
Скопје
19ᴼ /
19ᴼ



Министерството за внатрешни работи распиша меѓународни потерници за поранешниот вицепремиер Артан Груби и директорот на Државна Лотарија Перпарим Бајрами кои се товарат за проневера на околу осум милиони евра од Државна лотарија. Јавното обвинителство вчера соопшти дека ќе побара од Министерството за внатрешни работи да распише потерница по овие две лица на кои Основноот кривичен суд им определи мерка притвор од 30 дена. Двете лица се недостапни ...
Ако сте шетале по линијата на фронтот во раните недели од војната во Украина, можеби сте слушнале извици на украински и руски, можеби помешани со звуците на регионалните јазици – бурјатски и чеченски. Денес, војниците од двете страни на конфликтот комуницираат на шпански, непалски, сомалиски, српски и корејски. Странските јазици во рововите се само еден знак дека конфликтот добива се поголема меѓународна димензија, пишува Политико, кој написот ...
Имплементацијата на Планот за раст на Западниот Балкан, напорите за регионална интеграција, како и можностите за натамошно унапредување на постепената интеграција меѓу Европската Унија и регионот, ќе бидат главни теми на денешниот Самит ЕУ-Западен Балкан на кој ќе учествува и премиерот Христијан Мицкоски, придружуван од министрите за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и за европски прашања Орхан Муртезани. Како што најави ...
По донесените решенија на Основниот кривичен суд Скопје со кое е определен притвор за двајца осомничени во истрагата за проневера во Државна лотарија, кои се недостапни на органите на прогонот, Основното јавно обвинителство Скопје вечерва до Министерството за внатрешни работи ќе издаде наредба за објава на национална потерница и изјава за распишување меѓународна потерница, соопшти ЈОРСМ. Кривичниот суд претходно вечерва им одреди триесетдневен ...
Владимир Доневски е адвокатот што ќе го застапува Артан Груби во случајот „Лотарија“, дознава „Пресинг ТВ“. Тој веќе се ангажирал за неговиот клиент кој во моментов се наоѓа на Косово, наводно поради приватни причини. „Пресинг ТВ“ стапи во контакт со Доневски кој рече дека брза на судење и не може да ни потврди дали е застапник на Груби. Според нашите сознанија, Доневски веќе се фатил за работа и вчера бил во Кривичниот суд за да се произнесе на ...
Премиерот Христијан Мицкоски уверува дека нема политички договор за амнестија на фамилијата Заеви. „Не, ние не не предупредувавме дека само Вице Заев е замешан, туку исто така предупредувавме и говоревме, и имавме прес конференции за многу инстант компании кои што се формирани во Тетово или во други градови во близина на седиштето на една политичка партија, која инстант се формира и веднаш се добитници на милионски бизниси во делот на увоз на ...
Пред почетокот на денешното рочиште за двојното убиство, обвинителката Жаклина Крстевска се изјасни дека не можат да го обезбедат сведокот Гоце Трајковски, кој може да биде клучен во истрагата бидејќи тој ги обезбедил клучните снимки од возилото на Панче Жежовски со кое беше грабната Вања Ѓорчевска. Обвинителката го информираше судијата Ивица Стефановски дека лицето не се наоѓа на пријавената адреса. Судијата најави дека ќе се обидат да го ...
На денешното рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, сведочеа двајца сведоци, Елвис Ибраими и Тодорче Георгиевски. Ибраими, виш инсектор во СВР Скопје учестувал во претресот на 3.12. 2023 година во селото Глумово во куќата на Баже Палевски, брат на обвинетиот Љупчо. Ибраими објасни дека при претресот биле одземени лаптот, таблет и ајфон. При тоа телефоните на членовите на семејството не биле запленети туку задржани на масата ...
Министерството за внатрешни работи распиша јавен конкурс за избор на правно лице за добивање лиценца за Испитен центар Битола. Јавниот конкурс за избор на правно лице за добивање Лиценца за сообраќаен испитен центар на подрачјето на СВР – Битола, дознаваме е во тек и се спроведува согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Конкурсот беше објавен, откако на постојниот Испитен центар на подрачјето на СВР-Битола му истече лиценцата ...
Премиерот Христијан Мицкоски, за ТВ21 изјави дека поранешниот прв вицепремиер Артан Груби заедно со уште едно лице ја напуштил земјава и заминал во Косово. Тој тоа го сторил со возило со дипломатски таблици, вели Мицкоски. Моите информации се дека поранешниот директор на Државна Лотарија подолго време не е во земјата, додека поранешниот вицепремиер во текот на вчерашниот ден со еден стопанственик, со возило со дипломатски таблици ја напуштил ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на прес-конференција соопшти дека се поранешен премиер и прв вицепремиер се дел од истрагата околу аферата со криминалот во Државна лотарија. – Поднесена е пријава против осум физички лица, од кои едниот е поранешен премиер, еден поранешен вицепремиер, еден поранешен директор на правно лцие и еден поранешен генерален секретар. Две од лицата не се достапни на органите на прогонот, изјави Тошковски. ...
Неколкумесечната предистражна постапка што ја спроведуваше јавен обвинител со Истражниот центар од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и МВР, вчеравечер резултираше со акција во која е разбиена криминална група, а која беше спроведена заедно со полициски службеници од МВР на подрачјето на општините Чаир, Арачиново, Шуто Оризари, Бутел и Студеничани. По барање на јавниот обвинител, а врз основа на Наредба ...
Ако за некој скандал за време на владеењето на ДУИ и СДСМ може да се рече дека е најголем тоа е сигурно Државната лотарија, попозната како златната кокошка од ДУИ. Се чини дека нема кој од ДУИ не е вмешан во неа. Денеска конечно почна да се отплеткува мрежата и се почна од најголемите „плетачи“-Артан Груби и поранешниот директор на Лотарија Прпарим Бајрами. Да, тие двајца се главата на октоподот наречен „Лотарија“ која за време на владеењето на ...
Првиот човек на Службата за општи и заеднички работи Ивица Томовски за „Република“ ја открива катастрофалната состојба во која се наоѓаат државните вили во Лазарополе и Охрид. Тој вели дека во лоша состојба е премиерската во Св.Стефан и претседателската „Билјана“, додека онаа во Лазарополе буквално се распаѓа. Двете вили во Охрид немаат ниту имотен лист. Вилите се во многу лоша состојба. Морам да кажам дека сите вили, освен таа во Лазарополе ...
Украина побара јавно извинување од Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), бидејќи на картата прикажана за време на жрепката за квалификациите за Светското првенство во 2026 година, полуостровот Крим не е дел од територијата на земјата, јави ДПА. На мапата на ФИФА се прикажани земјите кои не можеа да играат една против друга од политички причини, на неа Крим не е вклучен во границите на Украина. Русија го анектираше украинскиот полуостров во ...
Специјални полициски единици вечерва извршуваат засилени контроли на возила кои влегуваат и излегуваат од Арачиново, објави Портал Икс. Според информациите, полицијата извршила упад кај две криминални структури, при што се уапсени неколку лица. Истовремено, претреси се спроведени на повеќе локации во скопски Чаир и Велес, дознава 4NEWS.mk. Според првичните податоци, најмалку едно лице во моментов е недостапно за органите на прогонот, а ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Владата ќе има состанок со Советот на странски инвеститори. Од владината прес-служба соопштија дека по состанокот премиерот Мицоски ќе одржи прес-конференција во Медија центарот на Владата. Денешниот состанок беше договорен на претходната средба на Мицкоски со Советот на странски инвеститори одржан на 4 септември годинава. Владиниот тим предводен од премиерот и претставници на 40-тина компании со странски ...
Од денеска почнува кампањата „Помалку трошоци, повеќе за тебе – Се грижиме“ која опфаќа над 800 прехранбени производи со намалени цени од најмалку 10 проценти. Во новогодишната потрошувачка кошничка листа спаѓаат леб и житарици, пекарски производи, месо и преработки од месо, риба, млеко и млечни производи, кондиторски производи, свежо, замрзнато и конзервирано овошје и зеленчук, безалкохолни (газирани и негазирани) напитоци, алкохолни пијалаци ...
Во полициска акција што утрово била спроведена во Струга и во Гостивар уапсени се четири лица за кои има основано сомнение дека планирале во иднина да организираат одредени несакани настани кои би можеле да ја загрозат безбедноста како на Македонија, така и на други држави, изјави денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Тој појасни дека се постапувало по наредба од страна на Обвинителството за гонење организиран криминал и висока ...
Директорот на Службата за општи и заеднички работи Ивица Томовски во интервјуто за „Република“ уверува дека помина времето на евтино јадење и пиење во ресторанот на владата. Тој посочи дека цените се зголемени а зголемени се и маржите. Веднаш побаравме зголемување на цените. Од 15 проценти маржа ја кренавме цената на 50. Ако во 2020 година бифтекот чинел 210 денари сега е 730 денари. Мислам дека ова е соодветна цена. Овие услуги не ги користат ...
Одговорност за сите злоупотреби ќе има, внатрешната ревизија е веќе почната и како ги добиваме извештаите ќе ги проследуваме до полицијата и Обвинителството, кои се надлежни да постапуваат, најавува директорот на Службата за општи и заеднички работи Ивица Томовски. Тој во интервјуто за „Република“ објаснува зошто е потребно да се купи нов владин авион и дека веќе нема јадење во рестранот на Владата по дисконтни цени. Што се случува со владиниот ...
Од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога и оружје и СВР Струмица- ОВР Валандово запленети се околу четири тони марихуана од правно лице во село Јосифово- Валандово, соопшти утрово МВР. Имено, при крајот на октомври и почетокот на ноември 2024 година во правното лице за производство,трговија и услуги со приоритетна дејност, одгледување на останати повеќегодишни посеви и ...
Одржувањето безбеден и стабилен регион на Западен Балкан е приоритет за НАТО и за САД, соопшти мисијата на САД во Алијансата. „Оваа недела, бевме домаќини на шест експерти од Западен Балкан – од Албанија, Босна и Херцеговина, Србија, Македонија и Црна Гора – во седиштето на НАТО, истакнувајќи го нашиот политички дијалог и практична соработка со Западен Балкан“, се нагласува во објава на Мисијата на САД во НАТО на платформата X. Како што е ...
Во јавноста не стивнуваат реакциите по одлуката на Уставниот суд да одржи подготвителна седница на Законот за употреба на јазиците. Претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски синоќа во телевизиско интервју изјави дека е исклучително корисно одржувањето на вакви седници и дека тоа е еден од начините на кои тие ја градат довербата и ги уверуваат граѓаните во нивната непристрасност и независност. Најави дека подготвителната седница за ...
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски и директорот на Дирекцијата за Технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ) Гоце Димовски, денеска ќе присуствуваат на поставување на камен темелник на изградба на фабрика за електронски батерии за автомобили на Белгиската компанија „Avesta Battery and Energy Engineering“ во ТИРЗ Кичево. Договорот на инвестицијата е во вкупна вредност од 40 милиони евра и отворање на 600 нови работни места. Во првата ...
На вчерашното гостување во „Само интервју“ на Канал 5 телевизија, министерот за транспорт и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, истакна три столба за митот за Али Ахмети на коишто се држеше лидерот на ДУИ, но пропаднаа за само неколку месеци во опозиција. Првиот беше дека е чесен. Со последните случувања во последните година и пол, две, и скандалите коишто главно јавноста ги извади, но и ВМРО-ДПМНЕ, тој мит падна. Вториот мит ...
Семејството Асад има и голем имот во Москва. Апартманите се наоѓаат во комплексот Москва Сити Капитал полн со луксузни стаклени облакодери. Поранешниот сириски претседател Башар ал Асад, неговата сопруга Британка и нивните три деца ќе започнат нов живот во Русија откако Владимир Путин им дал азил, пишува Дејли мејл. Асма Ал-Асад, родена во Лондон, вклучувајќи ги синовите Хафез и Карим, на возраст од 24 и 21 година, и ќерката Зеин (22) сега се ...
Во пресрет на акцијата „Новогодишна кошничка“, најавена за 15. месецов, пазарните инспектори ги мониторираат сегашните цени на производите кои ги содржи акциската листа заедно со најниските цени на истоимените производи кои биле применувани во последните 30 дена. Со акцијата се очекува намалување на цените на производите за 10 и повеќе проценти. Во меѓувреме статистиката регистрираше зголемувањето на трошоците на животот во групата храна и ...
Видеото кое се појави на социјалните мрежи покажува наводен магацин во Сирија во кој се наоѓа каптагон, дрога што ја претвори земјата во нарко-држава под власта на поранешниот претседател Башар ал Асад. Големиот магацин се наоѓа во седиштето на воената дивизија во близина на Дамаск, со која командувал братот на Асад, Махер. Тоа е „еден од најголемите капацитети за складирање за производство на каптагон таблети. Режимот на Асад бил вклучен во ...
Бојан Јовановски во интервјто за ТВ Пинк најави дека јавноста наскоро ќе дознае кое е лицето од Србија кое го уништило и морално, емотивно и материјално. Тоа е личност од Белград.Тој лик кога сево ова ми се случи ме украде и дека тогаш видов што значи човечко дно.Што му украде и како тоа се случи ќе дознае цела Србија бидејќи тоа е монструозно-рече Јовановски кој наскоро најави и документарен филм за него.. Вели дека здравствената состојба ...