Охрид, 18. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно и топло време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до 27 степени. – Од денеска до почетокот на следната седмица времето претпладне ќе биде сончево со променлива облачност. Поради големата енергија во атмосферата, во попладневните часови ќе има услови за локална појава на краткотрајно невреме, особено во ...

Охрид, 17. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Помалку од еден месец по објавувањето на песната „Делириум“, заедно со Јован Јованов и Елвир Мекиќ, охриѓанецот Христијан Настески – Пајак има нов сингл, одличната „Биди ми добра“. Песната е дело на самиот Пајак, кој ја напиша музиката, а тој го потпишува и текстот, заедно со Елвир Мекиќ, Луна Ристиќ и Лазар Цветковски. Младиот охридски пејач наскоро треба да го обајви и новиот албум, на кој работи заедно со ...

Охрид, 17. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Со настап на џез триото „Трицкл“, составено од студенти и дипломци на џез академијата „Гоце Делчев“ од Штип, неодамна во Скопје беше отворенo 15-то издание на интернационалниот музички фестивал Balkan Music Square. – Фестивалот продолжува во Охрид со следните две фестивалски вечери. На 20 јуни настапуваат Елена Христова од „Баклава“, а потоа групата ВИС „Билјана“ од Охрид. Фестивалот го затвара на 21 јуни ...

Охрид, 17. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Со забележителен успех и освоени две први и една втора награда, се враќаат младите охридски пијанисти од ООМУ „Методи Патче“ од Охрид од натпреварот Adriatic Piano Fest, кој деновиве се одржа во Херцег Нови. – На вториот Меѓународен натпревар по пијано Adriatic Piano Fest, кој се одржа од 12 до 15 јуни во Херцег Нови, Црна Гора, нашите ученици се претставија успешно и освоија вредни награди. Марко Петрески и ...

Охрид, 17. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Сопствениците на пловни објекти-кајчиња треба истите во најкраток временски период да ги отстранат од крајбрежниот појас кај локалитетот „Сараиште“ и во рибарската населба Пештани, апелираат од Општина Охрид. – Во спротивно локалната власт и општинските јавни претпријатија ќе започнат акција за отстранување на истите, на товар на сопствениците. Пловните објекти треба да се отстранат поради тековно одржување ...

Охрид, 17. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Подготовките за 33. „Охрид фест – Охридски трубадури“ се во полн ек, а организаторите објавија и дел од учесниците од македонската и балканската музичка сцена на интернационалната вечер, на 27. август. На фестивалската сцена ќе настапат легендарните: Владо Калембер и „Сребрени крилја“, Принц од Врање, Дадо Топиќ, Сузана Манчиќ, Наташа Михајловиќ, Валдера, Броз и Марама, дует Моротови, Биба Додева, Ана ...

Охрид, 17. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Angelina Mango се враќа на музичката сцена со својот нов сингл „Canto d’amore“, специјална соработка со Marco Mengoni, што го означува повторното обединување на двајцата италијански уметници, две години по песната „Uguale a me“. 25-годишната Mango, која стана позната по победата на фестивалот Санремо во 2024 година, повторно работи со 37-годишниот Mengoni, еден од највлијателните современи италијански ...

Охрид, 17. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Наградуваната канадска текстописецка и изведувачка Jessie Reyez го продолжува своето динамично присуство на современата R&B сцена со „Ego Atrophy“, една од најспецијалните песни од нејзиниот нов албум „A Little Vengeance“. Песната се издвојува бидејќи го вклучува и легендарниот Bob Marley, преку употреба на снимен материјал и музички елементи што ја поврзуваат современата естетика на Reyez со ...

Охрид, 17. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Kate Hudson, покрај на актерскиот, го свртува вниманието и на музичкиот свет кон себе, сега со новата верзија на класиката „California Dreamin’“, која беше претставена како дел од церемонијата на затворање на Зимските олимписки игри во Милано Кортина 2026. Познатата актерка и пејачка го позајми својот глас за специјално дизајнирано видео кое ја подготвува публиката за следните Олимписки игри, кои ќе се ...

Охрид, 17. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во Конгресниот центар во Охрид, во четврток, на 18 јуни 2026 година, ќе се одржи работилницата „Граѓанско учество и заштита на правото на здрава животна средина“. Работилницата е наменета за членови на локални заедници, граѓански организации, млади и сите заинтересирани граѓани од општините од Југозападниот плански регион (Вевчани, Дебар, Охрид, Дебрца, Кичево, Македонски Брод, Пласница, Струга, Центар ...

Охрид, 17. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – На 16 јуни 2026 година, во 11:05 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 54-годишно лице од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом агресивно се однесувал кон неговата мајка и оштетил дел од покуќнината. – По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР. (Крај) извор: МВР фото: ОхридПрес Прочитано: ...

Охрид, 17. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – На 16 јуни 2026 година, во 23:10 часот во СВР Охрид било пријавено дека се случил инцидент во угостителски објект во охридското село Трпејца. – 37-годишно лице од селото Пештани, пријавило дека по претходно недоразбирање, било физички нападнато од страна на едно лице од Холандија и лице од Пештани, охридско, сопственик на објектот, по што во објектот биле физички нападнати и неговата сопруга и неговата ...

Охрид, 17. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Започна фрескоживописувањето на крстилницата во црквата „Св. Никола“ во Долна Влашка маала во Охрид. – По милоста Божја и со благослов на нашиот владика, митрополитот г. Георгиј се започна со фрескоживопис на крстилницата во нашиот парохиски храм „Свети Никола“ во Долна Влашка маала. Сите благочестиви христијани кои сакаат да помогнат во ова Богоугодно дело се добредојдени, порачуваат од храмот. Додаваат ...

Охрид, 17. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Со помош на модерните AI алатки, ве враќаме во едно старо и прекрасно време. Модерната технологија овозможува старите фотографии да „оживеат“, да им се даде нова димензија и да се вратат во живот. Погледнете како изгледа стара фотографија од плоштадот кај стариот Чинар, со поранешната Стоковна куќа НА-МА (Народен Магазин) во позадина, пред многу години (околу 1962 година), сега во вид на кратко, AI ...

Охрид, 17. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Стефанија Бакулеска е избрана за првенец на генерацијата во ОУ „Свети Наум Охридски“ во селото Пештани. – Со својот труд, посветеност и пример, таа остави неизбришлива трага во нашето училиште. Нејзините достигнувања ќе бидат инспирација за сите ученици и доказ дека вложениот труд носи брилијантни успеси. Честитки за заслуженото признание, порачаа од училиштето. Во текот на образованието, Стефанија има ...

Скопје, 17. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Македонскиот композитор Петар Саркањац, дипломец на престижниот Беркли колеџ за музика во Бостон, САД, својот деби-албум Conference of Grammars ќе го промовира оваа недела, на 21 јуни во 20:00 часот, во амбиенталниот простор на скопскиот Сули Ан, кој има капацитет од 200 посетители. Концертот, замислен како настап со вокалисти и жичен квинтет, по многу нешта претставува вистинско освежување во скопските ...

Охрид, 17. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава доза OhridIN, дневна доза за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е снимена утрово кај плажите „Славија“ и „Орце Николов“. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За индикациите, потребата од употребата, и за посакуваните ...

Охрид, 17. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Почнувајќи од недела, 21. јуни, компанијата „Аустријан ерлајнс“ ќе лета од Виена за Охрид. Според најавите, австриската компанија, која е дел од групацијата „Луфтханза“, ќе лета два пати неделно (четврток и недела), а линијата ќе биде отворена до 18 октомври. „Аустријан ерлајнс “ ќе ја пополни празнината што се отвори откако „Визер“ ја укина линијата Виена-Охрид во март годинава. Инаку, од вчера Turkish ...

Охрид, 17. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во сабота и недела во Охрид ќе се одржи Lychnidos Cup 2026, изложби на кучиња. – Два дена, топ кучиња елитни судии. Рок за поднесување на пријавите е вечерва на полноќ . Цена за учество е 600 односно 1.200 денари во зависност од возраста расата, додека за караман, македонски царски загар и за македонски паничар учеството е бесплатно велат органзаторите. Во сабота од 16:00 часот е отворање на канцеларијата а ...

Охрид, 17. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Facebook страната Охрид најубав/Ohrid najubav објавува дневни фотографии од преубавиот Охрид, кој како и секогаш, блеска со својата безвременска убавина. Денешната фотографија е снимена утрово кај познатата плажа „Славија“. (Крај) извор: ОхридПрес фото: Охрид најубав/Ohrid najubav Прочитано: 1 Охрид, 17. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Facebook страната Охрид најубав/Ohrid najubav објавува дневни фотографии од ...

Скопје, 17. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Од 17 јуни 2018 година селото Нивици (Псарадес) на брегот на Преспанското Езеро од грчка страна, стана симбол и асоцијација за договорот кој многумина го сметаат за историски и модел за мирно решавање на споровите, бидејќи стави крај на речиси 30 годишниот спор меѓу две соседни земји, но според многу други е спорен и понуди преголеми отстапки на македонска страна. Го потпишаа тогашните министри за ...

Охрид, 17. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно и топло време со сончеви периоди. Во попладневните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе се искачи до 26 степени. – Во попладневните часови времето ќе биде нестабилно со пороен дожд, ретки грмежи и засилен ветер. Денеска процесите ќе бидат поинтензивни со ...

Охрид, 17. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Известување: Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената ...

Охрид, 17. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го слават денот посветен на Свети Митрофан, првиот патријарх Цариградски. Неговиот татко, Дометиј, беше брат на римскиот цар Пров, но побегна од Рим како христијанин и дојде во Византија. Византискиот епископ Тит го посвети за презвитер. По смртта на Тит, Дометиј стана епископ Византиски. По смртта на Дометиј, епископскиот престол го зазеде неговиот постар син Пров, а по ...

Охрид, 17. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – На денешен ден, 17-ти јуни во 2016 година, на 87-годишна возраст почина Александар Леко Радич, легенда на охридското и македонското пливање. Покрај тоа што беше голем пливачки шампион и врвен тренер, познатиот професор, пливачка легенда и доајен на маратонското пливање, Леко Радич се смета за еден од основоположниците на Охридскиот пливачки маратон. Во текот на тренерската кариера тој создаде плејада ...

Охрид, 16. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Од Центарот за безбедност на вода при Црвен крст Охрид го најавуваат новиот курс за обука на спасители на отворени води. – Станете дел од тимот кој се грижи за безбедноста на нашите плажи. Курсот ќе трае од 21 до 28 јуни 2026 година во Охрид и за пријавување треба да се исполнат одредени услови. За да биде прифатена апликацијата, секој кандидат мора да ги исполнува следниве критериуми: дДа има најмалку 17 ...

Струга/Охрид, 16. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Под слоганот „Едно езеро-безброј приказни“, во недела трите крајезерски града, Охрид, Струга и Поградец, ќе го одбележат 21 јуни, Денот на Охридското Езеро. Овој ден секоја година е посветен на едно од нашите најголеми природни богатства и симбол на регионот, а домаќин на централната прослава оваа година е Општина Струга. Трите општини ќе обединуваат институции, организации, млади и граѓани од трите ...

Охрид, 16. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Синоќа во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид беше отворена изложбата „Барајќи си дом“ од уметникот Тони Попов. Со настанот авторот одбележува значаен јубилеј, петнаесет самостојни претставувања пред публиката. Поставени се четириесет дела изработени во маслена и акрилна техника. Изложбата е најнов авторски циклус во кој низ препознатлив ликовен израз се отвораат прашања поврзани со домот како ...

Охрид, 16. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Врз основа на член 50 од Законот за локална самоуправа („Сл. весник на РМ“ бр. 05/02 и 202/24) и член 34 од Статутот на Општина Охрид („Сл. гласник на Општина Охрид“ бр. 08/07, 01/08, 10/10, 05/11, 09/14, 14/14, 10/19 и 15/20), а во врска сочлен 27 став (5) и член 50 од Законот за урбанистичко планирање („Сл. Весник на РМ“ бр. 32/20, 111/23, 73/24, 171/24, 224/24, 40/25, 101/25 и 127/25), Градоначалникот на ...

Охрид, 16. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Започна 25 издание на Интернационалниот натпревар за млади музичари „Охридски бисери”. Млади музичари од државава и светот ќе ги претстават своите знаења и талент во дисциплините: пијано, виолина и камерна музика. Во изминатите 25 години, на натпреварот учествувале повеќе од 2.500 млади музичари од 36 држави, а дел од жирито биле над 135 врвни музички уметници од 28 земји, што го вбројува овој настан меѓу ...

weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
1.58
39%
1018
weather icon

Белград

27ᴼ / 25ᴼ
2.68
57%
1018
weather icon

Загреб

29ᴼ / 29ᴼ
1.18
50%
1017
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
2.03
46%
1017
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
3.4
43%
1016
weather icon

Љубљана

26ᴼ / 24ᴼ
0.89
65%
1017
weather icon

Атина

31ᴼ / 29ᴼ
3.58
48%
1014
weather icon

Тирана

30ᴼ / 30ᴼ
1.82
29%
1016
weather icon

Подгорица

29ᴼ / 29ᴼ
1.15
31%
1017
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 25ᴼ
4.02
46%
1014
weather icon

Будимпешта

27ᴼ / 26ᴼ
3.58
47%
1018
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 22ᴼ
4.82
62%
1014
Currency

61.6317

Currency

53.9045

Currency

72.2733

Currency

37.4274

Currency

38.1691

Currency

66.6382

Currency

7.96221

Currency

0.70373

Currency

0.3328

Currency

0.5253

Currency

1.14813

Currency

0.56395

Кобалт

56.29

Алуминиум

3.16

Бакар

12.60

Калај

52.80

Сребро

1844.33

Паладиум

39513.27

Иридиум

247560.75

Злато

128281.48

Платина

51216.14

Родиум

262028.58

Цинк

0.00

Рутениум

49029.89