Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Охрид/Струга, 4. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираат дека до 07:30 часот утрово се регистрирани 29 пожари на отворен простор, од кои два се активни, а 27 се изгаснати. Во регионот на Охрид, изгаснати се пожарите во Охрид, кај депонијата „Буково“ и во Струга, на потегот помеѓу селата Враништа и Горна Белица, каде гореше ниска вегетација. Во моментов се активни пожарите во Општина Кавадарци (помеѓу ...
Струга, 4. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Под мотото „Капка по капка – езеро“ утревечер во Струга започнува 10. фестивал за краток филм „Drim Short Film Festival 2026“. Фествалот ќе трае до 9 август, а и годнава ќе донесе филмови во интернационална, регионална, национална и студентска конкуренција, работилници, мастеркласови, плус делот „Справување со минатото“, холандска вечер, дневни сесии со прашања и одговори, но и музичка програма. – Десет ...
Охрид, 4. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Facebook страната Охрид најубав/Ohrid najubav објавува дневни фотографии од преубавиот Охрид, кој како и секогаш, блеска со својата безвременска убавина. Денешната фотографија е снимена утрово, во стариот дел на градот, со мотив од Болничките цркви, Свети Никола и Света Богородица, над плоштадот „Долна порта“. (Крај) извор: ОхридПрес фото: Охрид најубав/Ohrid najubav Прочитано: 21 Охрид, 4. август 2026 ...
Охрид, 4. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Не ги копираме светските трендови – сакаме ние да бидеме инспирација, вели уметничкиот директор на интернационалната вечер на фестивалот „Охрид фест-Охридски трубадури“ Давор Јордановски, во пресрет на 33. издание што ќе се одржи на 26 и 27 август на летната сцена „Долни сарај“ во Охрид. Тој зборува за тоа колку е тешко денес да се препознае вистинскиот хит, колкав е предизвикот да се задржи угледот на ...
Охрид, 4. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево и многу топло време со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе се искачи до 33 степени. – Продолжува периодот на сончево и многу топло време со дневна температура која во некои места ќе надмине 40°C. Од четврток до крајот на седмицата во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со ...
Охрид, 4. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. Поради зголемена фреквенција на возила времето на чекање на граничните премини е следно: -ГП „Табановце“ за влез се чека околу 30 минути, за излез 10 и -ГП „Богородица“ за излез од државата ...
Охрид, 4. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го прославуваат денот посветен на Света Марија Магдалина, која црквата ја нарече уште рамноапостолна, бидејќи беше првата што го виде воскреснатиот Христос и проповедаше за тоа. Инаку, потекнуваше од градот Магдала (по тоа е наречена Магдалина). Од неа Христос истера седум демони. Од тој момент таа толку го возљуби Господа што не се одвои од него дури ни при неговото ...
Охрид, 3. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – На 2 август 2026 година, во 16:15 часот, на регионалниот пат Охрид-Св. Наум, кај крстосницата кон туристичката населба „Св. Стефан“, случена е сообраќајна незгода, во која е повредено едно лице. – Незгодата се случила помеѓу моторцикл управуван од страна на 63-годишно лице од струшкото село Октиси, автомобил „Цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 44-годишник од Скопје и паркиран автомобил ...
Охрид, 3. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – На 2 август 2026 година, во 23:05 часот, на улицата „Момчило Јорданоски“ во Охрид, лишено е од слобода 21-годишно лице од Охрид по претходна пријава дека, во семејниот дом бил агресивен кон член на неговото семејство. – По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај) извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес Прочитано: 43 Охрид, 3. август ...
Охрид, 3. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – На 2 август 2026 година, во 00.20 часот, во СВР Охрид е пријавено дека по спортски натпревар во охридското село Велгошти, едно лице физички, а потоа и со метален предмет, нападнал 55-годишник од Вевчани, по што му го оштетил и неговото патничко моторно возило. – Притоа, со повреди се здобиле и две лица од Вевчани. По целосно расветлување на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, ...
Охрид, 3. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Охрид на овие луѓе треба да им се даде: 13 плата, Орден за заслуги, партизанска споменица, боречка пензија без два сведоци и се’ друго што треба… Вработените во комуналното претпријатие во Охрид се повторно хероите на летото, сите други, повторно ја расипавме тројката… (Крај) извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес Прочитано: 2 Охрид, 3. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Охрид на овие луѓе треба да им се даде: 13 ...
Охрид, 3. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Cindy Blackman Santana се враќа со својот нов албум „Coherence“, кој на комплетен начин ја доловува нејзината музичка филозофија: дека музиката не познава граници, етикети или ограничувања. Почнувајќи од jazz, но и сериозни дози rock, funk, soul и world музика, познатата тапанарка и композиторка создава албум кој бара единство преку различноста, и на уметничко и на човечко ниво. Нејзината кариера е доказ за ...
Охрид, 3. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава доза OhridIN, дневна доза за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е снимена по Градската чаршија, во центарот на градот. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За индикациите, потребата од употребата, и за посакуваните ...
Охрид, 3. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Facebook страната Охрид најубав/Ohrid najubav објавува дневни фотографии од преубавиот Охрид, кој како и секогаш, блеска со својата безвременска убавина. Денешната фотографија е снимена утрово, по Илинден, во стариот дел на градот, кај „Сараиште“. (Крај) извор: ОхридПрес фото: Охрид најубав/Ohrid najubav Прочитано: 2 Охрид, 3. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Facebook страната Охрид најубав/Ohrid najubav ...
Охрид, 3. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Жители, угостители и туристички работници од Трпејца излегоа со официјално барање до одговорните за итна реакција поради катастрофалната состојба со водоснабдувањето во селото. Велат дека веќе трет ден по ред селото останува без вода во екот на туристичката сезона. – Во момент кога Трпејца е исполнета со домашни и странски туристи, ние како жители, угостители и издавачи на сместување сме оставени сами да се ...
Скопје/Охрид, 3. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Цените на становите во Република Македонија продолжуваат да растат, а најновите податоци од Регистарот на цени и закупнини покажуваат дека во вториот квартал од годинава квадратен метар во новоградба во центарот на Скопје достигнал цена од дури 3.360 евра. Според извештајот за периодот од април до јуни, највисоката постигната цена за нов стан продаден од инвеститор изнесува 206.640 денари по ...
Охрид, 3. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. Поради зголемена фреквенција на возила времето на чекање на граничните премини е следно: -ГП „Табановце“ за влез во земјата околу 1 час, -ГП „Богородица“ за излез од земјата околу 1 час i -ГП ...
Охрид, 3. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денека го одбележуваат споменот на Свети пророк Језекиил. Бил син на свештеник од градот Сарира. Одведен во ропство во Вавилон со царот Јехонија и со многу други Израилци. Живеејќи во ропство Језекиил пророкуваше дваесет и седум години. Беше современик со пророкот Јеремија. И додека Јеремија учеше и пророкуваше во Јерусалим, Језекиил учеше и пророкуваше во Вавилон. Пророштвата на ...
Охрид, 3. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево и топло време со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Максималната температура ќе се искачи до 33 степени. – Под влијание на топла воздушна маса од југ во деновите од продолжениот викенд и до крајот на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Дневната температура насекаде ќе биде над 33°C, а ...
Охрид, 2. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Според календарот на Македонската Православна Црква (МПЦ), верниците денеска го одбележуваат празникот посветен на Светиот пророк Илија – Илинден. На светец му се посветени бројни храмови во поширокиот регион на Охрид, меѓу кои се оние во селата Велгошти, Косел, Рамне, Мешеишта, Елшани, Лактиње и други. Во охридското село Велгошти е лоцирана манастирската црква на Велгошкиот манастир „Св. Илија“. Се наоѓа ...
Охрид, 2. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во четврток, на 6 август ќе биде промовиран документарниот филм „Едно време, една генерација, едно училиште“, од охриѓанецот Љупчо Паункоски. Станува збор за уште едно дело на Паункоски, кој е хроничар на времето, настаните и луѓето во древниот Охрид. Премиерата на неговиот најнов документарен филм е во четврток, на 6 август 2026 година, со почеток во 19:00 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ во ...
Охрид, 2. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – На 1 август 2026 година, во 10:45 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 48-годишен маж од Охрид затоа што во деловно-продажна просторија од куќата физички ја нападнал неговата сопруга, која пак претходно физички ја нападнала вработената во објектот. – Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од СВР Охрид. ...
Охрид, 2. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – На 1 август 2026 година, во 13:05 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 73-годишно лице од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека во 12:00 часот во ходник од станбена зграда во Охрид, по претходно недоразбирање околу паркирано возило вперил пиштол кон 51-годишник од Скопје, кој престојувал во истата зграда. – Потоа полициски службеници од Одделот за криминалистичка ...
Охрид, 2. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – На 2 август 2026 година, во 03:30 часот, во СВР Охрид е пријавено дека на плоштадот „Крушевска Република“ во Охрид, едно лице со закани со остар предмет побарало од 15-годишник од Скопје да му даде пари, по што физички нападнал друго лице од Скопје, кое било заедно со 15-годишникот. – Се преземаат мерки за целосно расветлување на настанот, по што против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, ...
Охрид, 2. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – На 2 август 2026 година, во 05:00 часот, пред продажен објект лоциран на булеварот „Македонски просветители“ во Охрид, приведени се две лица од Охрид, на возраст од 27 и 23 години, по претходна пријава дека го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. – По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај) извор: СВР Охрид ...
Охрид/Лактиње, 2. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Православните верници денеска го празнуваат и слават споменот на светиот славен пророк Илија. По тој повод во храмот „Св. пророк Илија“ во селото Лактиње, Општина Дебрца, утрово беше извршен чин на преосветување на храмот, по што се служеше света архиерејска Литургија. Со Литургијата чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј. (Крај) извор: ОхридПрес ...
Охрид, 2. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Долгоочекуваната соработка помеѓу Maria Becerra и Abraham Mateo конечно е реалност со новиот сингл „Así“, песна што спојува два различни музички света, комбинирајќи ги влијанијата од фламенкото што го карактеризираат Mateo, со современиот латино-поп звук што ја етаблираше Maria како една од најважните шпански пејачки на нејзината генерација. Песната е продуцирана од Big One, еден од најбараните продуценти ...
Охрид, 2. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Одличната Ellie Goulding ја претстави новата песна „4 Seasons“, која беше објавена неодамна, на 31 јули 2026 година како втор официјален сингл од нејзиниот претстоен шести студиски албум, „I Know Too Much“, кој се очекува да биде објавен на 4 септември. По „Black Prada Dress“, британската кантавторка продолжува да го открива своето ново креативно поглавје, останувајќи верна на карактеристичната комбинација ...
Охрид, 2. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Ne-Yo го претстави официјалниот музички спот за синглот „Dance Right Now“, една од песните од неговиот неодамнешен албум „Highway 79“. Музичкото видео носи приказна во која музичарот и неговите пријатели бараат добро место за забава. Иако нивното пристигнување во еден клуб првично предизвикува претпазливи погледи од посетителите, атмосферата брзо се менува. Предрасудите се смируваат, музиката ја презема ...
Охрид, 2. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress секојдневно ви нуди здрава доза OhridIN, за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е компилација од охридска убавина од изминатата недела, од понеделник, 27 јули до сабота 1 август 2026 година. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За ...