Во албанскиот парламент се случи несекојдневен инцидент кој многумина на социјалните мрежи го споредуваат со сцени од култната британска комедија „Летечкиот циркус на Монти Пајтон“. На видеоснимка што се прошири на интернет се гледа како опозицискиот пратеник Агрон Шехај зема доверлив документ поврзан со воениот договор меѓу Албанија и Соединетите Американски Држави, по што се обидува да го напушти местото. На снимката се гледа како Шехај ...

Бернар Арно, најбогатиот човек во Европа и претседател на луксузниот конгломерат LVMH, се најде во центарот на жестоки критики откако францускиот истражувачки портал Mediapart објави аудиоснимка на која, наводно, изнесува навредливи коментари за лицата со прекумерна тежина. Како што пренесува „The Telegraph“, милијардерот на снимката наводно порачува дека не сака такви луѓе во својата работна средина. Според Mediapart, станува збор за ...

Непознато лице вчера отвори оган врз Конзулатот на САД во Торонто. Во инцидентот никој не е повреден, а полицијата трага по сторителот. На фасадата на Конзулатот има дупка од куршум, а пред дипломатската мисија пронајдена е чаура. Во истрагата вклучена е и канадската единицата за борба против тероризмот. Тоа е втор таков инцидент за четири месеци. Врз Конзулатот на САД во Торонто беше пукано и на 10 март, по што е зголемена безбедноста на ...

Сообраќајот на државните патишта низ Македонија утринава се одвива непречено и по суви коловози, додека интензитетот на возила на патните правци надвор од градските средини е зголемен, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ). Според последните информации, зголемена фреквенција на возила има на граничниот премин „Богородица“, каде што времето на чекање за премин на границата изнесува околу 15 минути. На останатите гранични ...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен, ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 30 до 35 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а ...

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека САД водат „добри разговори“ со Иран и дека постои реална можност да биде постигнат договор. – Водиме добри разговори. Мислам дека има голема шанса нешто да се случи, а ако се случи, добро. Ако не се случи, ќе се вратиме на она што го правевме пред два дена – изјави Трамп. Тој предупреди дека, доколку преговорите не дадат резултат, Иран повторно би можел да биде цел на напади. – Или ...

Од дворот на црквата „Св. Петар и Павле“ во Горно Лисиче, попладнево околу 40 коњаници, меѓу кои и 5 девојки, тргнаа кон Крушево, продолжувајќи ја речиси петдецениската традиција посветена на чествувањето на Илинден и на македонските херои. Првата дестинација вечерва им е Долно Лисиче по што утре ќе го продолжат патот кон Петровец и кон Велес. На Илинден, на 2 август, ќе пристигнат во Крушево. На 31 јули, коњаниците од Горно Лисиче ќе се ...

Надлежните за состојбите со водата во Гостивар се консултираат со експерти, во општината веќе водата може да се користи за технички потреби, а наскоро се очекува и за пиење, рече претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. Партиите не треба шират хистерија, потенцира тој. – На сите треба да ни е јасно дека станува збор за одговорност која што е на општината и тоа е многу важно да се констатира, бидејќи тие услуги се исклучиво одговорност на ...

Собранието на Црна Гора денеска ги усвои измените и дополнувањата на Законот за здравствено осигурување, со кои на жените со дијагностицирана секундарна дисменореа – болни менструални циклуси проследени со грчеви, гадење и со замор – им се овозможува право на два дена платено отсуство месечно. Тоа право се однесува на жените кои имаат болни менструални циклуси предизвикани од органски причини, како што се ендометриоза, миоми, полипи и други ...

Во соработка со Министерството за внатрешни работи и реномирана невладина меѓународна организација ќе се отвори линија „Пријави корупција“ каде што граѓаните на кои им е побарано мито ќе можат да пријават, најави ппремиерот Христијан Мицкоски. – Ние покажавме и докажавме дека сме подготвени и способни да правиме реформи. И тоа се покажа со декемврискиот извештај од реформската агенда, сега ќе се покаже и во јунскиот, односно на 15 јули ...

Американската телевизиска водителка Савана Гатри објави ново емотивно видео, во кое директно им се обраќа на луѓето кои, според истрагата, ја киднапирале нејзината 84-годишна мајка Ненси. Со солзи во очите, таа ги моли да „го направат вистинскиот чекор“ и да ѝ помогнат на семејството конечно да дознае каде се наоѓа нивната мајка, нагласувајќи дека кошмарот трае веќе речиси шест месеци. Ненси Гатри исчезна на 1 февруари од својот дом во ...

Уставните измени нема да се случат во оваа форма како што сега се бара, категоричен е премиерот Христијан Мицкоски. – Да разговараме. Јас сум подготвен да разговарам со секого секаде. Јас не сум секундант за да ви кажам до кога. Додека е потребно за да се најде решение коешто ќе биде одржливо и коешто ќе нè однесе до крајната цел. А во меѓувреме ќе испорачуваме со реформската агенда, ќе правиме подобро општество, подобри услови за живот – ...

Осумдесет и тригодишната уметница Карли Сајмон јавно откри дека боледува од Паркинсонова болест, објаснувајќи дека долго време се обидувала да разбере што навистина се случува со нејзиното здравје, пред да реши да зборува за тоа. Американската пејачка, текстописец и добитничка на бројни музички награди Карли Сајмон е една од најголемите музички ѕвезди на 1970-тите години. Таа е автор на безвременски хитови како „You’re So Vain“ и „Nobody Does ...

Времето утре ќе биде сончево, со мала до умерена локална облачност, најави Управата за хидрометеоролошки работи. Ќе дува слаб до умерен ветер, а повремено и засилен ветер, наместа долж Повардарието, од северен и северозападен правец. Минималната температура најниско ќе се спушти во берово, до 12 степени. Најтопло ќе биде во Гевгелија и во Демир Капија, со температура до 35 степени. Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена локална ...

Млад украински пар бил нападнат од тројца мажи во неделата, во населбата Закшув во Вроцлав, Полска. Мајката на девојката тврди дека нападот започнал откако напаѓачите го слушнале нивниот украински акцент. Девојката се обидела да го заштити момчето и притоа добила повеќе удари. Таа има рана на вратот што барала шиење, а за двајцата постои сомнеж за потрес на мозокот. Полицијата во Вроцлав потврдила дека истражува напад и трага по сторителите. ...

Француските пожарникари за прв пат се соочуваат со огромните пирокумулонимбуси, познати како огнени облаци, кои се формираат за време на екстремни шумски пожари, додека се обидуваат да го стават под контрола големиот пожар во југозападниот дел на земјата. Овие облаци создаваат свои ветрови, па дури и молњи кои можат да предизвикаат нови пожари. Тие се формираат над екстремно моќни пожари и можат дополнително да ги влошат веќе екстремно ...

Сингуларитетот пристигна, тврди извршниот директор на ОпенАИ, Сем Алтман. Тој го објави ова радикално поместување на парадигмата минатиот викенд како гостин во подкастот „Relentless“, каде што изјави: „Сега, да речеме, сме во сингуларитетот“. Неговите тврдења доаѓаат во време кога се поставуваат прашања за можни скриени мотиви за ваквите изјави, пишува Futurism. Иако дефинициите варираат, сингуларитетот генерално се опишува како точка во која ...

Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, пушти видео со иритирачки пискав звук и рече дека така звучи звучен топ, за време на вонредната седница на Парламентот на која се дискутира за доверба на Владата. Потегот предизвика бура меѓу пратениците. Дачиќ рече дека звучниот топ е од американско производство и додаде дека една од неговите функции е да може да се користи за време на немири. Потоа пушти видео со звучен топ од својот ...

Дојранското Езеро повторно се полни со вода од пумпите на Хидросистемот „Ѓавато“ во Богданци и дотурот на вода во езерото ќе продолжи без застој. Од Хидросистемот велат дека во моментот се влеваат 200 литри во секунда, а во текот на денот или утре ќе се пушти дополнителна количина, со што ќе се зголеми дотурот на вода во езерото. – Водата се пушти во саботата, бевме на терен и проверивме дали сè е во ред. Попатно немаме загуби на вода, ...

Истражниот судија на Основниот суд во Улцињ ѝодреди мерка притвор до 30 дена на Сашка Стојановска (43), Македонката што прегази шарпланинец откако тој го задави нејзиниот миленик. Притворот, според црногорските медиуми, е одреден во саботата, поради основано сомнение дека во петокот таа извршила кривично дело Убивање и мачење животни и уништување на нивното живеалиште. Претходно, Основното државно обвинителство во Улцињ ѝ одреди мерка притвор ...

Собранието денеска го усвои Дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2026 година со кој се обезбедуваат повеќе средства за развој и капитални инвестиции, поддршка на земјоделството, социјалната заштита, општините и за реализација на развојните приоритети на Владата, како и за непречено исполнување на законските обврски, соопшти Министерството за финансии. Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во експозето по предлогот истакна дека ...

Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) ги отфрли тврдењата на ЈП „Комуналец“ – Гостивар дека две години чека согласност за поставување на водоводна инфраструктура, наведувајќи дека причината за неиздавањето на одобрението е неисполнување на законските процедури од страна на Општина Гостивар. Од ЈПДП информираат дека во февруари 2024 година Општина Гостивар поднела барање за водоводна мрежа, по што на 26 април истата година била ...

Три жени, меѓу кои и една бремена, беа избодени со нож денеска околу 11:30 часот во близина на Порт де Клиши во Париз. Француската полиција соопшти дека повредените жени веднаш биле згрижени од екипи на Итната медицинска помош и пренесени во болница. Една од жртвите се наоѓа во критична состојба. Осомничениот, 31-годишен маж за кого се претпоставува дека има психички нарушувања, бил уапсен на местото на нападот по интервенција на полицијата. ...

Основното јавно обвинителство Скопје нареди да се спроведат истражни постапки против 4 лица кај кои во текот на викендот беа откриени одредени количества наркотична дрога. „Во првата истрага се опфатени татко и син, на возраст од 50 и 19 години, кои во домот на улицата Македонско-косовска бригада заеднички држеле околу 5 килограми марихуана, спакувани во повеќе ќеси и наменети за натамошна продажба. При претресот во нивниот дом полицијата ...

Три жени, меѓу кои и една бремена, беа избодени со нож денеска околу 11:30 часот во близина на Порт де Клиши во Париз. Француската полиција соопшти дека повредените жени веднаш биле згрижени од екипи на Итната медицинска помош и пренесени во болница. Една од жртвите се наоѓа во критична состојба. Осомничениот, 31-годишен маж за кого се претпоставува дека има психички нарушувања, бил уапсен на местото на нападот по интервенција на полицијата. ...

Последната анкета спроведена во јуни од Институтот за истражување „Стратум Р&Д” потврдува дека ВЛЕН е прва политичка сила кај Албанците, соопшти партијата. На прашањето: „Доколку денеска се одржат избори, за која политичка партија би гласале?”, 34% од испитаниците се изјасниле дека би гласале за ВЛЕН, додека 30% за ДУИ. „Ова е втора анкета во изминатите два месеци која го позиционира ВЛЕН пред ДУИ. Резултатите од ова истражување се јасен ...

Сообраќајот на граничните премини меѓу Македонија и Грција е нормализиран по завршувањето на денешниот штрајк на грчките цариници, а на преминот „Дојран“ се чека околу 15 минути за влез од македонска страна и околу 30 минути за влез во Грција. Од Граничниот премин „Дојран“ информираат дека штрајкот, кој траеше од 5:00 до 9:00 часот по македонско време, не предизвикал поголеми проблеми во сообраќајот, бидејќи граѓаните биле навремено ...

Српската кошаркарска ѕвезда Никола Јокиќ, по завршувањето на НБА сезоната и успешните настапи со репрезентацијата на Србија во квалификациите за Светското првенство, слободното време го користи за својата голема страст – коњските трки. Јокиќ, кој како капитен ја предводеше Србија до две многу важни победи во квалификациите за Мундобаскетот, пред новото репрезентативно собирање во август и натпреварите против Исланд и Италија, престојуваше во ...

Повеќе од четврт век по разводот од Џенифер Лопез, нејзиниот прв сопруг Ојани Ноа повторно ја отвори Пандорината кутија со низа тешки обвинувања на сметка на светската музичка и филмска ѕвезда. Во интервју за британскиот „Сан“, кубанскиот актер и фитнес тренер тврди дека јавноста со години гледала внимателно изградена слика која, според него, нема многу допирни точки со реалноста. Ноа, кој беше во брак со Лопез од 1997 до 1998 година, вели ...

Иран повторно ѝ се закани на Бугарија поради одлуката да дозволи на американските авионио да полнат гориво во бугарските бази додека врша напади во Заливот. Ова е трето вакво предупредување, а следуваше набргу откако американскиот претседател Доналд Трамп му се заблагодари на бугарскиот премиер Румен Радев за поддршката, пишува Еуроњуз. – Оние кои донесуваат одлуки во Бугарија мора да сносат одговорност за опасната одлука да бидат домаќини на ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
1.54
28%
1015
weather icon

Белград

29ᴼ / 26ᴼ
2.68
54%
1014
weather icon

Загреб

29ᴼ / 29ᴼ
1.43
33%
1013
weather icon

Софија

23ᴼ / 23ᴼ
1.61
32%
1016
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
3.27
28%
1015
weather icon

Љубљана

23ᴼ / 23ᴼ
0.82
76%
1014
weather icon

Атина

30ᴼ / 27ᴼ
1.34
42%
1014
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
1.02
65%
1015
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
2.42
46%
1015
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 25ᴼ
4.47
49%
1015
weather icon

Будимпешта

32ᴼ / 32ᴼ
0.45
34%
1013
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 24ᴼ
3.58
76%
1014
Currency

61.5217

Currency

53.3836

Currency

71.8674

Currency

37.3567

Currency

38.0586

Currency

66.1057

Currency

7.89933

Currency

0.67321

Currency

0.33925

Currency

0.52457

Currency

1.12287

Currency

0.55908

Кобалт

56.29

Сребро

1873.42

Паладиум

40863.60

Рутениум

53852.50

Бакар

13.13

Иридиум

252383.36

Калај

54.92

Алуминиум

3.19

Цинк

0.00

Родиум

265243.66

Платина

52920.13

Злато

130712.08