Без разлика дали јадете пица со сирење, тестенини со песто или печено пилешко, босилекот е состојка што многу домашни готвачи ја сметаат за неопходна. И со добра причина. Има вкус што дополнително го збогатува јадењето. Свежиот босилек совршено се вклопува во салати, како гарнир, во песто. Покрај неговата интересна текстура и одличен вкус, босилекот е и вистинска хранлива бомба. Еве пет добри причини зошто да го внесете во исхраната: Contents ...

Од полноќ поевтинуваат сите видови на горива, соопшти Регулaтротната комисија за енергетика која ги објави новите цени. Имајќи ги предвид влијанијата на овие елементи во формирањето на цените на нафтените деривати според Методологијата, малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 2,00%. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното ...

Вкупната вредност на извозот на стоки во периодот јануари – август 2025 година, изнесува 5,867 милијарди американски долари и бележи пораст од 4,3% во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – август 2025 година, изнесува 8,376 милијарди долари што е за 5,3% повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Ова го покажуваат статистичките податоци објавени денеска. Покриеноста на ...

Австрија и Словенија, заедно со Германија и Италија иницираа до Европската комисија промена на процесот на одлучувањето за пристапувањето на земјите кандидатки и тоа со употреба на квалификувано мнозинство за техничките меѓучекори, а едногласност само за почетокот и на крајот на преговорите за членство. Оваа инцијатива е веќе во Европската Комисија и ја поддржуваат 16 земји членки. Како што појаснија денеска во Скопје австриската сојузна ...

Амбасадата на Република Северна Македонија во Љубљана информира дека добила известување од словенечката полиција дека во текот на ноќта на 2 октомври 2025 година, животот го загубил македонски државјанин, роден во 1986 година во Кочани. Согласно информациите од словенечката полиција, блиските на починатиот се веќе известени, а случајот го разгледува Секторот за криминалистичка полиција. Амбасадата на Република Северна Македонија во Љубљана ...

Изнесените наводи во соопштението од Ј.П. Водовод и Канализација – Скопје, во кое се тврди дека вчерашниот прекин во водоснабдувањето во неколку населени места во Скопје бил предизвикан од краткотрајни прекини на снабдување со електричната енергија во регионот кај бунарите на Лепенец, Електродистрибуција ги отфрла во целост како невистинити. Електродистрибуција во својот демант тврди дека напојувањето е согласно и во граница на пропишаните ...

Бобан Сјеклоќа (33) од Цетиње, кој според полицијата важеше за еден од водачите на цетинската ќелија на криминалниот „Шкаљарски клан“, беше ликвидиран вчера попладне, околу 18:00 часот, во близина на плажата Трстено кај Будва. Телото е пронајдено во автомобил „Голф“ со подгорички таблици. Првично се сметало дека станува збор за сообраќајка, но пожарникарите, кои го ваделе возилото излетано од патот, откриле дека на телото на возачот има ...

Од почетокот на следната година, пензионерите во Македонија ќе можат повторно да се вработат без да се откажат од својата пензија. Министерот за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски, најави дека новите законски измени ќе стапат на сила на 1 јануари 2026 година и ќе им овозможат на сите работоспособни пензионери да продолжат со работа, а притоа редовно да ја примаат својата пензија. – Законот ќе стапи на сила од 1 јануари 2026 година. Во ...

Со синхронизирање на 12 закони од областа на здравството, од евиденции, преку осигурување и лекови, до биомедицина и јавно здравје, и нивно поврзување за да функционираат како една целина, ќе се овозможи унапредување на процесите во здравствениот систем. Денеска во Министерството за здравство се одржа јавна презентација на тие 12 закони, а стручната фела даде предлози, мислења и препораки, за да се дојде до најдобрите решенија. Министерот за ...

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) денеска сподели „метео аларм“ за утрешниот ден (07.10.2025). Имено, УХМР во објава на својот профил на Фејсбук прогнозира дека утре ќе дува умерен до засилен, а долж Повардарието повремено силен ветер од северозападен правец (над 60 km/h). На фотографијата која ја сподели УХМР прикажано е кои делови од Македонија ќе бидат зафатени со силен ветер. Според прогнозата, до среда ќе се задржи претежно ...

Брод со неколку лица се преврте на Дунав во близина на Бачка Паланка во неделата околу 21 часот. Синоќа во близина на Бачка Паланка се преврте брод во Дунав, во кој, според неофицијални информации, имало 10 кинески државјани и еден српски државјанин, јавува РТС. „Итни служби од Србија и Хрватска се на местото на настанот“, се вели во извештајот на 192.rs. Испратена е Специјализирана екипа за спасување на вода и работа на Секторот за вонредни ...

Кога се појави во 1950-тите, пластиката го промени начинот на живот и го преплави светот, но наскоро стана голем проблем. Завршува во почвата, реките и морињата. Не го заобиколи ниту Јадранот. Одговорите за тоа како пластиката и микропластиката го менуваат морето може да се најдат во Центарот за морски истражувања во Ровињ. „Јадранот е секако бисер на Европа и Медитеранот, но не е само оваа сина површина што ја гледаме, убава и чиста, туку има и ...

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата. Лекорну ја поднесе својата оставка до претседателот Емануел Макрон, кој ја прифати. Речиси четири недели по неговото назначување, Лекорну дури синоќа ја објави распределбата на клучните министерства, но лидерот на конзервативните републиканци, Бруно Рејто, го изрази своето незадоволство од составот на новиот кабинет и свика кризен состанок за денеска, ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска потврди дека американските сили претходната ноќ погодиле уште еден брод за кој се тврди дека транспортирал дрога покрај брегот на Венецуела. Трамп, за време на говорот во американската поморска база Норфолк во Вирџинија, веднаш до носачот на авиони „Хари С. Труман“, рече дека САД ќе почнат да ја истражуваат трговијата со дрога што се одвива и на копно. – Во последните недели морнарицата ја поддржа ...

Високиот функционер на палестинското милитантно движење Хамас, Махмуд Мардави, денеска ги негираше медиумските извештаи дека групата наводно се согласила да го положи оружјето, како што е предвидено во планот на американскиот претседател Доналд Трамп за решавање на конфликтот во Газа. „Махмуд Мардави ги негираше лажните тврдења на телевизијата Ал Хадат и голем број други медиуми во врска со напредокот на преговорите за прекин на огнот во Појасот ...

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека Унгарија не треба да го воведе еврото, бидејќи Европската унија „се распаѓа“. Орбан во интервју за економскиот портал „EconomX“ изјави дека сегашната каматна стапка на централната банка од 6,5 проценти е „повисока отколку што би можела да биде“. Тој процени дека намалувањето на каматните стапки ќе дојде „побавно отколку што би сакале“, бидејќи гувернерот на централната банка, Михаљ Варга, е „претпазлив ...

Украински дрон ја погоди руската рафинерија Орск, во регионот Оренбург, оддалечена околу 1.400 километри од украиснко-руската граница, објави украински канал на социјалната мрежа Телграм. Рафинеријата Орск произведва бензин, како и керозин за авионско оружје, а има вкупен капацитет за преработка на 6,6 милиони тони нафта годишно. Според украинскиот канал, погоден бил дел од преработувачката единица реновиран и модернизиран во 2014 година. На ...

Месечината ќе изгледа малку поголема и посветла вечерва за време на феномен наречен „супермесечина“. Октомвриската супермесечина е првата од трите оваа година. Се случува кога полната месечина е поблиску до Земјата во својата орбита. Тоа ја прави месечината да изгледа до 14 пати поголема и 30 пати посветла од најслабата месечина во годината, според НАСА. Суптилната разлика се случува неколку пати годишно, понекогаш совпаѓајќи се со други ...

Тешко е да се најдат подобри докази за нашата потреба за блискост од секојдневното искуство на нејзината невозможност. Осаменоста често се романтизира во холивудски стил, како драматична, речиси поетска состојба. Сите ги знаеме тие слики – измачени уметници, меланхолични писатели, изгубени души што гледаат низ прозорците со капки дожд што се лизгаат по нив… Многу романтично, речиси кинематографски. Сепак, реалноста е многу поприземна. Осаменоста ...

Секој од четирите текстови поместени во книгата „Драмолетање“ носи специфичен авторски глас и отвора простор за ново сценско истражување – од интимни прашања, преку социјални и политички теми, до хумор и апсурд. Со оваа книга не само што ја претставуваме новата генерација драмски автори, туку и поставуваме темели за идни соработки и нови претстави, рече Петар Антевски, приредувач на изданието „Драмолетање“, во продукција на Македонскиот народен ...

Eдна од најубавите музички драми во оперската литература „Риголето“ од Џузепе Верди ќе биде изведена на 10 октомври со почеток во 20 часот на сцената на Националната опера и балет. Диригент е Џанлука Мартиненги од Италија, режисер е Пјер Франческо Маестрини (Италија), сценографијата е на Гилермо Нова од Шпанија, костимографијата на Кристина Ачети (Италија), а кореограф е Саша Евтимова, концерт-мајстор е Климент Тодороски, хор-мајстор: Јасмина ...

Цената на биткоинот достигна нов историски максимум, надминувајќи 125.000 долари. Овој раст е поттикнат од зголемениот институционален интерес и неизвесноста предизвикана од затворањето на американската влада, што ги тера инвеститорите да бараат алтернативни средства. Според Сашо Дракуловски од ВЕГА Фондови, клучни двигатели се и приливите во берзанските ЕТФ-фондови, поголемата регулаторна јасност и влезот на банките во крипто-секторот. Цената ...

Приватните автобуски превозници во 10 часот ги исклучија од сообраќај своите автобуси. Тие велат дека ќе возат како што веќе објавија од 5 до 10 часот додека не им биде намирен долгот од 90 милиони денари од ЈСП. -Да се исклучивме во 10 часот и ќе работиме така додека не ни биде исплатен целиот долг. Шест месеци е тешко да се работи без приход, а треба да се исплатат плати за вработените, да се платат придонесите за нив да се купи нафта и да се ...

Прекин на електричната енергија во регионот кај бунарите на Лепенец бил причина за дефектите на водоводниот систем, соопшти утрово ЈП Водовод и канализација. „Како резултат на прекинот на струја предизвикана е варијација на притисокот на пумпниот систем од бунарите кон градскиот цевковод од каде се дополнува водоснабдителниот систем. Поради тоа настанати се 2 дефекти истовремено на главната водоводна линија Ф-600, како и дефект во шахта на Ф-400 ...

Од утре земјава и практично станува дел од Единствената област за плаќање во евра (СЕПА) со што граѓаните и компаниите ќе можат да вршат плаќања во евра на ист начин како и во земјите од Европската унија. „Од утре, 7 октомври, плаќањата во евра со земјите од Единствената област за плаќање во евра (СЕПА) ќе бидат околу 6 пати поевтини и побрзи! Плаќање од 500 € кое досега чинеше околу 1.600 денари, од утре ќе чини околу 260 денари. #СЕПА значи ...

Шпанката Ивана Морал била во брак 25 години, и во нив, покрај грижата за своите ќерки, таа морала да работи и дома и да помага во семејниот бизнис, за што никогаш не добила никаков паричен надомест. По разводот, првостепениот суд на Велез-Малага пресуди дека 48-годишната жена има право на компензација во износ од над 200.000 евра за извршување „невидливи задачи“ за време на бракот. – Се чувствував понижена, потчинета и злоупотребена… Немав ниту ...

Во свеж зеленчук од Северна Македонија се откриени големи количини на токсична хемикалија која може сериозно да го загрози здравјето на луѓето. Станува збор за свежи црвени пиперки кои биле во продажба на хрватскиот пазар. По проверка на примероците, е утврдено дека пиперката содржи високи нивоа на забранетиот пестицид метомил, кој е многу токсичен за луѓето. Бројни научни студии ја потврдија опасноста од метомил, поради што неговата употреба е ...

Американскиот претседател Доналд Трамп распореди околу 200 припадници на Националната гарда на Калифорнија во Портланд, Орегон, со задача да ја поддржат имиграциската и царинската служба во заштита на федералниот имот и спроведување на федералниот закон. Потегот уследи и покрај тужбата поднесена од двете држави за блокирање на оваа одлука. Минатата сабота, федерален судија привремено ја блокираше одлуката на Трамп да распореди 200 војници од ...

Во рускиот град Белгород и околните области синоќа имаше прекин на електричната енергија, откако во украински напади беше оштетена регионалната енергетска инфраструктура, потврди гувернерот на Белгород, Вјачеслав Гладков, пишува „Еуромајдан прес“. Во Белгород, главниот град на регионот што граничи со Украина, живеат над 320.000 лица. Нападот уследил по сè почестиот модел на украински напади врз руската енергетска и нафтена инфраструктура, ...

Тројца хрватски планинари загинаа во лавина на планината Тошќ во словенечките Јулиски Алпи, и покрај предупредувањата за влошување на временските услови. Словенечките спасувачки служби веднаш реагирале, додека хрватските власти нудат помош во потрагата и спасувањето. Останатите четворица планинари, кои останале во домот, успеале безбедно да се спуштат до висорамнината Покљука. Хрватските планинари кои загинаа во лавина во неделата на планината ...

weather icon

Белград

0ᴼ / 0ᴼ
1.54
100%
1021
weather icon

Загреб

0ᴼ / -1ᴼ
1.03
92%
1020
weather icon

Софија

2ᴼ / -2ᴼ
0.51
66%
1024
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
0.26
87%
1023
weather icon

Љубљана

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
93%
1019
weather icon

Атина

15ᴼ / 11ᴼ
0.89
79%
1022
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
81%
1020
weather icon

Подгорица

3ᴼ / 3ᴼ
1.54
87%
1021
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 4ᴼ
0.51
94%
1023
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / 1ᴼ
4.12
96%
1022
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
2.57
87%
1023
weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
93%
1023
Currency

61.635

Currency

53.0901

Currency

70.1442

Currency

34.7756

Currency

37.9248

Currency

66.0202

Currency

7.50758

Currency

0.68307

Currency

0.34122

Currency

0.52527

Currency

1.25075

Currency

0.5921

Рутениум

29192.88

Платина

53335.15

Иридиум

145787.60

Родиум

258009.74

Алуминиум

2.86

Бакар

10.60

Никел

471217.42

Сребро

1861.11

Злато

136226.64

Паладиум

45043.20

Цинк

3.25

Калај

39.30