Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешниот брифинг за медиуми, порача дека скандалозниот закон за Скопје – Европска престолнина на културата за 2028, не смее да се донесе во ваква форма како што замислила Владата. Тој предупреди дека станува збор за крајно спорен закон и скандалозен обид на Владата да ги заобиколи законите и правилата за јавните набавки. -Ова е скандалозен закон. Со кој памет поднесуваат таков закон? Како може ...

Месечевото затемнување во Риби на 28 август носи еден од најинтензивните и најемотивните астролошки моменти во годината. Стрелецот, Рибите, Близнаците и Девицата најсилно ќе го почувствуваат овој лунарен настан. Рибите се знак на интуиција, соништа, духовност и сè што не можеме да го видиме со голо око, па затоа ова затемнување ќе ги осветли скриените емоции, тајните желби и ситуациите што долго време биле во сенка. Затворање на животно ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не разговарал со првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино, за плановите дел од комерцијалните права на Светското првенство да бидат понудени на приватни инвеститори. Одговарајќи на новинарско прашање во Кемп Дејвид, Трамп кратко рече: „Не, не сме разговарале за тоа“, по што веднаш премина на следното прашање, избегнувајќи подетална дискусија на темата. Изјавата доаѓа само неколку дена откако ...

Поради најава од Управата за хидромететоролошки работи (УХМР) за очекувани високи максимални дневни температури за периодот на продолжениот викенд и до крајот на следната седмица (1–7 август 2026 година), Институт за јавно здравје повикува на почитување на мерките на заштита и претпазливост за време на високи амбиентни температури. Како влијае топлото време на нашето здравје и што треба да направиме? Кога амбиентниот воздух се приближува ...

Летниот период носи зголемен ризик од заболувања поврзани со високите температури, инфекции кои се пренесуваат преку инсекти, како и повреди и здравствени ризици поврзани со активности на вода. Институтот за јавно здравје на Република Северна Македонија (ИЈЗ) препорачува навремена подготовка и почитување на следните мерки за заштита на здравјето при патување. Пред да заминете Информирајте се за здравствената состојба, присутните заразни ...

За време на топлотен бран, чувството на жед не треба да биде сигнал дека е време да пиете вода, бидејќи тоа често е првиот знак дека организмот веќе почнал да губи течности. Високите температури, изложеноста на сонце и засиленото потење го зголемуваат ризикот од дехидратација, исцрпеност и топлотен удар. Стручњаците советуваат течностите да се внесуваат редовно во текот на целиот ден, наместо одеднаш во големи количини. Добра навика е да се ...

Светскиот фудбал е пред еден од најголемите расколи во својата историја. ФИФА најави дека ќе продолжи со контроверзниот план за влез на приватни инвеститори во комерцијалното управување со Светското првенство, иако сите 55 членки на УЕФА се заканија дека ќе ги бојкотираат натпреварувањата на светската фудбалска организација. ФИФА тврди дека планот погрешно бил претставен во јавноста и дека секоја од нејзините 211 национални федерации мора ...

Денес, Арнолд Шварценегер го прослави својот 79-ти роденден, и иако се обидува да живее живот без скандали, сепак го прогонува сè што направил во минатото. Холивудската акциона икона, Арнолд Шварценегер , ѕвездата на „Терминатор“ и поранешен гувернер на Калифорнија, во последните години е повеќе фокусиран на своето семејство и поголемиот дел од времето го поминува со својата долгогодишна партнерка Хедер Милиган. Двојката е заедно од 2012 ...

Одредени хороскопски знаци се исклучително склони кон носталгија, преиспитување на минатите одлуки и долгорочно зачувување на спомените. Додека некои свртуваат нова страница без многу размислување, други често се враќаат на сеќавањата, анализираат стари одлуки и се прашуваат што можело да биде поинаку. Астрологијата верува дека некои хороскопски знаци се посклони кон носталгија и преиспитување на минатите настани од другите . Тие се оние ...

Ненадејното заминување на принцезата растажи милиони, а по нејзината смрт се откри дека таа составила тестамент уште порано, иако никој не очекувал толку брзо заминување. Да не беше, толку неочекувано и болно, преселена во вечноста, „кралицата на срцата“ ќе го прославеше својот 65-ти роденден на првиот ден од јули. Да не се разведеше од Чарлс, вчера ќе прославеа 35 години брак. Да не се обидеше на несреќниот последен ден од август 1997 ...

Млад радовишанец (17) е обвинет за силување на 13-годишно девојче. Како што се наведува во полицискиот билтен, СВР Струмица поднесе известување против 17-годишник од Радовиш поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години“. Вчера во струмичко, пријавениот извршил полови дејствија врз 13-годишно девојче, велат од МВР. Млад радовишанец (17) е обвинет за силување на 13-годишно ...

Кинеските археолози открија остатоци од алкохолен пијалок на база на жито, стар 2.300 години, во автономниот регион Нингсја Хуи во северозападна Кина. Ова откритие дава нови сознанија за древната кинеска технологија за производство на алкохол , според агенцијата Синхуа. Тим археолози пронашол течност зачувана во бронзен сад во форма на глава лук , што е карактеристичен облик на садот за таа култура, на локалитетот Шанџабу, гробишта од ...

Актерката Камила Мендез отворено проговори за перфекционизмот што со години влијаел на нејзиниот живот и кариера, но и за тешкиот период за време на снимањето на серијата „Ривердејл“, кога се борела со нарушување во исхраната и напади на паника. Мендез, која публиката моментално може да ја види како Тила во „Господари на универзумот“, се појави во подкастот на Џеј Шети, каде што откри детали од предизвикувачкиот период додека работеше на ...

29-годишен Британец од Вустер починал откако откажувањето од пушење довело до токсични нивоа на лековите што ги земал за лекување на шизофренија, дознава истрагата на мртовечникот. Џек Бартон, кој страдал од параноидна шизофренија и бил долгогодишен пушач, починал од труење со клозапин, антипсихотик што го земал под надзор на својот психијатар, објави GB News. Бартон престанал да пуши додека бил на одмор во Северен Јоркшир и починал околу ...

Шеесет и тригодишен жител на струмичкото село Габрово е лишен од слобода откако предизвикал пожар во својот двор, кој потоа се проширил и на улицата, соопшти Министерството за внатрешни работи. Настанот се случил на 30 јули околу 22 часот, кога полициски службеници од СВР Струмица го забележале Б.К. (63) од Струмица, со престој во селото, како предизвикува пожар во дворното место. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната ...

Просечните каматни стапки на кредитите на банките и штедилниците продолжија да се намалуваат и во јуни годинава, додека каматите на депозитите останаа речиси непроменети, информира Народната банка. Според податоците на НБ, во јуни годинава просечната каматна стапка на вкупните кредити изнесувала 4,67 проценти, што претставува намалување од 0,02 процентни поени во однос на претходниот месец и за 0,36 процентни поени во споредба со јуни 2025 ...

Илјадници луѓе се евакуирани на грчкиот остров Крит, бидејќи пожарите предизвикани од силни ветрови им се закануваат на туристичките одморалишта и села. Двајца пожарникари загинаа на островот во среда кога се заглавија додека гаснеа пожар во близина на Крија Вриси во регионот Ретимно. Трет пожарникар загина во континентална Грција, во близина на пристанишниот град Гитео на Пелопонез, објавува „Телеграф“. Бидејќи ветровите достигнаа брзина ...

Даблинскиот план предвидува пораст на побарувачката на електрична енергија во наредните децении, поттикнат од електричните возила, индустријата и брзорастечките центри за податоци, што ќе изврши зголемен притисок врз националната електрична мрежа. Ирска најави сеопфатен преглед на својот електроенергетски систем, при што владата ветува план за преобликување на електроенергетскиот сектор на земјата до 2050 година, додека брза да ги исполни ...

Премиерот на Шпанија, Педро Санчез, испрати порака за поддршка до жителите на Сеута по мигрантската криза, велејќи дека „цела Шпанија стои со нив“ и признавајќи ја „вознемиреноста“ низ која минува населението. „Ние ја разбираме емоционалната тежина под која се наоѓаат жителите на Сеута“, изјави тој. Санчез го опиша случувањето како „нарушување на територијалниот интегритет на Шпанија“, акција која, како што рече, „заслужува најостра можна ...

На брифинг со медиумите претседателот на СДСМ, Венко Филипче, рече дека СДСМ бара одговорност за навредите, заканите и насилството од министерот Иван Стоилковиќ и најави дека партијата ќе поднесе интерпелација. -Има иницијатива за анкетна комисија за Иван Стоилковиќ за тоа што се случи за време на реконструкцијата на Владата. Тука сме потпишани со цел само да се собере доволен број на потписи за да се прифати. Ние ќе поднесеме интерпелација ...

Во текот на јули, во просек дневно се регистрираа по околу 15 пожари на отворен простор. Благодарение на навремените интервенции на пожарникарите, како и поддршката од воздухопловните средства на Дирекцијата за заштита и спасување, сите пожари беа успешно ставени под контрола и изгаснати, информира денеска директорот на Дирекцијата, Стојанче Ангелов. Тој кажа и дека врнежите во текот на изминатиот период придонеле за намалување на бројот на ...

Ева Лонгорија, иако неодамна го прослави својот 51-ви роденден, не престанува да изненадува со своите појавувања на плажа во нејзината омилена Марбеља. Познатата актерка Ева Лонгорија (51) самоуверено ја покажа својата затегната фигура во тесен костим за капење додека уживаше на одмор во Шпанија, а познато е дека ова е нејзината омилена дестинација за одмор, особено кога е во друштво на својот сопруг, покрај кого секогаш блеска . Ева, која ...

Топол воздушен бран ќе ја задржи Македонија под силно сонце до крајот на следната седмица каде што температурата ќе достигне надne 40 степени. Најкритичниот период се очекува од среда, 5 август, а особено внимателни треба да бидат постарите лица, децата, бремените жени, хронично болните и работниците на отворено. Македонија влегува во подолг период на сончево и многу топло време, во кој секојдневните обврски, движењето низ градот, работата ...

Државниот архив во интерес на имателите и истражувачите од државата и странство постојано презема активности за откривање и евидентирање на архивските материјали што се наоѓаат во приватна сопственост. Ги повикуваме сите граѓани кои имаат архивски материјал (документација) да покажат општествена одговорност и да го подарат на Државниот архив како институција која се грижи за колективната меморија и историското минато. На приватните иматели ...

Хилари Болдвин откри дека нејзината долгогодишна борба со нарушување во исхраната во еден момент била толку тешка што дури и ги броела калориите во пастата за заби. Инструкторката по јога и натпреварувачка во новата ријалити серија на Фокс „Nation’s Dumbest“ зборуваше за својата 20-годишна битка за време на гостувањето на радиото „Page Six“ на SiriusXM. „Поминав низ сè – анорексија, булимија, прејадување и гладување“, им рече Хиларија на ...

Филипче и СДС со години ги криеле анализите за загадена вода, граѓаните не знаеле дека пијат небезбедна вода, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Со години, додаваат од партијата, граѓаните биле изложени на ризик, додека Венко Филипче како министер за здравство и СДС располагале со информации за стотици случаи на неисправна вода за пиење, а јавноста не била информирана. „Приближно 400 испитувања на вода за пиење во кои биле утврдени различни ...

Шпанскиот министер за надворешни работи, Европска унија и соработка, Хозе Мануел Албарес, објави дека го поканил италијанскиот амбасадор на разговор по коментарите на шефот на италијанската дипломатија, Антонио Тајани, за суспендирањето на Шенгенскиот договор со Шпанија. Тајани вчера повика на суспендирање на договорот поради мигрантската криза во шпанската енклава Сеута во Северна Африка . „Оваа порака е несоодветна за министерот за ...

Саудиска Арабија сака да формира мултинационална воена коалиција за заштита на поморскиот сообраќај во Црвеното Море, по нападите на бунтовничката група Хути, која е сојузник на Иран. Претставници на 43 земји и на Европската Унија присуствувале на состанок на кој биле разгледувани плановите, соопшти саудиското Министерство за одбрана во Ријад во четвртокот. Саудиска Арабија би требало да ја предводи коалицијата како земја основач и лидер, а ...

Амира Еванс (26) призна дека потрошила повеќе од два милиони динари обидувајќи се да го постигне „совршеното тело“. Креаторката на содржината дури и „дизајнирала интимни делови“. Инфлуенсерката има повеќе од милион следбеници на Инстаграм, а сега многу отворено проговори за тоа зошто одлучила да инвестира толку многу пари во својата трансформација . Зборувајќи за сликата за своето тело, Амира објасни зошто смета дека тоа е толку добра ...

За ДПМНЕ, очигледно, негативен ревизорски извештај не е причина за политичка одговорност, туку препорака за унапредување. Додека Државниот завод за ревизија констатира сериозни финансиски и системски пропусти во работењето на Фондот за здравствено осигурување, поранешниот директор на Фондот, Сашо Клековски, денес е награден со раководење на едно од најважните институции, Министерството за здравство, реагираат од Левица. Ревизијата, додаваат ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
87%
1027
weather icon

Белград

3ᴼ / 2ᴼ
2.06
81%
1027
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
1.54
72%
1028
weather icon

Софија

7ᴼ / 0ᴼ
2.06
55%
1027
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.26
92%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
1.54
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.68
63%
1026
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1023
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
76%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 4ᴼ
5.14
60%
1030
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
0.89
72%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Иридиум

315077.32

Платина

49319.25

Злато

130856.75

Паладиум

32279.35

Цинк

3.76

Бакар

12.58

Родиум

295786.87

Кобалт

33.53

Сребро

1670.34

Калај

46.54

Алуминиум

3.07

Рутениум

61086.42