Мерката за ублажување на цените на основните продукти, наречена новогодишна кошничка, заврши минатата недела. Со неа, повеќе од 1.000 производи поевтинија меѓу 15 декември и 15 јануари. Меѓутоа, за време на овој период, синдикатите алармираа дека трговците ги злоупотребувале мерките, ги зголемувале цените на производите што не биле вклучени во кошничката, резултирајќи со зголемени наместо со намалени вкупни трошоци за граѓаните. Дискусијата за ...

Трајан Ангелоски од Сојуз на стопански комори објасни декеа станува збор за еден гест од добра волја од страна одреден дел од трговците, не сите биле обврзани да учествуваат. Доколку се земе во предвид дека се извршила корекција на околу 1000 производи, и се направила анализа на 50 до 60 илјади производи во маркети кои не се на листа, тука настанал еден систем на намалување, каде трговците намалиле одредени производи кои Синдикатот ги нема во ...