Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Вевчани, 7. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – На денешен ден, во далечната 1987 година, ја достигнаа кулминацијата Вевчанскиот случај, кога тогашната власт сакаше да ги каптира Вевчанските Извори, под изговор дека носи вода за жителите од соседното село Октиси, а всушност, имала намера водата да ја користи за елитната викенд-населба „Елен Камен“, каде што се наоѓале вилите на тогашните челници на власта. И после толку години останува настан кој не ...
Охрид, 7. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Ellie Goulding го објави нејзиниот нов сингл „Ravers“, во соработка со продуцентот и добитник на Grammy награда, Dave Hamelin. – Направив песна со Dave Hamelin. Чувствував дека ви е потребна сега, па еве ја, порача таа на социјалните мрежи. Новата песна е продолжение на неодамнешниот сингл „4 Seasons“, во кој Ellie ги опишува раните фази од нејзината љубовна врска со партнерот, Beau Minniear. Песната е ...
Охрид, 7. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – По повод одбележување на празникот Св. Климент и Пантелејмон, ќе се одржи Богослужба и литургија во истоимениот манастир на Плаошник. Утревечер со почеток во 19:00 часот ќе се одржи празнична вечерна Богослужба, додека во недела, на денот на празникот, ќе се одржи Света божествена литургија, со почеток во 08:45 часот. Православните христијани во недела ќе го празнуваат споменот на Св. Климент Охридски, кој ...
Охрид, 7. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – И ова лето е уште едно Plazma лето во Охрид. Време е за Plazma Шејк пауза, порачуваат од компанијата која го произведува омилениот кекс во регионот. И ова лето течат бројни промотивни кампањи, меѓу кои се активностите кои традиционално ги организираат OhridPress и Супер радио, но и бројни други активности. Една од нив е и симпатичното, брендирано возило кое деновиве може да се забележи по охридските улици, ...
Охрид, 7. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Православната црква и нејзините верници утре го слават денот на преподобната мајка Параскева – Света Петка, заштитничка на жените и светица која им помагаше на болните и сиромашните. Култот на Света Петка се негува со векови во Југоисточна Европа, и го почитуваат и некои нехристијански народи на истокот. Верниците се молат за помош и спас од болести и други животни неволји. Денот на нејзиното упокојување е ...
Охрид, 6. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во рамки на свечената програма на Општина Охрид по повод јубилеите – 1.110 години од упокојувањето на Свети Климент Охридски и 1.140 години од основањето на Охридската книжевна школа, во црквата „Света Софија“ беше промовирано делото „Охридска книжевна школа“ од авторот проф. д-р Димитар Пандев. Книгата е издание на Општина Охрид, во рамки на едицијата „Охридско книжевно наследство“. Делото е отпечатено во ...
Охрид, 7. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава доза OhridIN, дневна доза за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е снимена утрово со мотиви од Градската плажа „Грашница“. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За индикациите, потребата од употребата, и за ...
Охрид, 7. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Facebook страната Охрид најубав/Ohrid najubav објавува дневни фотографии од преубавиот Охрид, кој како и секогаш, блеска со својата безвременска убавина. Денешната фотографија е снимена утрово од Самуиловата тврдина, со панорамски мотив од најубавиот град. (Крај) извор: ОхридПрес фото: Охрид најубав/Ohrid najubav Прочитано: 2 Охрид, 7. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Facebook страната Охрид најубав/Ohrid ...
Охрид, 7. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Спасителите од Центарот за безбедност на вода при Црвен крст Охрид во текот на сезоната со полни раце работа, од 20 јуни досега имале вкупно 593 интервенции на капалишта каде се ангажирани. Најчесто спасителите укажувале прва помош, но успешно спасиле и 22 давеници, вели за OhridPress и Супер радио претседателката на Црвен крст Охрид Весна Терзиоска. – Од 20 јуни досега спасителите имаа 527 интервенции за ...
Охрид, 7. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Лоцирана на само 15 километри од Охрид, на патот кон Битола, Jovanoski Bar & Restaurant by Rajska Dolina и ова лето останува совршен избор за незаборавно поминати мигови со семејството и пријателите. Во подножјето на селото Куратица, ве очекуваат во нивната мирна оаза, на совршена локација (https://h1.nu/1utPW) за средби со колегите и тим билдинг настани со сопствен простран паркинг, бескрајно зеленило, ...
Охрид, 7. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – По повод одбележувањето на 75 години од основањето на Музејот во Охрид, денеска ќе се одржи презентација на исклучително вредната мозаична икона „Исус Христос на престол“ од XIV век. – Презентацијата ќе се одржи во 12:00 часот, во Галеријата на икони во Охрид. Мозаичната икона била откриена во 1960 година во црквата „Св. Богородица Перивлептос“ во Охрид. Таа претставува исклучително редок пример на ...
Охрид, 7. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Православните верници го слават денешниот ден во чест на успението на Св. Ана, мајката на Богородица. Денес се празнува нејзиното успение, а нејзиниот главен празник паѓа во месец септември. Света Ана потекнуваше од Левиевото колено (еврејско свештеничко колено). Татко и беше свештеник по име Матан. Проживеа долг и богоугоден живот и во длабока старост се претстави пред Бога. Тропар Богомудра Ано, во ...
Охрид, 7. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево и многу топло време со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до 33 степени. – Продолжува периодот на сончево и многу топло време со дневна температура која во некои места ќе достигне до 40°C. Во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи, ...
Охрид, 7. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Известување: Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената ...
Охрид, 6. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – На 5 август 2026 година, во 15:50 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 26-годишно лице од Скопје, кое за време додека користел отсуство од Казнено-поправната установа, затвор „Идризово“, каде издржувал казна затвор од пет години, во Охрид се сретнал со неговата поранешна девојка, по што физички ја нападнал. – По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена ...
Охрид, 6. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Оваа сабота, на 8 август, во кампот „Љубаништа“, гитаристот Владимир Четкар со својот музички ансамбл ќе одржи авторски концерт, настан кој ќе биде збогатен и со сетови на DJ Face и DJ Chvare. Билети по цена од 400 денари може да се купат online или во охридската чаршија кај тезга „Аждер“. Од тимот на Четкар информираат дека за искуството на публиката да биде уште поегзотично, организиран е и бродски превоз ...
Охрид, 6. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – На 5 август 2026 година, во Охрид, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид лишија од слобода две лица од Охрид, на возраст од 50 и 46 години. – При претрес во домот на 50-годишното лице, извршен по судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана, две дробилки со остатоци од марихуана и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. При ...
Охрид, 6. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – По повод одбележувањето на 75 години од основањето на Музејот во Охрид, ќе се одржи презентација на исклучително вредната мозаична икона „Исус Христос на престол“ од XIV век. – Презентацијата ќе се одржи утре, 7 август, во 12:00 часот, во Галеријата на икони во Охрид. Мозаичната икона била откриена во 1960 година во црквата „Св. Богородица Перивлептос“ во Охрид. Таа претставува исклучително редок пример на ...
Охрид, 6. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress продолжува со поддршка за младите автори, а овој пат „изненадувањето“ се вика Емилија, пее моќно, точно и вистинска музика. Таа премиерно пред публиката се претстави со песната „Еден човек“, сингл кој носи soul и blues елементи, но и специфичен звук кој наликува на big band и gospel хор, а текстуално испраќа едноставна но моќна порака дека вистинската љубов започнува во моментот кога ќе се ...
Охрид, 6. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Marcus Füreder, познат како Parov Stelar, е австриски Dj и продуцент, кој важи за пионер на electro swing правецот и еден од најпознатите музички артисти кој доаѓа од Австрија. Toj го објави новиот сингл „The Man Without Reflection“, издание кое ги кондензира сите оние елементи што ги воспоставиле неговите препознатливи музички креации повеќе од две децении. По албумот „Artifact“ и неодамнешниот сингл ...
Охрид, 6. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Британскиот електронски музички продуцент Bonobo продолжува со презентацијата на новиот албум „Distance in Static“, претставувајќи го новиот сингл „Always on Your Side“, во соработка со Joy Crookes. Песната е придружена со официјален музички спот и е четвртиот сингл од неговиот нов албум, кој ќе биде објавен на 11 септември 2026 година за Ninja Tune. „Always on your side“ ги прикажува сите елементи што го ...
Охрид, 6. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Camilo Salazar го претстави новиот сингл „Salsa Del 78“, кој го истакнува спојот на Afro House естетиката со традиционалните latino ритми, создавајќи резултат кој им се допаѓа и на љубителите на електронска музика и на љубителите на салсата. Со „Salsa Del 78“, Salazar ја користи богатата музичка традиција на Колумбија и ја комбинира со современиот звук на Afro House. Интензивните перкусии, латино мелодиите ...
Охрид, 6. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Градби, населбински слоеви со богат археолошки материјал од доцното бронзено и раното железно време, како и одбранбен бедем од хеленистичкиот период е меѓу откриеното со досегашните истражувања на локалитетот „Градиште“ кај селото Долно Лакочереј. Веќе четврта година се спроведуваат истражувања на ова место, каде археолозите откриваат нови сознанија за минатото на Охридскиот регион. – Овие откритија имаат ...
Охрид, 6. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава доза OhridIN, дневна доза за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е снимена утрово кај црквата Успение на Пресвета Богородица Каменско. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За индикациите, потребата од употребата, и за ...
Охрид, 6. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – На проф. д-р Кристоф Бенедиктер во недела ќе му биде врачена Светската награда на хуманизам за 2026 година, со која Охридската академија на хуманизмот го слави името на Св. Климент на сите светски меридијани. Свечената церемонија ќе се одржи токму на празникот „Св. Климент Летен“, со почеток во 12:00 часот, во Куќата на Уранија на МАНУ. Проф. д-р Бенедиктер е претседател на Европската асоцијација на ...
Охрид, 6. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Да не се излегува надвор без потреба во периодот од 11:00 до 17:00 часот, носење светла и лесна облека, внесување доволно течности, најдобро вода, во текот на целиот ден, без да чекате да почувствувате жед, ова се само дел од општите препораки за заштита од високите температури. Целата територија на Македонија се наоѓа во портокалова фаза поради силниот топлотен бран што го зафати регионот. – Кога ...
Охрид, 6. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Facebook страната Охрид најубав/Ohrid najubav објавува дневни фотографии од преубавиот Охрид, кој како и секогаш, блеска со својата безвременска убавина. Денешната фотографија е снимена утрово, со мотив од стариот Градски чинар, во центарот на градот, на плоштадот „Крушевска Република“. (Крај) извор: ОхридПрес фото: Охрид најубав/Ohrid najubav Прочитано: 2 Охрид, 6. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Facebook ...
Охрид, 6. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Вечерва ќе биде промовиран документарниот филм „Едно време, една генерација, едно училиште“, од охриѓанецот Љупчо Паункоски. Станува збор за уште едно дело на Паункоски, кој е хроничар на времето, настаните и луѓето во древниот Охрид. – Во филмот е опфатено се’ она што во тоа време, покрај училиштето го карактеризираше животот на младите. Филмот го следи патот на една генерација, во два различни периоди – ...
Охрид, 6. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Православните верници го слават денешниот ден во чест на Света Христина. Родум од градот Тир, ќерка на царскиот намесник Урбан, идолопоклоничка. Не се знае од кои причини родителите и’ го имаа дадено името Христина, но тоа ја криеше во себе тајната на нејзиното идно одење по Христа. До својата единаесетта година не знаеше за Христа ништо. А кога наполни единаесет години, нејзиниот татко, со цел до полната ...
Охрид, 6. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево и многу топло време со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе се искачи до 33 степени. – Продолжува периодот на сончево и многу топло време со дневна температура која во некои места ќе достигне до 40°C. Од четврток до крајот на седмицата во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со ...