Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Двајца рибари се спасени откако пет дена пловеле во Тихиот Океан без храна и вода, повеќе од 100 милји (160 километри) од брегот на Мексико, соопшти мексиканската морнарица. Потрагата започна на 14 август, кога рибарската задруга на која тие припаѓаат испрати повик за помош откако го изгуби контактот со 53-годишниот и 32-годишниот рибар. Мексиканската морнарица пребара голема област на Тихиот Океан од воздух и од море, а рибарите на крајот ...
Министерството за внатрешни работи упати сериозно предупредување до граѓаните и операторите на дронови да не управуваат со беспилотни летала во близина на полициски хеликоптери, особено во текот на акциите за гасење пожари. Од МВР велат дека поради зголемениот број летачки активности на Одделот за воздухопловни единици, хеликоптерите на полицијата интензивно се ангажирани низ целата држава за гасење пожари, извидување, транспорт и други ...
Гвинет Палтроу се најде во центарот на необична интернет-бура откако се појави покана според која актерката на 29 август во својот дом во Хемптонс треба да организира приватна вечера во чест на Сем Алтман, директорот на OpenAI, компанијата која стои зад ChatGPT. Приказната првично ја објави новинарот Метју Белони во „Puck“, заедно со фотографија од наводната покана. Според поканата, станува збор за „приватна вечера без присуство на медиуми“, ...
Македонката Милена Богојевска (51) е осудена на осум години затвор во Мелбурн за смртта на својата 85-годишна соседка Лолин Вајтхенд, пишува австралискиот Еј-Би-Си Њуз. Богојевска ја задушила старицата со кујнска крпа, а потоа го ставила телото во автомобил. Се одвезла до реката Марибирнонг и го фрлила во водата. Телото било пронајдено два дена подоцна, делумно завиткано во пластика. Австралиската Еј-Би-Си претходно објави дека Богојевска ...
Германската војска започна необична кампања за регрутација со која се обидува да го зголеми бројот на своите припадници. Граѓаните ширум земјата сега можат да се информираат и да се пријават за работа во Бундесверот со скенирање QR-код што се наоѓа на амбалажата за ќебапи. QR-кодовите се поставени на хартиените обвивки за ќебапи низ Германија, како дел од кампањата за привлекување нови кандидати во здравствената служба на Бундесверот. ...
Нафтата поскапи за речиси 6% оваа недела, поттикната од растечката неизвесност на Блискиот Исток и отсуството на знаци за смирување на конфликтот меѓу САД и Иран. Нафта Брент денеска се тргува за 93,2 долари за барел и е на пат да забележи втор последователен неделен раст, со што цената порасна за 5% оваа недела. Американската суровата нафта денеска се тргува за 86 долари за барел и е на пат да забележи втор последователен неделен раст, кој ...
Препознатливите наплатни куќички, кревањето на рампите и долготрајните чекања на автопатиштата низ Хрватска наскоро заминуваат во историјата. Земјата, која со децении е една од најпосетуваните автомобилски дестинации во Европа, започна со интензивна теренска имплементација на нов, револуционерен систем за наплата на патарини. Проектот, вреден околу 80 милиони евра, целосно ќе ги отстрани физичките бариери, овозможувајќи непречен проток на ...
Температури до 38 Целзиусови степени се очекуваат во текот на денешниот ден во Грција, што дополнително ќе се зголемат за викендот, а според прогнозите, земјата, веројатно, до средината на следната седмица ќе биде зафатена од мини топлотен бран, што во одредени делови ќе донесе и температури од над 40 степени. Алтернативниот портпарол на противпожарната служба на Грција, Јанис Артопиос, во интервју за државната телевизија ЕРТ посочи дека ...
Со денешната работна сесија на Советот на амбасадорите, на која ќе се обрати претседателот на Собранието, Африм Гаши, пратениците по августовската пауза повторно се враќаат со собраниски активности. Првата пленарна седница по летниот одмор е закажана за 2 септември. На собраниската веб-страница за 25 август се најавени и две средби на претседателот на Собранието, Африм Гаши – со турскиот амбасадор Фатих Улусој и со постојаната координаторка ...
Летото, високите температури и желбата за брзо освежување секоја година уриваат нови рекорди во производството, трговијата и потрошувачката на сладолед. Новите податоци на Еуростат и на македонскиот Државен завод за статистика откриваат интересна анализа: додека Европа произведува милијарди литри, Македонија бележи впечатлив надворешнотрговски суфицит и извезува значително повеќе сладолед отколку што троши нејзиното население. ЕУ – произведе ...
Македонија е рангирана на 30 место во светот според Националниот индекс за сајбер-безбедност, што претставува значаен напредок од 29 позиции во однос на претходното рангирање од 2023 година, кога земјата се наоѓаше на 59 место. Со освоени 84,17 поени, Македонија денес е меѓу 30-те најдобро рангирани земји од вкупно 155 држави опфатени со индексот, кој го изработува естонската Академија за е-управување, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. Во прилог нивното ...
Двајца организатори на собирите во Хонг Конг, на кои со свеќи им се оддавала почит на жртвите од Тјенанмен, се прогласени за виновни за поттикнување субверзија. Ли Чеук-јан и Чоу Ханг-тунг сега се соочуваат со казни до 10 години затвор, пишува „Гардијан“. Протестите на плоштадот Тјенанмен во 1989 година беа едни од најголемите продемократски протести во современата историја на Кина. Кинеските власти ги задушија немирите со војска и со ...
Ким Картал денес (21 август) го слави својот 70. роденден. Актерката која на цели генерации им остана позната како незаборавната Саманта Џонс од „Sex and the City“ и понатаму е активна во филмскиот и телевизискиот свет, а последниве месеци во нејзиниот живот се случија и значајни промени. Картал е родена на 21 август 1956 година во Ливерпул, Англија, а како дете со семејството се преселила во Канада. Најголемата светска слава ја стекна со ...
Овогодишниот Ел Нињо би можел да биде еден од најсилните досега забележани, а неговото влијание би можело да се почувствува преку временските услови во различни делови од светот. Според најновите податоци на американската Национална океанска и атмосферска администрација (NOAA), феноменот се засилува и има повеќе од 90 отсто шанси да достигне многу силен интензитет во текот на есента и зимата 2026/2027. „NOAA“ проценува и дека постои 69 отсто ...
ВМРО-ДПМНЕ го повикува Јавното обвинителство по допрен глас да отвори предмет и да го истражи непостапувањето на Венко Филипче додека бил министер за здравство, во врска со анализите за квалитетот на водата, како во Гостивар, така и низ државата. „Документите и информациите доставени од свиркачи укажуваат дека биле направени околу 400 анализи за квалитетот на водата, кои ја покажале неисправна за пиење. Токму затоа, се поставува прашањето ...
Осум лица загинале при пад на чартер-авион во близина на оддалечена радарска станица во западниот дел на американската сојузна држава Алјаска, соопшти американската војска. Несреќата се случила во близина на аеродромот на радарската станица „Лонг Ренџ“ кај Кејп Нуенем, околу 725 километри западно од Енкориџ. Радарската станица е дел од системот на оддалечени пунктови што го следат воздушниот простор над Алјаска и долж нејзините граници. Не се ...
Расте бројот на банкротирани фирми во Европската унија, а се намалува на новорегистрирани бизниси, покажуваат податоците на Евростат. Во вториот квартал од 2026 година, регистрациите на бизниси во ЕУ се намалени за 0,5% во споредба со првиот квартал, додека стечаите се зголемени за 5,7%. Намалување на новорегистрирани бизниси е забележани во 5 од 8 сектори на деловната економија. Најголем пад има во индустрискиот сектор за 3,6%, во ...
Само неколку дена по ненадејната смрт на Хејден Панетиер, се појавуваат нови детали за последниот период од нејзиниот живот. Режисерот Гриф Ферст, кој работел со актерката на филмот „A Breed Apart“, откри дека нејзиниот тим бил сериозно загрижен за неа и размислувал како да ѝ помогне да побара стручна помош поради проблемите со зависноста. Ферст за „Page Six“ раскажал дека Панетиер се обидувала да остане трезна додека го снимале филмот во ...
Со 40 фестивалски денови, 48 настани и учество на повеќе од 700 уметници од 24 земји, фестивалот „Охридско лето“ го заокружи 66 издание со богата музичка, театарска и балетска програма. Од управата на фестивалот оценуваат дека и годинава „Охридско лето“ го потврдило статусот на еден од најпрепознатливите македонски културни брендови, со значајно меѓународно присуство и публика од земјата и странство. Во рамки на фестивалската програма беа ...
Поранешната прва дама на САД Џил Бајден отворено проговори за стравот со кој живее семејството на поранешниот американски претседател Џо Бајден. Неговиот агресивен рак на простата се прошири на коските, а сопругата признава дека помислата на смртта е неизбежна. Сепак, нејзината порака не била дека Џо Бајден наскоро ќе почине. Напротив, семејството се обидува да не живее оптоварено со најцрното сценарио. – Секако дека се плашам. Пред сè, тој е ...
Пет пожари на отворен простор се уште се активни во земјава, а два се ставени под контрола, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Во изминатото деноноќие, од 20 до 21 август до 07:30 часот, биле регистрирани вкупно 35 пожари, од кои 28 се целосно изгаснати. Најголем предизвик и натаму е пожарот во Мариовскиот регион, на територијата на Општина Прилеп. Огнот е активен на потегот од селото Чаниште кон Крушевица и Лопатица, со краци ...
Семејната драма околу Шер и нејзиниот син Елајџа Блу Олман повторно се најде пред суд. Сопругата на 50-годишниот музичар, Мариангела Кинг, поднела нови документи со кои се спротивставува на обидот на неговата мајка да му биде назначен старател. Наместо тоа, Кинг бара судот да ја избере неа, тврдејќи дека Шер со години е отуѓена од синот и дека нејзиното мешање е спротивно на неговите желби. За оние кои не ја следат приказната, станува збор за ...
Илјадници млади октоподи добија необична задача во Јадранското Море. Италијанските научници ги пуштаат за да му се спротивстават на инвазивниот син рак. Овој незаситен предатор ги пустоши одгледувалиштата на школки во североисточна Италија. Вкупната штета низ земјата се проценува на околу 200 милиони евра. Научниците од Универзитетот во Болоња затоа се свртеа кон природниот непријател на ракот, обичниот октопод. – Го избравме октоподот затоа ...
Јапонија изврши смртна казна врз маж осуден за убиство на пет лица во подметнат пожар во 2009 година. Ова е прво погубување во земјата по повеќе од една година, пишува BBC News. Сунао Таками (58) е осуден бидејќи во 2009 година полил со бензин и запалил салон за пачинко игри во Осака, недалеку од својот дом. Пет лица го загубија животот во пожарот, од кои четворица посетители и еден вработен. Пачинко игрите се популарни игри на среќа во ...
Германската влада деновиве соопшти дека ги продолжува контролите на надворешните граници за уште шест месеци. Граничните контроли имаат за цел да спречат понатамошно зголемување на бројот на нелегални влегувања. Во исто време, мерката се смета за важна алатка во борбата против криминалните мрежи што шверцуваат луѓе. Соработката во рамки на Шенген зоната и понатаму е под сериозен притисок. Всушност, во колкава мера може да се зборува за ...
Украина треба сама да одлучи кога ќе одржи избори, во согласност со своите закони, а Европската Унија е подготвена да помогне во организирањето на изборниот процес, изјави портпаролката на Европската комисија, Анита Хипер. Таа на брифинг во Брисел посочи дека ЕУ е подготвена да му помогне на Киев, особено во обезбедувањето почитување на демократските стандарди и барања. Хипер нагласи дека ЕУ не прави проценки за условите за одржување избори ...
Земјотрес со интензитет од 7,2 степени по Рихтер го потресе јужен Перу, објави Националниот сеизмолошки центар. Епицентарот бил на длабочина од околу 66 километри во покраината Паринакочас, департман Ајакучо, околу 800 километри јужно од главниот град Лима. Засега нема извештаи за жртви, а според првичните видеа што се споделуваат, има материјална штета. Луѓето по потресот излегоа на улиците. 👉https://t.co/EmUIwGx3aj I Terremoto en Perú de ...
САД го одобрија планот да му продадат на Катар авиони за полнење гориво во воздух во вредност од над 4,5 милијарди долари, соопшти Стејт департментот. Катар побара до четири авиони КЦ-46А опремени со сензори за противракетна одбрана. Американскиот Конгрес, кој мора да даде конечно одобрение, е известен за договорот. Според Вашингтон, целта на продажбата е „да се зајакне безбедноста на стратешкиот регионален партнер“ и да се подобри ...
По отстранувањето на дефектот на пумпната станица, водоснабдителниот систем во Битола постепено се враќа во нормален режим на работа, соопшти вечерва директорот на ЈКП Водовод Битола, Андреј Гинов. – Во моментов резервоарите постепено се полнат и системот контролирано се стабилизира, со цел да не дојде до нагли промени на притисокот и појава на хидрауличен удар во водоснабдителната мрежа. Поради тоа, во одредени, особено повисоки делови од ...
Мора да имаме владин авион ако сакаме да бидеме сериозна држава, а идејата за негово купување не е повлечена, ниту пропадната, вели директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) на Владата, Ивица Томовски. Според него, владиниот авион не се користи само за потребите на Владата, туку и за да им се помогне на граѓаните во одредени ситуации. Томовски вели дека за само две години се потрошени околу два милиона евра за сервисирање на ...