Скопје
24ᴼ /
24ᴼ
Средба на Сиљановска-Давкова со потпретседателот на Владата на Република Словачка и министер за одбрана, Роберт Калињак Во рамките на официјалната посета на Република Словaчка, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска во Братислава оствари средба со потпретседателот на Владата на Република Словачка и министер за одбрана, Роберт Калињак. Вицепремиерот ја реафирмираше силната словачка поддршка на македонскиот евроинтеграциски пат. ...
Практиката да се остават прозорците на автомобилот делумно отворени за време на летните жештини за да се проветри внатрешноста е казнива во неколку земји од Европската Унија. Иако за многу возачи ова е вообичаена навика за справување со високите температури, сообраќајните закони во Италија, Германија, а од неодамна и во Грција, предвидуваат глоби за ваквото невнимание. Грција воведе нови правила Според списанието Autopista, повикувајќи се на ...
Добредојде за претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, во Скопје, напиша на социјалните мрежи шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски. Попладнево, во рамки на неговата регионална посета, го пречекавме претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта. Посетата претставува значајна можност за размена на мислења за европската перспектива на државата, реформската агенда и понатамошните чекори во евроинтегративниот процес. ...
Американскиот претседател Доналд Трамп упатил сериозни и остри критики кон израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за време на телефонски разговор фокусиран на ескалацијата на конфликтот во Либан. Порталот „Аксиос“, повикувајќи се на американски претставници запознаени со ситуацијата, јавува дека Трамп изразил силна вознемиреност од најавите за нови израелски напади врз Бејрут, предупредувајќи на меѓународна изолација на Израел. „Потполно си ...
Дино Бешлиќ, синот на Сејда и Халид Бешлиќ, се огласи на социјалните мрежи по смртта на неговата мајка, која ја загуби долгогодишната битка со тешката болест. Тој сподели фотографија од болничките денови, придружена со емотивна порака која ја потресе јавноста. „Мајко моја, оставен сум на тебе. Многу те сакам“, напиша Дино Бешлиќ покрај црно-белата фотографија со своите родители, направена во болнички услови каде што Сејда ги минуваше деновите ...
Во Министерството за правда денес се одржа шестата седница на Работната група за реформи во изборното законодавство во позитивна атмосфера, што покажа подготвеност за изнаоѓање компромисни решенија. На седницата беше усвоен записникот од претходната седница, по што членовите на Работната група пристапија кон разгледување на доставените мислења, предлози и забелешки од политичките партии, институциите, регулаторните тела и граѓански ...
Мицкоски најавува големи промени и реорганизација, и во Владата и во партијата, се вели во соопштението од СДСМ. „Во Владата ќе биде козметика. Ќе менуваат имиња, ќе прават фотосесии, ќе ни продаваат „нова енергија“. А зад сè ќе остане истото, Мицкоски и неговата криминална група кои водат во изолација и продолжуваат со кражба. Во партијата, пак, ќе биде чистка. Како и со потпретседателите. Ќе ги отстрануваат сите кои не се 100% лојални, кои ...
Во текот на денешниот ден, овластени службени лица од Управата за финансиска полиција, постапувајќи по наредби издадени од судија на претходна постапка во координација и под раководство на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, спроведуваат претреси на домови, деловни простории и лица на повеќе локации. Акцијата произлегува од предистражна постапка насочена кон откривање и ...
Можам да потврдам дека под координација на ОЈО ГОКК, Управа за финансиска полиција спроведува акција поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела од коруптивна природа. Акцијата уште трае. Како што знаете додека се постапува не може да се споделат повеќе детали, велат од ОЈО ГОКК за Пресс24. Да потсетиме, полицијата во моментов спроведува голема акција и претреси поради сомнежи за сериозен финансиски криминал тежок околу ...
Полицијата во моментов спроведува голема акција и претреси поради сомнежи за сериозен финансиски криминал тежок околу 350.000 евра, дознава Press24. Според првичните и сè уште неофицијални информации, истрагата е насочена кон злоупотреби поврзани со јавни набавки. Како што дознаваме, предмет на истрагата е „тендерот за одржување на терминалите и царинските простори“. Во моментот на терен се одвиваат засилени полициски активности и се ...
Управата за финансиска полиција, во координација со Основното јавно обвинителство, денеска спроведе акција во која се обезбедени четири лица осомничени за наводни злоупотреби поврзани со тендерска постапка која произлегува од Управата за царинско работење. Според првичните информации, меѓу приведените е и поранешниот директор на Царинската управа, Стефан Богоев, поранешен потпретседател на СДСМ и екс градоначалник на Општина Карпош. Меѓу ...
Мицкоски вели дека помислил дека антикорупцискиот закон на Фронтот за вистина и правда е за рубриката „Верувале или не“, велат од СДСМ. „Па да му објасниме. Постојат два СДСМ во неговата глава. Едниот е оној што секој ден го напаѓа преку 40% од медиумите на криминална група ВМРО под Орбан. Со сите лаги за згради од 42 ката во Дубаи, Венеција, Харис Џиновиќ, Сент Мориц… Другиот е вистинскиот СДСМ, оној што сруши режимот заедно со граѓаните, ...
Општина Карпош ќе обезбеди бесплатни часови по пливање за сите деца од прво до трето одделение, а влезот на новоотворениот базен за сите ученици од оваа општина ќе биде целосно бесплатен, најави денеска заменик-градоначалникот Неделчо Крстевски. Новиот спортски објект денеска беше свечено пуштен во употреба, а неговите димензии и карактеристики се целосно прилагодени за потребите на најмладите. Базенот е широк девет метри, долг е 25 метри, а ...
Светската метеоролошка организација (СМО) при Обединетите нации предупредува дека во наредните месеци постои можност за развој на умерен до силен Ел Нињо феномен, кој може да предизвика значително зголемување на глобалните температури и појава на поекстремни временски услови ширум светот. Овој климатски пореметувач е добро познат по својот капацитет целосно да ги измени временските прилики на неколку континенти одеднаш. Според Светската ...
Лишени од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило, шест возеле без возачка дозвола, еден под дејство на алкохол и двајца и покрај тоа што имале активна забрана. Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило, еден под дејство на алкохол и двајца и покрај тоа што имале активна забрана Во Скопје две лица управувале возило без ...
Владата, на предлог на Министерството за транспорт, донесе Одлука за ограничување на пловидбата на пловни објекти на Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро, со цел зголемување на безбедноста на капачите и учесниците во пловидбата. Мерката стапува на сила веднаш и ќе ги опфати клучните месеци од претстојната летна и есенска туристичка сезона. „Од Министерството информираат дека мерката е насочена кон заштита на човечките животи, ...
Ниту една компанија во земјава не смее да нуди работа за плата која е пониска од законски утврдената минимална плата, категоричен е министерот за економија и труд Бесар Дурмиши. Тој најави итни инспекциски контроли на терен и казни за сите кои го прекршуваат законот. Реакцијата на министерот следува по информациите во јавноста дека на официјалната веб-страница на Агенцијата за вработување во моментов се нудат дури 9.000 слободни работни места ...
ОВР Кочани поднесе кривична пријава против Ј.М.(24) и А.М.(21), двајцата од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. Како што се наведува во полицискиот билтен, на 13.11.2025 кај место викано „Вила вон град“ во Кочани, пријавените со тврди и метални предмети го нападнале Џ.С.(30) од Крива Паланка, при што му го оштетиле неговото патничко возило. Исто така, ОВР Кочани поднесе кривична пријава и против ...
Неповолно мислење за финансиското работење на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за 2024 година изрече Државниот завод за ревизија, откако беа лоцирани низа прекршувања на законите, нецелосни пописи и спорни ангажмани со договори на дело. Наодите на ревизорите упатуваат на незадоволително ниво на финансиска дисциплина. „Изразивме неповолно мислење во однос на вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и за усогласеност на ...
Суштината на процесот на интеграција во Европската Унија е исполнување на Копенхашките критериуми и европеизација во сите сфери на општеството, порача денеска претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од Братислава, нагласувајќи дека Балканот историски и културно припаѓа во Европа. Македонската претседателка ги изнесе овие ставови на заедничката прес-конференција со нејзиниот словачки колега Петер Пелегрини. „Се согласувам дека ...
Економските односи меѓу Македонија и Словачка бележат нова динамика по потпишувањето на меморандумот за соработка, соопшти денеска словачкиот претседател Петер Пелегрини по средбата со македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова во Братислава. Според словачкиот шеф на државата, бизнис заедниците од двете земји веќе преземаат конкретни чекори за засилување на размената. „По потпишувањето на меморандумот за соработка во делот на ...
Авионот во кој се превезуваше македонската фудбалска репрезентација денеска беше приморан привремено да ја прекине рутата кон Скопје и веднаш по полетувањето експресно да се врати назад на меѓународниот аеродром во Истанбул, објави 4news. Според официјалните радарски податоци од сервисот Flightradar24, се работи за летот со број FH1949, управуван со авион од типот Airbus A320-214 со регистрација TC-FHK, во сопственост на авиокомпанијата ...
Вчера во 17:00 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Т.Џ.(50) од Гостивар. Претходно, по добиена судска наредба, бил извршен претрес во неговиот дом во врска со кривични дела по член 237, 396 и 215 од Кривичниот законик. При претресот, во една од собите била пронајдена облека поврзана со кривично дело „разбојништво“ (член 237), додека на балконот била пронајдена саксија со две стебла од растението канабис. ...
Билатералниот спор со Република Бугарија мора да се решава врз принципите на реципроцитет, а не преку политики на отстапки, изјави денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, упатувајќи критики до претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Според владејачката партија, досегашниот начин на водење на надворешната политика на земјата е трајно променет. „Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите, билатералниот спор со ...
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) попладнево соопшти за дејствување на влажна и нестабилна воздушна маса која носи врнежи и невреме во повеќе региони низ државата, со посебен акцент на југоисточниот и централниот дел. Од метеоролошката служба излегоа со конкретни детали за моменталната состојба на теренот според нивните последни радарски мерења. „Врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет во околината на Кичево, Кавадарци и ...
Вчера околу 11:40 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош е пријавено дека во хотел на подрачјето на Бит Пазар бил пронајден починат З.Ј.(74) од Тетово, кој бил гостин во хотелот. Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство. Извршен е увид, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција. Вчера околу 11:40 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош е пријавено дека во хотел на подрачјето на ...
Утрово во 03:00 часот во кругот на РЕК Битола – рудник „Суводол“, полициски службеници од СВР Битола ги лишија од слобода Д.Ќ.(25) од Битола и С.А.(18) од Прилеп, затоа што биле затекнати при вршење на тешка кражба во комбинатот. Одземеното било вратено, а по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава. Утрово во 03:00 часот во кругот на РЕК Битола – рудник „Суводол“, полициски службеници од СВР Битола ги лишија од ...
Вчера во 14:38 часот во СВР Битола е пријавено дека на крстосницата од ул.„Партизанска“ и ул.„Македонска фаланга“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Л.Х.(21) од Битола и патничко возило „пежо“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од З.Т.(67) од Прилеп. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од патничкото возило „пежо“, ...
Вчера во 20:40 часот во СВР Скопје, 44-годишен маж од Скопје пријави дека во периодот од 27.05. до 01.06.2026 бил измамен од Д.П. за сума од 309.800 денари. Според пријавеното, тој со Д.П. се познавал од претходно, а бил измамен на тој начин што Д.П. требал да му посредува при земање на кредит од банка, односно во неколку наврати му ги дал парите за покривање за трошоците за подигање на кредитот. Се преземаат мерки за расчистување на ...
Ноќеска во 01:20 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.П.(46) од Скопје затоа што при обид за легитимирање од страна на полициски службеници извадил пиштол и испукал еден куршум кон полициските службеници, по што се дал во бегство, а по преземени мерки бил пронајден и приведен. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. Ноќеска во 01:20 часот во ...