Една економска статистика понекогаш кажува повеќе од стотици страници економски анализи. Во првата половина од годинава германските компании извезле во Полска стоки во вредност од 53,8 милијарди евра (а во Кина – 36,3 милијарди). Самата споредба е доволно впечатлива. Полска, земја што пред само неколку децении беше дел од поинаков економски систем и која по големина не може да се споредува со Кина, денес за германската индустрија прераснува ...

За Македонија, Вишеградската група не треба да биде само група на четири пријателски држави. Таа може да биде економска врата кон Централна Европа. Полска може да биде пазар. Чешка може да биде индустриски партнер. Унгарија може да биде транспортна и логистичка врска. Словачка може да биде партнер во автомобилскиот и индустрискиот синџир. А сите заедно можат да бидат политички и економски мост кон поширокиот европски простор. Затоа Македонија ...