Главниот град на Македонија попладнево беше погоден од исклучително силно невреме, кое за кратко време предизвика сериозни материјални штети и сообраќаен колапс. Станува збор за моќен бран кој претходно ја зафати Црна Гора и се движеше кон државава. Центарот за управување со кризи (ЦУК) досега регистрираше над 8.000 итни повици на бројот 112 од граѓани кои пријавувале штети во своите домови и заедници. Сериозни оштетувања претрпе целиот град. ...

Министерството за внатрешни работи соопшти дека полициските службеници се на терен и постапуваат по сите пријави поврзани со последиците од силното невреме, во координација со останатите надлежни институции. Се преземаат мерки за обезбедување на безбедноста на граѓаните, расчистување на последиците и нормализирање на сообраќајот и јавните функции. Според податоците на МВР, најголеми штети се регистрирани на подрачјето на СВР Скопје. До 22 ...

Струмичкиот регион вчера повторно се соочи со силно невреме кое предизвика сериозни материјални штети, особено кај земјоделските насади. За новите драматични кадри од теренот Кире Михаилов преку социјалните мрежи сподели видео-снимка од погодените подрачја. На видеото се гледаат последиците од невремето кое изминатите денови зафати повеќе делови од државата. Михаилов во својата објава ја опиша состојбата на теренот по бранот лошо време: ...