Кандидатот за градоначалник на Прилеп од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Дејан Проданоски, вечерва во гостување во емисијата „Топ Тема“ на Телма најави амбициозна инфраструктурна офанзива која, според него, целосно ќе го трансформира градот. Проданоски посочи дека во неговата програма клучен фокус ќе биде решавањето на сообраќајниот метеж и подобрување на квалитетот на живот во централното градско подрачје. – Во план е изградба на две обиколници во ...

Словенечката планинска служба за спасување објави дека ги пронашла телата на двајцата преостанати исчезнати хрватски планинари во Јулиските Алпи. Како што објави синоќа Полициската управа Крањ, група од седум хрватски планинари пристигна во Водников дом откако се искачи на Триглав во саботата, каде што ја поминаа ноќта. Четворица од нив останаа во домот. Телото на првиот планинар беше пронајдено во акција во неделата, додека преостанатите двајца ...

Русија и Украина продолжија со меѓусебни напади со беспилотни летала во текот на ноќта. Руската војска собори 251 украински беспилотни летала, додека украинскиот регион Запорожје беше цел на повеќе од 700 напади со беспилотни летала и артилерија за 24 часа. Според руското Министерство за одбрана, руската војска собори 251 украински беспилотни летала во текот на ноќта, вклучително и над Црното Море и окупираниот Кримски полуостров. „Ноќе, ...

Младоженец од Хрватска, неговиот брат кој бил на прагот од свадба и нивен пријател од Солин се тројцата планинари кои загинаа на Јулијските Алпи. Весникот „Слободна Далмација“ не ги откри нивните иницијали, но ја сподели тажната приказна, за, како што се вели, браќата од Каштел. Се смета дека едниот од браќата бил на 32, додека другиот на 26 години. „Лавината им ја заледи среќата“, пишува весникот истакнувајќи дека оженетиот брат имал свадба ...

Нобеловата сезона за 2025 година официјално започна со објавувањето на првата награда, онаа за физиологија или медицина. Наградата е доделена на научниците Мери Е. Брунков и Фред Рамсдел од САД и Шимон Сакагучи од Јапонија. Contents Тие ја добиваат престижната награда за нивните револуционерни откритија во врска со периферната имунолошка толеранција, која го спречува имунолошкиот систем да му наштети на сопственото тело. Нивната работа ја ...

Иранскиот парламент одобри монетарна реформа со која ќе се отстранат четири нули од националната валута, ријал, во наредните години за да се олеснат трансакциите по годините висока инфлација. Повеќегодишната инфлација повисока од 35% доведоа до драстичен пад на вредноста на иранскиот ријал, кој се разменува на слободниот пазар по курс од 1.150.000 ријали за еден американски долар, што им отежнува на граѓаните да ги разберат сметките и ...

Откако вчера (недела) околу 21 часот се преврте чамец во водите на Дунав, хрватските полицајци во близина на Сотин, недалеку од Вуковар, пронајдоа пет странски државјани и ги извлекоа од Дунав, објави Вуковарско-сремската полициска управа. Според портпаролот на полициската управа, Драгослав Живковиќ, постои сомнение дека петтемина се обиделе нелегално да ја преминат државната граница од Србија во Хрватска. Според српските медиуми, во бродот ...

Денес во историското Црвена Вода, Славна Дебрца,со полагање свежо цвеќе на спомен обележјето, историски час, посета на Спомен собата на ГШ на НОВ и ПОМ и посета на Спомен собата од НОБ во село Белчишта одбележавме 82 година од издавањето на Манифестот на ГШ на НОВ и ПОМ, до македонскиот народ, на 03 Октомври 1943 година, Ден кој е патронен празник на општина Дебрца. Во Дебрца се испишани најсветлите страници од македонската историја, а ...

Националното студентско тело информира дека денеска официјално го испрати до Министерството за образование и наука и Управата за јавни приходи Барањето за разграничување на поимот „приход“ од „прилив“ при примената на мерката за субвенциониран студентски оброк. – Со ова барање се укажува на потребата институциите да направат јасна разлика меѓу реален приход и прилив на средства на студентските сметки со цел да се спречи неправедното одбивање на ...

Без разлика дали јадете пица со сирење, тестенини со песто или печено пилешко, босилекот е состојка што многу домашни готвачи ја сметаат за неопходна. И со добра причина. Има вкус што дополнително го збогатува јадењето. Свежиот босилек совршено се вклопува во салати, како гарнир, во песто. Покрај неговата интересна текстура и одличен вкус, босилекот е и вистинска хранлива бомба. Еве пет добри причини зошто да го внесете во исхраната: Contents ...

Од полноќ поевтинуваат сите видови на горива, соопшти Регулaтротната комисија за енергетика која ги објави новите цени. Имајќи ги предвид влијанијата на овие елементи во формирањето на цените на нафтените деривати според Методологијата, малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 2,00%. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното ...

Вкупната вредност на извозот на стоки во периодот јануари – август 2025 година, изнесува 5,867 милијарди американски долари и бележи пораст од 4,3% во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – август 2025 година, изнесува 8,376 милијарди долари што е за 5,3% повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Ова го покажуваат статистичките податоци објавени денеска. Покриеноста на ...

Австрија и Словенија, заедно со Германија и Италија иницираа до Европската комисија промена на процесот на одлучувањето за пристапувањето на земјите кандидатки и тоа со употреба на квалификувано мнозинство за техничките меѓучекори, а едногласност само за почетокот и на крајот на преговорите за членство. Оваа инцијатива е веќе во Европската Комисија и ја поддржуваат 16 земји членки. Како што појаснија денеска во Скопје австриската сојузна ...

Амбасадата на Република Северна Македонија во Љубљана информира дека добила известување од словенечката полиција дека во текот на ноќта на 2 октомври 2025 година, животот го загубил македонски државјанин, роден во 1986 година во Кочани. Согласно информациите од словенечката полиција, блиските на починатиот се веќе известени, а случајот го разгледува Секторот за криминалистичка полиција. Амбасадата на Република Северна Македонија во Љубљана ...

Изнесените наводи во соопштението од Ј.П. Водовод и Канализација – Скопје, во кое се тврди дека вчерашниот прекин во водоснабдувањето во неколку населени места во Скопје бил предизвикан од краткотрајни прекини на снабдување со електричната енергија во регионот кај бунарите на Лепенец, Електродистрибуција ги отфрла во целост како невистинити. Електродистрибуција во својот демант тврди дека напојувањето е согласно и во граница на пропишаните ...

Бобан Сјеклоќа (33) од Цетиње, кој според полицијата важеше за еден од водачите на цетинската ќелија на криминалниот „Шкаљарски клан“, беше ликвидиран вчера попладне, околу 18:00 часот, во близина на плажата Трстено кај Будва. Телото е пронајдено во автомобил „Голф“ со подгорички таблици. Првично се сметало дека станува збор за сообраќајка, но пожарникарите, кои го ваделе возилото излетано од патот, откриле дека на телото на возачот има ...

Од почетокот на следната година, пензионерите во Македонија ќе можат повторно да се вработат без да се откажат од својата пензија. Министерот за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски, најави дека новите законски измени ќе стапат на сила на 1 јануари 2026 година и ќе им овозможат на сите работоспособни пензионери да продолжат со работа, а притоа редовно да ја примаат својата пензија. – Законот ќе стапи на сила од 1 јануари 2026 година. Во ...

Со синхронизирање на 12 закони од областа на здравството, од евиденции, преку осигурување и лекови, до биомедицина и јавно здравје, и нивно поврзување за да функционираат како една целина, ќе се овозможи унапредување на процесите во здравствениот систем. Денеска во Министерството за здравство се одржа јавна презентација на тие 12 закони, а стручната фела даде предлози, мислења и препораки, за да се дојде до најдобрите решенија. Министерот за ...

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) денеска сподели „метео аларм“ за утрешниот ден (07.10.2025). Имено, УХМР во објава на својот профил на Фејсбук прогнозира дека утре ќе дува умерен до засилен, а долж Повардарието повремено силен ветер од северозападен правец (над 60 km/h). На фотографијата која ја сподели УХМР прикажано е кои делови од Македонија ќе бидат зафатени со силен ветер. Според прогнозата, до среда ќе се задржи претежно ...

Брод со неколку лица се преврте на Дунав во близина на Бачка Паланка во неделата околу 21 часот. Синоќа во близина на Бачка Паланка се преврте брод во Дунав, во кој, според неофицијални информации, имало 10 кинески државјани и еден српски државјанин, јавува РТС. „Итни служби од Србија и Хрватска се на местото на настанот“, се вели во извештајот на 192.rs. Испратена е Специјализирана екипа за спасување на вода и работа на Секторот за вонредни ...

Кога се појави во 1950-тите, пластиката го промени начинот на живот и го преплави светот, но наскоро стана голем проблем. Завршува во почвата, реките и морињата. Не го заобиколи ниту Јадранот. Одговорите за тоа како пластиката и микропластиката го менуваат морето може да се најдат во Центарот за морски истражувања во Ровињ. „Јадранот е секако бисер на Европа и Медитеранот, но не е само оваа сина површина што ја гледаме, убава и чиста, туку има и ...

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата. Лекорну ја поднесе својата оставка до претседателот Емануел Макрон, кој ја прифати. Речиси четири недели по неговото назначување, Лекорну дури синоќа ја објави распределбата на клучните министерства, но лидерот на конзервативните републиканци, Бруно Рејто, го изрази своето незадоволство од составот на новиот кабинет и свика кризен состанок за денеска, ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска потврди дека американските сили претходната ноќ погодиле уште еден брод за кој се тврди дека транспортирал дрога покрај брегот на Венецуела. Трамп, за време на говорот во американската поморска база Норфолк во Вирџинија, веднаш до носачот на авиони „Хари С. Труман“, рече дека САД ќе почнат да ја истражуваат трговијата со дрога што се одвива и на копно. – Во последните недели морнарицата ја поддржа ...

Високиот функционер на палестинското милитантно движење Хамас, Махмуд Мардави, денеска ги негираше медиумските извештаи дека групата наводно се согласила да го положи оружјето, како што е предвидено во планот на американскиот претседател Доналд Трамп за решавање на конфликтот во Газа. „Махмуд Мардави ги негираше лажните тврдења на телевизијата Ал Хадат и голем број други медиуми во врска со напредокот на преговорите за прекин на огнот во Појасот ...

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека Унгарија не треба да го воведе еврото, бидејќи Европската унија „се распаѓа“. Орбан во интервју за економскиот портал „EconomX“ изјави дека сегашната каматна стапка на централната банка од 6,5 проценти е „повисока отколку што би можела да биде“. Тој процени дека намалувањето на каматните стапки ќе дојде „побавно отколку што би сакале“, бидејќи гувернерот на централната банка, Михаљ Варга, е „претпазлив ...

Украински дрон ја погоди руската рафинерија Орск, во регионот Оренбург, оддалечена околу 1.400 километри од украиснко-руската граница, објави украински канал на социјалната мрежа Телграм. Рафинеријата Орск произведва бензин, како и керозин за авионско оружје, а има вкупен капацитет за преработка на 6,6 милиони тони нафта годишно. Според украинскиот канал, погоден бил дел од преработувачката единица реновиран и модернизиран во 2014 година. На ...

Месечината ќе изгледа малку поголема и посветла вечерва за време на феномен наречен „супермесечина“. Октомвриската супермесечина е првата од трите оваа година. Се случува кога полната месечина е поблиску до Земјата во својата орбита. Тоа ја прави месечината да изгледа до 14 пати поголема и 30 пати посветла од најслабата месечина во годината, според НАСА. Суптилната разлика се случува неколку пати годишно, понекогаш совпаѓајќи се со други ...

Тешко е да се најдат подобри докази за нашата потреба за блискост од секојдневното искуство на нејзината невозможност. Осаменоста често се романтизира во холивудски стил, како драматична, речиси поетска состојба. Сите ги знаеме тие слики – измачени уметници, меланхолични писатели, изгубени души што гледаат низ прозорците со капки дожд што се лизгаат по нив… Многу романтично, речиси кинематографски. Сепак, реалноста е многу поприземна. Осаменоста ...

Секој од четирите текстови поместени во книгата „Драмолетање“ носи специфичен авторски глас и отвора простор за ново сценско истражување – од интимни прашања, преку социјални и политички теми, до хумор и апсурд. Со оваа книга не само што ја претставуваме новата генерација драмски автори, туку и поставуваме темели за идни соработки и нови претстави, рече Петар Антевски, приредувач на изданието „Драмолетање“, во продукција на Македонскиот народен ...

Eдна од најубавите музички драми во оперската литература „Риголето“ од Џузепе Верди ќе биде изведена на 10 октомври со почеток во 20 часот на сцената на Националната опера и балет. Диригент е Џанлука Мартиненги од Италија, режисер е Пјер Франческо Маестрини (Италија), сценографијата е на Гилермо Нова од Шпанија, костимографијата на Кристина Ачети (Италија), а кореограф е Саша Евтимова, концерт-мајстор е Климент Тодороски, хор-мајстор: Јасмина ...

Повик

3 дена - МРТ
weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
0.51
93%
1031
weather icon

Белград

4ᴼ / 2ᴼ
2.06
100%
1028
weather icon

Загреб

0ᴼ / 0ᴼ
1.54
93%
1027
weather icon

Софија

-3ᴼ / -3ᴼ
1.03
93%
1030
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
0.83
89%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 5ᴼ
1.1
98%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 8ᴼ
0.89
89%
1028
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
87%
1029
weather icon

Подгорица

4ᴼ / 4ᴼ
0.0
93%
1030
weather icon

Букурешт

1ᴼ / 0ᴼ
1.54
100%
1027
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
4.12
95%
1028
weather icon

Истанбул

5ᴼ / 5ᴼ
1.03
100%
1029
Currency

61.555

Currency

52.4113

Currency

70.088

Currency

34.7175

Currency

38.1068

Currency

66.0446

Currency

7.4565

Currency

0.65596

Currency

0.33717

Currency

0.52418

Currency

1.22927

Currency

0.58202

Платина

62683.26

Паладиум

53788.20

Кобалт

58.42

Иридиум

145787.60

Родиум

258813.51

Бакар

10.93

Рутениум

29192.88

Сребро

2105.58

Злато

139298.91

Цинк

3.04

Алуминиум

2.92

Калај

43.15