Малата срна Бамби, која пред неколку дена беше пронајдена со тешки повреди во Кичевско, засега ќе продолжи да се бори за живот, откако здружението „Анимал рескју проект“ одлучи да не ја евтаназира и покрај лошите прогнози. Двомесечното диво животно беше спасено откако работници на ЕВН ја забележале во житно поле. Според информациите, таа била фатена во нелегална стапица, при што претрпела катастрофални повреди на нозете. По извлекувањето, ...

Инстаграм подготвува нови функции со кои корисниците ќе добијат многу поголема контрола врз содржината што им се појавува на почетната страница и во Reels. Првиот човек на платформата, Адам Мосери, најави дека функцијата „Вашиот алгоритам“ постепено ќе стане многу подостапна и ќе биде интегрирана во различни делови од апликацијата. Целта е секој корисник полесно да влијае врз препораките што ги добива. Според најавените промени, со едноставно ...

Судењето за апелацискиот судија Ѓоко Ристов продолжи со нови форензички сведоштва, откако вештаци од Министерството за внатрешни работи изјавија дека на алуминиумските фолии во кои биле завиткани 350.000 евра пронајдени во ѕид од семејна куќа во Неготино биле откриени негови биолошки траги. Парите, спакувани во банкноти од 500 и 200 евра, според обвинителството биле сокриени зад плочки и кујнски елементи. Ристов се товари за противправно ...

Во многу балкански земји чашата вода што се служи со кафето најчесто се пие по последната голтка или едноставно служи за гасење жед. Но, во Италија таа има сосема поинаква намена. Според италијанската традиција, водата треба да се испие пред првата голтка еспресо, бидејќи така се чистат непцето и вкусните рецептори од остатоци од храна, пијалаци или цигари. На тој начин целосно доаѓаат до израз аромата и вкусот на кафето. Во многу италијански ...

Светската здравствена организација (СЗО) официјално прогласи крај на епидемијата на хантавирус поврзана со крузерот „Хондиус“, откако од 25 мај наваму не е регистриран ниту еден нов случај на инфекција. Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, соопшти дека и последното лице кое било под здравствен надзор успешно го завршило карантинот, добило негативен тест и се вратило дома, со што се исполнети сите критериуми за официјално ...

Иако најголем дел од туристите летниот одмор го планираат во јули или почетокот на август, сè повеќе искусни патници ја избираат втората половина на август како идеален период за летување. Главните причини се попријатните температури, потоплото море и значително помалите гужви. До тој период морето е загреано од летните температури, додека воздухот веќе не е толку екстремно жежок, што овозможува поудобен престој на плажа, но и повеќе можности ...

Деветнаесетгодишна државјанка на Италија е приведена по инцидент што се случил во Градскиот парк во Скопје. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека вчера околу 04:40 часот полициски службеници од СВР Скопје ја лишиле од слобода Г.Ф. (19), откако физички нападнала полициски службеник при извршување на службени дејствија. При проверката било утврдено и дека странската државјанка немала регулиран престој во државата. По целосното ...

Купувањето половен автомобил со буџет до 10.000 евра може да биде одлична инвестиција доколку се избере проверен модел со добра сервисна историја. Автомобилските експерти советуваат купувачите да не се водат само од цената, туку да обрнат внимание на состојбата на возилото, моторот и трошоците за одржување. Меѓу најчесто препорачуваните модели е Volkswagen Golf VII, кој се издвојува по квалитетната изработка и добрата понуда на мотори. За ...

Француската метеоролошка служба Météo-France предупредува дека од 6 јули Европа повторно ќе биде зафатена од силен топлотен бран, кој ќе ги погоди Западна, Централна Европа и Балканот. Според прогнозите, нов продор на многу топол воздух од Сахара ќе донесе екстремно високи температури, а најголем интензитет се очекува околу 14 јули. Метеоролозите оценуваат дека ова би можел да биде трет значаен топлотен бран што ќе ја погоди Франција оваа ...

Европската агенција за безбедност на храната (ЕФСА) и Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ) предупредија за епидемија на салмонела поврзана со ароматизирани инстант тестенини, која досега е регистрирана во повеќе европски земји. Според објавените информации, потврдени се 106 случаи на инфекција, при што најголем дел од заразените се деца и млади лица. Од нив, најмалку 49 пациенти биле хоспитализирани. Првите случаи биле ...

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) предупредува дека утре времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, но попладне се очекува нестабилност проследена со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Според прогнозата, на одделни места се можни поинтензивни временски процеси со над 15 литри дожд на квадратен метар, ветер со брзина поголема од 60 километри на час, како и услови за краткотрајно невреме проследено со појава на ...

Пожарникарските екипи денеска се борат со неколку големи шумски пожари во јужна Франција, кои дополнително се шират поради силните ветрови и екстремно сувите услови што следуваа по неодамнешниот топлотен бран. Францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез изјави дека три активни пожари, од кои два се на западната периферија на Марсеј, досега зафатиле околу 1.210 хектари површина. Во меѓувреме, францускиот премиер Себастијан Ле Корнеј ...

Започна целосната реконструкција на улиците „Бутелска“ и „Радишанска“, на потегот од подвозникот до третиот влез во Радишани, проект што со години беше едно од најголемите барања на жителите на Општина Бутел. Почетокот на градежните работи го означија градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, и градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Со проектот ќе бидат реконструирани повеќе од 2,2 километри улици, ќе се изгради нов ...

Педесет и деветгодишен жител на Битола пријавил во полиција дека бил измамен од лице кое се претставило како мајстор за поставување плочки. Како што информираат од СВР Битола, А.Д. го ангажирал лицето за реновирање на купатилото во неговиот стан и му предал 91.000 денари за набавка на потребните материјали. Но, и покрај договорот, осомничениот не започнал со изведување на работите, а во меѓувреме целосно престанал да комуницира со оштетениот. ...

Грантовите за самовработување годинава ќе бидат достапни и за младите иселеници кои сакаат да се вратат во Македонија и да започнат сопствен бизнис. За оваа категорија е предвиден и дополнителен бонус од 10 проценти над основниот износ на грантот, беше соопштено при промоцијата на мерките во Кичево. За време на презентацијата, еден граѓанин кој планира да се врати од Германија побара појаснување дали може да аплицира, бидејќи веќе има ...

Американскиот пејач Крис Браун ќе мора да ѝ исплати речиси 13 милиони долари отштета на својата поранешна домашна помошничка, откако судска порота во Лос Анџелес го прогласи за одговорен за напад од неговото куче. Случајот се однесува на инцидент од 2020 година, кога Марија Авила била нападната на имотот на Браун во калифорнискиот град Тарзана. Според сведочењето на суд, кавкаскиот овчар на пејачот, тежок околу 90 килограми, ја нападнал ...

Жител на гостиварското село Равен пријавил во СВР Тетово дека на неговото паркирано возило „Рено Каптур“ забележал оштетување на предната хауба, кое наликувало на дупка. По пријавата, увидна екипа извршила увид на местото на настанот. При прегледот на возилото, под моторот, на заштитната маска, бил пронајден проектил од засега непознат калибар, кој бил подигнат за понатамошно вештачење. Од полицијата информираат дека се преземаат сите ...

Сè поголем број богати поединци ја менуваат својата адреса и се преселуваат во Италија, Грција и Швајцарија, додека Велика Британија, Германија и Франција се соочуваат со сè поголем одлив на жители со висока нето-вредност, покажува најновото истражување на консултантската компанија „Хенли и партнерс“. Извештајот наведува дека Кипар е најдобро рангирана европска дестинација според индексот на привлечност, пред Холандија, Португалија и Италија. ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска се осврна на прашањето за пензиите, нагласувајќи дека Владата и понатаму ќе работи во интерес на пензионерите, но засега не најави ново конкретно зголемување. Тој потсети дека пред доаѓањето на власт ветиле линеарно покачување од 5.000 денари за сите пензионери, а, како што истакна, Владата обезбедила уште поголемо зголемување – вкупно 7.000 денари. Мицкоски рече дека ова решение било оспорувано пред ...

Нови силни ерупции на вулканот Етна повторно го осветлија небото над Сицилија, додека огромни облаци од вулкански пепел и лава се издигнуваат над највисокиот активен вулкан во Европа. Италијанските власти веднаш издадоа предупредување за авионскиот сообраќај, иако засега нема прекини во летовите кон Катанија. Според италијанските медиуми, Етна влезе во нова фаза на засилена вулканска активност, при што над островот се формираа едни од ...

Европските авиокомпании и аеродроми побараа од Европската комисија привремено да ги суспендира новите биометриски проверки на границите на Европската Унија во текот на летната сезона, предупредувајќи дека системот предизвикува огромни гужви, повеќечасовни чекања и сериозни нарушувања во воздушниот сообраќај. Во заедничко писмо испратено до претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, водечките европски здруженија на аеродроми ...

Во изминатите 24 часа Министерството за внатрешни работи регистрирало осум случаи на семејно насилство низ повеќе градови во Македонија. Во неколку случаи осомничените биле приведени, а полицијата најавува соодветни пријави по целосното документирање на настаните. Еден од најзагрижувачките случаи е регистриран во Кичево, каде што полициски службеници ја лишиле од слобода 40-годишната Ј.С., откако било пријавено дека во алкохолизирана состојба ...

Општина Кавадарци започнува со имплементација на нов, современ проект кој значително ќе го олесни секојдневието на граѓаните и ќе ги модернизира општинските услуги. На колективните станбени згради ширум градот започнува поставувањето на информативни табли со QR-кодови, како дел од процесот за дигитализација на локалната самоуправа. Преку оваа иновација, граѓаните со само едно едноставно скенирање на кодот преку своите мобилни телефони, брзо и ...

Диего Диего Марадона уште во 2018 година предупредуваше дека Светското првенство во 2026 година би можело да стане повеќе комерцијален спектакл отколку чист фудбал. Денес, по бројните реакции за паузите за хидратација на натпреварите, неговата изјава повторно се споделува на социјалните мрежи и предизвикува нови дебати меѓу навивачите. Марадона тогаш јавно се спротивстави на одлуката Мундијалот да се одржи во САД, Канада и Мексико, оценувајќи ...

Тело на девојка на возраст од околу 20 години е пронајдено денеска во реката Велика Морава, во близина на селото Мијатовац. Според неофицијални информации, се сомнева дека несреќната девојка се удавила уште на 29 јуни. За неа, откако било пријавено дека исчезнала во реката, со денови интензивно се трагало. „Телото е пронајдено во атарот на селото кај Ќуприја. Извршен е увид на местото на настанот, а во тек е утврдување на идентитетот како и ...

Општина Кавадарци и локалните јавни претпријатија продолжуваат со активностите за поддршка на земјоделците и подобрување на руралната инфраструктура. Во моментов, на терен се одвива интензивно порамнување на полските патишта во Месната заедница Глишиќ. Градежните активности се реализираат со помош на соодветна механизација на ЈП „Комуналец“. Полесен пристап за земјоделците и механизацијата Главната цел на оваа акција е да се санираат ...

Мајката на 14-годишното момче кое на 22 јуни било тешко повредено во инцидент во скопската населба Ченто, Џељана Селими, реагира дека случајот не се третира со соодветна правна квалификација. Во изјава за „Слободен печат“, таа наведува дека од полицијата случајот засега се води како „насилство“, иако, според нејзините тврдења, околностите укажуваат на многу посериозно кривично дело. Таа посочува дека нападот бил брутален и дека, според ...

Министерството за внатрешни работи објави јавен повик за прием на 200 редовни ученици во Средното полициско училиште „7-ми Мај“ при Полициската академија. Како што информираат од МВР, на конкурсот може да се пријават кандидати кои имаат завршено прва и втора година средно образование, а кои ги исполнуваат пропишаните услови за упис. Избраните ученици ќе го продолжат своето школување во полициското училиште. Меѓу основните критериуми се: ...

Осуденик од Казнено-поправната установа Затвор Штип бил итно пренесен во Клиничката болница во Штип по инцидент во затворот, информираат надлежните. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 30 јуни во 11:32 часот во СВР Штип било пријавено од болницата дека кај нив е донесено 39-годишно осудено лице од кавадаречко подрачје, кое било повредено во затворот. Од МВР наведуваат дека за случајот е известен јавен обвинител, а по ...

Играчки и облека од „Тему“ и „Шеин“ под сериозен надзор по шокантни резултати: тестовите откриваат високо ниво на ризик кај голем дел од производите Популарните онлајн платформи за брза и ултраевтина мода, како „Шеин“ и „Тему“, се најдоа во центарот на нови сериозни предупредувања, откако истражувања и лабораториски тестови покажале дека значителен дел од нивните производи не ги исполнуваат безбедносните стандарди. Според објавените наоди, ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
2.02
88%
1016
weather icon

Белград

22ᴼ / 21ᴼ
2.68
66%
1015
weather icon

Загреб

20ᴼ / 20ᴼ
1.95
70%
1018
weather icon

Софија

19ᴼ / 19ᴼ
0.87
83%
1016
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
1.47
54%
1013
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 16ᴼ
1.29
85%
1019
weather icon

Атина

30ᴼ / 28ᴼ
1.34
67%
1013
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
10.06
74%
1015
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
4.28
92%
1016
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 21ᴼ
1.34
68%
1014
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 18ᴼ
0.89
51%
1017
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 23ᴼ
2.33
100%
1014
Currency

61.6317

Currency

53.9512

Currency

72.4604

Currency

37.8462

Currency

38.2535

Currency

66.3497

Currency

7.95976

Currency

0.6879

Currency

0.33073

Currency

0.52407

Currency

1.14227

Currency

0.55961

Кобалт

56.29

Злато

130879.26

Паладиум

40702.85

Сребро

1888.57

Платина

52052.06

Бакар

13.11

Калај

53.55

Иридиум

252383.36

Рутениум

53852.50

Родиум

263636.12

Цинк

0.00

Алуминиум

3.17