Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
Подгответе се за невиден музички и визуелен спектакл – „GOAT TOUR” пристигнува во Скопје! На 29 ноември, во Спортскиот центар „Јане Сандански”, регионалните хип-хоп титани Jala Brat и Buba Corelli ќе приредат аудиовизуелно шоу што ќе ги помести сите граници и ќе ја крене македонската публика на нозе! Датум: 29 ноември 2025 Локација: Спортски центар „Јане Сандански”, Скопје Вратите се отвораат во 19:30, а шоуто стартува во 21:00 часот Со ...
По низа распродадени концерти, илјадници аплаузи и безброј песни, Влатко Миладиноски ја заокружува оваа 2025 година со голем музички спектакл и тоа на 28 декември во арената „Борис Трајковски”, во придружба на големиот оркестар на Златко Миладиноски. Овој концерт ќе биде круна на една година исполнета со успеси, патувања и средби со публиката низ целата земја, но и надвор од неа. Ноќ кога ќе се слави македонската песна, но и трудот, љубовта ...
Најгласното, најмоќното и најочекуваното електронско доживување на годината ќе се случи на 13 декември 2025 година во арената „Борис Трајковски“ во Скопје. ARGY, едно од најистакнатите имиња на современата електронска сцена, доаѓа со спектакл каков што досега не сме виделе. Шоу што ги руши сите граници на звукот, продукцијата и енергијата. Во време кога светот живее во пулсот на електронската култура, Скопје ќе го почувствува врвот на тој ...
Хрватската ѕвезда Северина пред неколку дена настапи во Задар, каде и покрај здравствените проблеми успеа да ја воодушеви публиката со својот енергичен настап. Пејачката ја поздрави публиката веднаш по излегувањето на сцената, но притоа откри дека настапува иако е болна. „Добра вечер на сите. Многу ми е мило што сум на вашата забава, ова ми е веќе не знам кој пат по ред. И имам корона, затоа не ми се приближувајте“, изјави 53-годишната ...
Како што дознава музичкиот портал Музика24, и официјално – Македонија нема да се врати на Евровизија следната 2026-та година. Македонската радио телевизија (МРТ), како носител на лиценцата за учество на најголемиот европски музички натпревар, го објави записникот од последната седница на Програмскиот совет, на која се дискутирало за евентуалното враќање на земјата на сцената на „Евросонг“. Според објавениот документ, директорот на МРТ, ...
Милица Павловиќ повторно го привлече целото внимание на публиката на својот последен настап во Белград. Пејачката, позната по својот енергичен настап и впечатлив моден стил, овој пат се појави во ефектен комбинезон во боја на кожа со црни детали кои ги потенцираа нејзините атрибути. Комбинезонот, покриен со ситни циркони, ѝ даде гламурозен изглед кој многумина го споредија со легендарните сценски изданија на Џенифер Лопез. Целокупниот ...
Во недела, 19-ти октомври, додека целата земја со нетрпение ги очекува резултатите од најновите локални избори во Македонија, гледачите на Балкан Мјузик Телевизија ќе имаат сосема поинаков и многу повесел избор – нова доза музика, насмевки и вистинска македонска атмосфера во новата трета епизода од најгледаниот музички серијал во Македонија – „На Здравје“. Во духот на добро познатата македонска традиција, и овојпат во волшебниот амбиент на ...
Денес кога светот слави родендени на повеќе познати светски личности, роден прославува и еден од најпрепознатливите македонски телевизиски ликови – Томче Јосимовски (Томче Мое село), популарниот водител и шоумен кој со години го освојува македонското медиумско небо. Имено, на 16 октомври 1978 година во Скопје, на свет доаѓа човекот кој подоцна ќе стане препознатлив по својот шарм, спонтаност и автентичен пристап кон македонското село и ...
Денес, 16-ти октомври, се навршуваат 18 години од трагичната смрт на Тоше Проески, најголемата музичка ѕвезда што Македонија и Балканот некогаш ја имале. Тој замина прерано, но зад себе остави вечна светлина, која ниту времето, ниту тишината не можат да ја изгаснат. Во утринските часови на овој ден во 2007-та година, кај Нова Градишка во Хрватска, сообраќајна несреќа го одзеде животот на момчето со ангелски глас, токму во годината кога ...
За светот, тој беше симбол на совршенство – човек со густа, црна коса, неверојатни движења и магнетска сцена. Но зад тој сјај, се криела една од најтажните вистини во историјата на поп-културата. Во последните 25 години од својот живот, Мајкл Џексон бил речиси целосно ќелав – последица на трагичен инцидент кој ќе го одведе во долга спирала на болка, зависност и самоуништување. Сè започнало на 27 јануари 1984 година, за време на снимањето на ...
Како што дознава музичкиот портал Музика24.мк, познатиот фолк-пејач Миле Кузмановски на 24-ти декември ќе одржи свечен концерт во Македонската опера и балет (МОБ), со кој ќе ја одбележи својата импресивна 35-годишна музичка кариера. Пејачот, познат по многубројните хитови и својот препознатлив стил, ќе биде придружуван од камерен оркестар, што на концертот ќе му даде посебен уметнички печат и емоција. „Времето летна, еве дојдовме до 35 години ...
Со огромно жалење и тага во срцата ја пренесуваме веста која утрово ја потресе целата македонска јавност. По долготрајна и тешка битка со повредите здобиени во трагичната несреќа во Кочани, почина Владимир Блажев – Панчо, половина од познатиот дуо состав ДНК. Веста за неговото заминување ја потврдија извори блиски до семејството и медицинскиот персонал во болницата каде што во последните недели се бореше за живот. Заминувањето на Панчо остава ...
По речиси четири децении емитување, MTV ќе престане да емитува поп и музички програми во Велика Британија. Според извештајот на BBC, пет музички канали на MTV – MTV Music, MTV 80s, MTV 90s, Club MTV и MTV Live – ќе бидат затворени по 31 декември 2025 година. Сепак, главниот канал MTV HD ќе продолжи со емитување, но ќе се фокусира исклучиво на реалити програми, меѓу кои и популарните Naked Dating UK и Geordie Shore. Одлуката, како што соопшти ...
Хуморот и музиката од едно од најкултните македонски телевизиски шоуа – „К-15“ – конечно добија свое винил издание. Васко Тодоров, Бранко Огњановски и Љупчо Бубо Каров, попознати како „Дуо Трио“, објавија плоча со своите најголеми хитови кои публиката ги памети од златните години на шоуто. На изданието се најдоа легендарни песни како: „Билјана сајла немаше“, „Статива“, „Ева“, „Шуруп“, „Пауза“, „Целофан“, „Шалтер“, „За Бадев“, „Многу љубам да ...
На неодамна одржаниот престижен интернационален детски фестивал „Ти си мој друг“ во Пожега, Република Србија, Македонија повторно имаше достојни претставници кои блеснаа на сцената. Нашите млади таленти, Галена Милковска и Теодор Стојановски, ја понесоа гордо македонската музичка традиција и се вратија дома со втори награди во своите возрасни категории. И двајцата учесници претходно настапија и на познатиот интернационален детски фестивал ...
Со формирањето на македонското знаме од страна на ученици од основните и средните училишта од Општина Прилеп започнаа главните чествувања за денот на македонското народно востание – 11 Октомври. Околу 1200 ученици го формираа македонското знаме на градскиот плоштад во Прилеп. Централната манифестација започна во 19:30 часот синоќа на Камената бина во центарот на Прилеп каде настап имаа од КУД „Пере Тошев“ кои пред прилепчани ја изведоа ...
Со формирањето на македонското знаме од страна на ученици од основните и средните училишта од Општина Прилеп започнаа главните чествувања за денот на македонското народно востание 11 Октомври. Околу 1200 ученици го формираа македонското знаме на градскиот плоштад во Прилеп. Централната манифестација започна во 19:30 часот синоќа на Камената бина во центарот на Прилеп каде настап имаа од КУД„Пере Тошев“ кои пред прилепчани ја изведоа ...
Македонија се потсетува и гордо го слави 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните државни празници кој го означува почетокот на борбата за слобода, достоинство и сопствена држава. Токму на овој ден, 11 октомври 1941 година, македонскиот народ за првпат масовно и организирано се крена против фашистичкиот окупатор. Во Прилеп, партизанскиот одред „Гоце Делчев“ изврши храбар напад врз бугарскиот полициски участок и ...
Легендарниот пејач, изведувач на народна музика, Халид Бешлиќ, еден од великаните на регионалната музичка сцена, почина во вторникот (7 октомври) во Сараево, на 72-годишна возраст. Веста за заминувањето на уметникот, чиј глас повеќе од четири децении ги придружуваше многумина во моменти на радост и тага, го потресе целиот регион – од Босна и Херцеговина, преку Хрватска и Србија, па сè до дијаспората. Халид Бешлиќ е роден на 20 ноември 1953 ...
На снимањето на најновата епизода од најгледаниот музички серијал во Македонија – „На Здравје“, кое вчера се одржа во живописното Македонско Село, ексклузивно и за прв пат во јавноста се појави новиот музички состав „Анета Бенд“. Овој нов бенд го носи препознатливиот печат на една од најмоќните и најценети женски вокали во Македонија – Анета Љумаковска, која моментално сè уште е под договор со популарниот Дакапо Бенд. Како што дознаваме, ...
Сараево денеска тагува. Во 13 часот, во Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево (КЦУС), по кратка и тешка болест, почина Халид Бешлиќ – еден од најголемите музички великани на просторот на поранешна Југославија. Веста ја потврдија извори за Н1, а медиумите од Босна и Херцеговина веќе ја пренесуваат оваа тажна информација. Бешлиќ, кој почина на 72-годишна возраст, зад себе остава богато музичко наследство и безвременски хитови кои со ...
По повеќе од две децении музичка посветеност, искрени емоции и безвременски хитови, Бојана Скендеровски заокружува едно важно поглавје од својата кариера со својот прв солистички концерт, насловен „Бесмртна“ — како симбол на сите чувства, песни и моменти што живеат вечно во нејзината и во нашата душа. Во магичната атмосфера на Македонската филхармонија, на 13-ти декември со почеток од 20:00 часот, публиката ќе има ретка можност да ја доживее ...
Гушнати во прегратките на Водно и во волшебниот амбиент на старата македонска архитектура, која плени со својата автентичност и вечна убавина, ја започнуваме петтата сезона на најгледаната музичка емисија во Македонија – „На Здравје“. Омилената телевизиска музичка приказна, која со години го освојува срцето на публиката, оваа сезона подготви нови изненадувања, богата музичка програма и неповторливи моменти со нашите најпознати фолк ...
Можеби повеќето од вас кога ќе слушнат „Страдивариус“ веднаш ќе помислат на виолина – и тоа со право. Антонио Страдивари, најпознатиот градител на жичани инструменти од XVII и XVIII век, создал над 1.000 инструменти, од кои дури 960 биле виолини. Но, дали знаевте дека тој оставил зад себе и неколку гитари? Една од нив е вистинска музичка реткост – легендарната „Сабионари“, гитара што и денес може да се свири благодарение на маестрална ...
Легендарната пејачка на севдалинки, Нада Мамула, останува запаметена како еден од најмоќните и најемотивни гласови на поранешна Југославија. Родена во 1927 година во Белград, таа уште од мала покажала љубов кон музиката, иако родителите не ја поддржувале, сметајќи дека пеењето не е соодветно за девојка. Судбината ја води во Сараево, каде што по успешна аудиција во „Радио Сараево“ ја започнува својата блескава кариера. Нада Мамула настапувала ...
Како што дознава музичкиот портал Музика24.мк, на 15-ти декември 2025 (понеделник) со почеток во 20 часот, во Македонската опера и балет (МОБ) ќе се одржи голем солистички концерт на познатата македонска етно-фолк пејачка Елена Андоновска. Оваа уметничка вечер ќе биде вистинско музичко доживување за сите љубители на македонската изворна и модерна фолк музика. Андоновска, која зад себе има богата музичка кариера и бројни хитови, на сцената ќе ...
Откако ги заврши промотивните обврски околу наградата „Милан Младеновиќ“ во Макарска и во Белград, актуелната победничка, македонската авторка и пејачка Елена Васова конечно се врати дома. Според плановите, периодов Елена ќе им се посвети на македонските медиуми, но и на својот деби-албум. Ја чекаат интервјуата, телевизии, портали…, но и многу музика која треба да биде снимена. Тоа се песните кои доаѓаат по победничкиот сингл „Љубов“, а кои ...
А кој рече дека концерт на забавна поп музика може да биде мирна работа?! Најновата радиофрекфентна драма се случи токму на настапот на Камерниот оркестар на Битола во Домот на културата „Марко Цепенков“ во Прилеп. Наместо само аплаузи, одлична музика и перфектно отпеани песни, публиката доби и бонус-шоу: превртување банери во живо! Главениот актер – Димитар Јовески, сопственик на прилепското „МЕФ“ радио. Нервозен и изреволтиран што се ...
Уснија Реџепова останува една од највпечатливите музички имиња на просторите на поранешна Југославија. Со својот неповторлив глас, харизма и топлина ја освојуваше публиката, а со хуманоста ги инспирираше сите што ја познаваа. Но, зад светлината на сцената и насмевката што пленеше, се криеше приказна исполнета со големи лични загуби и тешки животни битки. Иако обожавана од илјадници, Уснија целата своја љубов ја вложи во еден маж – својот ...
По седумгодишна пауза, светската поп-ѕвезда Мараја Кери се врати со својот шеснаесетти студиски албум „Тука за сè“ (Here for It All), кој излезе во издание на нејзината продукциска куќа „Мараја“. Албумот содржи 12 песни, а Кери го опишува како летен, свеж и инспириран од различни музички емоции. Првиот сингл, објавен во јуни, ѝ донесе уште еден историски успех – 50-ти влез на „Билборд“ топ-листата, со што ја зацврсти својата позиција како ...