Република Хрватска започна со целосна примена на новите европски регулативи, што носи сериозни измени за превозниците и патниците кои влегуваат во оваа земја од трети држави, вклучително и Македонија. Главната промена се однесува на задолжителното поднесување на скратени декларации за влез (USD) за стоки што влегуваат на територијата на ЕУ преку патен или железнички сообраќај. Обврската за поднесување на овие декларации првенствено паѓа на ...

Летовите кон и од Белгија денеска ќе биде прекинат од 14 часот по локално време поради штрајк на вработените во компанијата за контрола на воздушниот сообраќај „Скајс“. Штрајкот на контролорите на воздушниот сообраќај синоќа веќе предизвика сериозни нарушувања во воздушниот транспорт. На аеродромот Шарлроа беа откажани 30 патнички летови, а на аеродромот во Лиеж беа погодени околу 40 товарни летови. „Скајс“ потврди дека воздушниот сообраќај ...

Македонија не смее повеќе да води политика на потчинување и еднострани отстапки кон Бугарија, како што нудат СДС и Венко Филипче. Билатералните прашања мора да се решаваат врз основа на реципроцитет, меѓусебно почитување и исполнување на обврските од двете страни. Потребен е дијалог а Бугарија да ги исполни своите обврски, Македонија нема да прифаќа нови условувања, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Венко Филипче и СДС повторно ја ...

Собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика оствари средба со претставници од Француската бизнис-конфедерација – МЕДЕФ, при што во фокус беа транспортната инфраструктура (железници и патишта), енергетиката и обновливите извори на енергија, како и управувањето со води, животната средина и третманот на отпад и отпадни води. Претседателот на Комисијата Бојан Стојаноски изрази задоволство што претставниците доаѓаат од ...

Американскиот претседател Доналд Трамп ги демантираше гласините кои брзо се раширија во медиумите дека употребил погрдни зборови и „го опцул“ израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за време на нивниот последен телефонски разговор. Сепак, претседателот Трамп призна дека разговорот бил исклучително сериозен и динамичен, нагласувајќи дека од позиција на прв човек на САД му упатил остри критики на израелскиот лидер во врска со начинот на кој се ...

Руското Министерство за одбрана излезе со нови, детални тврдења по масовниот ракетен напад врз Украина. Според официјална Москва, за време на координираната офанзива во главниот град Киев биле таргетирани и целосно уништени десет клучни воени производствени погони и капацитети на украинскиот воено-индустриски комплекс. Овие тврдења доаѓаат во време кога двете страни водат интензивна информативна битка за ефектите од последните воздушни удари ...

Надворешната канцеларија за криминалистички работи во Дебар поднесе кривична пријава против С.И. (36) од село Долгаш, општина Центар Жупа, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“. Според информациите, на 17.05.2026 година во маркет во селото Долгаш, пријавената физички нападнала десетгодишно дете. Исто така, на 01.06.2026 година во 16:00 часот во СВР Скопје, В.Е. (24) од Скопје пријавила дека на ...

СВР Скопје поднесе кривична пријава против В.К. (86) од Косово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 12.05.2026 година на Граничниот премин Меѓународен аеродром Скопје, при излез од државата, при извршен преглед кај пријавениот биле пронајдени и одземени 20 куршуми калибар 6,35 мм. СВР Скопје поднесе кривична пријава ...

Со изведување на материјални докази од Обвинителството, денеска во судницата во „Идризово“ продолжува судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. На претходното рочиште, Обвинителството презентираше докази поврзани со објектот, неговата сопственост и движењето на имотот, односно целокупната фактичка, правна и сопственичка историја на просторот каде што се наоѓала дискотеката. Беа ...

УХМР најавува дека времето денеска ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност. Во попладневните часови на одделни места се очекува нестабилно време проследено со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и можност за изолирана појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер, од западен правец во западните делови на земјата, а долж Повардарието од југоисточен правец. Ова се температурите измерени во осум часот низ Македонија. Утрово е ...

Трагична вест ја потресе Македонија кога млад фудбалер, член на фудбалската школа Гроздановски, замина во смрт. Петар Станисавовски според податоците од социјалните мрежи, го загубил животот во сообраќајна несреќа во Илинден. -Со голема тага и неверување ја примивме веста за заминувањето на Петар. Дете и наш поранешен член кој одреден период тренираше во нашата школа и кој зад себе остави неизбришлива трага, добрина и спомени кои вечно ќе ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ќе го посети Националниот центар за култура и образование во Братислава, каде што е поставена изложбата „Од глаголица до светлина: Визуелна ода за Светите Кирил и Методиј“. На изложбата се претставени дела од македонските уметници Ана Митевска, Ангел Коруновски, Лазе Трипков и Александра Костадиновска, под кураторство на Кирил Пенушлиски. Преку сликарство, фотографија и современи визуелни ...

Денес времето ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност. Во попладневните часови на одделни места се очекува нестабилно време проследено со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и можност за изолирана појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер, од западен правец во западните делови на земјата, а долж Повардарието од југоисточен правец. Утринските температури ќе се движат од 9 до 16 степени, додека дневните ќе достигнат од 25 до 32 ...

Дел од жителите на Општина Бутел денеска ќе останат без електрична енергија поради планирани прекини во снабдувањето, информира Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК), повикувајќи се на известување од ЕВН. Во периодот од 08:00 до 10:00 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Боца Иванова“, како и магацинот на ЕВН и објектот на автосервисот „Дон“. Од 10:00 до 12:00 часот прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе ...

Македонската православна црква и верниците денеска го одбележуваат празникот посветен на светите рамноапостолни цар Константин и царица Елена. По повод празникот, во храмот „Свети Константин и Елена“ во центарот на Скопје, кој ја одбележува првата годишнина од осветувањето, ќе биде отслужена Света архијерејска литургија. Со богослужбата ќе чиноначалствува Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение на повеќе архијереи на ...

Во Собранието денеска седници ќе одржат Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика, Комисијата за финансирање и буџет и Комисијата за надворешна политика и надворешна трговија. Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика ќе го разгледува Предлог-законот за изменување на Законот за упатување работници од Република Северна Македонија во други држави за изведување градежни работи преку проектни договори и за ...

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), во соработка со ИПА проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“, денеска ќе ги презентира резултатите од кампањата за подигање на јавната свест за лобирањето во земјава. На прес-конференцијата ќе бидат претставени резултатите од дигиталната кампања за промоција на транспарентно и регулирано лобирање, како и клучните заклучоци од тркалезните маси одржани со претставници на ...

Седумдесет и четиригодишен маж од Тетово бил пронајден починат во хотел на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи. Случајот бил пријавен на 1 јуни 2026 година околу 11:40 часот, кога од Итната медицинска помош било известено дека во хотелски објект е пронајдено безживотно тело на гостин. Станува збор за лицето со иницијали З.Ј., кое престојувало во хотелот. По пристигнувањето на медицинските ...

Руските воени сили извршија уште еден масовен и брутален ракетен напад врз воени и енергетски инфраструктурни објекти ширум Украина. Веднаш по нападот, руското Министерство за одбрана излезе со официјално соопштение во кое детално ги наведе целите кои биле погодени за време на оваа координирана офанзива. Од друга страна, украинските сили за противвоздушна одбрана (ПВО) водеа жестока битка на небото, успевајќи да неутрализираат голем дел од ...

Јавното обвинителство на Република Македонија денеска го промовираше новото лого, односно новиот симбол на институцијата, кој беше усвоен од Колегиумот на републичкото обвинителство. Логотипот е конструиран врз прецизна геометриска структура со цел да се обезбеди визуелна рамнотежа, стабилност и препознатливост во сите формати и апликации. Колорниот систем е составен од темно сина и златна боја. Темно сината ја симболизира довербата, ...

Педесет и двегодишник од Куманово ќе се гони кривично под сомнение дека урнал куќа која била дел од заштитено културно наследство и на државно земјиште изградил нов објект. Кривична е поднесена и против градежна инспекторка која донела решение врз неточно утврдена фактичка состојба. – СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ф.Ф.(52) и Л.Т.(52), двајцата од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „оштетување ...

Со длабока почит кон починатиот органодарител и со искрена благодарност до неговото семејство, медицинскиот тим оддаде чест на една од најхуманите одлуки што може да се донесе во миг исполнет со најдлабока болка и тага. -Во овие моменти, хуманоста на едно семејство и посветеноста на здравствените работници отвораат можности за нова надеж и нов живот, вели проф.д-р Билјана Кузмановска, национален координатор за трансплантација. -Министерството ...

Македонија ќе биде прва земја во ЗБ по однос на спроведени реформи и на следните извештаи на Европската Комисија, тврди советникот во влада за реформската агенда Орхан Муртезани, кој до декември беше и министер за европски прашања. Тој за Сител вели дека се уште има предизвици на патот поврзани со системот, но владата е подготвена да најде решение. „Jас упорно тврдам дека во следниот извештаен период Македонија ќе биде прва земја во Западен ...

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, директно му порача на Христијан Мицкоски дека уставните измени се единствениот начин за формално започнување на пристапните преговорите со ЕУ, велат од СДСМ. „Ништо повеќе“. Еве уште еден јасен доказ за она што СДСМ го повторува месеци наназад. Мицкоски повеќе не смее да им ги мачка очите на граѓаните. ЕУ нема никакви дополнителни услови, нема ниту дополнителни гаранции. Има само еден услов – ...

Деновиве читам секакви коментари и вести. И повторно гледам колку лесно судиме, а половично знаеме или воопшто не знаеме. Сакам една работа да биде јасна… ниту барав, ниту мене ми се доделени пари. Поддршка доби документарен филм и еден многу посветен тим кој веќе две години работи на приказна што преку мојот живот зборува за многу повеќе од мене, пишува Слаткар на ФБ. И искрено сум благодарен на Комисијата од @filmagency.northmacedonia која ...

Мрежен кабел за интернет долг 15 километри – купен 15.000 евра, а никаде го нема, набавени компјутери, лаптопи, ајфони за кои постои само барање без реверс каде завршиле, склучен договор од 1.600.000 денари за мобилни телекомуникациски услуги или двојно повеќе од предвидените 800.000 денари, како и договор од 1,1 милион денари за фиксна телефонија, иако биле предвидени 550.000 денари, се само некои од недоследностите во работењето на ...

Светската здравствена организација (СЗО) официјално ја прогласи новата епидемија на ебола во Централна Африка за „јавноздравствена вонредна состојба од меѓународен интерес“. Жариштето на заразата е лоцирано во Демократска Република Конго (ДР Конго) и соседната Уганда, каде што се бележи остар пораст на заболени и висока смртност кај населението. Она што дополнително ги загрижува здравствените експерти е фактот дека оваа епидемија е ...

Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски на денешната средба со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, порача дека Македонија останува цврсто посветена на европската интеграција, но очекува процес заснован на принципи, доверба и предвидливост. На заедничката прес-конференција, Мицкоски истакна дека земјава не бара привилегии ниту посебен третман, туку еднакви правила и вистинско вреднување на реформите, трудот и ...

Лудилото на СДС нема крај, немаат чувство за реалност. Очигледно имате кратка меморија, па затоа да ве потсетиме дека пролетта 2025 година Преспанскиот регион беше погоден од мраз и родот на јаболка беше намален за 50%. За разлика од минатото јаболката денес не пливаат по Преспанското езеро, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Соберете храброст и признајте дека денес откупот се одвива непречено, нема фрлен род на буништа, што беше во минатото ваше ...

Претседателот на Европскиот совет испрати јасна порака дека усвојувањето на договорените уставни измени останува единствениот начин за формално започнување на пристапните преговори на Македонија со Европската Унија. Во своето обраќање, Кошта најпрво го поздрави напредокот во спроведувањето на реформската агенда, особено во делот на владеењето на правото и реформата на јавната администрација, како и целосното усогласување на државата со ...

weather icon

Скопје

24ᴼ / 24ᴼ
0.07
66%
1019
weather icon

Белград

23ᴼ / 21ᴼ
3.13
70%
1020
weather icon

Загреб

23ᴼ / 23ᴼ
0.2
69%
1020
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
2.16
54%
1019
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
4.08
72%
1018
weather icon

Љубљана

20ᴼ / 17ᴼ
0.15
92%
1022
weather icon

Атина

31ᴼ / 27ᴼ
2.24
41%
1016
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
1.89
55%
1018
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
0.67
64%
1019
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 21ᴼ
4.92
83%
1016
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 22ᴼ
0.89
55%
1020
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 22ᴼ
3.0
74%
1017
Currency

61.6317

Currency

53.4789

Currency

71.3492

Currency

37.7153

Currency

38.3863

Currency

67.1515

Currency

7.90489

Currency

0.72592

Currency

0.33362

Currency

0.52505

Currency

1.16107

Currency

0.56326

Иридиум

253540.09

Родиум

258813.51

Злато

139164.58

Калај

54.25

Сребро

2181.05

Кобалт

45.39

Рутениум

49769.36

Паладиум

38805.95

Платина

57067.58

Алуминиум

3.60

Бакар

12.61

Цинк

0.00