Скопје
26ᴼ /
26ᴼ
Фондот за здравствено осигурување во јули исплатил над 560 милиони денари за надоместоци за боледување а најголем дел од средствата според соопштеното биле за породилни отсуства. Од таму велат дека продолжуваат со континуирана и навремена исплата на надоместоците на плата по основ на привремена спреченост за работа (исплата на боледувања). „Заклучно со 28 јули 2026 година, иако месецот сe уште не е завршен, Фондот исплати вкупно 560,9 милиони ...
15 дена клуч на врата ставија инспекторите по инспекциски надзор во фирма во Карбинци, откако биле затекнати непријавени работници и било утврдено работење во недела, иако за оваа дејност тоа е законски забрането. Поради утврдените прекршоци, инспекторите од Државниот инспекторат за труд изрекле наредба, а по нејзиното непочитување од страна на работодавачот, следувале платни налози и забрана за работа во траење од 15 дена. Од Здружението за ...
Алармантно се шири овчата сипаница низ државата, а сточарите бараат итна типизација на вирусот и системска вакцинација на целото национално стадо. Од Сојузот на одгледувачи на овци предупредуваат дека состојбата со ширењето на болеста кај малите преживари е сериозна и дека секојдневно се појавуваат нови жаришта во повеќе региони. Велат дека досегашните мерки не даваат резултати на терен и дека се потребна итна реакција за да се спречат ...
Кочани го зголеми данокот на имот за 40 проценти, откако Советот на Општината ја усвои измената на Одлуката за утврдување на висината на стапките на данокот на имот. Одлуката беше донесена со 12 гласа „за“ и 7 „против“. Поддршка дадоа советниците од ВМРО-ДПМНЕ, двајцата независни советници од листата „Сакам живот во Кочани“ и советникот Аки Акиов. Според образложението на локалната самоуправа, станува збор за усогласување на даночните стапки, ...
Еднократна парична помош и годинава ќе добијат новозапишаните првоодделенчиња, учениците кои ќе започнат прва година средно образование, студентите запишани на државните универзитети, како и семејствата со новороденчиња во Општина Карбинци. За учениците и студентите поддршката изнесува по 5.000 денари, додека за новороденче се предвидени 10.000 денари. Градоначалникот Виктор Паунов рече дека со овие мерки се продолжува со поддршката кон ...
Имаме убедливо најниска цена на нафтата во Европа“, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Тој посочи дека следната недела очекува поголемо намалување на цените на дизелот и бензините, откако ќе се направи двонеделната анализа врз основа на која се утврдуваат цените на нафтените деривати. „Знаете дека на две недели се анализираат акцизите. Сега завршува втората половина од месецот и веќе во понеделник ќе направиме просек за втората ...
Општина Кисела Вода објави два јавни повика за субвенции при набавка на пелети и печки на пелети, наменети за домаќинствата од општината. Средствата од Буџетот за 2026 година ќе се доделуваат преку Архивата, по принципот „прв дојден, прв услужен“. Со првиот јавен повик се нуди субвенционирање за набавка на пелети, за што е обезбеден буџет од вкупно 2.000.000,00 денари. Општината ќе кофинансира 50% од вредноста на набавените пелети, но не ...
Општина Крушево информира дека, согласно резултатите од трите последователни лабораториски испитувања извршени од страна на Центарот за јавно здравје – Прилеп, водата од градскиот водовод ги исполнува сите законски пропишани параметри за квалитет и е здравствено исправна и безбедна за пиење. Причината за привременото отстапување во квалитетот на водата, како што појаснуваат, беше технички прекин во функционирањето на системот за хлорирање, ...
Министерот за здравство Сашо Клековски денеска изјави дека акутната фаза на епидемијата во Гостивар постепено се смирува, а фокусот сега е на навремено откривање на хепатит А и Е. Претходно самиот призна дека алармот им се вклучил доцна, дека „црвените светла“ закасниле. Резултатот е цел Гостивар отруен, над 4,000 граѓани разболени, кажа на прес-конференција, Кристијан Дојчиновски од СДСМ. Никој од кадрите на ВМРО-ОКГ, како што рече, не ...
Цената на горивата на почетокот на август ќе се намали по двете поскапувања во јули. Премиерот Христијан Мицкоски денес, при посетата на Илинден, кажа дека очекува поголемо намалување на цените. „Знаете дека на две недели се анализираат акцизите. Сега завршува онаа втора половина од месецот и веќе во понеделник ќе направиме просек за втората половина од месецот. И врз основа на тие параметри ќе се делува на цената на нафтените деривати. Добро ...
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на резултатите во земјоделството, во делот на наводнувањето, тутунот и лозарството, изјави дека не треба да се заборави дека акумулациите коишто се користеа за наводнување на земјоделските поседи во август месец 2024 година беа на 8%. „Најпрвин треба да споменеме како беше и како е. Не треба да заборавиме дека акумулациите коишто се користеа за ...
Во Ракометната федерација на Македонија се разгледува можноста за друг систем за натпреварување во машката Супер лига од сезона 2027/2028, а притоа ракометната елита останува со ист број на екипи односно 12 екипи, без да има кратење. Според досегашниот систем по комплетирање на регуларниот дел првиот шест екипи се натпреваруваат во плеј-оф каде разигруваат за титула и излез во Европа, останатите екипи разигруваат за опстанок. Сега според ...
Прволигашот Силекс со висока победа од 6:0 над Башкими ја отвори новата сезона во првата македонска фудбалска лига, со што кратовци успешно стартуваа. По завршувањето на европските настапи екипата на Александар Васоски се насочува кон домашното првенство и Купот на Македонија. Како што вели стартегот на прволигашот од Кратово, целта ќе биде како и минатата сезона, Силекс да освои барем еден трофеј и тимот повторно да игра во Европа. „Целта е ...
Дебитантот во Првата македонска фудбалска лига, Шкендија Арачиново промовираше уште две засилувања се работи за Енис Фазлагиќ и Мевлан Адили. На стартот од новата сезона тимот од Арачиново доживеа пораз од 3:0 од Струга Трим Лум, а сега со овие две засилување дебитантот ја зголемува конкуренцијата во сопствените редови. Фазлагиќ е поранешен репрезентативец на Македонија со еден настап во сениорскиот тим, а ги помина сите младински категории ...
„Македонија забележува рекордна статистика во растот на туризмот преку авиосообраќајот во услови на светска криза, исклучителен успех што е препознаен од страна на Светска банка. Успехот и растот на авиосообраќајот во Македонија е нотиран во анализата на Светска банка за раст на туризам. Со раст од 40% на годишно ниво, Македонија е препознаена како најдобар пример за држава со најголем раст во патници на пристигнување во Европа и Централна ...
Уште еден голем подвиг во кариерата за штипскиот ултрамаратонец Тони Манев, кој успешно совлада неверојатна патека од 400 километри низ Швајцарските Алпи. Манев, кој и во минатото имаше вакви слични подвизи, овој пат успешно заврши еден до најтешките планински ултрамаратони во Европа, откако успеа да истрча 400 километри на патеката што води низ суровите предели на Швајцарските Алпи, со 25.000 метри вкупно висинско искачување. „Дека е тешко, ...
Министерот за здравство, Сашко Клековски, денеска изјави дека акутната фаза на епидемијата во Гостивар постепено се смирува, а фокусот сега е на навремено откривање на хепатит А и Е. Претходно самиот призна дека алармот им се вклучил доцна, „црвените светла“ закасниле, како што рече. Тоа значи едно: Никој од кадрите на ВМРО-ОКГ не контролирал ништо, обвинија од СДСМ. Од партијата велат дека Клековски признал појава на жолтица, нешто што, ...
Мицкоски тврдеше дека е нормално државата да зема пари на заем од јавните претпријатија и дека тоа не значи банкрот, велат од СДСМ. „Денеска имаме кривични пријави. Според пријавата, “давањето позајмица на Јавното претпријатие за државни патишта не претставува трошок за маршутни навигациски уреди и служби“. Со ова дејствие, пријавените ги пренамениле средствата собрани од авиокомпаниите, за цел која е целосно надвор од рамките на ...
Второлигашите активно продолжуваат со екипирање на ростерите, а паралелно со тоа тече и одигрувањето на пријателски натпревари за проверката на формата. Тимот на Кожуф од Гевгелија е засилен со двајца млади играчи – се работи за Давид Ашовалиев и Милан Миленковиќ, кои во пакет доаѓаат од третолигашот Победа од Валандово. Ашовалиев е 20 годишен играч кој низ неговата кариера настапуваше за Вардарски, Дојранско Езеро, Беласица и АП Брера ...
Акутната фаза на епидемијата во Гостивар е во смирување, а во консултација со Комисијата за заразни болeсти решивме да одредиме засилен здравствен надзор за постакутната фаза, односно фокусот сега е на хепатит А и Е и на други заразни болести, изјави министерот за здравство, Сашко Клековски. „Алерт до матичните лекари и здравствените институции во Гостивар сега фокусот да го стават на следните предизвици. Сега фокусот е на хепатит А и Е и ...
Сè уште нема официјален документ. Сè уште никој не го покажа потпишаниот извештај со анализите за „техничката“ вода во Гостивар. Кој институт? Кој потпишал и одобрил? Кои се параметрите од анализата на водата, праша Богданка Кузеска – портпаролка и членка на ИО на СДСМ. „Додека граѓаните чекаат, водата е отруена во повеќе од 8 населени места. Гостивар – труење, хиперхлорирање, „техничка вода“, сè уште без официјален потпишан извештај. Крушево ...
Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, се обрати на отворањето на Програмата за обука за управување со проектен циклус во рамките на иницијативата IPABRIDGE, која се одржува во Скопје од 28 до 31 јули 2026 година. Во своето обраќање, Сали изрази благодарност до Владата на Република Турција, Директоратот за прашања на Европската Унија и турските партнери за континуираната поддршка, искрената соработка ...
Премиерот Христијан Мицкоски, при посетата на Општина Илинден, истакна дека низ државата во моментов се реализираат повеќе од 1.200 проекти финансирани преку средствата пренасочени од централниот буџет кон општините. „Добро е што се гради. Со овој проект на реалокација од централниот буџет кон општините имаме повеќе од 1.200 проекти коишто се градат и добро е што Македонија е едно големо градилиште. Дел од проектите се завршуваат, дел се во ...
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос туристичката сезона која е во полн ек и резултатите од истата, изјави дека владините мерки и владината иницијатива за привлекување на туристи, носат резултати. „Имаме голем скок кај доаѓањата на нашите аеродроми. И тоа, впрочем го нотира Светска Банка во „Tourism watch“ во последната едиција од овој извештај, објавено во јуни 2026 година. Во ...
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со спроведување на реформите во областа на животната средина, со фокус на подобрување на управувањето со отпад, зајакнување на транспарентноста, усогласување на националното законодавство со европските стандарди и обезбедување поквалитетни услуги за граѓаните, истакна на прес-конференција Бисерка Златеска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Во рамки на Реформската агенда, презентирани се активностите што ...
Мицкоски вчера ги повика граѓаните да пријавуваат корупција и најави бесплатна линија. Ова е директна копија на кампањата што токму сега се води во Србија, обвини Кети Штерјова од СДСМ. „СДСМ уште претходно најави дека Мицкоски, по углед на постариот брат од сестринската партија, ќе ја препише и оваа мерка. Сè е copy-paste. Само со неколку дена задоцнување. Во Србија половина од граѓаните на порталот за пријава го пријавија токму Вучиќ. ...
„Апелирам да ги мобилизираме што повеќе членовите и да му дадеме поддршка на Валбон“, порача Филипче во предизборието на повторените локални избори во Гостивар. Филипче во повикот за поддршка на Валбон Лимани вели дека партијата има сериозни шанси да биде дел од идната локална власт, со цел да се обезбеди поддршка за сите граѓани на Гостивар, кажа на денешната прес-конференција, Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Ако Филипче ...
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, изврши увид во градежните активности во рамки на претпоследната фаза од реконструкцијата на улицата „Ленинова“. Во тек е поставување на втор слој асфалт на потегот од булеварот „Партизански одреди“ до крстосницата со улицата „Илинденска“, во должина од 412 метри. Се асфалтира и кружниот тек на крстосницата со улицата „Орце Николов“. Ова сообраќајно решение останува како трајно, бидејќи се ...
За првпат, сите ученици во прва година од средните училишта во Скопје ќе добијат бесплатни униформи. „Училиштето треба да биде место каде што младите ќе се натпреваруваат во знаење, труд и успех а не во тоа кој носи поскапа облека и чии родители имаат поголема финансиска моќ. Социјалните разлики неретко стануваат причина за поделби, дискриминација, па дури и булинг и затоа воведуваме мерка со која создаваме порамноправна, побезбедна и ...
Халкбанк го доближува банкарското работење до своите корисници преку 12 кратки и корисни видеа за брзо и лесно користење банкарски услуги преку мобилен телефон. Станува збор за серија едукативни видеа со актерката Дарја Ризова, во кои се објаснети чекорите за користење на најчестите банкарски услуги преку мобилната апликација на Халкбанк. Банката во изминатиот период постојано работеше на зголемување на бројот на функционалности на ...