Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Полицијата во Кичево му поднесе кривична пријава на поранешниот градоначалник на Општина Кичево, Фатмир Дехари поради „Несовесно работење во службата“, по член 353 од Кривичниот законик. Според пријавата, Дехари во својство на градоначалник на Општина Кичево, несовесно постапувал при извршување на своите законски овластувања дадени со Законот за локалната самоуправа и спротивно на Законот за пожарникарство. Пријавениот, од 2016 година, секоја ...
Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, продолжува со изјаснување по однос на оштетени побарувања и на кривичен прогон на дел од присутните оштетени и законските застапници на оштетените. Судијката Диана Груевска Илиевска, пред почетокот на денешното рочиште, информораше дека Судот ги прифаќа приговорите на дел од бранителите дека обвинението интегрирано со листата на докази не е доставена до обвинетите, и ...
Пред почетокот на второто рочиште за судскиот процес околу пожарот во т.н. кабаре „Пулс“ во Кочани, Јулија Златкова – мајката на трагично загинатиот Томас Златков – уште еднаш апелираше за правда и одговорност. Облечена во црна маица со ликот на својот син, Златкова им се обрати на новинарите со порака дека по првото рочиште ѝ се појавила „искра надеж“ дека конечно може да се стигне до правда – надеж што, како што рече, ја добила од воведниот ...
Српскиот новинар и стенд ап комичар Зоран Кесиќ синоќа имаше одличен настап во Македонската филхармонија. Два часа ја замејуваше публиката со својот ироничен хумор. Сарказмот, но оној интелегентниот е негов заштитен знак. Ред политика, ред музика, ред шеги за Македонците и нивните соседи, Грци, Бугари и Срби. Подобро да сте Северна Македонија отколку Јужна Србија, верувајте. И така никој не ве вика така. Еве мене ни мајка ми не ме вика Зоран ...
Профилите на платформата „X“ на т.н „студенти на блокадата“ кои се против Вучиќ се речиси сите создадени во Хрватска, што ги потврдува сите сомневања и претходни сознанија дека протестите и блокадите во Србија се канализираат од странство, првенствено од регионот, а најмногу од Хрватска! Нова опција на платформата X – кога ќе кликнете на „Информации за профилот“ – покажа каде се регистрираат сметки што повикуваат на протести во Србија и шират ...
До крајот на месецов, поточно до петок оваа недела, треба да биде исплатен повратот на ДДВ на граѓаните кои скенираат фискални сметки за периодот јули- септември, информира Министерството за финансии. Оттаму појаснуваат дека системот за поврат функционира редовно, а доцнење најчесто се случува поради неточни или неажурирани податоци за трансакциската сметка во Управата за јавни приходи. Исплатата на средствата за скенирани фискални сметки ...
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ денеска до Собранието поднесоа Иницијатива за формирање Анкетна комисија за утврдување на околностите во постапувањето на институциите за трагедиите и несреќите во земјата. Целта на оваа Анкетна комисија, како што изјави на прес-конференција пратеникот Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ, е утврдување на одгвоорност на функционери, носители на јавни функции и други поврзани лица, како и да ги утврди ...
Основниот суд – Кочани ја одби жалбата на Обвинителството со барање за промена на домашниот притвор со ефективен затворски притвор за двајцата инспектори од УЈП, Д.П. и Д.Д., додека останатите деветмина осомничени се со определени мерки за претпазливост. Ова одлука на кочанскиот Основен суд е објавено денеска на нивната веб страница. Двајца даночни контролори кои се во куќен притвор ја искористиле својата службена положба и овластување и ...
Пред нас е уште еден скандал кој покажува дека и после Кочани имаме целосно нефункционален систем, неспособност и потфрлање на институциите, пред се на полицијата на Тошковски. Во локал со дозволен максимум од 200 лица, имало над 700 луѓе или три и пол пати над дозволеното и спротивно на безбедносните протоколи. Опасност која можела да заврши трагично, се вели во соопштението од СДСМ што МИА го пренесува интегрално. И полицијата на Тошковски ...
Европскиот суд за човекови права ја отвори постапката по жалбата на поранешната министерка Гордана Јанкулоска за случајот „Тенк“, оценувајќи дека во предметот постојат сериозни индиции за можни прекршувања на правото на фер судење. Еден од клучните сегменти што го интересира Судот е користењето на прислушуваните разговори како докази од обвинителството. Одбраната на Јанкулоска тврди дека таа немала можност да ја оспори нивната автентичност, ...
Американската компанија „Рејтеон“ и израелската компанија „Рафаел“ официјално отворија нов објект во Соединетите Американски Држави за производство на ракети „Железна купола“, а изградбата на производствените капацитети започна во 2023 година. Израелската влада веднаш нарача ракети „Железна купола“ од американски фабрики во вредност од 1,25 милијарди долари со финансиска помош од американската влада. „Потпишувањето на овој историски договор е ...
Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) не може да исплаќа милионски суми во евра на годишно ниво, без да провери зошто е дуплиран или триплиран бројот на операции на срце во изминатите години. Цената на чиниење мора да се контролира, вели во интервју за „Република“ кардиологот проф. д-р Сашко Кедев од Универзитетската клиника за кардиологија во Скопје. Летово, проф. д-р Кедев го отвори скандалот со непотребно упатување и извршување на ...
Предлогот на САД за запирање на војната во Украина може да вклучува делови што се засноваат на украинските перспективи и се од клучно значење за украинските национални интереси, изјави денеска претседателот на земјата, Володимир Зеленски. „Веќе имаме кратка информација од членовите на делегацијата за резултатите од првиот состанок и првите преговори“, напиша Зеленски на „Х“ за разговорите со ЕУ и САД во Женева. -Работата продолжува за ...
Аца Лукас кој е актуелен со апсењето во Кавадарци раскажа дека имал лош период во животот кога дознал дека неговиот син се дрогира. Многу е тешко да се објасни дека тој не го прави тоа и дека тоа не е добро, а вие го правите или сте го направиле. Дознав и тој почна да се грчи, а јас му реков: „Јас сум твој татко. Те поддржувам во сè. Ќе ти најдам работа, ти купив кола и ќе ти платам за станот… Ништо не е проблем, но ти ги измешал работите Аца ...
Убиството, кое се случи вчера околу 11:45 часот во Нов Белград, ги вознемири жителите на главниот град на Србија.Убиен е навивач на Партизан кој покрај со навивање се занимавал и со криминал. Очевидци рекле дека претходно слушнале истрели, поради што се сомнева дека жртвата е застрелана во главата. Форензичарите извадиле некои работи од џебовите на убиениот и ги ставиле во кеси, па ги однеле на анализа. Се сомнева дека кон младиот човек биле ...
Апелациониот суд во Белград ја поништи првостепената пресуда со која, на 30 декември 2024 година, Вишиот суд во Белград ги осуди Владимир и Милјана Кецмановиќ, родителите на момчето убиец од основното училиште „Владислав Рибникар“ кои го изврши масакрот во тоа училиште на 3 мај 2023 година, на вкупно 17 и пол години затвор. Со првостепената пресуда, Владимир Кецмановиќ е осуден на 14 и пол години затвор за кривично дело тешко кривично дело ...
Никола Спасојевиќ, сведок-соработник во постапката против кланот Вељко Беливук и Марко Миљковиќ за седум убиства, трговија со дрога и оружје ред Специјалниот суд изјавил дека Миљковиќ имал љубовница и дека ѝ купил„смарт автомобил со четири врати“ како подарок. Спасојевиќ, кој е кум на Марко Миљковиќ, вчера беше сослушан како сведок против Беливук, Миљковиќ и нивните сопруги Бојана и Тања во друга судска постапка, која се води поради ...
Тренерот на Бенфика, Жозе Мурињо, изрази длабоко разочарување од настапот на својот тим во натпреварот од осминафиналето на Португалскиот куп против Атлетико (2:0). – Игравме лошо во првото полувреме. Она што најмногу ме боли е кога играчите имаат лош став. Направив четири замени на полувремето, но би сакал да направам девет. Натпреварите треба да се сфатат сериозно. Проблемот не беше системот, туку фудбалерите. Некои клучни играчи не беа на ...
Вардар ја победи АП Брера попладнево на гостувањето во Струмица во 14. коло на Првата македонска фудбалска лига. Головите ги постигнаа Михаил Талевски и Димитар Тодоровски, двата во второто полувреме. Натпреварот се одигра во лоши услови, по тежок терен поради обилните дождови што ја зафатија земјава. Првиот натпревар од ова коло се одигра вчера, Силекс ја победи Македонија ЃП на гости со 2:1. Утре играат Тиквеш – Башкими и Арсими – Шкендија. ...
Немам конкретна цел да искачам уште некој врв, бидејќи со освојувањето на 14-те врвови над 8.000 метри, на некој начин тој животен круг ми е затворен и тоа е перфектен круг. Меѓутоа, во животот има една друга работа, а тоа е никогаш не вели никогаш, вели академик Сашко Кедев, кардиолог и алпинист. Кедев е првиот Македонец кој успеал да се искачи на сите 14 врвови повисоки од 8. 000 метри надомрска височина и сите највисоки врвови на седум ...
Аца Лукас синоќа е приведен за време на настап во Кавадарци. Иако во јавноста се појавија голем број шпекулации за апсењето на српскиот пејач, од Министерството за внатрешни работи официјално известија за настанот и што точно се случувало. Лукас бил приведен 10 минути по полноќ, при вршење на контрола на повеќе институции во угостителскиот објект каде тој имал настап. На терен излегле полициски службеници од ОВР Кавадарци, Одделение за ...
Српскиот претседател Aлександар Вучиќ најави дека ќе поднесе тужби против неколку западни медиуми – вклучувајќи ги „Гардијан“ и „Дејли меил“ – поради написи што лажно го поврзуваат со таканареченото „сараевско снајперско сафари“. Според Александар Вучиќ, обвинувањата се целосно измислени и лесно проверливи. „Никогаш во животот не сум држел снајперска пушка, дури и не сум слушнал за никакво „сафари“. Имам стотици сведоци, видеа – а таму каде ...
Пејачката Мирјана Мирковиќ, која меѓу првите пристигна во домот на Лепа Брена и Боба Живојиновиќ, домаќините ја доверија за музичкиот дел од вечерта. Денес, семејството Живојиновиќ го Аранѓеловден, а за своите гости кои деновиве полека пристигнуваат во вилата на Бежанијска Коса подготвија разни специјалитети. На прославата се појавија Жика Јакшиќ, кумовите Теодосиќ донесоа елегантен букет цвеќе за домаќинката Брена. Брена подготви свечена ...
Во 2003 година Цеца помина три месеци во Централниот затвор во Белград, по што беше ослободена без да биде покрената никаква обвинение против неа. Цеца за прв пат проговори за не толку убавиот период од својот живот, а еден детаљ што го откри тогаш изненади многумина. Додека лежела ја посетил министерот за човекови и малцински права Расим Љајиќ. Откри што му побарала на тогашниот министер. – . Ме праша на човечки начин: „Цеца, дали има нешто ...
Во седиштето на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) во Цирих, денес беа извлечени двојките за плејофот за пласман на Мундијалот 2026. Македонската репрезентација за ривал во полуфиналето ја доби репрезентацијата на Данска. Во евентуално финале, нашата репрезентација ќе игра со победникто од дуелот Чешка – Република Ирска, повторно на гостински терен. Другите полуфинални двојки за европскиот бараж се: Италија – Северна Ирска Украина – ...
На Самитот на лидерите од Западен Балкан за Планот за раст, што се одржа во Тирана, премиерот Христијан Мицкоски истакна дека за Македонија оваа иницијатива претставува „многу повеќе од политичка платформа“, нагласувајќи дека земјата веќе ги реализира првите резултати. Според Мицкоски, Македонија е првата земја во регионот што го операционализирала Инструментот за реформи и раст и прва што добила пред-финансирање. „Ова е резултат на посветена ...
– Во октомври се бележи годишен раст на вкупните депозити од 11,8 проценти, како и на вкупните кредити за 12,1 процент. Порастот на вкупните депозити, пред се, се должи на растот на депозитите кај домаќинствата, а растот кај кредитите произлегува од зголемените кредити на корпоративниот сектор. Физичките лица најмногу земале потрошувачки и станбени кредити и кај нив е забележан годишен раст соодветно од 10,2 проценти и 16,1 проценти. Кај ...
Обjавен е тајниот мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп кој содржи 28 точки. Тие вклучуваат одредби што се однесуваат на територијални прашања, реконструкција и политички статус на Украина, објави украинскиот пратеник Олексиј Гончаренко. Ова се 28 точки: 1. Суверенитетот на Украина ќе биде потврден. 2. Русија, Украина и Европа ќе склучат сеопфатен пакт за ненапаѓање; сите спорови од последните 30 години ќе се сметаат за ...
Судијата Ивица Стефановски ја напишал пресудата за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Речиси шест месеци по изрекувањето на казните, целосниот текст е предаден на бранителите на осудените. Тие најауваат дека ќе се жалат на Апелација и ќе бараат јавна седница. Љупчо Палевски Палчо, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев беа осудени на доживотен затвор за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски кон крајот на јуни. ...
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Владата Христијан Мицкоски, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓоргија Сајкоски и претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ Жаклина Пешевска, на покана на Македонско здружение „ВМРО-ДПМНЕ Албанија“ денеска во Тирана присуствуваа на отворање на новата канцеларија на ова здружение заедно на голем број Македонци од Албанија. Мицкоски, како што информираат од ВМРО-ДПМНЕ, во обраќањето пред ...