Љупчо Палевски Палчо ја помина првата вечер во притвор во Шутка. Под посебни протоколи, сам во ќелија и во ходник, со засилено обезбедување од затворските чувари и без контакт со други притвореници. Од затворот за Сител велат дека Палчо не зборувал многу, не понел многу работи со себе, освен некои документи и мемоари кои ги пишувал за време на пет месечниот притвор во Турција, не одбивал храна и се однесувал нормално. Денеска ќе биде однесен на ...

Министесртвото за здравство упати обвинувања за докторот од Токсикологија, Нико Беќаровски дека ги навредувал Албанците на национална основа. Изјавата е објавена на страна на Министерството. Ова се случува во екот на тензиите помеѓу министерот во заминување Илир Демири и вработените од Клиниката за токсикологија кои ја обвинуваат економската директорка за нестручно работење, но Демири упорно не ја разрешува. Беќаровски по изнесеното на сајтот ...

Актуелен член на коалицијата ВРЕДИ – градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари синоќа во емисија на ТВ21 рече дека Договорот со Бугарија е затворена работа, исто како и Охридскиот рамковен и Преспанскиот договор. Тој смета дека не во 2030, туку во 2028 година Македонија има реална шанса да влезе во ЕУ. „Не е забрането кога зборуваме јавно. Често велам Македонија, ниту „Република“ ниту „Северна“. Мислам дека г-ѓа Давкова се уште е во еуфорија ...

Бебето, според пријавеното било примено во болницата со хематом на главата и по констатирано мозочно крварење, веднаш била извршена операција. На 14.05.2024 година во 01.04 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, во специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид, по извршен хируршки зафат, починало седуммесечно бебе од Вевчани, кое, претходниот ден околу 16 часот, било донесено во болницата од неговата мајка. Бебето, според пријавеното било примено во ...

Во опширниот пост на Фејсбук објавен рано утрово, Мицотакис потсетува на позициите на Нова демократија додека беше опозиција, истакнува дека Грција не прифаќа вакви пропусти и посочи дека името, избегнувањето провокации и почитувањето на Договорот од Преспа се клучни и за напредокот на билатералните односи и за ЕУ перспективата на земјата. Нелегална, недозволива и провокативна, ја карактеризира грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, одлуката на ...

За обраснатата трева и запуштениот изглед на дворот на владата, техничкиот премиер Талат Џафери ја повика градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска и јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ кое е под капата на Град Скопје. „Земјиштето околу Владата, според процедурите и прописите, е во сопственост и надлежност на Град Скопје и според работата и обврските „Паркови и зеленило“, како јавно претпријатие кое се грижи за изгледот на главниот ...

Денеска, 9 мај 2024 година, на социјалната мрежа Х по повод големата победа на професорката Гордана Сиљановска-Давкова на претседателските избори, се огласи ѝ претседателот на Република Украина, Володимир Зеленски. Во неговата честитка упатена до професорката Гордана Сиљановска-Давкова на англиски и на украински јазик, стои: „Честитки до Гордана Сиљановска-Давкова за нејзината убедлива изборна победа. И посакувам успешен и плоден мандат. Го ...

Интересно е што професорката Гордана Силјановска-Давкова оддаде почит кон сите што упатија свои честитки одговарајќи на нивните јазици покрај одговорите на англиски јазик. Честитки за убедливата победа на професорката Гордана Силјановска Давкова пристигнуваат од регионот и Европа. Честитки за победата до професорката Гордана Силјановска-Давкова, денеска упати претседателката на Република Словенија, Наташа Пирц Мусар која го напиша следново: ...

Универзитетската професорка Гордана Силјановска – Давкова ќе биде шестиот претседател на Северна Македонија и прва жена која е избрана на оваа позиција. Сиљановска-Давкова поддржана од ВМРО-ДПМНЕ на вчерашниот вторт круг од Претседателските избори, го победи досегашниот претседател Стево Пендаровски. Според првичните резултати на ДИК, Силјановска-Давкова освои 560.170 гласови (65,14%), а нејзиниот противкандидат Пендаровски од СДСМ 251.541 ...

Амбасадорката на САД Анџела Агелер, ја честиташе победата на Силјановска-Давкова, напоменувајќи дека САД и натаму ќе продолжат да ја поддржува земјата. „Моите срдечни честитки до Гордана Силјановска-Давкова за нејзиниот историски избор за прва жена претседател на Северна Македонија. Честитки и за сите оние граѓани кои вчера го искористија своето избирачко право на претседателски и парламентарни избори. Соединетите Американски Држави ќе продолжат ...

До 17 часот на претседателските избори гласале 452.412 гласачи. Овој податок го пласираше ДИК од податоците пристигнати од 2040 избирачки места. ДИК информира дека излезноста е 42,32 %, што значи дека е постигнат цензус. Македонскиот народ масовно излезе денес да го оствари своето право на глас. Не успеа бојкотот кој го заговараа, организираа и реализираа дел од партиите на власт. Правото на глас македонските граѓани можат да го остварат денес ...

Денеска вицепремиерот Артан Груби кој истовремено е и шеф на кабинетот на Али Ахмети, потврди дека го направил спротивното од тоа што Ахмети го кажа на почеток на кампањата. Бојкотот не е потребната алатка во демократијата и воопшто не се дискутира прашањето за бојкот, вака претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети одговори на новинарско прашање на прес конференцијата на која го промовираше Бујар Османи како кандидат за ...

Изборите се демократски чин преку кој ја изразуваме својата суверена волја. Секој изборен процес е важен, но овие избори се од суштинско значење, како за опстојот така и за сегашноста и иднината на народот и државата, се вели во соопштението на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија, скопска епархија. -Изборите се можност кои ни се дадени за да учествуваме во креирањето на сопствената сегашност и иднина, а со тоа и иднината на ...

Според информациите до кои дојде „Скопје1“ од 9 до 11 часот, односно за два часа, гласале 180 лица. На избирачко место 2452 кое се наоѓа во скопско Кондово имало полнење на кутии, јавуваат извори за „Скопје1“. Според информациите до кои дојде „Скопје1“ од 9 до 11 часот, односно за два часа, гласале 180 лица. Доколку се направи пресметка, ова значи дека на секои 40 секунди гласало по едно лице. Претходно, порталот објави дека ваква појава имаше и ...

Даштевски истакна дека до ДИК до овој момент се доставени вкупно 164 приговори за заштита на лично избирачко право, 50 се усвоени. Седум приговори се отфрлени како неуредни, а девет се одбиени. Останатите се во обработка. Државната изборна комисија ја соопшти излезноста на изборите до 11 часот. Претседателски избори: Од добиени податоци од 2080 избирачки места каде се запишани 1.962.019 гласачи, гласале 141.087 гласачи, односно 12,87 проценти. ...

Тешка сообраќајна несреќа се случи утрово на булеварот Партизански одреди во скопската населба Влае. Во несреќата учествуваа две возила, од кои едното е преполовено од силата на ударот. Според информациите од МВР, со возилата управувале 32-годишна скопјанка и 27-годишник, и двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила жената, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Додека другиот возач и неговиот сопатник се ...

Минатата година Грција ја посетиле 1.128.000 туристи од Северна Македонија, бројка што е нешто помалку од двојно поголема споредбено со 2022 година, согласно податоците од Институтот на Асоцијацијата на грчки туристички бизниси (ИНСЕТЕ), јави дописничката на МИА од Атина. Во истражувањето „Кој каде оди? Колку долго останува? Колку троши?“, ИНСЕТЕ ги анализира официјалните податоци на Банката на Грција за туризмот и туристите во земјата во 2023 ...

На овој експресен пат од почетокот на годината досега во три тешки сообраќајки, животите ги загубија пет лица. Триесет и деветгодишен возач загина во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани. Сопатничката и двете малолетни деца поради здобиените повреди се пренесени во штипската Клиничка болница. Пријавата во СВР-Штип е во 02:24 часот, изјави за МИА Гордана Панајотова, портпарол на СВР-Штип. Несреќата се случила во близина на клучката кај ...

Многу брзи и вкусни УШТИПЦИ, лесни за подготовка и меки како памук. Секој може да ги направи. ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: За тесто: 1 јајце 1 чаша топло млеко 200 мл 1 чаша топла вода 200 мл 1 кесичка сув квасец 10 г 1 лажица шеќер 20 г 1 лажичка сол 8 г 4.5 чаши брашно 540 г И уште: 1 компир рендан 1 црвена пиперка 2 зелени пиперки 1 главица кромид магдонос 80 г кашкавал 2 чаши масло за пржење (400 мл) ПОСТАПКА: 1.Во подлабок сад изматете го јајцето со ...

Основното јавно обвинителство Кавадарци поведе постапка против 18-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Спречување службено лице во вршење службено дејствие од член 382 став 3 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик. На 2 мај, во куќа на улицата „Димката А. Габерот“ во Кавадарци, двајца инспектори од МВР преземале службено дејствие – фаќање побегнат затвореник од КПУ Гевгелија, кој бил роднина на сега ...

Рускиот енергетски гигант „Гаспром“ денеска објави дека забележал нето загуба од 629 милијарди рубљи (6,9 милијарди долари) во 2023 година, завршувајќи ја годината во црвено за прв пат по повеќе од 20 години, при што продажбата на гас во Европа е приближно преполовена, според Ројтерс. Веќе во 2022 година, нето добивката на „Гаспром“ потона, според Меѓународните сметководствени стандарди (МСФИ), за 41,4 отсто, на 1.226 трилиони рубљи (15,77 ...

Не се само информации тоа дека ДУИ полнеле кутии на денот на изборите, имаме и потврден случај тоа е во општина Липково за каде јасно Управниот суд донесе пресуда . Не се само информации тоа дека ДУИ полнеле кутии на денот на изборите, имаме и потврден случај тоа е во општина Липково за каде јасно Управниот суд донесе пресуда каде јасно се гледа дека волјата на граѓаните не е таа која е соодветна на резултатот, рече претседателот на ВМРО-ДПММЕ, ...

Многу населби во градот Хјустон, во американската сојузна држава Тексас, беа поплавени вчера по обилните дождови, кои ги принудија спасувачите да евакуираат повеќе од 400 луѓе од домовите. Поплавите зафатија голем дел од Тексас, од Хјустон до руралниот Источен Тексас, каде што спасувачите ги поминуваа улиците и патиштата со чамци, за да спасат луѓе и домашни животни кои не биле евакуирани навреме. Официјални претставници издадоа упатства до ...

Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење! Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род ...

Стјуардеса се обиде на социјалните мрежи да ги сподели своите совети за заштеда на пари кога станува збор за авионски патувања – вклучително и во кој ден од неделата треба да резервирате билет и каде да седите во авионот. Понекогаш резервирањето на патувањата може да биде скапо. Цените растат во зависност од седиштето или багажот, но стјуардесата ги сподели своите генијални трикови како да заштеди уште повеќе пари. Сиера Мист ги споделува своите ...

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните на Скопје дека на 04.05.2024 (сабота), поради одржување на манифестација по повод годишнината од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје по потреба ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот, односно по потреба за сообраќај ќе биде затворена ул.„Самоилова“ на потегот од ул.„Иљо ...

ДУИ ги напушти вредностите за кои се залагаше во 2001 кога наместо за Албанската кауза почна да се грижи единствено за џебовите на нивното раководство и ним блиските роднини. Кога од партија се претворија во Коза Ностра, велат од албанскиот опозициски блок „Влен“. -Сега кога доаѓа време за одговорност за коруптивните скандали се обидуваат како штит да го користат целиот Албанскиот народ и помалите етнички заедници кои ги користат како заложници. ...

При висок крвен притисок, неминовно следи грижата за здрав животен стил, пред сѐ – со помалку извори на стрес и поволна исхрана. Има повеќе начини за едноставно и брзо намалување на притисокот. Основниот совет сепак, гласи – никогаш да не се крие притисокот од лекарите бидејќи тоа може да го попречи и / или одложи потребниот третман и да доведе до посериозни здравствени проблеми. Натаму, според „Харвард хелт паблишинг“ (Harvard Health ...

Неодамна објавено видео на youtube каналот “Политички радар”, на молдавскиот блогер Ион Харгхел, го посочува Миленко Неделковски, како еден од нај истакнатите новинари од Македонија, кои примиле значајни парични средства, за ширење пропаганда во корист на Русија. Видеото открива дека Неделковски е дел од мрежата на про руската НВО “Асоцијација на новинари за борба за слобода” (AJKF), која е параван на руските разузнувачки служби. Истата ...

Политичката партија Десна на својот официјален Фејсбук профил, објави наводно писмо од својот поранешен лидер Љупчо Палевски, кој се уште чека екстрадиција во земјава и судска постапка, како првоосомничен за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Според објавеното, писмото е упатено до министерот за правда Кренар Лога, пишувано лично од Палчо на 29 април и во него, Палевски тврди дека барал забрзана екстрадиција додавајќи дека таа ...

weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
1.54
81%
1023
weather icon

Белград

7ᴼ / 6ᴼ
1.54
93%
1022
weather icon

Загреб

5ᴼ / 5ᴼ
0.51
93%
1022
weather icon

Софија

8ᴼ / 4ᴼ
1.03
63%
1024
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
1.22
83%
1023
weather icon

Љубљана

10ᴼ / 6ᴼ
0.0
85%
1023
weather icon

Атина

16ᴼ / 13ᴼ
1.34
67%
1022
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
0.51
87%
1024
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
2.06
81%
1024
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
3.6
87%
1021
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
94%
1023
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
2.06
76%
1022
Currency

61.53

Currency

53.1337

Currency

69.7572

Currency

34.777

Currency

37.9478

Currency

66.5784

Currency

7.47219

Currency

0.65393

Currency

0.34328

Currency

0.52557

Currency

1.25874

Currency

0.599