Денеска времето ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност. Во попладневните часови локално ќе има услови за нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се движи од 10 до 18 степени, додека максималната ќе достигне од 30 до 38 степени Целзиусови. Во Скопје ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Попладне, во делови од котлината, се очекува појава на ...

Судењето на Дуејн „Кифи Ди“ Дејвис, обвинет за осмислување и организирање на убиството на раперот Тупак Шакур во 1996 година, почнува денеска во Лас Вегас. Дејвис (63) е обвинет за убиство со смртоносно оружје со намера за поттикнување, напредување или помагање на криминална банда. Обвинителите не велат дека тој бил стрелецот, туку дека го организирал нападот како одмазда за тоа што Тупак и неговата придружба го претепале внукот на Дејвис во ...

Најмалку пет Палестинци се убиени, а 18 се повредени во новите израелски напади врз Појасот Газа во изминатите 48 часа, соопшти Министерството за здравство во енклавата. „Израел уби најмалку 1.265 лица и рани 4.198 во Газа откако стапи на сила „прекинот на огнот“ постигнат со посредство на САД минатиот октомври“, се наведува во соопштението на министерството, објавено на Телеграм. Според податоците на палестинското Министерство за здравство, ...

Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот му се закани на Оман со напад доколку земјата се вмеша во напорите на САД во Ормускиот Теснец, додека продолжува конфликтот со Иран и истекува 60-дневниот рок за мировни преговори меѓу Вашингтон и Техеран. „Ако Оман ни се испречи на патот, ќе го бомбардираме до целосно уништување“, изјави Трамп во интервју за Треј Јингст од „Фокс њуз“. Коментарите на американскиот претседател уследија ...

Долгогодишниот проблем со водоснабдувањето во Долно Соње добива конкретно решение. Денеска започна бушењето на нов истражно-експлоатационен бунар, со планирана длабочина од 100 метри. Информацијата ја објави градоначалникот на Општина Сопиште, Јане Мицевски, кој посочи дека Општината е целосно свесна за проблемот со кој со години се соочуваат жителите. Работите на терен ги изведува Градежниот институт на Македонија, а очекувањата се дека ...

Општина Ѓорче Петров вечерва започна со вонредно прскање од земја против комарци, со цел навремено и ефикасно да се намали нивното присуство и да се заштити здравјето и квалитетот на живот на жителите. – Реагираме навремено. Се грижиме за секое населено место. За побезбедно и попријатно Ѓорче Петров! Грижата за граѓаните е наш приоритет! – напиша на Фејсбук градоначалникот оваа скопска општина Александар Стојкоски. Вонредното прскање против ...

Воен авион на француските Воздухопловни и вселенски сили денеска принудно слетал на автопатот 113 во близина на Салон де Прованс, по што се запалил. Двете лица кои се наоѓале во авионот се полесно повредени. Инцидентот се случил околу 9:45 часот, кога авионот, кој се користи за обука на пилоти, морал принудно да слета на автопатот. Авионот полетал од воената база 701 во Салон де Прованс, пренесува „Фигаро“. Во него се наоѓале инструктор и ...

Тројца членови на исто семејство, меѓу кои бремена жена, нејзиниот малолетен син и нејзината мајка, беа ликвидирани во синоќешната пукотница што се случи во шпанското одморалиште Ел Росо, на Коста де ла Луз. Според првичните информации, двајца маскирани мажи пристигнале со мотоцикли и отвориле оган врз семејството, по што веднаш побегнале од местото на настанот. Локалната полиција потврди дека уште две лица биле погодени во вкрстениот оган, ...

Пожар што избил денеска околу 13:30 часот во близина на прилепското село Чаниште брзо се проширил кон населеното место, при што зафатил најмалку една куќа и помошен објект, но со навремена интервенција на противпожарните екипи е спречена поголема катастрофа. Медицинските екипи интервенирале кај две жителки на селото кои вдишале чад, но нивната здравствена состојба во моментот е стабилна – изјави директорот на Дирекцијата за заштита и ...

Почесна артилериска стрелба денеска се одржа во касарната „Илинден“ во Скопје. Министерот за одбрана Владо Мисајловски на социјалните мрежи сподели видео од свечениот чин и порача: „Нека одекне гордоста!“. Почесната артилериска стрелба е дел од одбележувањето на празникот посветен на Армијата, нејзините припадници и нивната посветеност во исполнувањето на задачите и заштитата на безбедноста на државата. Денот на Армијата – 18 Август, се ...

Министерот за локална самоуправа Иван Стоилковиќ, денеска оствари работна средба со постојаниот координатор на Обединетите нации во земјава, Рита Колумбиа, постојаниот претставник на УНДП, Армен Григоријан и проектен менаџер од УНОПС Калинка Габер. Како што се наведува во соопштението од Министерството за локална самоуправа, на средбата која се одржала во конструктивна атмосфера, било разговарано за актуелните и идните проекти, како и за ...

Просторот покрај реката Серава во Бутел 1, кој со години беше запуштен и неуреден, добива нов лик. Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, објави дека просторот се трансформира во нова, уредена зона наменета за рекреација и одмор. „Создаваме ново место за прошетка, рекреација и дружење, простор каков што заслужуваат жителите на Бутел 1“, порача Костовски. Тој додава дека целта е запуштениот простор покрај Серава да прерасне во ...

До 18:00 часот регистрирани се вкупно 22 пожари на отворен простор, од кои седум се активни, два се под контрола, а 13 се изгаснати. Центарот за управување со кризи соопшти дека активни е пожарите во с. Моране – с. Вртекица – с. Рамни Габер (мешана шума), с. Батинци, Општина Студеничани, с. Палиград (ниска вегетација и шума), Општина Зелениково, м.в. Видуш, кај с. Драгов Дол и кај с. Локвица (ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки), ...

Родители извозиле околу 100 километри на автопат во Италија без да забележат дека нивниот 31-годишен син починал на задното седиште од автомобилот, мислејќи дека тој спие, објави „Кориере дела Сера“. Трагедијата се случила вчера околу 7:30 часот на автопатот А21 Торино-Пјаченца, додека семејството со романско потекло патувало кон Торино. Таткото управувал со возилото, мајката била на совозачкото место, а нивниот син седеле на задното седиште. ...

Најмалку десет лица го загубија животот во тешка сообраќајна несреќа откако туристички автобус се преврте во планински регион во близина на Рио де Жанеиро, Бразил, соопшти Федералната сообраќајна полиција. Несреќата се случила во раните утрински часови, околу 4:30 часот по локално време, во моментот кога возилото се спуштало по планинскиот пат кон градот, пренесува локалниот портал „Гаучаж“. Автобусот, кој е во сопственост на превозничката ...

Министерството за внатрешни работи соопшти дека синоќа се изречени 63 санкции за возење под дејство на алкохол на територија на цела држава, додека лишени од слобода се осум возачи по член 297-а од Кривичниот законик. Во текот на измината вечер (16/17.08.2026) во периодот од 23:00 до 05:00 часот Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под ...

Утре почнуваат уписите на државните универзитети на нови студенти во академската 2026/2027 година. На најстариот универзитет УКИМ на вкупно 23 факултети предвидени се 8.851 место од кои 4.395 за редовни студенти, 3.621 со кофинансирање и 835 вонредни студенти. Уписите во првиот рок се предвидени и на 19 август. На УКЛО за додипломските студии има места за 2.115 нови студенти. Од нив 1.074 се во државна квота, останатите 612 и 429 се наменети ...

Досегашниот тек на истрагата, што од февруари годинава се води во ОЈО ГОКК за организиран транспорт на наркотична дрога марихуана од РСМакедонија во РСрбија, укажува на поширок круг лица инволвирани во организираната криминална активност. Обезбедените докази што произлегуваат од преземените истражни дејствија и меѓународната соработка со надлежните органи на РСрбија, резултираа со донесување нова Наредба за спроведување истражна постапка ...

Министерот за правда Јетон Шасивари одржа работна средба со претставници на Проектот на Европската Унија за владеење на правото, на која беа разгледани досегашната соработка и договорени идните активности. Во изминатиот период проектот обезбеди значајна експертска и финансиска поддршка во клучни реформски процеси, вклучително и во подготовката на законите за Академијата за судии и јавни обвинители, Судскиот совет и Законот за судовите, како и ...

На 16 август 2026 година околу 20:00 часот во СВР Скопје, 41-годишниот И.М. пријавил дека во дворот од неговата куќа во село Батинци, скопско, бил физички нападнат од С.С., М.С., Н.С., А.С. и Р.С. Според пријавеното, Н.С. со тврд предмет скршил стакло од влезната врата, додека С.С. со остар предмет им нанел расекотини на пријавителот и неговиот малолетен син. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за ...

Македонија и официјално го потврди своето враќање на Изборот за песна на Евровизија 2027, кој ќе се одржи во бугарскиот крајбрежен град Бургас. Според најавите на градоначалникот на Бургас, Димитар Николов, на претстојниот евровизиски натпревар се очекува рекордна конкуренција со претставници од повеќе од 40 држави. „Повеќе од 40 држави, рекорден број земји, ќе учествуваат следната година“, истакна градоначалникот Николов. Заклучно со 16 ...

Во текот на измината вечер (16/17.08.2026) во периодот од 23:00 до 05:00 часот Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол на територијата на целата држава, при што санкционирани се 63 возачи. Од нив, по 12 на територијата на СВР Битола и СВР Куманово, по девет на територија на СВР Велес и СВР Охрид, осум на територија ...

Министерот за здравство, Сашко Клековски, најави дополнително вонредно прскање против комарци, СМС пораки за заштита за жителите во загрозените подрачја и контрола на живината, апелирајќи до граѓаните на максимална дисциплина и намалување на водените површини и базените за рекреација. „Е сега тука доаѓаат предизвиците. Веќе во Скопје од Google Map е воочено дека има многу водени површини во засегнатите места, кои се користат за рекреативни ...

Дваесетгодишниот Јован Костадинов од Виница, кој спаси 21 живот во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани во март 2025 година, е еден од 16-те добитници на годинашната награда „Младинска храброст 2026“ (Young Courage Award). Признанието го доделува Академијата „Раул Валенберг“, во соработка со Шведскиот институт и шведските амбасади, за млади луѓе на возраст од 13 до 20 години кои со своите постапки поттикнуваат позитивни промени. ...

СВР Скопје – Единица за насилен криминал – Одделение за насилен криминал поднесе кривична пријава против Е.М., Е.Р.(30), Ѓ.А., А.Р.(32) и еден малолентик поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“ по член 396 став 3 од Кривичниот законик. Имено, на 16.08.2026 во 01:15 часот на подрачјето на општина Аеродром настанала физичка пресметка помеѓу Н.Е.(36) и Е.М.(43) од Скопје. Притоа, С.И.(23) од Скопје се обидел да му ...

Во текот на изминатото деноноќие, на целата територија на државата, полициските службеници лишиле од слобода 11 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со возило“. Од нив, осум возачи управувале возило без возачка дозвола, од кои еден бил малолетник. Додека, тројца возачи управувале возило под дејство на алкохол, соопштија од МВР. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме ...

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, упати нов апел до граѓаните за максимална внимателност и одговорност во текот на летниот период за да се спречат пожари на отворен простор. При обиколка на подрачјето покрај реката Треска, Ангелов преку видеопорака укажа на конкретен пример каде што било поставено огниште за скара во непосредна близина на сува трева и суви гранки кои водат кон шумата. Тој предупреди ...

Вчера во 11:00 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.О.(61) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека се заканувал на неговиот 40-годишен внук и се обидел да го нападне со тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. Вчера во 11:00 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.О.(61) ...

Вчера во 20:30 часот во СВР Битола, А.С.С.(35), параглајдерист од Полска пријавил дека слетал на непознат терен над с.Стровија, долго пешачел, дека е изморен, но не и повреден. На 17.08.2026 околу 03.00 часот на непристапен терен на планината Даутица, полициски службеници од Полициското одделение Ропотови и од Полициската станица Прилеп го пронашле А.С.С. во добра здравствена состојба и е пренесен во местото каде престојува. Вчера во 20:30 ...

Проектот за уредување на коритото на реката Серава и изградбата на нова пешачка патека во Бутел влегува во својата завршна фаза, соопшти градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Проектот опфаќа нова пешачка патека во должина од 1.590 метри, наменета за рекреација и прошетка на граѓаните. Во рамките на уредувањето е поставено современо ЛЕД осветлување, нови клупи, урбана опрема, зеленило, како и нови детски игралишта. – Нашиот народ ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
70%
1026
weather icon

Белград

6ᴼ / 4ᴼ
2.06
74%
1027
weather icon

Загреб

8ᴼ / 5ᴼ
2.06
62%
1028
weather icon

Софија

3ᴼ / 1ᴼ
1.03
83%
1027
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
84%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
0.51
85%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

15ᴼ / 13ᴼ
1.03
63%
1022
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
66%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
4.12
67%
1029
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
59%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.14
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Паладиум

32279.35

Цинк

3.76

Родиум

295786.87

Рутениум

61086.42

Злато

130856.75

Иридиум

315077.32

Бакар

12.58

Кобалт

33.53

Калај

46.54

Платина

49319.25

Алуминиум

3.07

Сребро

1670.34