Зад секое големо музичко име стоела една прва можност. Токму таква можност годинава нуди Интернационалниот музички фестивал „Охрид фест – Охридски трубадури“, кој распиша конкурс за избор на две нови музички лица што ќе добијат шанса да зачекорат на професионалната сцена. Во потрага по новата македонска музичка ѕвезда, фестивалот ќе избере еден машки и еден женски вокал, а конкурсот ќе биде отворен од 1 ноември 2026 до 15 јануари 2027 година. ...

Во време кога големите музички спектакли најчесто се резервирани за странски имиња, четири од најпрепознатливите македонски изведувачи решија да испишат ново поглавје на домашната музичка сцена. Сузана Гавазова, Наум Петрески, Миле Кузмановски и Благоја Грујовски го најавија проектот „Македонска кафеанска вечер“, настан кој има амбиција да прерасне во традиционален предновогодишен спектакл. Првото издание ќе се одржи на 25 декември, со ...

Само неколку дена по концертниот спектакл во преполната арена „Борис Трајковски“, каде што илјадници посетители ги пееја нејзините безвременски хитови, Калиопи го претстави својот најнов музички проект. Станува збор за синглот „Лаж“, кој веќе е достапен заедно со официјалниот видео спот. Песната својата концертна премиера ја имаше токму на големиот скопски концерт, кога публиката прва ја слушна во живо и ја поздрави со долг аплауз. Сега, ...

Постојат луѓе кои ја следат историјата. Но, постојат и личности кои ја создаваат. Таков беше Ѓоко Ѓеоргиев – човекот чиј глас стана препознатлив белег на македонското радио, а неговото име остана врежано меѓу најголемите доајени на македонската забавно-музичка сцена. Се навршуваат 23 години од неговото заминување, но времето не успеа да го избрише споменот за човекот кој со својата харизма, знаење и бескрајна љубов кон музиката остави ...

Македонската традиционална музика продолжува да го освојува светот. Од 3 до 5 април 2027 година, италијанскиот град Кастелфидардо, светски препознатлив како престолнина на хармониката, ќе биде домаќин на „Goran Alachki Accordion Event 2027“ – тридневен музички настан целосно посветен на македонската народна музика, нерамноделните ритми и богатото фолклорно наследство. Настанот претставува продолжение на успешната музичка иницијатива што веќе ...

Пред полни 18 години Јован Јованов, Тони Зен и Ламбе Алабаковски ја испеаја култната „Итно ми требаш“, а сега, на 31 октомври, на Макфест 2026, Јован и Тони се враќаат со продолжение, песната наречена „Уште ми требаш“. „Уште ми требаш“ е продолжение на приказната од „Итно ми требаш“. Некои песни не можат да се повторат, но некои приказни заслужуваат да продолжат. „Итно ми требаш“ беше приказна за незаборавна ноќ – излегуваш во клуб, некоја ...

Кога Фреди Меркјури посакал да запее со Монсерат Кабаље, не ни можел да замисли дека нивната соработка ќе создаде песна по која ќе се памети една цела олимпијада. На 16 ноември, оваа песна ќе биде дел од „Flowers Symphony 2“ во Македонската филхармонија, каде што Наде Талевска и Бојан Стојков ќе го изведат славниот дует во придружба на Оркестар DIVA под диригентска палка на Владимир Димовски. Зад песната стои долгогодишното восхитување на ...

Во саботата, на 41. издание на фестивалот „Макфест“, Огнен Здравковски ја претстави новата балада „Осудени“, а веќе го објави и официјалниот спот за неа. Со извонредна интерпретација и изведба полна со емоции, тој ја понесе публиката од првиот тон до последниот стих. „Оваа песна ја посветувам на секој што некогаш изгубил љубов, на сите што знаат како изгледа денот без некого. Тешко ми е да го кријам тоа, затоа што и јас се наоѓам во секој ...

Некои песни се хитови на своето време. Други остануваат засекогаш. Токму на тие песни, кои со генерации се пренесуваат, се пеат и се чувствуваат како дел од нашиот идентитет, „Либеро Бенд” им посвети четири исклучителни музички изданија – „Македонски вез 1″, „Македонски вез 2″, „За душа 1″ и „За душа 2″. Четири проекти, два различни музички света и една заедничка цел, да се зачува богатството на македонската музика и да му се даде нов живот ...

Пејачката Гордана Лазаревиќ – Гоца годинава слави 50 години од нејзината музичка кариера, а по тој повод таа својот голем музички јубилеј го одбележа со солистички концерт во Белград, на кој присуствуваа бројни обожаватели, но и нејзини колеги од естрадата, кои дојдоа да ѝ дадат поддршка. Гоца Лазаревиќ концертот го отвори со песната „Свилен конец“, по што следуваше емотивно обраќање до публиката. Не криејќи ја возбудата и тремата, пејачката ...

Медитеранскиот темперамент, грчките мелодии и силните емоции се споија на новиот авторски албум на Марија Мирковиќ. Инспирацијата за „Ел Греко“ музичарката ја пронашла за време на престојот во Солун, а во реализацијата на овој посебен проект ѝ се придружија Беба Балашевиќ и Алка Вуица, кои ги потпишуваат текстовите на шест песни. Грчката музика, нејзината неодолива енергија, темперамент и емоција послужија како инспирација за новиот авторски ...

Синоќа во централното градско подрачје, на плоштадот „Арт“ во Прилеп се одржа традиционалноиот фестивал на повеќе видови мотори, мото фестивалот „Рисови“. Од изложба на мототри, преку добра музика и забава до мото спектакл Прилеп синоќа живееше во духот на мото фестивалот „Рисови’’ за 2026 година. Музички настапи на фестивалот имаа Dj-џеј Биџо, српската музичка група „Hound Dogs“ и „Бело копче’’ со препев на познатите песни на „Бјело дугме“. ...

Прилепчани синоќа во голем број се собраа на плоштадот „Методија Андонов-Ченто“ да ја прослават 35 годишнината од Македонија со музичко-сценскиот спектакл „Силно светнал ден“ кој после Охрид, Битола, Велес и Струмица синоќа пристигна во Прилеп. Прилепчани задоволни од настапот, а за уметниците учевството на овој музичко-сценски спектакл претставува гордост и задоволство што можат да ја прослават независноста на Македонија со публика во целата ...

По една од своите најуспешни сезони, исполнета со бројни настапи, признанија и незаборавни свадбени веселби, маестро Александар Ицов не запира. Напротив, периодот по летните ангажмани го користи за она што најдобро го знае – создавање нова македонска инструментална музика. Со звуците на армониката, кавалот, гајдата и тапанот, Ицов и оваа година беше неизоставен дел од најубавите семејни прослави низ Македонија, потврдувајќи дека важи за еден ...

Документарниот филм „Добри луѓе“ на Милчо Манчевски синоќа имаше светска премиера пред публика, која не можеше да ги скрие силните емоции. Филмот се прикажа во официјалната документарна конкуренција на 32. Сараевски филмски фестивал. После проекцијата во салата завладеа заглушувачка тишина, која траеше бесконечно – за потоа да биде разбиена со силен аплауз од емотивната публика. „Во оваа громогласна тишина се собра сета тага на Кочани што ја ...

Прилеп утре, 19 август ќе биде домаќин на свечениот настан „Силно светнал ден“, организиран по повод 35-годишнината од независноста на Република Македонија. Настанот е инспириран од стиховите на Кочо Рацин и ја носи пораката за слободата, достоинството и заедништвото – вредности што ја одбележуваат македонската државност. Преку пригодна културно-уметничка програма, ќе им се оддаде почит на генерациите кои придонесоа за создавањето и развојот ...

Еден од најценетите фестивали на авторска музика во регионот – „Фестивалот на далматинската шансона во Шибеник“, и годинава ја потврдува својата репутација како престижна сцена за врвни музички автори и интерпретатори. На натпреварувачката вечер, која ќе се одржи на 22 август во Шибеник, ќе бидат изведени 25 нови композиции, избрани по исклучително силна конкуренција, што ова издание го прави едно од најбогатите и најинтересните во последните ...

Македонскиот фолклорен фестивал „Преспа“ годинава носи незаборавна вечер исполнета со емоции, традиција и безвременски македонски песни. На 20 август, со почеток во 20 часот на плоштадот „Гоце Делчев“ во Пустец, публиката ќе има ретка можност да ужива во настапот на една од најголемите легенди на македонската народна музика – Блага Петреска, која за првпат ќе настапи пред Македонците во Албанија. На сцената ќе ѝ се придружи и доајенот на ...

Балканската музичка сцена остана без едно од своите најпрепознатливи имиња. На 8 август, по долга и тешка борба со леукемијата, во болница во германскиот град Есен почина познатата ромска пејачка Џансевер Далипова, која потекнува од Македонија. Тажната вест ја потврдија нејзиното семејство и менаџерскиот тим, а бројни обожаватели и колеги веќе се простуваат од уметницата која со својот уникатен глас остави длабока трага на музичката сцена во ...

По успешните и исклучително посетени концерти ширум земјата, светски познатиот состав Barcelona Gipsy Balkan Orchestra (BGKO) ќе ја заврши овогодишната турнеја во Србија со настапи во Ниш и Белград. Ова воедно ќе биде и последната можност публиката да ги види во Србија во текот на оваа година. Публиката во Ниш бендот ќе ја пречека на 3 септември во рововите на Тврдината, на теренот „Ровче“ кај Ниш експрес, додека завршниот концерт ќе се одржи ...

Пејачката Александра Пријовиќ летово има работен распоред, но слободното време го користи за одмор со семејството и уживање на Јадранот. Една од дестинациите што ја посетила била и хрватскиот остров Хвар. Сепак, за време на престојот во Хвар се случила една необична ситуација, која набрзо стана хит на социјалните мрежи. Имено, хостеса која работи во еден од познатите ресторани на Хвар објави видео на Тик-Ток во кое откри дека неодамна, не ...

По неколку години исполнети со успешни фестивалски настапи, бројни музички соработки и континуирано градење на својата кариера, младата пејачка Ана Петановска денес официјално го објави својот прв студиски албум „Само љубав постои“, кој е достапен на сите дигитални музички платформи. Изданието, објавено под етикетата на Croatia Records, претставува важен чекор во кариерата на талентираната пејачка и ја заокружува приказната што ја создаваше ...

Давид Давидовски повторно направи емисија што никого не остави рамнодушен. Гостин во „Icon Show“ беше познатиот борец за правата на децата без родители, Илија Јовановиќ, кој ја раскажа својата потресна животна приказна. Тој откри дека како бебе бил оставен во дом за деца без родители, а на петгодишна возраст бил префрлен во друг дом. Според неговото сведоштво, тогаш не разбирал што се случува и од очај си ја удирал главата во ѕид. Во ...

Емотивна, драматична и полна со силни сведоштва беше најновата епизода на „Icon Show“ со Давид Давидовски, каде ексклузивен гостин беше Иван Исцелител – човек кој со своите приказни за верата, духовноста и помагањето на луѓето предизвика огромно внимание кај јавноста. Во разговорот со Давид Давидовски, Иван Исцелител откри детали од своето детство и раскажа дека уште како мал доживеал, како што вели, духовна средба која му го променила ...

Емотивна, драматична и полна со силни сведоштва беше најновата епизода на „Icon Show“ со Давид Давидовски, каде ексклузивен гостин беше Иван Исцелител – човек кој со своите приказни за верата, духовноста и помагањето на луѓето предизвика огромно внимание кај јавноста. Во разговорот со Давид Давидовски, Иван Исцелител откри детали од своето детство и раскажа дека уште како мал доживеал, како што вели, духовна средба која му го променила ...

„Upgrade You“ е едукативно-забавен јутјуб серијал во кој нашиот реномиран шминкер и фризер Даниел Николовски, како ментор, го води јутрјуберот Ридван Мемедов – Ритко, низ различни предизвици со цел да излезе од својата комфор зона и да „работи“ на себе. Во секоја епизода Даниел му дава на Ритко нова мисија – посета на психолог, фитнес, бонтон, учење англиски јазик, читање книги, комуникација со луѓе, работа на својата лична култура, како и ...

Синоќа на Камената бина на плоштадот „Александрија“ во центарот на Прилеп, музичарите од музичката група The Doctors одржаа навистина убав музички настап. Овој настап на The Doctors беше дел од циклусот манифестации „Од 0 до Култура“, музички настапи на музички групи кои се одржуваат еднаш неделно-во четврток навечер. Младите момци од The Doctors пред прилепчани се претставија со песни од светската музичка ѕвезда Michael Jacskon. Зошто беше ...

Скопје денеска ја одбележува 63. годишнината од катастрофалниот земјотрес што на 26 јули 1963 година засекогаш ја промени историјата на градот. Во една од најголемите трагедии во неговото постоење, животот го загубија 1.070 лица, повеќе од 3.000 беа повредени, а над 200.000 жители останаа без покрив над главата. Комеморативните активности започнуваат со положување цвеќе пред Споменикот на жртвите од катастрофалниот земјотрес на градските ...

Најновото издание на „Icon Show“ донесе вистинска медиумска бура. Водителите Давид Давидовски и Александар Темелков уште еднаш покажаа зошто важат за едни од најинтересните и најследени водители кај нас, отворајќи теми за кои јавноста долго време бараше одговор. Во студиото гостуваа најпознатиот македонски диџеј, Диџеј Боно, и една од најпопуларните диџејки, Диџеј Тамара. Атмосферата беше исполнета со шеги, провокации и интересни препукувања, ...

Најновото издание на „Icon Show“ донесе вистинска медиумска бура. Водителите Давид Давидовски и Александар Темелков уште еднаш покажаа зошто важат за едни од најинтересните и најследени водители кај нас, отворајќи теми за кои јавноста долго време бараше одговор. Во студиото гостуваа најпознатиот македонски диџеј, Диџеј Боно, и една од најпопуларните диџејки, Диџеј Тамара. Атмосферата беше исполнета со шеги, провокации и интересни препукувања, ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
93%
1013
weather icon

Белград

9ᴼ / 7ᴼ
2.57
93%
1012
weather icon

Загреб

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
93%
1011
weather icon

Софија

6ᴼ / 6ᴼ
1.03
93%
1013
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
2.19
98%
1012
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 7ᴼ
0.51
89%
1012
weather icon

Атина

17ᴼ / 15ᴼ
0.89
88%
1016
weather icon

Тирана

14ᴼ / 11ᴼ
0.51
98%
1015
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
100%
1015
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
1.03
95%
1010
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 2ᴼ
2.57
95%
1010
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 12ᴼ
4.63
99%
1013
Currency

61.637

Currency

55.829

Currency

73.84

Currency

37.822

Currency

39.14

Currency

66.613

Currency

8.3762

Currency

0.67699

Currency

0.34934

Currency

0.52381

Currency

1.1084

Currency

0.59359

Паладиум

30961.17

Родиум

289356.72

Рутениум

61086.42

Платина

47068.69

Калај

48.53

Иридиум

326330.08

Злато

123314.19

Кобалт

33.53

Цинк

3.74

Бакар

12.09

Сребро

1513.66

Алуминиум

3.01