Охрид, 23. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Известување: Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената ...

Охрид, 23. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го слават денот посветен на Свети свештеномаченик Тимотеј, епископ Бруски. Заради големата душевна чистота од Бога доби дар на чудотворство и ги лечеше сите болести и маки кај луѓето. Во времето на свирепиот цар Јулијан, којшто се одрече од Христа, свети Тимотеј беше фрлен во затвор. Верните го посетуваа и во затворот за да слушнат мудра поука од својот архипастир. Кога дозна ...

Охрид/Скопје, 23. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Учениците кои во првиот јунски рок не се запишаа во средно образование од учебната 2026/2027 ќе може да аплицираат на денешното, второ приојавување овој месец. Аплицирањето е електронски по што утре, на 24 јуни, ќе се доставува потребната документација до училиштата. Според роковите од Конкурсот на МОН, ранг-листа со резултати од запишувањето треба да биде објавена на 25 јуни до 12 часот на јавно ...

Охрид, 23. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе се искачи до 27 степени. – Следува период на променливо облачно и нестабилно време со врнежи од дожд, пообилни во вторник и среда (наместа над 15 l/m²). Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследено со пороен дожд, засилен ветер и грмежи и ...

Охрид, 22. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Една од причините зошто оваа улога ми стана толку посебна е колку длабоко се поврзав со Риналдо како лик, порача охридската оперска дива Миланка Новеска која неодамна во Лондон дебитираше во улогата на Риналдо во истоимената опера на Георг Фридрих Хендл. Пред публиката во The Cockpit Theatre таа се претстави заедно со Ensemble OrQuesta Baroque, Marcio Da Silva и Predrag Gosta кои ќе го оживеат ова ...

Струга, 22. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Под мотото „Каде што живее поeзијата“, од 24 до 29 јуни 2026 година ќе се одржи јубилејното 65 издание на најпрестижната поетска манифестација – Струшки вечери на поезијата. Околу 70 поети, критичари, преведувачи и литературни работници од земјава и странство, ќе имаат единствена можност да творат, да се инспирираат и да создаваат нови стихови покрај брегот на Охридското Езеро и водите на реката Црн Дрим во ...

Охрид, 22. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Центарот за култура „Григор Прличев“ Охрид, како организатор, отвори повик за пријавување на учесници за годинашното издание на фестивалот „Охридски староградски средби“. -Сите заинтересирани ансамбли, хорови, групи и поединци што ги негуваат староградските фолклорни традиции можат да аплицираат, да достават пријава за учество на фестивалот на маил адресата од Центарот за култура: [email protected] / или по ...

Охрид, 22. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – По повод традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“, Општина Охрид распиша конкурс за најдобар расказ. Услови за учество на Конкурсот: Право на учество на Конкурсот со свој расказ има секој полнолетен граѓанин на Република Македонија. Трудовите треба да се достават во печатена форма во три примероци под шифра, без лични податоци за авторот, на адреса: Општина Охрид, улица „Димитар Влахов“ ...

Охрид, 22. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Македонскиот кантавтор, мултиинструменталист и продуцент Иван Кукиќ го објави новиот албум „Začarani krug“, издание кое носи единаесет авторски песни и го продолжува неговиот препознатлив музички пат на кој спојува различни жанровски влијанија и врвно музичко мајсторство. По албумот „Sunday vibes“, објавен во 2023 година за Croatia Records, Кукиќ, и овој пат под закрилата на најголемата дискографска куќа во ...

Охрид, 22. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Martin Garrix и Ed Sheeran продолжуваат со изненадувањата за публиката, нудејќи нова верзија на нивната последната и долгоочекувана соработка, со акустичната верзија на синглот „Repeat It“. Заедно со објавувањето на новата верзија, двајцата уметници објавија и специјално видео за изведбата, кое е снимено на покривот на хотел во Сантијаго, Чиле, нудејќи поперсонален и автентичен пристап кон песната што ...

Охрид, 22. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – „Лудо време“ е насловена новата рап композиција на Стиховен Калибар, која со суров и бескомпромисен текст ја отсликува социјалната реалност и моралниот пад на општеството. Со остри стихови песната е крик против корупцијата, лажните патриоти и изгубените вредности. Авторот преку урбана поетика и протестна енергија ја претставува музиката како оружје за вистина и повик за промена. Стиховен Калибар (Горан ...

Охрид, 22. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Легендарните Yello отвораат ново креативно поглавје во својата повеќегодишна кариера со објавувањето на новиот сингл „Around The Sun“. Култното швајцарско дуо одлучи првично да го сподели видеото со ограничен круг пријатели и поддржувачи, нудејќи ексклузивен пристап пред неговото јавно објавување. Оваа иницијатива повторно го истакнува блискиот однос што Yello го одржува со својата публика, создавајќи ...

Охрид, 22. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Jack Savoretti продолжува да ја покажува најличната и најемотивната страна на својата музика преку новиот сингл „Tempting Fate“, кој е дел од неговиот неодамнешен албум „We Will Always Be The Way We Were“. Песната се издвојува, не само по динамичната композиција, туку и по важната соработка што ја означува, бидејќи за прв пат британско-италијанскиот текстописец ги здружува силите со својата блиска пријателка ...

Охрид, 22. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Вистински празник за уво приредија учесниците на осмиот по ред Меѓународен хорски фестивал „Гласот на Охрид“, организиран од градскиот мешан хор „Vox Lychnidos“. Секој глас донесе своја приказна, но заедно хоровите создадоа целина на што публиката не остана рамнодушна, со воодушевување ги следеше настапите, наградувајќи ги со бурни аплаузи и овации. Диригентот на охридскиот хор м-р Бурим Хидри е задоволен од ...

Охрид, 22. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на Центарот за климатски промени, вечерва од 17:30 до 20:30 часот, на Градскиот плоштад „Свети КЛимент Охридски“ во Охрид ќе се одржи настанот „Соларен саем Охрид“. Настанот има за цел да ја приближи темата за соларната енергија и обновливите извори до граѓаните преку информативни и интерактивни активности. Посетителите ќе можат да се информираат за фотонапонски системи, придобивките од ...

Охрид, 22. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Искористете ја промотивната акција во Jovanoski Bar & Restaurant by Rajska Dolina. До 1 јули, килограм највкусна охридска пастрмка ќе ве чини 2.000 денари. – Ве очекуваме да уживаме заедно во нашиот препознатлив амбиент со одбрана храна и пијалоци. Време е за проверено гастрономско искуство во прегратките на природата, порачуваат од Rajska Dolina. Телефони за информации и задолжителни резервации ...

Охрид, 22. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава доза OhridIN, дневна доза за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е снимена утрово кај трите охридски убавици – плажите „Горица 1, 2 и 3“. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За индикациите, потребата од употребата, и ...

Охрид, 22. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Facebook страната Охрид најубав/Ohrid najubav објавува дневни фотографии од преубавиот Охрид, кој како и секогаш, блеска со својата безвременска убавина. Денешната фотографија е снимена утрово, од кеј „Македонија“, со мотив од стариот дел на градот. (Крај) извор: ОхридПрес фото: Охрид најубав/Ohrid najubav Прочитано: 4 Охрид, 22. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Facebook страната Охрид најубав/Ohrid najubav ...

Охрид, 22. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – На 25 јуни познатиот македонски бренд „Sara Fashion“ подготвува големо изненадување за граѓаните на Охрид, како и за бројните туристи кои ја посетуваат нашата најголема и најатрактивна туристичка дестинација. Постојната продавница во „Охрид Мол” се сели на нова, атрактивна локација на првиот кат, каде што брендовите Sara Fashion и Sara Fashion Home добиваат нов,ултрамодерен продажен простор кој се протега на ...

Охрид, 22. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе се искачи до 28 степени. – Следува период на променливо облачно и нестабилно време со врнежи од дожд, пообилни во вторник и среда (наместа над 15 l/m²). Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследено со пороен дожд, засилен ветер и грмежи ...

Охрид, 22. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини „Богородица“, „Дојран“ и „Табановце“ има зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за излез од државата изнесува околу 30 минути. На останатите гранични премини ...

Охрид, 22. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го слават денот посветен на Свети Кирил, архиепископ Александриски. По потекло благородник и близок роднина на Теофил, патријархот Александриски, по чијашто смрт самиот беше посветен за патријарх. За време на својот живот водеше три лути борби: со еретиците новацијани, со еретикот Несториј и со Евреите во Александрија. Новацијаните настанаа во Рим, а така се наречени по ...

Охрид/Скопје, 21. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Учениците кои во првиот јунски рок не се запишаа во средно образование од учебната 2026/2027 ќе може да аплицираат на второто приојавување овој месец – во вторник, 23 јуни. Аплицирањето е електронски по што наредниот ден, 24 јуни, ќе се доставува потребната документација до училиштата. Според роковите од Конкурсот на МОН, ранг-листа со резултати од запишувањето треба да биде објавена на 25 јуни до 12 ...

Охрид, 21. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – На 20 јуни 2026 година, во 10:10 часот во ОВР Струга е пријавено дека на улицата „Маршал Тито“ во Струга, патничко возило марка „Фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 60-годишно лице од Охрид, удрило во 10-годишно дете од Струга. – Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетниот, констатирани во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ во Охрид. ...

Охрид, 21. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – На Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид утрово слета првиот авион на Austrian Airlines, со што и официјално започна да функционира новата редовна авиолинија Виена-Охрид. Според најавите, австриската компанија, која е дел од групацијата Lufthansa, ќе лета два пати неделно, во четврток и недела, а линијата ќе биде отворена до 18 октомври 2026 година. Austrian Airlines ќе ја пополни празнината што се отвори ...

Охрид, 21. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress секојдневно ви нуди здрава доза OhridIN, за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е компилација од охридска убавина од изминатата недела, од понеделник, 15 до сабота 20 јуни 2026 година. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За ...

Охрид, 21. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Facebook страната Охрид најубав/Ohrid najubav објавува дневни фотографии од преубавиот Охрид, кој како и секогаш, блеска со својата безвременска убавина. Денешната фотографија е снимена утрово, на првиот ден од летото, кај плажата „Канео“ во стариот дел на градот. (Крај) извор: ОхридПрес фото: Охрид најубав/Ohrid najubav Прочитано: 6 Охрид, 21. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Facebook страната Охрид најубав/Ohrid ...

Охрид, 21. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Кога ги сакате животните искрено и ви значат како да се член на семејството, лесно е да го имате и „Најубавиот излог во Охрид“. Сега имаме уште еден пример, откако пред две години пишувавме за сличен таков кај продавницата за производи за мобилни телефони на улицата „Македонски просветители“, кои своите две мачки-миленички навечер ги кријат од тогаш ладното време во дуќанот, а им имаат подготвено посебни ...

Охрид, 21. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Денеска, 21 јуни, на северната Земјина полутопка започнува летото. Поради поставеноста на Земјата кон Сонцето, на северната полутопка ќе биде најдолгиот ден во годината (летен солстициум), а на јужната полутопка пак, ќе биде најкраткиот ден (зимски солстициум). Овој ден е познат уште и како долгоденица за жителите на северната и краткоденица за жителите на јужната полутопка. Наредниот ден, деновите ќе почнат ...

Охрид, 21. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Пред точно 20 години на денешен ден, во ЈЗУ Специјализирана болница за кардиоваскуларни заболувања од Охрид, беше направена првата интервенција, во тогаш новоотворената Катетеризациона сала, единствена таква во државата, надвор од Клиниката за кардиологија во Скопје. Воведувањето на интервентната кардиологија како дејност, во тогаш популарно виканиот „Кардиолошки Завод“ значеше почеток на нова етапа во ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
0.57
43%
1018
weather icon

Белград

24ᴼ / 23ᴼ
3.13
61%
1019
weather icon

Загреб

26ᴼ / 26ᴼ
1.15
65%
1017
weather icon

Софија

19ᴼ / 19ᴼ
2.29
49%
1020
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
2.85
49%
1017
weather icon

Љубљана

25ᴼ / 23ᴼ
0.45
68%
1018
weather icon

Атина

29ᴼ / 27ᴼ
3.58
53%
1015
weather icon

Тирана

29ᴼ / 29ᴼ
0.53
32%
1016
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
1.52
34%
1017
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 23ᴼ
0.89
53%
1016
weather icon

Будимпешта

27ᴼ / 25ᴼ
1.34
50%
1018
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 23ᴼ
4.65
58%
1015
Currency

61.6317

Currency

53.9045

Currency

72.2733

Currency

37.4274

Currency

38.1691

Currency

66.6382

Currency

7.96221

Currency

0.70373

Currency

0.3328

Currency

0.5253

Currency

1.14813

Currency

0.56395

Родиум

262028.58

Рутениум

49029.89

Алуминиум

3.16

Бакар

12.60

Платина

51216.14

Сребро

1844.33

Цинк

0.00

Злато

128281.48

Кобалт

56.29

Иридиум

247560.75

Паладиум

39513.27

Калај

52.80