Скопје
23ᴼ /
23ᴼ
Премиерот Христијан Мицкоси и неговиот српски колега Ѓуро Мацут денеска на средба разговарале за унапредување на билатералната соработка, регионалната стабилност и можностите за продлабочување на економските и институционалните врски меѓу двете земји. – Во пријателска и конструктивна атмосфера разменивме мислења за актуелните предизвици и заедничките приоритети, со посебен акцент на јакнењето на регионалната поврзаност, инвестициите и ...
Туристички брод под име „Големиот шеф“, кој бил на дневно крстарење во близина на познатото турско одморалиште Мармарис, почнал да се полни со вода и за кратко време целосно потонал во близина на Рајскиот Остров. Причините за несреќата сè уште се утврдуваат. Како што се наведува во писменото соопштение на гувернерот на областа Мугла, веднаш по пријавата за потонување на бродот, на кој се наоѓале вкупно 148 лица (120 возрасни, 20 деца и 8 ...
Аеродромот во Минхен утрово повеќе од еден час бил целосно затворен откако пилоти пријавиле нарушувања за време на летови, за кои имало сомневања дека биле предизвикани од непознат дрон, јавија светските медиуми. Аеродромот бил целосно затворен во 9 часот. Како што потврди федералната полиција, сообраќајот беше прекинат на двете писти за полетување и слетување. Портпаролот на федералната полиција, Стефан Бајер, изјави за германскиот весник ...
Возачот на аудито во кое удри 19-годишниот моторциклист кој загина од здобиените телесни повреди во сообраќајката на Пластичарската улица бил под дејство на дрога. Според Обвинителството, тој не ја почитувал и сообраќајната сигнализација и на удвоена полна линија навлегол во двете сообраќајнии ленти за возилата од спротивен правец. Обвинителството го сомничи за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. – Бидејќи не се ...
Атрактивноста не е само физички изглед. Некои луѓе влегуваат во соба и веднаш привлекуваат внимание со начинот на кој зборуваат, гледаат во другите или едноставно со енергијата што ја носат со себе. Астрологијата покажува дека еден хороскопски знак се издвојува кога станува збор за луѓе кои тешко се игнорираат. Луѓето родени под знакот на Шкорпија честопати имаат еден вид привлечност што е тешко да се опише со зборови. Можеби не се ...
Барселона сè поотворено го напушта моделот во кој успехот се мери според бројот на туристи и се свртува кон сосема поинаква филозофија, управување, а не привлечност. Наместо постојано растечката туристичка побарувачка, фокусот се префрла на рамнотежата помеѓу посетителите, просторот и секојдневниот живот на жителите. Во позадина на оваа промена стои одлука која често се споменува претпазливо и без премногу нагласување во јавноста, ...
Еден ден пред да истече рокот за економските мерки што ги воведе Владата, премиерот Христијан Мицкоски изјави дека очекува цените да се стабилизираат, а дизелот да биде поевтин за 6,5 денари. Тој најави онлајн владина седница за утре, и, како што рече, земјата ќе остане со најниски цени на горивата. „Претходната повластена стапка за бензинот од 10 проценти ќе се врати на 18 проценти, додека кај акцизите ќе остане намалувањето од два денари ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека размислува за откажување на планираната серија концерти на Националниот мол во Вашингтон по повод 250-годишнината од нацијата, откако голем број уметници се откажаа од настанот, и дека концертите ќе ги замени со говори и политички митинзи. Концертите се планирани како дел од поширокиот Голем американски државен саем, 16-дневен настан од 25 јуни до 10 јули. Организаторите изјавија ...
ЧАЈОТ Е ЕДЕН ОД НАЈПОПУЛАРНИТЕ ПИЈАЛОЦИ ВО СВЕТОТ, а истражувањата покажуваат дека неговите придобивки одат подалеку од хидратација и удобност. Редовното пиење чај обезбедува полифеноли и други соединенија кои се поврзани со подобро здравје на цревата, побрз метаболизам и постабилно расположение, според Health.com. Чајот е богат со антиоксидантни соединенија познати како полифеноли. Истражувањата покажуваат дека овие соединенија можат да ...
Летото 2026 година ќе им донесе флерт, кратки авантури и неочекувани симпатии на многумина, но за три хороскопски знаци, ѕвездите предвидуваат многу повеќе од минлива летна романса. Астролозите тврдат дека би можеле да доживеат романса во наредните месеци што целосно ќе го промени нивниот поглед на љубовта. За некои тоа ќе биде судбоносна средба на патување, за други враќање на личност од минатото, а некои ќе сфатат дека чувствата кон ...
Холивудските актери и поранешни сопружници Бен Афлек (53) и Џенифер Гарнер (54) се соединија, но овој пат поради семејни проблеми. Тие беа фотографирани од папараците во Лос Анџелес во вторник како ја носат нивната 20-годишна ќерка Вајолет на итна помош. Според објавените фотографии, Виолет, студентка на престижниот универзитет Јеил, едвај можела да оди и морала да се потпре на своите познати родители кога влегле во медицинската установа. ...
Осум години откако беше срушен Скопскиот саем и на негово место никна „Ист гејт мол“, главниот град повторно ќе добие современ саемски комплекс. Ова во гостување на „4ТВ“ го најави директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата, Ивица Томовски. Тој вели дека „веќе е обезбедена потенцијална локација“ и дека проектот „ќе се реализира преку модел на јавно-приватно партнерство“. Според Томовски, се прават последните проверки ...
Скопјанката Александра преку социјалните мрежи сподели вознемирувачко сведоштво за случај на насилство врз жена што, според неа, се случил среде бел ден во Скопје. Таа наведува дека насилник брутално ја тепал и давел жената, а нејзината ќерка се обидела да интервенира и да ѝ помогне. „Мојата ќерка се обидела да ѝ помогне на жената и го замолила да престане да ја малтретира. Со него имало уште еден маж, кој ѝ рекол: ‘Не се мешај, маж ѝ е, ...
Српскиот патријарх Павле одбивал да прави венчавки и да учествува во погребни церемонии дури и за највисоките државни функционери. Патријархот Герман се однесувал на ист начин, одбивајќи да прави венчавки дури и за пријатели. Тие имале добра причина за тоа. Овој нивен став бил фундаментално поврзан со длабоко духовно убедување, кое патријархот Павле го насочувал кон верност кон верата и скромност. Патријархот сè покажувал со своите ...
Фудбалерите на ПСЖ ја одбранија титулата европски шампион откако го победија лондонски Арсенал во драматичното финале од Лигата на шампионите на „Пушкаш Арена“ во Будимпешта со подобро изведување на пенали (4:3). По регуларните 90 минути и продолженијата, резултатот беше 1:1, а Парижаните имаа повеќе смиреност и среќа во лотаријата на пенали. ПСЖ со тоа стана само вториот тим по Реал кој ја одбрани титулата во ова натпреварување наречено ...
Двајца луѓе се повредени, од кои еден има тешки повреди, во денешната сообраќајна несреќа на патот Гостивар-Кичево кај месноста Сеферов Бунар, објави „Скопје инфо“ повикувајќи се на охридската полиција. Според првичните информации, во несреќата учествувале четири возила, од кои три биле со странски таблички – од Србија, Унгарија и Албанија. На местото на несреќата пристигнале екипи на Итната медицинска помош и на полицијата, а поради ...
Хелдербург Дефендер со дизел мотор чини речиси 400.000 долари како Ферари СФ90. Хелдербург претстави специјално модифициран класичен Land Rover Defender наречен Rocco, а цената на овој проект достигнува дури 400.000 долари – речиси колку што чини половен Ferrari SF90 Stradale. Автомобилот бил изграден за татко и син од Нешвил, а за да се заврши биле потребни повеќе од 3.000 работни часови. За разлика од повеќето скапи проекти за ...
Рускиот лидер Владимир Путин изјави дека Ерменија би можела да се соочи со „украинско сценарио“ поради нејзините аспирации кон европска интеграција и се закани дека ќе ја „срамни со земја“ секоја земја што ќе се обиде да го нападне рускиот Калининградски регион. Коментирајќи ги аспирациите на Ереван кон европска интеграција, Путин направи паралела со настаните во Украина. „Веќе го споменав тоа. Кризата во Украина еднаш започна со обидите ...
Лекарот на Доналд Трамп изјави дека претседателот е во „одлична здравствена состојба“ и „целосно способен“ да служи како врховен командант, по медицинскиот преглед во вторникот во Националниот воено-медицински центар „Волтер Рид“. Во извештајот на д-р Шон Барбабела, објавен доцна во петокот, се вели дека Трамп бил подложен на компјутерска томографија и други скенирања на срцето, како и на рани скрининг за рак и други превентивни тестови од ...
Американскиот министер за војна Пит Хегсет изјави дека САД се во „добра позиција“ да постигнат договор со Иран за прекин на војната и дека досегашните преговори биле „продуктивни“. Сепак, тој нагласи дека американскиот претседател Доналд Трамп нема да брза да склучи договор. – Секој договор што претседателот е подготвен да го прифати, ќе го прифати само ако смета дека е одличен договор за нашата земја и за безбедноста на светот – изјави ...
Министерството за внатрешни работи соопшти дека е приведен мажот кој изврши семејно насилство сред бел ден во Скопје за што сведочеше скопјанка на социјалните мрежи. Screenshot Се работи за 48-годишен велешанец Џ.Б. кој кога се вратиле дома во Велес повторно и се заканувал со остар предмет на сопругата и малолетното дете. – Откако лицето Џ.Б. (48) од Велес, заедно со неговата 43-годишна сопруга, се вратиле во нивниот дом, тој повторно ...
Трошоците за живот во Исланд ги надминаа оние на Швајцарија, со што земјата повторно стана најскапата земја во светот, објави исландскиот синдикат „Виска“, повикувајќи се на податоци од Евростат и Централната банка на Исланд. Економистот Вихјалмур Химарсон од синдикатот рече дека цените во Исланд сега се за три проценти повисоки отколку во Швајцарија. Последен пат ова беше случај во 2018 година. Овие податоци се уште една причина зошто ...
Наредната сабота стартува полагањето на државната матура. Матурантите ќе треба да изберат дали ќе полагаат странски јазик или математика. Годинава новина е што се воведуваат три вида матура. Учениците од гимназиите ќе полагаат државна матура, додека средношколците од стручните и уметничките училишта ќе можат да изберат помеѓу државна, стручна или уметничка матура, според програмата што ја изучувале во текот на образованието. Директорката на ...
Американскиот потпретседател Џ.Д. Венс изјави дека разговорите меѓу Вашингтон и Техеран постигнуваат „добар напредок“, бидејќи преговарачите од двете страни постигнаа 60-дневен договор за продолжување на прекинот на огнот – но договорот сè уште чека конечно одобрување од американскиот претседател Доналд Трамп и ајатолахот Моџтаба Хамнеи. Доколку биде потпишан, меморандумот за разбирање би бил најзначајниот дипломатски чекор од почетокот на ...
Жештината се гледа од вселена над Европа, покажуваат новите сателитски податоци од мисијата Copernicus Sentinel-3, откако силен и ран топлотен бран ја зафати западна и јужна Европа во последните денови од мај, носејќи температури што во делови од континентот личат на средина на лето, а не на пролет. Space.com ја објави сателитската снимка како „фотографија на денот“, со впечатлив приказ на континентот обоен во црвени и жолти нијанси. ...
Британскиот весник „Телеграф“ објави обемна анализа на актуелната политичка ситуација во Турција, во која се тврди дека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се појавува како долгорочен победник од американско-израелската војна против Иран. Како што е наведено во текстот, глобалниот безбедносен вакуум му овозможи на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган значително да ја зајакне позицијата на својата земја на светската сцена, првенствено ...
Американскиот Конгрес работи на нов закон кој предвидува невидено ниво на интеграција меѓу американската и израелската војска, а овој потег се смета за длабоко проблематичен, според извештај објавен вчера. План за обединување на воените арсенали на двете земји е вграден во верзијата од 2027 година на Законот за овластување за национална одбрана (NDAA), кој Претставничкиот дом го објави овој вторник. Членот 224 од горенаведениот закон е ...
На некои луѓе не им треба двапати да им се каже дека им е потребна помош. Тие не го прават тоа од потреба да бидат видени или затоа што очекуваат услуга за возврат, туку затоа што е природно за нив да бидат тука за другите. Тие ќе го споделат своето време, енергија, совети или конкретна помош, дури и кога тоа не им е погодно. Со нив, честопати ја чувствувате таа ретка сигурност: ако се заглавите, некој ќе ви подаде рака и навистина ќе биде ...
Сè додека сум јас премиер, додека не видиме испорака од бугарска страна, ние нема да се поместиме ниту милиметар, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски , алудирајќи на неспроведувањето на пресудите од Судот за човекови права од страна на Бугарија, по изјавата на бугарската министерка за надворешни работи Велислава Петрова, дека Македонија треба да бара решенија, а не проблеми и дека Софија нема да отстапи од договореното од 2022 година. ...
Во вторник на владина седница конечно ќе се најде долгонајавуваниот Предлог-закон за заштита од пушење. Тој првично требаше да стапи на сила на 1 март, но неговата примена беше одложена поради реакции на тутунската индустрија и угостиителите. Од Владата најавуваат негова примена веднаш штом биде донесен освен одредбата во законот кон која ќе треба угостителите да ги преадаптираат своите локали. Владата уверува дека законот е донесен преку ...