Скопје
36ᴼ /
36ᴼ
Поглаварот на Римокатоличката црква, Папата Лав XIV, го поздрави привремениот договор меѓу САД и Иран за прекин на воените дејствија на Блискиот Исток. Папата, кој е роден во САД, изрази надеж дека договорот што е предвидено да биде потпишан в петок, ќе стави траен крај на конфликтот. Тој претходно упати критики за војната против Иран, што предизвика реакции од американскиот претседател Доналд Трамп. „Се уште има неколку прашања што треба да ...
Норвешката фудбалска репрезентација го победи Ирак со 4-1 во првото коло од Група I на Светското првенство. Ерлинг Халанд беше херој за Норвешка со два гола, третиот гол го постигна Лео Остигард. Ајмен Хусеин постигна гол за Ирак, но му беше припишан и автогол на крајот од натпреварот. На почетокот на првото полувреме, Ирак покажа дека не дошол само да се брани. Норвежаните се мачеа со разиграните Ирачани, но еден одличен потег го промени ...
Иранскиот претседател, Масуд Пезешкијан, го оцени како дипломатска победа на Иран рамковниот договор со САД што в петок треба да биде потпишан во Швајцарија. „Не смееме да ја пропуштиме оваа можност, што може да и помогне на земјата да излезе од сегашната состојба“, изјави Пезешкијан, додавајќи дека станува збор за ретка шанса што можеби никогаш повеќе нема да се повтори. Пезешкијан, кој важи за политичар со умерени ставови, повеќепати се ...
Сенатот на САД по деветти пат последователно ја блокираше Резолуцијата предложена од демократите, со која се бара прекин на воените дејствија против Иран се додека не биде добиено соодветно одобрение од Конгресот. Сенатот со 48 гласа „за“ и 47 „против“ изгласа блокирање на Резолуцијата, која се повикува на Законот за воени овластувања. Според тој закон, Белата куќа има рок од 60 дена да побара одобрение од Конгресот за воени операции по ...
Лионел Меси постигна хет-трик за историјата на Светското првенство една недела пред неговиот 39-ти роденден. Во првиот натпревар на Аргентина на Светското првенство, Меси ги постигна сите голови во победата од 3-0 над Алжир во Канзас Сити. Со вкупно 16 гола, тој се изедначи со Мирослав Клосе, кој беше единствениот најдобар стрелец во историјата на Светските првенства досега. Капитенот на актуелните светски шампиони во одбраната на титулата ги ...
На сцената на Македонскиот народен театар вечер со почеток од 20 часот ќе биде изведена претставата „Страв и надеж“, во режија на Татјана Мандиќ Ригонат, инспирирана од драмскиот опус на Франц Ксавер Крец. Делото, иако тематски се надоврзува на Орвеловата „1984“, е сместено во современ контекст, отсликувајќи го светот на денешницата обележан со конфликти, егзистенцијална несигурност и ерозија на хуманистичките вредности. Претставата е ...
САД соопштија дека ќе издвојат милијарда долари за хуманитарна помош и помош при катастрофи за УНИЦЕФ и Светска програма за храна. Средствата се наменети за поддршка на активности за спасување животи во повеќе од 40 земји, соопшти американскиот Стејт департмент. Според соопштението, повеќе од 800 милиони долари ќе бидат доделени на Светската програма за храна, додека УНИЦЕФ ќе добие над 218 милиони долари. Информацијата доаѓа еден месец ...
Најмалку четири лица загинаа во текот на ноќта во руски напади врз источна Украина, соопштија локалните власти. Обвинителството во Доњецка област соопшти дека три лица загинале, а пет биле повредени во нападите врз градот Славјанск, кој е дел од главната одбранбена линија на украинските сили во регионот Донбас. Со напади извршени со беспилотни летала бил нападнат и градот Запорожје, при што најмалку едно лице загинало, а седум биле ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди. Во попладневните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд и услови за појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната ќе достигне од 25 до 31 степен Целзиусов. Во Скопје ќе биде ...
Институтот за економски истражувања и политики -Finance Think, заедно со Младинскиот образовен форум, Македонскиот центар за граѓанско образование и Македонското лекарско друштво, денеска во 10 часот во хотел „Мериот“ во Скопје ќе одржат прес-конференција на која ќе ги презентираат наодите од првите две години од мониторингот на владините ветувања за периодот 2024–2028, преку платформата КОМПАС. На презентацијата ќе бидат споделени ...
Француската фудбалска репрезентација го победи Сенегал со 3-1 во Њујорк во нивниот прв натпревар од Групата I на Светското првенство. Килијан Мбапе постигна голови за Франција во 66-тата и 96-тата минута, а Бредли Баркола во 82-тата минута. Ибрахим Мбаје постигна гол за Сенегал во 95-тата минута. Натпреварот започна отворено, а Сенегал ја имаше својата прва закана во втората минута, но француската одбрана ја елиминираше опасноста. Кратко ...
Стапката на вработеност на младите луѓе на возраст од 20 до 34 години во Европската Унија, кои неодамна завршиле средно или високо образование, во 2025 година порасна на 83,0 отсто, од 82,3 отсто претходната година, објави Евростат. Според податоците што ги соопшти европската статистичка служба, во последните 11 години стапката на вработеност на оваа група е зголемена за 7,5 отсто. Младите со терцијарно (високо) образование бележат значително ...
Руски воен брод испука предупредувачки истрели на неколку стотини метри од британска јахта за забава што пловеше преку Ла Манш во вторник наутро, во период на зголемени тензии меѓу Лондон и Москва. Реткиот инцидент се случил во 11,40 часот наутро, на 35 километри јужно од островот Вајт и помалку од 50 километри северно од Нормандија, Франција, кога јахтата, идентификувана како приватниот брод „Светла иднина“, пловела близу до „Адмирал ...
Тунис брзо најде замена за Сабри Ламуши, кој беше отпуштен по првиот натпревар на Светското првенство. Федерацијата на Тунис, објави дека го назначувањето Ерве Ренар за другите дуели на Мундијалот. Ламуши беше разрешен од своите должности по поразот од 5:1 од Шведска на првиот натпревар од Светското првенство. Во соопштението, Туниската фудбалска асоцијација објави дека 57-годишниот француски селектор, кој беше селектор на Саудиска Арабија ...
По појавата на четврти пожар кај Штип за само неколку дена, Стојанче Ангелов, директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), изјави дека претпоставува оти пожарите се подметнати и рече дека МВР истражува за да открие можни сторители. -Во олку краток период да има вака сериозни пожари е навистина симптоматично и секако дека нè загрижува. МВР работи на откривање на сторителите и времето ќе покаже дали и кој намерно го предизвикал овој ...
Потпишувањето на рамковниот договор помеѓу Иран и САД за завршување на војната на Блиски Исток ќе биде организирано во планинското одморалиште Биргеншток, централна Швајцарија. – Во оваа фаза, потпишувањето е закажано за петок, 19 јуни во Биргеншток, во кантонот Нидвалден. Местото го предложија пакистанските и катарските медијатори, како и САД и Иран, се наведува во соопштението на швајцарското Министерство за надворешни работи. Во ...
Советникот на Кремљ, Јуриј Ушаков, денеска изјави дека рускиот претседател Владимир Путин не ја разгледувал можноста за средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на неговиот последен телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп. – Никој не ни се обратил со таков предлог-им рече Ушаков на новинарите. Трамп во неделата разговараше одделно со Путин и со Зеленски. Зеленски вчера изјави дека предложил да се ...
Европскиот парламент денес на пленарната седница во Стразбур го разгледа извештајот за напредокот на Македонија кон Европската унија. Конечното гласање за документот е закажано за утре, 17 јуни. Извештајот беше усвоен од Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ) на 3 јуни со 43 гласа „за“ и 17 „против“. Неколку дена откако текстовите беа усвоени од страна на комитетот, известувачот Томас Вајц формално предложи нов ...
Натпросечно топло и посушно лето најавува Управата за хидрометеоролошки работи. Според анализите, во текот на летото се очекува температурите да достигнат натпросечни вредности на глобално ниво, а не само во југоисточниот дел на Европа. На територијата на Македонија надминувањето на температурите може да достигне и до 3°C, а најголемото позитивно отстапување на температурата на воздухот од повеќегодишниот просек за оваа сезона се очекува да ...
На територијата на државата денеска до 18:00 часот се евидентирани вкупно 14 пожари на отворен простор од кои пет се активни, два се ставени под контрола, а седум се целосно изгаснати. Како што информира Центарот за упраување со кризи (ЦУК), активни се пожарите во Општина Илинден – село Мршевци каде гори сува трева; Општина Босилово – село Секирник гори депонија; Општина Чашка – село Војница гори нискостеблеста деградирана шума и сува трева; ...
Авторот и есеист, Наум Пановски, е добитник на највисокото „Рациново признание“ за 2026 година. Оваа награда ја добива за романот „Коста Солев – смртопис“, роман со став, идеја и повик за себепреиспитување. Тој ја доби наградата во конкуренција на 25 пријавени дела. За Рациновото признание одлучуваше жири-комисијата во состав, проф. д-р Елизабета Шелева, проф. д-р Лорета Георгиевска-Јаковлева и проф. д-р Марија Ѓорѓиева-Димова. Романот на ...
Yum Brands објави во вторник дека го продава Pizza Hut, вториот најголем синџир за пицерии во светот, во договор вреден 2,7 милијарди долари. Новите сопственици го преземаат брендот со речиси 20.000 ресторани во повеќе од 100 земји, вклучувајќи седум ресторани што работат во Хрватска, објави Forbes Croatia. Синџирот за пицерии го купува инвестициската фирма LongRange Capital во трансакција вредна околу 1,5 милијарди долари. Сепак, договорот ...
Режисерката Дина Дума ја освои Nora Ephron Award на Tribeca Festival во Њујорк за својот втор долгометражен филм „Скејтбордингот не е за девојчиња“, кој ја имаше својата светска премиера во рамки на фестивалот. Nora Ephron Award е специјално признание што се доделува на исклучителна жена филмска авторка која го претставува духот и визијата на легендарната американска сценаристка, режисерка и писателка Нора Ефрон. Со ова признание, Tribeca ја ...
Со декрет на претседателот на Република Италија, Серџо Матарела, на адвокатката и поранешна министерка за правда, Мери Младеновска-Ѓорѓиевска, ѝ е доделено високото државно признание орден „Витез од редот на Ѕвездата на Италија“. Ова значајно одликување на Младеновска-Ѓорѓиевска ѝ го врачи амбасадорот на Италија во Република Северна Македонија, Н.Е. Паоло Палминтери, на свеченост организирана во италијанската резиденција. „Чест ми е што ...
Владата денеска на предлог на Министерството за здравство, го усвои предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за земање и пресадување делови од човечко тело заради лекување, со кој се предвидуваат нови механизми за евидентирање на волјата на граѓаните за органодарителство и се проширува опфатот на можни дарители во системот, соопштуваат од Министерството за здравство. Со предложените измени, секој полнолетен граѓанин, при посета ...
Европскиот парламент денеска одобри два законодавни предлози со кои се потврдува трговскиот договор меѓу Европската Унија и САД, откако во него беа додадени безбедносни клаузули. Американскиот претседател Доналд Трамп и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во август 2025 година на голф теренот Трнбери договорија царински договор за ублажување на трговските тензии. Двете страни тогаш се договорија за горна граница на ...
Договор за грант од 2,4 милиони долари за реализација на подготвителни активности за когенеративна централа „РЕК Битола 1“, помеѓу АД ЕСМ и Светска банка денеска беше потпишан во просториите на Владата во присуство на премиерот Христијан Мицкоски. Договорот што го потпишаа генералниот директор на АД ЕСМ, Лазо Узунчев и Карол Межеван, менаџерот на Светска банка за Косово и Северна Македонија, претставува значаен чекор во реализацијата на една ...
Владата денеска го изгласа пуштањето во употреба на системот за заеднички гранични проверки „One Stop Shop“ со Република Албанија. Со ова се заокружува процесот на воспоставување на овој систем со трите соседни земји кои не се дел од Шенген зоната, имајќи предвид дека истиот веќе функционира со Србија и Косово. За целосна финализација останува да се потпише договор меѓу двете министерства за внатрешни работи, информира владиниот портпарол ...
Предлог-законите за судска и јавнообвинителска служба, кои Владата ги прати во Собранието, не се истите што ги изработиле работните групи составени за овие закони токму од Владата. Некои од членовите на работна група се оградија од текстот што беше претставен за расправа. Вработени во судовите и обвинителствата на денешната собраниска јавна расправа за споменатите законски решенија реагираа за многу од предложените решенија. Претставниците ...
Денеска околу 09:50 часот избувнал пожар на отворен простор во непосредна близина на Казнено-поправната установа Велес – Превалец. Пожарот првично бил ставен под контрола за кратко време, но околу 13:00 часот, поради засилениот ветер, огнената линија повторно се активирала и се проширила во правец на селото Војница, Општина Чашка, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). На терен интервенираат екипи на ТППЕ Велес со 10 пожарникари и 3 ...