Дваесет и четиригодишен скопјанец е повреден со остар предмет во инцидент што се случил рано утринава кај „Фонтана“ на подрачјето на Општина Центар во Скопје. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека денеска, во 01:27 часот, во СВР Скопје било пријавено дека кај „Фонтана“ има повредено лице со остар предмет. Полициските службеници веднаш излегле на местото, каде што го затекнале Н.Н. (24) од Скопје со двајца негови другари. ...

Извештајот на Светска банка, според кој Македонија е со најголем раст на авиолетови и туризам во Европа и Централна Азија, е мотив за уште поголема работа и посветеност, вели вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, во објава на Фејсбук. – Македонија забележува рекордна статистика во растот на туризмот преку авиосообраќајот во услови на светска криза, исклучителен успех што е препознаен од страна на Светска банка. Успехот ...

Триесет и петгодишен жител на гостиварското село Чегране заработи кривична пријава под сомнение дека извршил кривично дело „уцена“, откако наводно барал 5.000 евра од едно лице, заканувајќи се дека ќе објави тајно снимен разговор. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека СВР Тетово поднела кривична пријава против Г.Г. (35) од село Чегране, гостиварско. Според полицијата, на 21 март 2026 година, во село Боговиње, пријавениот од ...

Големиот земјотрес што ја погоди префектурата Кумамото во јужна Јапонија предизвика уривање на голем број објекти, пожари, а најмалку 50 луѓе побарале лекарска помош, јави јапонската телевизија НХК. По земјотресот во трговски центар во Кумамото се слушнала експлозија, се претпоставува дека има повеќе жртви. Повеќе луѓе се заглавени во трговскиот центар, а сè уште е непозната причината за експлозијата. На снимките на НХК се гледаат оштетени ...

Педесет и едногодишен жител на Неготино е лишен од слобода откако, според пријавата, физички ја нападнал својата поранешна сопруга, а потоа и нивната 19-годишна ќерка, на која ѝ упатувал и закани. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 27 јули 2026 година, околу 16:40 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода Д.Ѓ. (51) од Неготино. Апсењето следувало по претходна пријава од неговата 47-годишна ...

Кошаркарскиот свет не престанува да зборува за новиот австралиски кошаркар Џонгкуч Мач – има само 18 години, а со својот неверојатен изглед и талент веќе го привлече вниманието на најголемите светски скаути на престижниот кошаркарски камп во италијански Тревизо. Како што пренесува официјалната страница на австралиската НБЛ лига, Мач во Тревизо го привлекол вниманието на сите присутни. Но, она што најмногу ги охрабрува стручњаците не е само ...

Веќе повеќе од една година Филип Ѓорѓиев, кој стои зад иницијативата „Кеса на десет“, ги чисти јавните површ- Веќе повеќе од една година ги чистам улиците низ Скопје. Со мојата идеја „Кеса на десет“ собирам ѓубре и се трудам да покажам дека секој може да ја инспирира промената – вели Ѓорѓиев.ини низ Скопје. Со едноставен, но доследен волонтерски ангажман, тој покажува дека позитивните промени не зависат од големи ресурси, туку од ...

Голем шумски пожар избувна во близина на Анталија, во Турција, а противпожарните екипи водат интензивна битка за да го стават под контрола. Пожарот избувнал во шумска област кај населбата Узумлу, од засега непознати причини. По пријавата, на терен веднаш биле испратени екипи на Регионалната дирекција за шумарство во Анталија и противпожарните служби. 🔥Antalya’nın Kaş ilçesine bağlı Üzümlü Mahallesi’ndeki ormanlık alanda henüz belirlenemeyen ...

Премиерот Христијан Мицкоски оцени денеска дека кредитот што Владата го зеде од Унгарија бил добар двигател на економијата која расте веќе неколку квартали со 3%, што е за 2% повеќе од растот во Европската Унија. Тој рече дека кредитот бил искористен за да се врати еврообврзница од половина милијарда евра, додека пак 250 милиони биле инвестирани во општеството и 250 милиони во стопанството преку комерцијалните банки со повластена каматна ...

Хрватската пејачка и водителка Сања Долежал, едно од најпрепознатливите лица на регионалната сцена, отворено зборува за искуството со перименопаузата и постменопаузата во интервју за порталот „Pričaj mi o tome“. Денес, на 63 години, Долежал вели дека физичките симптоми на перименопаузата речиси исчезнале, но дека сè уште се соочува со таканаречената „мозочна магла“. – Кога првпат го слушнав тој израз, мислев дека е измислен за да се пишува за ...

Премиерот Христијан Мицкоски смета дека оваа Влада овозможила голем напредок во сите области на земјоделството, како зголемување на акумулациите, исплата на субвенциите, исплата на платите во јавните претпријатија, зголемување на цената на тутунот и количината на откупен тутун, како и зголемување на бројките во лозарството. Политиките на Владата, додаде тој, ќе продолжат во истата насока со цел натамошно унапредување на состојбите во овој ...

Во државата годинава регистрирани се четири случаи на маларија, три на денга и еден на зика, информира денеска министерот за здравство Сашо Клековски, кој повторно упати повик при патување да се следат препораките за вакцинирање и профилакса од Светската здравствена организација. Од осумте случаи на западнонилска треска, за кои Министерството за здравство информира вчера, шест лица се на Клиниката за инфективни болести, а другите два случаи ...

Легендарниот Зинедин Зидан и официјално е нов селектор на фудбалската репрезентација на Франција, откако денеска Француската фудбалска федерација ја потврди неговата промоција. Зидан на селекторската функција го наследува Дидие Дешан, кој ја предводеше француската репрезентација цели 14 години и во тој период ја освои светската титула во 2018 година, стигна до финалето на Светското првенство во 2022 година и ја одведе Франција до титулата во ...

Алмир Даути е назначен за в.д, директор на Јавното претпријатие „Комуналец“ – Гостивар, соошти Општина Гостивар. Даути, кој е родум од Подгорица, Црна Гора, подолго време е вработен во ЈП „Комуналец“ Гостивар. По образование е дипломиран економист, а во претпријатието веќе седум години ја извршува функцијата раководител на Одделението за комерција. Од 2020 година е и генерален секретар на ФК Гостивар, откако Општина Гостивар го презеде ...

Протоколите не се дел од Преговарачката рамка, но Бугарија го тврди спротивното, повикувајќи се на тоа што го договорила со претходната влада, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за протоколите за време на посетата на општина Илинден. – Апсолутно го делиме ставот дека протоколите не се дел од Преговарачката рамка. За жал, бугарската страна тврди дека тие се дел од рамката и дека потпишала таков ...

Телата на пет новороденчиња биле пронајдени денеска во семејниот дом на брачен пар во Оранж, на југот на Франција. Според извор близок до истрагата, полицијата ги пронашла посмртните останки на бебињата во картонски кутии. Страшното откритие било направено само еден ден откако жената родила здраво бебе, објавува францускиот весник „Le Parisien“. Според истиот извор, жената, родена во 1994 година, синоќа го родила своето трето живородено дете. ...

Извршниот одбор на Народна банка на денешната седница одлучи да ја задржи основната каматна стапка на нивото од 4,25%. – Одлуката се заснова на најновите макроекономски показатели и оцените за ризиците од домашното и надворешното окружување. Движењата на девизниот пазар од почетокот на мај се стабилни, но и натаму има повисока побарувачка на девизи од корпоративниот сектор, делумно како резултат на повисоките цени на енергенсите. Нивото на ...

Водата во Крушево е исправна за пиење, Агенцијата за храна и ветеринарство ја повлече забраната. Од прилепскиот Центар за јавно здравје ги добија резултатите и од третиот, последен последователен примерок за испитување со што е потврдена исправноста на водата во Крушево која сега ги исполнува условите од Правилникот за безбедна вода за пиење. Во водата има законски пропишано резидуален хлор. Водата во Крушево е исправна за пиење, Агенцијата ...

Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека туристичкиот сектор остварува добри резултати, што е резултат и на владината политика на привлекување туристи од странство. – Владините мерки и владината иницијатива за привлекување на туристи, носи резултати. Имаме голем скок кај доаѓањата на нашите аеродроми. И тоа, впрочем го нотира Светска Банка во „Tourism watch” во последната едиција од овој извештај, објавено во јуни 2026 година. Во него ја ...

Ако Филипче заборавил, граѓаните знаат дека СДСМ е власт во општина Гостивар заедно со Ахмети и Таравари – истакна на денешната прес-конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски. Тој потесети на предизборните пораки на лидерот на СДСМ, како поддршка на локалните избори за кандидатот Ваблон Лимани. – „Апелирам да ги мобилизираме што повеќе членовите и да му дадеме поддршка на Валбон“, порача Филипче во предизборието на повторените ...

Десет лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила на магистралниот пат Кичево – Охрид, во близина на кичевското село Другово. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека несреќата била пријавена на 27 јули 2026 година во 13:35 часот во ОВР Кичево, а во неа учествувале три патнички возила. Станува збор за возило „фолксваген тигуан“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Љ.М.(76) од Прилеп, „фолксваген голф“ со ...

Што дочекаа Албанците? Али Ахмети да блокира Закон за правична застапеност и со тоа да руши еден од темелните принципи на Охридскиот рамковен договор. Зошто? Заради алчност за власт – рече на денешната прес-конференција на ВЛЕН портпаролот Дритон Сулејмани. – Нереформираното раководство на ДУИ, во очај поради тоа што Албанците го испратија во опозиција, сега влече потези директно спротивни на интересите на Албанците. Во Мала Речица скроиле ...

Водата во Гостивар ќе може повторно да се користи за пиење кога ќе има три последователни негативни тестови од испитаните примероци, изјави денеска министерот за здравство Сашо Клековски, кој рече дека според прописите не постои „техничка вода“ и дека тоа е термин што најчесто го користат јавните комунални претпријатија. – Постои класификација на водата од прва до петта категорија. Водата од прва категорија е погодна за лична употреба без ...

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека Владата може да интервенира со намалување на ДДВ на високите цени на горивата, но како што рече, тоа ќе се направи дури по анализата на податоците од намалената акциза за горивата. – Чекаме да се затвори циклусот до 31 јули, односно втората половина од месецот, таков е законот, и дури после да носиме дополнителни мерки – рече Мицкоски. Тој рече дека очекува следната недела да се намалат цените на ...

Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека се размислува за трет повик за проекти за општините по денешната посета на општина Илинден, каде изврши увид во градежните активности на нов стадион, инфраструктурните проекти и патнате инфраструктура. – Добро е што се гради. Со овој проект на реалокација од централниот буџет кон општините имаме повеќе од 1.200 проекти коишто се градат и добро е што Македонија е едно големо градилиште. Дел од ...

Министерот за здравство Сашо Клековски информираше дека во Гостивар се регистрирани 109 нови случаи поврзани со епидемијата, а по смирувањето на акутната фаза е воведен засилен надзор за следење на можни заразни заболувања. Клековски посочи дека бројот на новопријавени случаи во последните четири дена се движи меѓу 80 и 125, но дека во овој момент не може да се утврди колкав дел од нив се директно поврзани со епидемијата. – Со денешниот ден ...

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис разговарал со режисерот Кристофер Нолан за да му честита за успехот на филмот „Одисеја“ и да му се заблагодари за придонесот во зголемувањето на меѓународниот интерес за грчката култура. Од кабинетот на премиерот соопштиле дека во телефонскиот разговор Мицотакис изразил задоволство што значителен дел од снимањето на филмот се одвивал токму во Грција. Филмот на Нолан, инспириран од античкиот еп што ...

Непознат сторител ја осквернил статуата на Богородица во Подбрдо и го запалил надворешниот олтар на црквата „Свети Јаков“ во Меѓугорје, еден од најпознатите католички центри за поклонение во светот, јавија медиуми во БиХ. Министерството за внатрешни работи на Херцеговачко-неретвската жупанија објави дека во 4 часот и 30 минути го примило првиот извештај за оштетување на статуата на Богородица, а во пет часот примиле пријава за пожар на ...

Има нешто длабоко човечко во носталгијата. Таа не е само сеќавање, таа е, всушност, засолниште. Тивко, удобно место, во кое минатото секогаш мириса подобро, каде луѓето се поискрени, а животот поедноставен. Токму тука, всушност, почнува и една од најголемите заблуди на нашето време, а тоа е дека порано се живеело подобро. Во разговорите, на социјалните мрежи, па и во јавниот дискурс, често ќе чуете дека денешнава држава е „пропадната“, „без ...

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, изврши увид во градежните активности на улицата Ленинова, каде што е во тек претпоследната фаза од реконструкцијата. Во моментов се поставува втор слој асфалт на потегот од булеварот Партизански одреди до крстосницата со улицата Илинденска, во должина од 412 метри. Паралелно се асфалтира и кружниот тек на крстосницата со улицата Орце Николов, кој ќе остане како трајно сообраќајно решение. ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
1.54
28%
1015
weather icon

Белград

29ᴼ / 26ᴼ
2.68
54%
1014
weather icon

Загреб

29ᴼ / 29ᴼ
1.43
33%
1013
weather icon

Софија

23ᴼ / 23ᴼ
1.61
32%
1016
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
3.27
28%
1015
weather icon

Љубљана

23ᴼ / 23ᴼ
0.82
76%
1014
weather icon

Атина

30ᴼ / 27ᴼ
1.34
42%
1014
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
1.02
65%
1015
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
2.42
46%
1015
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 25ᴼ
4.47
49%
1015
weather icon

Будимпешта

32ᴼ / 32ᴼ
0.45
34%
1013
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 24ᴼ
3.58
76%
1014
Currency

61.5217

Currency

53.3836

Currency

71.8674

Currency

37.3567

Currency

38.0586

Currency

66.1057

Currency

7.89933

Currency

0.67321

Currency

0.33925

Currency

0.52457

Currency

1.12287

Currency

0.55908

Сребро

1873.42

Кобалт

56.29

Рутениум

53852.50

Иридиум

252383.36

Цинк

0.00

Бакар

13.13

Паладиум

40863.60

Злато

130712.08

Платина

52920.13

Родиум

265243.66

Алуминиум

3.19

Калај

54.92