Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Денеска, градоначалникот на Општина Карпош Сотир Лукровски изврши посета и увид во состојбата и условите во градинките „Орце Николов“ во Карпош 2 и „Мајски цвет“ во Тафталиџе. Притоа, првиот човек на Општината разговараше со раководствата и вработените, каде беа разгледани просторните услови, инфраструктурата и секојдневното функционирање на објектите, како и предизвиците со кои се соочуваат тие. Целта на денешната средба беше согледување на ...
Заврши пријавување на кандидатите за упис во прва година во академската 2026-2027 година на 12 факултети и три академии на Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД) во Штип. Според првичните податоци, во првата уписна фаза, на студиските програми на македонски јазик, пријави поднеле околу 1.150 кандидати, што претставува над 70 проценти од предвидената државна квота на универзитетот. Проректорот за настава на УГД-Штип, Сашо Коцески информира дека ...
Ставен е под целосна контрола пожарот кој неколку денови беше активен на планинатата Жеден, а којшто навлезе во атарот над село Бојане и најверојатно ќе биде целосно изгаснат, изјави вечерва директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов. Со тоа, потенцира Ангелов, чадот што од тука одеше во насока на Скопје и се чувствуваше насекаде низ градот, значително ќе се намали. Авни Амети, командир на тетовската противпожарна ...
Џетлира Фониќи е 25-годишна жена која во неделата навечер, на 23 август, била убиена во Малишево, пренесуваат косовските медиуми. Членовите на семејството се простуваат од починатата, споделувајќи ја трагедијата, додека полицијата соопштила дека трудницата починала од прострелни рани, пренесува Klankosova.tv. Според полицијата, Фониќи и нејзиниот сопруг биле пронајдени тешко повредени во спалната соба. Жената не ги преживеала повредите, ...
Заменик-директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов во објава на социјалните мрежи ги окарактеризира како тероризам случувањата на планината Китка, каде веќе десетина дена има пожар. -Почитувани, јавноста мора да знае одредени факти за пожарот кој веќе десетина дена беснее на планината Китка. Тоа е пожарот кој најпрво започна на територијата на општина Студеничани од каде за неколку дена се префрли и на територија на општина Зелениково ...
Сопственикот на швајцарскиот бар „Ле Констеласион“, кој беше зафатен во смртоносниот пожар во Кран Монтана, повторно се најде во центарот на вниманието на јавноста, но овојпат поради одвоен случај поврзан со неговиот приватен живот. Жак Морети е приведен под сомнение дека физички ја нападнал неговата сопруга Џесика Морети. Инцидентот се случил во ноќта меѓу 11 и 12 август во домот на брачниот пар во кантонот Вале. По пријавениот напад, Морети ...
Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи при вчерашната акциска контрола на територијата на целата држава констатирал 140 прекршоци и осум кривични пријави за возачи на велосипеди, мопеди и мотоцикли. Акцијата е спроведена во периодот од 17:00 до 22:00 часот. Како што информираат од МВР, од сите 140 констатирани прекршоци, 102 се однесуваат на управување без задолжително носење заштитен шлем – кацига. Констатирани ...
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) попладнево информира дека во одредени делови од земјата има појава на град, пороен дожд и засилен ветер. – Источно од Крушево има појава на град, пороен дожд, засилен ветер и грмежи. Северно од Велес има појава на пороен дожд и можна појава на суградица – посочуваат од УХМР. УХМР информира дека до крајот на денот наместа ќе има услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во вечерните часови ...
ЈКП „Водовод“ – Битола денес започна со реконструкција на водоводната мрежа на делница од улицата „Маркс и Енгелс“ во Битола. Профил 1: 184,28 м Профил 2: 69,48 м Куќни приклучоци: 35 Вкупна должина со приклучоци: 396,8 м Овој проект е дел од проектите добиени во рамките на Вториот повик на Владата на Република Северна Македонија за поддршка на проекти за унапредување на локалната самоуправа. Реконструкцијата претставува дел од пошироките ...
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднесе кривична пријава против А.Ј. од Куманово, вработен во Министерството за внатрешни работи, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“. Според пријавата, на 22 април 2026 година, А.Ј. управувал моторно возило без положен возачки испит, при што возел и со брзина поголема од дозволената, соопшти МВР. ...
Вчера во 18:30 часот на Плоштад „Крушевска Република” во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го уапсиле а Б.К.(71) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во куќа во Охрид агресивно се однесувал и упатувал закани кон М.Ј.(28) од Кичево и кон други присутни лица, а потоа ги испрскал со запалива течност. „По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 288 од Кривичниот законик – ...
Министерот за правда Јетон Шасивари остварил средба со амбасадорот на Република Полска во земјата, Мариуш М. Бримора, на која биле разменети мислења за актуелните состојби и за приоритетите во областа на правосудството, како и за можностите за натамошно унапредување на соработката меѓу двете земји. Во фокусот на средбата, како што се наведува во соопштението од Министерството за правда, биле законите од реформската агенда, со посебен акцент ...
Густ чад го покри Скопје, а од Водно скопската котлина едвај се гледа. Снимките од камерите покажуваат дека видливоста е значително намалена. Причината е чадот што ветерот го носи од повеќе активни пожари во скопскиот регион, но најмногу од планината Жеден кај село Бојане. Од актигвните пожари денеска најсериозно е на Китка, каде што гори мешана шума на територијата на Студеничани и Зелениково. Во гаснењето е ангажиран и хеликоптер на МВР. ...
Секторот за внатрешни работи Тетово поднесе кривична пријава против 67-годишниот К.К. од Тетово, под сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. Според информациите од полицијата, инцидентот се случил на 29 мај годинава на Акушерското одделение во болницата во Тетово, каде што пријавениот бил вработен. Тој започнал агресивно да се однесува кон своја колешка, по што и физички ја нападнал и ја ...
Шеесет и тригодишна жена од грчкиот остров Закинтос е уапсена и соочена со висока парична казна од 30.000 евра поради убиство на мачка, информираше денеска локалната полиција. Случајот во полиција го пријавил сопственикот на животното. Според информациите кои ги пренесе грчкиот портал „Катимерини“, приведената жена е жителка на местото Ромири. Од Здружението за благосостојба на животните на Закинтос (ЗОМЗ) појаснија детали околу настанот, ...
Вчера во 11:30 часот во СВР Скопје, В.С.(47) од село Неготино, гостиварско, пријави дека во 10:30 часот во село Долна Матка, по претходна расправија со вработен во комплексот околу прошетка со чамец, таа, нејзиниот сопруг и нивната ќерка биле физички нападнати од три лица, информираа од МВР. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. Вчера во 11:30 часот во СВР Скопје, В.С.(47) од село Неготино, гостиварско, пријави дека во ...
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) издаде повеќе последователни предупредувања за силно невреме што попладнево погоди делови од земјава. Според информациите од метеоролошката служба, невреме следено со пороен дожд, засилен ветер, грмежи и можност за суградица првично го зафати Македонски Брод, по што нестабилноста се прошири во југоисточен правец. Кратко потоа, интензивни врнежи од дожд, град и силен ветер беа регистрирани во ...
Мирисот на чад што попладнево се чувствува во повеќе делови од Скопје доаѓа од пожарот на планината Жеден, во атарот на селото Бојане, кој од тетовска страна полека се префрла кон скопска територија. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, преку видеопорака информираше дека пожарот се наоѓа на тешко пристапен терен. Тој додаде дека како поддршка на скопските пожарникари во гаснењето на пожарот се вклучени и нивни ...
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 10 возачи поради „безобѕирно управување возило“. Од нив, девет управувале возило без возачка дозвола, од кои двајца биле малолетници, а еден возач предизивикал сообраќајна незгода со материјална штета. Едно лице возело под дејство на алкохол. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави, соопшти ...
Министерот за правда Јетон Шасивари оствари средба со амбасадорот на Република Полска во Република Северна Македонија, Мариуш М. Бримора, на која беа разменети мислења за актуелните состојби и приоритетите во областа на правосудството, како и за можностите за натамошно унапредување на соработката меѓу двете земји. Во фокусот на средбата беа законите од Реформската агенда, со посебен акцент на унапредувањето на владеењето на правото, ...
Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) на граничниот премин Блаце минатата недела спречија увоз на две пратки УХТ млеко од Република Косово, со вкупна тежина од 27.520 килограми, поради утврдено присуство на афлатоксин над дозволените концентрации. Количините млеко, кои биле наменети за пласман во синџир маркети во земјава, под надзор на официјален ветеринар се нештетно уништени на депонијата Дрисла. Мострите за ...
Секоја најавена „мерка“ на Мицкоски за намалување на цените завршува со ново поскапување. Дизелот надмина 100 денари за литар. Ова е четврто поскапување за еден месец што ќе повлече и нови поскапувања на храната, транспортот, услугите, се посочува во соопштението од СДСМ. „Четири пати поскапување, четири нови удари по џебот на граѓаните, додека Мицкоски си беше на екскурзија. Со дизел над 100 денари ударот нема да остане само по џебот на ...
Општина Центар – Скопје денес и утре спроведува вонредна дератизација на повеќе критични локации на територијата на општината, поради зголемена појава на глодари. Со акцијата ќе бидат опфатени локации во Капиштец, Дебар Маало, Буњаковец и Кале, каде што е забележана зголемена појава на глодари и каде што има пријави од граѓаните. Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, истакна дека општинските служби реагираат на пријавите и ...
Министерот за здравство, Сашо Клековски, денес ги посети Клиниката за инфективни болести и Институтот за јавно здравје, каде се сретна со медицинскиот персонал вклучен во справувањето со епидемијата од западнонилска треска. -Системот е подготвен и здравствените работници ја имаат нашата целосна поддршка во справувањето со западнонилската треска како јавноздравствен предизвик. При денешната посета на овие установи направив увид во капацитетите ...
Вкупно 14 пожари на отворен простор се регистрирани денеска до 13:00 часот на територијата на државата, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според најновиот преглед на состојбата, 5 пожари се сè уште активни, 1 е ставен под контрола, додека 8 се целосно изгаснати. Во моментов активни се следните пожари: Општините Студеничани и Зелениково: Општина Македонски Брод: Општина Илинден: Општина Сарај: Под контрола е ставен пожарот во ...
Претседателката Гордана Силјановска Давкова денеска оствари средба со гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, кој ја информираше за основните макроекономски показатели и за мерките преземени во делот на макроекономската политика. За време на средбата било разговарано за влијанието на глобалните геостратешки, финансиски и енергетски трендови врз македонската економија, како и за последиците врз индустријата, трговијата и ...
Вчера во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Ј.Д.(18) од Скопје, Г.С.(33) од Виница, И.Ќ.(36) од с.Долно Палчиште, тетовско и В.С.(25), затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана, кафеава прашкаста и грутчеста материја. По целосно документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци. Вчера во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги ...
Центарот за управување со кризи (ЦУК) упати апел до сите граѓани за максимална одговорност и внимателност со цел спречување на настанување на нови пожари. Од ЦУК предупредуваат дека сите пожари, без оглед на причината за нивното појавување, предизвикуваат сериозни штети и последици. „Апелираме на максимална одговорност и внимателност. Пожарите, без разлика дали се подметнати или избувнуваат поради невнимание, оставаат последици врз сите живи ...
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Е.Р.(33) од с.Дебреше, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама’’. Пријавената го довела во заблуда нејзиниот партнер од Косово дека е бремена, при што тој во неколку наврати преку брз трансфер на пари и префрлил 18.000 евра, по што признала дека го лажела дека детето е негово за да испраќа пари. СВР Тетово поднесе кривична пријава против Е.Р.(33) од ...
Вчера во 15:45 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода Ѓ.С.(55) од Кавадарци. Тој се сомничи дека на 20.08.2026 со употреба на сила се обидел да ја отвори влезната врата и да влезе во домот на 47-годишен кавадарчанец. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок. Вчера во 15:45 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од ...