
Скопје
10ᴼ /
10ᴼ



„Апликацијата е недопуштена“. Ова е првата реченица во одлуката на седумтемина судии од Европскиот суд за човекови права во Стразбур, во предметот „Талески и други“ против Република Северна Македонија. Во неа, жалителите се повикуваа на аболицијата што ја даде поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов за 56 лица во 2016 година. Според одлуката, меѓународните судии воопшто не го разгледувале прашањето дали важат аболициите, туку пресекле дека ...
Последици од земјотресот во Турција Во извештајот на турската конфедерација за претпријатија и бизнис, ТУРКОНФЕД, се наведува дека двата земјотреса со јачина од 7,9 и 7,7 степени според Рихтеровата скала, кои ја погодија земјата на шести февруари, најверојатно ќе ја чинат економијата над 80 милијарди американски долари, што е еднакво на околу 10 отсто од БДП. „Седумдесет до седумдесет и пет милијарди американски долари од оваа финансиска штета ...
Ученици пред средното училиште Јосип Броз Тито во Скопје | Фото: Роберт Атанасовски Почитувани читатели, Би сакале да слушнеме искуства од родителите/старателите на учениците во средно образование. Многу родители/старатели се жалат дека децата се соочуваат со проблеми во учењето по некои предмети поради разликите/неусогласеноста во програмите по кои се учи во текот на деветгодишното основно образование и понатаму во средното образование. Се ...
Новинари биле спречувани да ги фотографираат урнатините Новинарите што се обидуваат да известуваат за земјотресот во Турција се соочуваат со забрани, приведувања и истраги откако владата отвори војна со наводни „дезинформации“, додека бројот на жртви и натаму расте. Волкан Пекал, дописникот од Адана за весникот Евренсел, е еден од репортерите што биле притворени од полицијата бидејќи ги фотографирал местата погодени од земјотресот околу Адана ...
Кога сателитите што ги користи Гугл следниот пат ќе ја фотографираат скопската населба Мичурин, на снимките ќе има десетина дрвја помалку од она што се гледа сега. На нивното место ќе се види голема дупка или можеби бетонски темели. Но, барем поради таа причина, во касата на Град Скопје ќе има 1.800 евра повеќе. Минатиот месец беше урната една од последните три стари двокатни згради во Мичурин, изградени за работниците во некогашната фабрика за ...
За македонските историчари во заедничката комисија со Бугарија проблем е усвоената декларација во бугарското собрание, а за бугарските историчари проблем се измените на Законот за здруженија и фондации усвоени лани во ноември. Декларацијата која вчера ја усвои бугарското собрание, во самото име наведува дека во Македонија се случува „ескалацијата на агресивните антибугарски манифестации“. Од деветте точки две се однесуваат на историјата, а една ...
Вилата со број 30 во населбата Блоку во Тирана има мрачно минато. Во неа си го одзеде животот, поранешниот премиер на комунистичка Албанија, Мехмет Шеху, кој се соочуваше со апсење и затвор. Денес, како потсетник на тоа време, во дворот на вилата, која е во сопственост на владата, се наоѓаат статуи на Ленин и на Сталин и џип „зис 69“, омиленото возило на албанската тајна полиција од времето на комунизмот, озлогласениот „Сигурими“. Само може да ...
Поминато е времето кога од позиција на власт им се броеја парите на граѓанските организации и се компромитираа нивните донатори лепејќи им политички етикети, во обид да се докаже некаква партиска агенда скриена од јавноста. Имено, не се толку далеку деновите кога во јавноста се промовираше слика за граѓанските организации како да се државен непријател. Во последната година од владеењето на Груевски се тврдеше дека „Сорос и УСАИД финансираат ...
Времето на великодушната поддршка на унгарските медиуми што беа сметани за блиски до владејачката партија Фидес се чини дека завршува, бидејќи весници и списанија се затвораат, бројот на вработени се крати, а трошоците се рационализираат во очи растечката економска криза. „Гледаме тренд на сериозно кратење на трошоците во медиумите блиски до Фидес по изборите во април“, вели за БИРН, Даниел Салај, главен уредник на специјализираниот портал за ...
Единаесет печатени медиуми ќе добијат субвенции за минатата година, само овојпат за третина помалку. Според информациите што Владата ги достави до БИРН, на завчерашната седница донесена е одлука за печатените медиуми да се одвојат 324 илјади евра. Минатата година тие добија 486 илјади. Државата почна да субвенционира дел од трошоците за печатење и за дистрибуција на весниците во 2018 година, кога подели околу 700 илјади евра. Поради пандемијата ...
Голем број куќи се заменија со висококатници по 2014 година | Фото: БИРН Уставниот суд го укина деталниот урбанистички план за делови од населбите Капиштец и Водно на Општина Центар, затоа што кога бил усвоен во 2014 година, за него не гласале доволен број членови на општинскиот совет. На 17 јули 2014 година, планот бил донесен со 11 гласа „за“ и еден воздржан, од вкупно 23 советници. Тоа било спротивно на Законот за локална самоуправа, бидејќи, ...
Името на бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски е познато за сите македонски граѓани што се интересираат за општествените и политичките случувања, особено за односите со Бугарија. Едноставно, тие што следат дневни вести, не можат да ги избегнат неговите ставови и позиции за Македонија. Со Џамбаски се отвораат телевизиските дневници, се полнат домашните портали и весници. Големиот број објави во медиумите речиси секојдневно му резервираат место ...
Кога новинари испраќаат текстови за авторизација, односно за соговорниците да го потврдат тоа што го кажале, им се случува назад да добијат сосема нов текст, со одговори што претходно не биле дадени, дури и со прашања што не биле поставени во првичното интервју. Кога се прави видеоинтервју, пак, има случаи соговорникот да бара тој да одлучи на кој начин ќе се употребат материјалите снимени со него, како што можеше да се види во неодамнешната ...
Просто е неверојатно како е можно „големото“ име на Олександр Онишченко да се протнало на мала врата во македонските институции. За неколку минути од кога ќе го напишете името на украинско-рускиот бизнисмен во гугл-пребарувачот, иако не сте обучен разузнавач, ќе ја прочитате големината на контроверзиите што го следат, и во неговата матична земја Украина, и во Соединетите Американски Држави. Откако ќе направите основно пребарување на интернет, ...
Петок е среќен ден за Сашо Мијалков. Веста дека му ги укинуваат пресудите, екс шефот на УБК ја добива двапати во ист ден – петок. Покрај последните укинати „Трезор“ и „Таргет-Тврдина“, и денот кога е укината пресудата за „Титаник 2“, е петок, само годината е 2020. Среќните петоци за Мијалков, судејќи по реакциите во јавноста, во основа се несреќни за граѓаните, кои на големо коментираат дека веќе е потоната секоја надеж за правната држава. И ...
Познат е вицот во кој двајца се тркале, а по крајот на трката, весниците на насловните страници објавиле дека поразениот завршил втор, а победникот – „дури претпоследен“. Обично се прераскажува како пример за манипулативно користење на информациите, во кое тие, иако се технички точни, во суштина се далеку од реалноста. Овој метод бил измислен како алатка за пропаганда или „стратешка комуникација“, но медиумите понекогаш го користат и без таква ...
Вестите на македонските телевизии, на 19 јануари секоја година се исти. Може да се „замрзнат“ и да се „одмрзнат“ и ќе бидат како кифлички со вкус на подгреано тесто што глуми свежина. „Напорот“ е само да се сменат имињата на фаќачите на крстот, а некогаш не треба дури ни тоа, бидејќи тие се повторуваат. Првите десетина минути од централните вести, ако не и повеќе, секоја година, без исклучок, задолжително се посветени на спектаклот со скокачите ...
Стотина граѓани со нивните „шепасти пријатели“ како и претставници на граѓански организации се собраа вчера попладне на „Илинденска“ број 2, пред Владата за да протестираат против убиството на бездомни кучиња и за системско решавање на проблемот со неодговорните сопственици. Друштво им правеа и неколку бездомни кучиња, кои добија по некое зрно сува храна од присутните. А насобраните носеа транспарентни, вознемирувачки фотографии од убиени ...
Годината стартуваше со очекување дека ќе биде подобра од претходните две зашто пандемијата веќе беше во залез, меѓутоа светот ја обиколи веста за рускиот напад врз Украина од кој последици сѐ уште се чувствуваат и во Македонија. Конфликтот ја донесе енергетската криза, време во кое повеќе од сè е потребно одговорно искористување на државните ресурси. Доверба во правдата во Македонија и натаму не се случи, судејќи според последната анкета на ...
Секторот за комуникација со стратешките партнери е лоциран како „алката што направила пропуст“ во системот на Агенцијата за национална безбедност и со тоа украинско-рускиот бизнисмен со украинска потерница и американски санкции помина низ македонските разузнавачи и стигна до македонски пасош. Ова го обелодени директорот на АНБ, Виктор Димовски, една недела откако БИРН откри дека Олександр Онишченко добил македонско државјанство, со позитивно ...
Скопска Апелација, по јавниот притисок и по укажувањето на Врховниот суд, вчера го објави решението со кое ја укина пресудата за масовното прислушување во предметот „Таргет-Тврдина“. Решението има нецели 25 страници, а објаснувањето зошто е укинат предметот е на нешто помалку од седум страници. Впечатокот е дека во многу голем дел, второстепените судии ги прифатиле тезите на одбраната на обвинетите, а им биле спорни тезите што пред судот ги ...
Груевски на судење | Фото: Р. Атанасовски Никола Груевски загуби уште една правна битка во обидот да докаже дека му застарело делото во предметот „Траекторија“. И покрај тоа што судијата Горан Бошевски, во 2019 донесе решение за запирање на постапката за Груевски, бидејќи му застарело делото, обвинителката Лиле Стефанова не застана овде. Тоа решение на судијата, Стефанова го обжали на Апелација. Петмина апелациски судии, лани во февруари ...
Би сакале да слушнеме искуства од разведени/разделени родители во Албанија, Србија, Косово, Северна Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Хрватска на кои им била одобрена алиментација за нивните деца. Скролувајте надолу за повеќе информации за тоа како да учествувате. Клучните работи што сакаме да ги дознаеме: Ние нема да објавуваме никакви документи или имиња без претходна согласност и не планираме да користиме конкретни примери, туку да ...
Кога Илон Маск го претставуваше новиот модел на електричниот автомобил „тесла“ во 2016, во Калифорнија, на сцената во заднина свиреше музиката на еден Хрват, за кој малкумина чуле, тоа е 40-годишниот Кристијан Фунариќ од Осиек. Приказната за тоа како композицијата на локален учител од Хрватска стана дел од настан на еден од најбогатите луѓе во светот, кој ја искористил музиката за да претстави производ што го промени начинот на кој ги гледаме ...
Одлепени парчиња фасада и стиропор, поткршени плочки, небезбедни премини, влага и мувла… Околу старо-новиот МНТ и по некоја вреќа со песок која служи како насип од дождовите. Внатрешната „рана“ со години не е зацелена. Објектите од десната страна на кејот на Вардар кои се дел од проектот „Скопје 2014“, како зградата на Археолошкиот музеј, Уставниот суд и Државниот архив, зградата на Агенцијата за електронски комуникации, сѐ повеќе ги фаќа ...
Две седници на собраниската комисија за надзор на работата на Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата за разузнавање, редица драматични изјави на политичари, една владина седница, на која се одзема државјанство и многу неодговорени прашања. Ова е билансот за случајот државјанство за контроверзниот руско-украински бизнисмен Олександр Онишченко, два месеца по откритието на БИРН. Навидум загрижените изјави на политичарите што најавуваа ...
Сара Мардини, чие бегство од сириската војна со нејзината сестра Јусра стана мотив за филмот „Пливачите“ на Нетфликс од 2022 година, во вторникот беше на судење на еден од грчките острови, под обвиненија што произлегуваат од нејзината вмешаност во операциите за спасување мигранти во Егејско Море. Мардини и нејзините 23 сообвинети се соочуваат со можност да бидат осудени на по осум години затвор доколку судот на островот Лезбос ги прогласи за ...
До пролетта 2018 година, членовите на историската комисија со Бугарија, како што вообичаено се нарекува во медиумите, или, пак, Мултидисциплинарната комисија за историски и образовни прашања, како што и е официјалното административно и долго име, не беа многу познати во пошироката македонска јавност. Беа, можеби, познати во академската сфера и во областите на нивно истражување. Но, откако се формираше комисијата, а особено откако дојде и до ...
„Филмот е експлозија на мојата љубов кон реалноста“. Овој цитат од култниот италијански режисер од 20 век, Пјер Паоло Пазолини, е своевидна рефлексија на животниот избор на еден од малкутемина македонски филмски критичари и хроничари на филмската уметност, Влатко Галевски. Неговиот живот е филмот. Со песоклив глас и со исклучителна филмска меморија, во која има напластено илјадници филмски ликови, приказни и цитати, Галевски за БИРН сподели ...
Најважната информација во врска со урбанистичкото планирање и развој на Скопје во 2022 година не дојде од местата од каде што сме навикнале да доаѓаат таквите содржини – од општините, градската управа, општинските совети, планерските куќи, градежните компании итн. Дојде од Државниот завод за статистика, како податок дека 42.679 станови во Скопје зјаат празни. Тоа е резултатот од речиси дведецениското интензивно градење со максимално ...