Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) денеска, по повод Светскиот ден на храната, објави дека иако светот произведува доволно храна за сите, 673 милиони луѓе се гладни, а 2,8 милијарди не можат да си дозволат здрава исхрана. „Токму затоа мисијата на ФАО, која го слави својот 80-годишен јубилеј, останува порелевантна од кога било – да обезбеди подобро производство, подобра исхрана, подобра животна средина и подобар ...

По воспоставувањето на кревко примирје во Газа, кое треба да доведе до потраен мир, имаше предупредувања дека услов за мир е да се утврди одговорност за извршените злосторства и дека мировниот план не смее да ги поткопа напорите за тоа. „Израел мора да биде пресретнат со правда, санкции, одземање инвестиции, бојкот, сè додека не се заврши окупацијата, апартхејдот и геноцидот и додека не бидат одговорни за секое злосторство“, напиша Франческа ...

Во Србија, околу 1,4 милиони луѓе имаат некаков облик на оштетување на видот, а редовните прегледи и соодветната терапија би можеле да го спречат губењето на видот во девет од 10 случаи, беше кажано на работилницата „Силата е во нас“ што се одржа во Белград по повод Меѓународниот ден на белиот стап. На состанокот, организиран од Центарот за грижа за стари лица, деца и лица со попреченост „Нови Белград“ и Здружението на слепи и лица со оштетен ...

Агенцијата за хуманитарна помош на израелската војска, COGAT, во четврток соопшти дека се во тек подготовки со Египет за повторно отворање на граничниот премин Рафа меѓу Египет и Појасот Газа за луѓето, а точниот датум ќе биде објавен подоцна. Израел претходно предупреди дека може да го задржи преминот Рафа затворен и да ги намали испораките на помош до палестинската енклава, наведувајќи го бавното предавање на телата на мртвите заложници. ...

Подморницата „Титан“ имплодира: Приватната подморница на „Оушенгејт“, „Титан“, имплодираше на пат кон остатоците од бродот „Титаник“, поради лош структурен дизајн и неправилно тестирање, открива официјален извештај. „Титан“ имплодираше во јуни 2023 година, при што загинаа сите пет патници, вклучувајќи го и извршниот директор на „Оушенгејт“. Националниот одбор за безбедност во сообраќајот на САД (NTSB) откри дека процесот на дизајнирање на ...

Америка е во трговска војна со Кина изјави синоќа американскиот претседател, Доналд Трамп. Запрашан за заканата од трговска војна со Кина тој децидно кажа „веќе сме во трговска војна“. Трамп во петокот објави воведување дополнителни царини од 100% за увоз од Кина, обвинувајќи го Пекинг дека зазема „исклучително агресивен став“ во трговските односи. Во објава на неговата социјална мрежа Truth Social, Трамп изјави дека Кина испратила „екстремно ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска објави дека Русија во текот на изминатата ноќ употребила 300 дронови и 37 ракети за напади врз украинската инфраструктура. „Русите оваа есен го користат секој ден за да ја таргетираат нашата енергетска инфраструктура“, напиша тој на X. Украинската приватна енергетска компанија ДТЕК претходно утринава објави дека по рускиот напад врз енергетската инфраструктура во текот на ноќта, работата на ...

Тројца мажи на возраст од околу 20 години се обвинети за силување на жена на познатата плажа во Брајтон, Велика Британија, соопшти полицијата во Сасекс, објави Скај Њуз. Настанот се случил на 4 октомври околу 5 часот наутро. Обвинетите се Карим ал-Данасурт (20) и Ибрахим Алшафе (25) од Хоршем, државјани на Египет, и Абдула Ахмади (25) од Кру, државјанин на Иран. Секој од нив се соочува со две обвиненија за силување. Детективот Енди Харбор ...

Кандидатот за градоначалник на општина Пробиштип, Тони Тоневски од ВМРО-ДПМНЕ, најави изградба на нов регионален пат кој ќе ја поврзува општината со ски-центарот Пониква, сместен на Осоговските Планини. – Еден од моите приоритети е изградбата на регионален пат Пробиштип – ски-центар Пониква. Овој пат ќе значи директна врска со еден од најубавите планински центри на Осогово – изјави Тоневски во разговор за медиумите. Според него, новиот пат ќе ...

Снимките кои излегоа во јавноста, на кои јасно се гледа односот на градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари кон жени вработени во Општината, претставуваат скандал и срам за државата, оцени Марија Митева, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. – Навредите, понижувањето и злоупотребата на службената позиција се однесување кое не му доликува на човек, а уште помалку на градоначалник. Наместо пример на чесност и одговорност, гледаме ароганција, непочит и ...

Започна со градба третата нова детска градинка во општина Гази Баба, соопшти кандидатот за градоначалник Бобан Стефковски од ВМРО-ДПМНЕ. Почнаа градежните активности за новата детска градинка помеѓу Маџари и Керамидница. Површината на градинката е 1.360 метри квадратни, а капацитетот е за 150 деца. Вредноста на објектот е 147 милиони денари кои се обезбедени од Владата. „По градинките во Трубарево и Инџиково, денес ја почнуваме и третата ...

Изградба на експресен пат од Скопје до Струмица и поврзување на општината со автопатот Струма, односно спојување на коридорите 8 и 10 – тоа се двете најголеми инфраструктурни инвестиции во овој кои, за кои зборуваше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во Струмица. По изборот на кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори, Петар Јанков, општина Струмица ќе добие специјален финансиски пакет, дополнително од ...

СВР Струмица поднесе кривична пријава против 71-годишниот П.Ж. од Струмица поради сомнение дека сторил кривично дело „предизвикување општа опасност“. Според информациите од полицијата, на 12 октомври 2025 година околу 16 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин. Од полицијата информираат дека со ваквото постапување, лицето создало реална опасност за експлозија и сериозно ...

Петар Јанков, кандидат за градоначалник на општина Струмица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, денеска се заблагодари за огромната поддршка којашто ВМРО-ДПМНЕ ја добива од граѓаните во Струмица. – Секојдневно сме меѓу вас, разговараме, добиваме огромна поддршка, благодарност за поддршката – рече Јанков. Јанков ги повика граѓаните на 19 октомври масовно да излезат, да го заокружат бројот 9, со цел огромна победа во Струмица. – Ве повикувам на 19 ...

Во пресрет на завршувањето на изборната кампања, членови на штабот на Мартин Костовски, кандидат за градоначалник од коалицијата СДСМ, беа нападнати од страна на Самек Салиевски, актуелен кандидат за советник од ЗНАМ и член на тимот на Максим Димитриевски. Настанот е пријавен во полициската станица при СВР Куманово, се наведува во соопштението на СДСМ. – Ја знаеме хистеријата на Максим, знаеме дека е исплашен, меѓутоа денеска дојдовме во ...

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, денеска објави дека е завршен еден од најголемите инфраструктурни проекти во општината – уредувањето на речното корито со нова трим патека, парк и урбана опрема. Со овој проект, кој чини 65 милиони денари, Бутел добива нов простор за спорт и рекреација, кој, според Костовски, го менува ликот на општината. „Денес е еден од најубавите денови, ден за еден од најголемите проекти кои се реализираа ...

Двајца кумановчани денеска во СВР Куманово пријавиле дека додека делеле изборен материјал во населбата Средорек биле нападнати од две лица од друга политичка партија. „Денеска во 11:40 часот во СВР Куманово, А.К.(32) и И.С.(33), двајцата од Куманово, пријавиле дека во населбата Средорек во Куманово, додека делеле изборен материјал за една партија, С.С. и Р.Ш. од друга политичка партија агресивно се однесувале кон нив и им упатувале закани, по ...

„Една од најголемите иницијативи на граѓаните е Хотелот Битола и негово адаптирање во Дом за стари лица. Така ќе овозможиме достоинствен живот за нашите највозрасни сограѓани, со топол дом, грижа и внимание што го заслужуваат“. Вака вели актуелниот градоначалник на Битола Тони Коњановски во промотивно видео од изборната програма. Барајќи ја поддшрката за нов мандат од битолчани, Коњановски вели дека секој голем проект почнува од гласот на ...

Посетата што не требаше да се забележи Во сенката на предизборната врева за локалните избори, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ја заврши својата балканска турнеја со посета на Северна Македонија. За разлика од другите држави од регионот, каде што одржуваше заеднички прес-конференции со лидерите, овој пат комуникацијата беше сведена на социјалните мрежи – јасен сигнал дека Брисел не сака да го оптовари домашниот ...

Утре (16.10.2025) започнува 44. Скопски џез фестивал кој ќе трае до 19 октомври. Организаторите најавуваат исклучително богата и квалитетна програма. Сите концерти ќе се одржуваат во Националната опера и балет, а придружната програма, проекциите на документарните филмови во Кино Фросина, МКЦ. Билетите се во продажба онлајн на mktickets.mk а пред самите концерти и на билетарницата на НОБ. На Програма плус денеска (15 октомври) во МКЦ Кино ...

Европската Унија го подготвува првиот план за прифатливо домување, кој ќе ги опфати прашањата за правата на закупците, шпекулациите со недвижности и краткорочното туристичкo изнајмувањe. – Европската комисија ќе предложи нови правила за справување со „големиот проблем“ со краткорочнoто изнајмување преку платформи како Airbnb и Booking.com, со кои сака да одговори на „социјалната криза“ на луѓето кои се борат со трошоците за живот – изјави ...

Еден од најважните шаховски настани во текот на годината е Европскиот клупски куп, турнир кој традиционално се одржува кон крајот на сезоната, но кој претставува епицентар на шаховските збиднувања поради интересот кој го побудува и квалитетот што го нуди. Популарно наречен шаховска верзија на Лигата на шампионите, ЕКК секоја година го собира кремот, но не само од Европа. Шаховскиот клуб Алкалоид неколку децении го гради својот имиџ ...

По иницијатива на грчката Влада, супермаркетите во Грција најавија намалување на цените на над 2.000 основни производи во просек за 8%. Ова го објави генералниот директор на Сојузот на супермаркетите во Грција, Апостолос Петалас, по состанокот со министерот за развој, Такис Теодорикакис, јави агенцијата АНА-МПА. Иницијативата потекнува од Министерството за развој, а нејзината цел е да ги убеди трговските синџири да го намалат својот просечен ...

Македонскиот преносен систем (МЕПСО) доби грант од 600.000 евра од Француската агенција за развој со кој ќе ја унапредува, модернизира и дигитализира преносната мрежа за електрична енергија. Грантот овозможува насочена техничка помош за унапредување, модернизација и дигитализација на преносната мрежа – суштински чекори за обезбедување стабилно снабдување со електрична енергија, намалување на техничките загуби, зголемување на ефикасноста на ...

Германската влада одобри нацрт-закон за поттикнување на работа по пензионирањето, што би им овозможило на оние кои ќе одлучат да го сторат тоа да заработат до 2.000 евра месечно со ослободување од данок. На ваков начин најголемата економија во Европа се обидува да го намали недостигот на работна сила. Промената треба да стапи на сила на почетокот на 2026 година и се очекува да ја чини државата 890 милиони евра годишно во изгубени даночни ...

Цените во земјоделството за една година се намалиле за 1,6% но нивните трошоците се зголемиле за 3,3%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика, Според нив, во делот на трошоците – инпут, во септември 2025 година, во споредба со септември 2024 година, има зголемување на цените на тековно потрошени средства во земјоделството за 3% и зголемување на цените кај средства наменети за инвестиции во земјоделството за 6,7 %. Најголем ...

Аматерските астрономи открија необична и мистериозна структура со двоен прстен што се покажува како исклучително ретка во универзумот. Аматерските астрономи, обединети во онлајн заедницата RAD@home Astronomy Collaboratory, додека ги проучуваа податоците од радиотелескопот LOFAR, кој се наоѓа во Холандија, пронајдоа „една од најретките и најмистериозните структури во универзумот“, објавува CNN. Станува збор за таканаречениот „чуден радио круг“ ...

За време на страсниот говор на американскиот претседател Доналд Трамп пред израелскиот Кнесет, тој јасно стави до знаење дека недостижниот мир во Украина е негов следен приоритет, како и оној на неговиот специјален пратеник Стив Виткоф. И дека тоа е цел за која Трамп се надеваше дека ќе се покаже полесна од она што тој го опиша како мир на Блискиот Исток. Како што пишува CNN во обемна анализа, мирот во Украина можеби не изгледал подалеку ...

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес се појави во Окружниот суд во Тел Авив за да сведочи во неговото судење за корупција по едномесечна пауза. Contents Судењето на Нетанјаху беше одложено поради еврејските празници и неговото патување во Њујорк за 80-тото заседание на Генералното собрание на Обединетите нации. Израелскиот јавен радиодифузен сервис КАН објави дека министрите и членовите на Кнесетот од партијата Ликуд на Нетанјаху ...

Руската армија изврши комбиниран напад врз градот Суми во Украина, гаѓајќи нестанбени зони и предизвикувајќи сериозни прекини во снабдувањето со електрична енергија и вода. Началникот на Регионалната воена администрација, Олег Григоров, изјави дека засега нема пријавени жртви, но штетата е значителна. – Непријателот изврши комбиниран напад врз Суми. Има удари кои не се во станбениот сектор. Засега нема жртви – изјави Григоров. Тој додаде дека ...

weather icon

Скопје

-1ᴼ / -1ᴼ
1.54
93%
1026
weather icon

Белград

1ᴼ / 0ᴼ
5.66
72%
1028
weather icon

Загреб

3ᴼ / 1ᴼ
2.06
85%
1025
weather icon

Софија

2ᴼ / 0ᴼ
5.66
69%
1031
weather icon

Сараево

-3ᴼ / -3ᴼ
4.05
82%
1035
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
1.34
92%
1024
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.57
74%
1022
weather icon

Тирана

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
87%
1022
weather icon

Подгорица

5ᴼ / 5ᴼ
0.51
93%
1023
weather icon

Букурешт

-5ᴼ / -8ᴼ
0.89
83%
1035
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / 1ᴼ
3.09
98%
1028
weather icon

Истанбул

3ᴼ / 3ᴼ
4.63
81%
1029
Currency

61.5417

Currency

53.0304

Currency

70.9621

Currency

35.5532

Currency

38.1694

Currency

65.9916

Currency

7.61231

Currency

0.67784

Currency

0.33463

Currency

0.52465

Currency

1.22528

Currency

0.58472

Алуминиум

3.16

Калај

54.43

Кобалт

62.83

Паладиум

57131.88

Иридиум

198077.91

Сребро

2872.23

Цинк

3.29

Злато

147342.27

Рутениум

45750.51

Бакар

11.73

Платина

73104.70

Родиум

324722.54