Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Премиерот Христијан Мицкоски во интервју за „Брајтбарт њуз“ изјави дека Македонија силно ја поддржува администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп и сака стратешкиот дијалог со Вашингтон да донесе конкретни резултати во областа на безбедноста, енергетиката, инфраструктурата, трговијата и инвестициите. Мицкоски посочи дека македонската влада воспоставила контакти со тимот на Трамп уште за време на неговата изборна кампања во 2024 ...
Залихите на сурова нафта во Стратешките резерви на САД (SPR) минатата недела паднаа под 290 милиони барели, со што е забележано нивното најниско ниво во изминатите повеќе од четири децении. Според најновите официјални податоци од американското Министерство за енергетика, на 21 август резервите се намалиле за 3,7 милиони барели и сега изнесуваат 289,7 милиони барели, во споредба со 293,4 милиони барели една недела претходно. Најновото ...
Комбе вчера попладне се запалило на улица во близина на булеварот „Борис Трајковски“ во скопската општина Кисела Вода, во близина на станбени згради. Од возилото за кратко време почнал да се шири густ чад, кој според сведочењата на граѓаните се чувствувал и низ околните делови од населбата. Пожарот го забележале минувачи, а дел од нив го снимиле инцидентот. Принтскрин На местото пристигнале полициски службеници и екипа на противпожарната ...
Талентираната теквондистка и светска вицешампионка Изабел Сава ненадејно починала во сон на 19-годишна возраст. Младата Романка живеела со родителите во близина на Лондон и била нивно единствено дете. Според нејзините роднини, Изабел во текот на ноќта доживеала срцев застој. Лекарите со часови се бореле за нејзиниот живот, но за жал не успеале да ја спасат. Нејзината смрт била уште поголем шок за семејството и блиските бидејќи, како што ...
Модуларните болници за време на ковид кризата во земјава биле поставени спротивно на низа предупредувања и без исполнување на сите законски и технички услови, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. -Поконкретно за модуларната болница во Тетово, каде во пожарот трагично загинаа 14 лица, тогашниот економски директор на болницата, Артан Етеми, до последен момент одбивал да ја прими и пушти во употреба болницата. Подоцна тој беше осуден на една и ...
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со сериозни инвестиции во здравството, со цел граѓаните да добијат современи установи, подобра опрема и поквалитетни услуги, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. -Се реализираат Клиничките болници во Штип и Тетово, проширување на Здравствениот дом во Кичево, студентскиот дом и Факултетот за медицински науки, за кои веќе има интерес од потенцијални финансиери. Паралелно се работи и на нов Клинички ...
Здравствената состојба на норвешкиот крал Харалд (89) се влошила во текот на викендот, кој тој го поминал во болница, соопшти Кралската палата. „Здравствената состојба на Неговото Височество, кралот, се влоши во текот на викендот. Кралот прима антибиотици за бактериска инфекција на крвта и позитивно реагира на третманот“, се наведува во соопштението. Харалд, кој е најстар монарх во Европа, бил примен во болница заради лекување на анемија. Од ...
Украина го одржува „пламенот на европската слобода“ во живот со својата одбрана од Русија – изјави денеска британскиот премиер Енди Барнам, додека европските лидери се собраа во Киев за одбележување на 35-годишнината од независноста на Украина. Во обраќањето пред катедралата „Света Софија“, заедно со украинскиот претседател Володимир Зеленски и претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, Барнам ја пофали „огромната сила“ на украинскиот ...
СВР Тетово поднесе кривична пријава против К.К. (67) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. Според пријавата, на 29 мај 2026 година, пријавениот, кој бил вработен на акушерското одделение, се однесувал агресивно кон своја колешка и физички ја нападнал, односно ја турнал. СВР Тетово поднесе кривична пријава против К.К. (67) од Тетово поради постоење ...
На 22 и 23 август 2026 година во Велес, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода Е.А. (35) и Н.Н. (36), двајцата од Велес, поради сомнение дека од домот на 73-годишна велешанка одзеле накит. За случајот бил известен јавен обвинител, а по целосното расчистување и документирање на настанот против двете лица ќе бидат поднесени соодветни пријави. На 22 и 23 август 2026 година во Велес, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од ...
Пожарникарите го изгаснаа пожарот што избувна синоќа во источниот дел на турскиот главен град Анкара, соопшти денеска државната новинска агенција „Анадолија“. Пожарот во шумското подрачје во округот Мамак бил ставен под контрола по осумчасовна операција. Во врска со инцидентот е приведено едно лице осомничено дека го предизвикало пожарот. Снимките објавени на социјалните мрежи покажуваат големи пламени јазици кои го зафатиле шумското подрачје ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, за време на посетата на Израел, се сретна со својот израелски колега Гидеон Саар. На средбата биле потврдени добрите односи меѓу двете земји и подготвеноста за нивно натамошно продлабочување. Како што информира Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, разговорите биле насочени кон унапредување на соработката во повеќе области од заемен интерес, меѓу кои ...
Во судницата во Идризово денеска продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој на 16 март 2025 година загинаа 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени. Предметот се наоѓа во фаза на изведување докази, а судењето го води судијката Дијана Груевска-Илиевска. Обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители. На претходното рочиште градежните вештаци одговараа на прашањата на одбраната, при што во фокусот беа материјалите ...
Управата за хидрометеоролошки работи ги измери темепратурите во осум часот во градовите низ Македонија, пред најавеното невреме со град и силен ветер. Лазарополе со 17 степени е местото каде е најсвежо денеска, додека највиоска температура од 24 степени е измерена во Кавадарци, Демир Капија и Зајчев Рид. Во Скопје ова утро во осум часот се измерени 23 степени Целзиусови. Времето денеска претпладне ќе биде сончево и топло, додека попладне и во ...
Град Скопје, во соработка со Општина Кисела Вода, спроведува редовно третирање против комарци. Ова доцна синоќа на својот Фејсбук го објави градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска. -Со специјализирани возила активно дејствуваме против возрасните комарци низ сите критични подрачја во општината. Акцијата која започна во 22:00 часот ќе трае сè додека не бидат целосно опфатени сите локации, со цел заштита на граѓаните ...
По повеќечасовна работа, утрово во 03:30 часот ги завршуваме теренските активности од новата вонредна акција за прскање против комарци на територијата на општина Гази Баба. Ова на Фејсбук го напиша градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски. – И вечерва екипите поминаа низ Смилковци, Црешево, Стајковци, Сингелиќ, Ченто, Инџиково, Маџари, Триангла, Хиподром, Ергеле, Трубарево, Гоце Делчев, Јурумлери, Раштак, Брњарци, Виниче, Булачани, ...
Знаењето станува искуство – средните училишта во Скопје добиваат современи лаборатории и метеоролошка станица. Ова на Фејсбук го напиша скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски. -Влогот во младите е влог во иднината. Секој денар вложен во нивното образование е инвестиција во знаењето, напредокот и силата на нашето општество. Наша должност е да им обезбедиме услови во кои ќе можат слободно да истражуваат, да создаваат и да го развиваат својот ...
На 23 август 2026 година во 16:30 часот во СВР Скопје, 35-годишна жена од скопското подрачје пријавила дека на 13 август, во семејниот дом, по претходна расправија, нејзиниот 34-годишен сопруг се однесувал агресивно и упатувал закани кон неа и нивните малолетни деца. Според пријавата, жената подолг период била физички и психички малтретирана од сопругот. Од полицијата велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. На 23 ...
Времето денеска претпладне ќе биде сончево и топло, додека попладне и во вечерните часови на места ќе има нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално се очекуваат и невреме со силен ветер и град. Утринските температури ќе се движат од 15 до 21 степен, а дневните ќе достигнат од 32 до 38 степени. Во Скопје ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Во вечерните часови во делови од котлината се очекуваат ...
Судскиот совет денеска ќе ја одржи 552. седница, на која членовите ќе разгледуваат повеќе точки поврзани со работата на судиите и судовите. На дневен ред се извештај за повторување на постапка по пресуда на Европскиот суд за човекови права, како и формирање комисии на известители по барања за поведување постапка за утврдување одговорност на судија или претседател на суд. Советот ќе расправа и за избор и разрешување на судии поротници, како и ...
Во изминатото деноноќие на територијата на државата се регистрирани 29 пожари на отворен простор, од кои три сè уште се активни, еден е ставен под контрола, а 25 се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Најсериозна е состојбата на подрачјето меѓу општините Студеничани и Зелениково, каде огнот се шири на потегот од Моране, Вртекица и Рамни Габер кон Палиград, како и над селото Вражале. Зафатена е мешана шума. ...
Поради изведување водоводен приклучок на улица „2“ бр. 2 во Козле, прекин во водоснабдувањето од 09:00 часот до завршување на работите ќе имаат корисниците од улица „2“ и дел од улица „Козле“, во високата зона. Во Општина Центар, поради дефект на приклучна цевка на улица „Мирче Ацев“ бб, без вода од 08:30 часот до завршување на санацијата ќе останат корисниците од делови од улиците „Мирче Ацев“ и „Мирче Мацан“. Поради изведување водоводен ...
Седум пожари од вкупно 21 регистрирани на отворен простор денеска до 18:30 часот, се сè уште активни. Два се ставени под контрола, а 12 се изгаснати, соопшти вечерва Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни пожари има во општините Студеничани и Зелениково кај селата Моране, Вртекица, Рамни Габер и кракот кон селото Палиград, како и над селото Вражале во Општина Зелениково, каде гори мешана шума; во Општина Македонски Брод кај м.в. ...
Претседателката Гордана Сиљановски Давкова објави дека денеска се сретнала со четири претставнички на Научниот одбор на меѓународната конференција „Годишна средба на Мрежата за родово одговорен надзор врз буџетот и заедницата на практичари кои користат родово одговорно буџетирање“, којашто се одржува во Охрид. – Со Дајан Елсон, емеритус професорка на Одделот за социологија при Универзитетот во Есекс, професорката Глорија Аларкон-Гарсија од ...
Во рамките на работната посета на Израел, министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски денеска остварил средба со министерот за надворешни работи, Гидеон Саар, на која биле потврдени одличните билатерални односи и заедничката подготвеност за нивно натамошно продлабочување. -Посетата е можност силните политички односи да ги преточиме во поконкретна соработка, особено во економијата, одбраната и одбранбената индустрија, ...
Министерот за одбрана Владо Мисајловски вечерва изјави дека ние сме безбедна и стабилна држава без ризици, како и дека следува период на модернизација и унапредување на Армијата. – Сакам сите да знаат дека сме безбедна држава, стабилна држава. Нема ризици. Знаете дека пред извесно време не оценуваа особено нашата лесна пешадиска група. Ги доби највисоките оценки за борбено способни, но она што секој еден го знае е дека ние сме во НАТО. Сепак, ...
Три деца загинаа во голем украински напад со дронови врз рускиот град Краснодар, соопшти денеска регионалниот гувернер Венијамин Кондратјев. Според него, за време на ноќниот напад остатоци од соборен дрон паднале врз приватен центар за згрижување деца. Во нападот се повредени шест лица, од кои две возрасни лица биле пренесени во болница. Кондратјев соопшти дека остатоци од соборени дронови паднале и врз магацин, неколку приватни куќи и ...
Европските лидери, меѓу кои и британскиот премиер Енди Бурнам, денеска се собраа во Киев за одбележување на 35-годишнината од независноста на Украина, додека Европската Унија и Велика Британија ветија нова воена помош за земјата во нејзината одбрана од Русија. Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, беше меѓу лидерите кои отпатуваа за Киев, откако Брисел одобри транша од 6,1 милијарда евра (7,1 милијарди долари) наменети за системи ...
Иран денеска повторно ја предупреди Бугарија, членка на НАТО, да не дозволува користење на нејзината територија за израелски или американски воени операции против Иран. Техеран порача дека го задржува правото да го нападне изворот на каков било напад. Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, нагласи дека Техеран нема проблем со бугарскиот народ, но предупреди дека евентуалното овозможување на воени операции од ...
Патничка на возраст од 52 години била касната од скорпија скриена во нејзината јакна на аеродромот во Диселдорф, соопштија локалните противпожарни служби. Инцидентот се случил во петокот, веднаш откако жената пристигнала во Диселдорф со лет од грчкиот остров Кос. По каснувањето, жената веднаш била пренесена во болница, а на терен бил повикан експерт за влекачи од противпожарната служба кој успеал да ја фати скорпијата. Со прегледот било ...