската унија и Велика Британија ќе ги забележат ...
Два силни земјотреси што ја погодија Венецуела на 24 јуни предизвикаа директна материјална штета од околу 19,6 милијарди долари, додека вкупните трошоци за реконструкција би можеле да достигнат речиси 50 милијарди долари, соопшти Светската банка во прелиминарна проценка. Земјотресите, со јачина од 7,2 и 7,5 степени според Рихтеровата скала, убија околу 5.000 луѓе, според венецуелската влада, а повредија речиси 17.000 луѓе, додека околу ...
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денеска соопшти дека за детектирање на белата пена во Лепенец пуштил дрон. Човекот што не може да направи билборд без грешка, сега со дрон од воздух ќе го открие загадувањето на Лепенец и Вардар, велат од СДСМ. „Прво вештачка интелигенција за билборд. Сега дрон, за пена во река. Додека граѓаните во пет града не смеат да ја пијат водата, а во Скопје тече синтетичка пена, власта и градоначалникот се ...
Европската унија соопшти дека вовела нови санкции против пет ирански судии за наводни сериозни кршења на човековите права, како и против водечка фигура во сајбер група обвинета за помагање на Техеран во цензурирањето и потиснувањето на информациите. Советот на ЕУ наведува дека Нима Салехи, основачот на иранската хакерска и сајбер група „Ашијане“, е цел на санкциите. Според Брисел, оваа група тесно соработува со иранската сајбер полиција ...
Стриите се многу чести и тие се линии слични на лузни кои се јавуваат поради ненадејно истегнување или контракција на кожата. Според достапните податоци, дури 90 проценти од луѓето ги имаат. Овие промени, професионално наречени стрии, најчесто се јавуваат по бременоста, за време на пубертетот или како резултат на значителни промени во телесната тежина. Стриите се сосема безопасни и нема медицинска причина за нивно лекување. Додека некои ги ...
Жителите на местото Голд Хил во американската сојузна држава Колорадо цела ноќ се прашувале кој упорно свири со автомобилска сирена и не им дава да спијат. Вистината ги изненадила – виновникот била црна мечка, која останала заклучена во спортско теренско возило, пишува „Вајс“. Според локалните медиуми, животното влегло во незаклучениот автомобил во потрага по храна. Откако успеала да ја затвори вратата зад себе, останала заробена во ...
Случајот со масовното труење во Гостивар не е изолиран инцидент, туку најдраматичен доказ за целосниот системски распад на здравството и институциите под власта на Мицкоски и неговата Организирана криминална група. По Гостивар, небезбедна за пиење е и водата од градскиот водовод во Валандово, во Крушево а на виделина излезе уште еден загрижувачки скандал со водата и во Болницата за белодробни заболувања во Лешок каде се најдено колиформни ...
Еве што предвидуваат ѕвездите за викендот, 25 и 26 јули. Овен Работа: Ќе добиете важни вести на работа поврзани со проект за кој мислевте дека е завршен, што ќе бара брза реакција. Иако сте конкурентни, обидете се да не им го наметнувате вашето темпо на колегите кои веќе размислуваат за одмор. Љубов: Во сабота навечер, можете да очекувате страсна средба во градот што би можела да започне како лежерен разговор. Вашата храброст во ...
Се очекува Светското првенство да донесе огромна популаризација на фудбалот и на самите играчи, што најдобро се гледа од експлозијата на бројот на следбеници на социјалните мрежи. Голем број фудбалери забележаа драстичен скок во бројот на следбеници на Инстаграм, а некои достигнаа навистина импресивни бројки. Иако голманот на Капо Верде, Возиња, беше една од главните приказни на турнирот, тој се најде на второто место во однос на вкупниот ...
Денеска (24.07.2026) од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје по Наредба од Основен кривичен суд Скопје извршен е претрес на дом и други простории кај С.Љ.(51) од Скопје. При претресот пронајдени се пет килограми наркотична дрога марихуана и дигитална вага со остатоци од марихуана. С.Љ. и неговиот син Б.Љ.(19) се лишени од слобода и по целосно документирање на ...
Иако секое куче може да покаже исклучителна наклонетост кон своите сопственици, одредени раси развиле природни инстинкти за заштита, територијалност и чување низ вековите. Експертите за однесување на животните истакнуваат дека добро куче чувар не мора да значи агресивно куче, туку куче кое поседува висока интелигенција, смиреност под притисок и способност за препознавање на реална опасност. Германскиот овчар е на самиот врв на листата на ...
Втората половина од летото носи нови можности, емоционални пресврти и интересни средби. Додека некои хороскопски знаци ќе уживаат во романтични моменти и ќе ги зајакнат постоечките врски, други може да затворат некое поглавје и да ја отворат вратата за нови љубовни почетоци. Еве што предвидуваат ѕвездите за секој знак. Овен Овните ќе доживеат период полн со страст и возбуда. Слободните би можеле да запознаат некој што ќе ги освои на прв ...
Унгарската влада, предводена од Петер Маѓар, ќе испита дали имало евентуална злоупотреба на државни средства во врска со заемот од една милијарда евра што државната „Ексимбанка“ ѝ го даде на Северна Македонија. Ова го објави во четврток Маѓар, кој, како што објавија локалните медиуми, рече дека кредитот добиен од Северна Македонија е еден од четирите случаи поврзани со „Ексимбанк“ за кои Министерството за економија и енергетика поднесе ...
Бахреин и Кувајт тајно испратиле борбени авиони за напад врз цели во Иран, што го означува нивниот прв директен воен одговор на Техеран, објави „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на луѓе запознаени со ова прашање. Според весникот, во нападите биле погодени магацини за беспилотни летала и ракети, како и други воени објекти. Обединетите Арапски Емирати, кои претходно извршија неколку напади врз Иран за време на почетната фаза од конфликтот, ...
Владата во последните две години не престана да работи на изнаоѓање праведно и оджливо решение за деблокада на евроинтеграцискиот процес. Во постојанa комуникација е и со земјите-членки на Европската Унија, и со институциите на ЕУ, а одржува средби и со Бугарија. Има позитивен импулс за изнаоѓање решение, но нема решение што можеме да го претставиме пред јавноста. Разговорите е природно да се случуваат и ќе продолжат, но ние немаме намера ...
„Рејтеон“ објави дека добил нова домашна нарачка за пресретнувачи од серијата PAC-2 за противвоздушниот ракетен систем „Патриот“. Според компанијата, ова е прв пат по повеќе од 30 години американската војска да нарача нови пресретнувачи PAC-2. Ова доаѓа во време кога расте загриженоста за доволноста на американските залихи од напредни противвоздушни пресретнувачи и друга клучна муниција, а застојот со Иран ги прави предупредувањата особено ...
Осврнувајќи се на случајот со неисправната вода во делови од државата, од опозициската СДСМ истакнуваат дека прво загадена вода за пиење имаше во Гостивар, Валандово, Лешок, Крушево и Пласница. „Дури и во болница немаше безбедна вода“. Сега, додаваат од оваа партија, бела пена тече низ реката Лепенец во Скопје. „Пената изгледа како да е синтетичка. Видливиот доказ за загадување што се излива директно во реката, токму таму каде што Лепенец ...
Амбасадорот на Европската Унија во Северна Македонија, Михалис Рокас, изрази загриженост за политичкото мешање во судскиот систем, нагласувајќи дека независното судство, со доволен персонал и соодветно финансирање, е фундаментален услов за напредокот на земјата на патот кон Европската Унија. Во интервју за емисијата „Риштази“ на KohaCast, Рокас рече дека најновиот Извештај на ЕУ за владеење на правото го признава напредокот што го ...