Игор Стефановски Иџе овој викенд се закити со титулата победник во Европскиот шампионат на ридски патеки (ЕHC), во група 1 Летечкиот Македонец, Игор Стефановски со победа ја заокружи својата тркачка сезона за оваа година. Тој викендов во Хрватска ја возеше последната трка од шампионатот кој започна на 28.04.2024 во Австрија. На оваа трка заврши трет, а во генералниот пласман на Европскиот шампионат на ридски патеки, во група 1 го освои првото ...

Премиерот Христијан Мицкоски пред средбата со Македонско-Германското стопанско здружение изјави дека денеска ќе му биде врачен демарш на бугарскиот амбасадор во Македонија, Желјаско Радуков. Премиерот Христијан Мицкоски пред средбата со Македонско-Германското стопанско здружение изјави дека денеска ќе му биде врачен демарш на бугарскиот амбасадор во Македонија, Желјаско Радуков. „Во минатото кога се понижуваше и распродаваше достоинството ...

Синот на Рајан Весли Раут, осомничен за обидот за атентат врз Доналд Трамп, даде изјава за Си-Ен-Ен откако неговиот татко беше уапсен на Флорида. Најстариот син на осомничениот, Оран, го опишал неговиот татко како „полн со љубов, чесен и вреден човек“. „Не знам што се случи на Флорида и се надевам дека работите се само претерани, бидејќи според она што го слушнав, не звучи како човек што го познавам; дека би направил нешто лудо, а камоли ...

Доналд Трамп објави соопштение во коешто вели дека „никогаш нема да се предаде“, како одговор на пукањето коешто се случи во негова близина додека играше голф во Флорида. „Пукаа во моја близина, но пред гласините да отидат надве од контрола, сакав најпрво да го слушнете ова: На безбедно место сум и добро сум! Ништо нема да ме успори. Никогаш нема да се предадам!“, порача Трамп. „Единство. Мир. Да ја направиме Америка повторно голема. Бог да ве ...

Утрово е најстудено, два степена, на Попова Шапка, каде изминатото деноноќие се измерени и најмногу врнежи, седум литри на метар квадратен. Утрово е најстудено, два степена, на Попова Шапка, каде изминатото деноноќие се измерени и најмногу врнежи, седум литри на метар квадратен. Како што информира УХМР, до 08:30 часот било 5 степени во Лазарополе и Маврови Анови, 6 Крушево, 7 Берово, 8 Крива Паланка, 9 Претор, Виница, Кавадарци, Демир Капија, 10 ...

Најсилното кошаркарско натпреварување изгледаше многу поинаку во 70-тите години на минатиот век. Се работи за период во кој многу често се случуваа физички пресметки, но тие не беа најголемиот проблем кој го имаше лигата. Огромен број на талентирани играчи ја зацрнија својата иднина со лоши избори, односно користење на нелегални супстанци. Ќе наведеме неколку примери. Спенсер Хејвуд Хејвуд претставува вистински раритет кога станува збор за ...

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), од полноќ се намалуваат за 0,50 денари по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 76,50, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 78,50, а Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) за 68,50 денари за литар. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менува и останува 69,50 ...

Нови правила за влез во Европската Унија (ЕУ) ќе има за граѓаните на Македонија и други земји кои не се членки на Унијата и истите ќе почнат да важат од 10 ноември оваа година. Нови правила за влез во Европската Унија (ЕУ) ќе има за граѓаните на Македонија и други земји кои не се членки на Унијата и истите ќе почнат да важат од 10 ноември оваа година Тогаш треба да стартува новиот систем за влез/излез (ЕЕС). Со овој систем ќе бара од патниците ...

Во периодот што следи државата ќе се соочи со два крупни предизвици – обид на внатрешни структури за создавање нестабилност и обид од нашиот источен сосед да не’ внесат во предизборната реторика, предупредува премиерот Христијан Мицкоски, апелирајќи до македонските граѓани, до политичарите, до оние коишто и мислат добро на татковината и на граѓаните да не наседнуваме на овие провокации. Мицкоски, кој се наоѓа во прва официјална посета на ...

Мора да создадеме градација, да кажеме дека дотука е доволно, а на сите оние коишто добиваат државна помош и притоа рекламираат казина и обложувалници да им биде прекината помошта што ја земаат од државата, затоа што мислам дека е недостојно за кој било спортист да рекламира спортски обложувалници. Долгогодишниот македонски ракометен репрезентативец со 155 настапи во националниот дрес, голманот со богата интернационална кариера Борко Ристовски, ...

Утринава околу три часот изгореа две возила на паркинг кај „Три бисери“ во скопската населба Аеродром. Граѓаните кои живеат во непосредна близина велат дела слушнале екплозии. На местото на настанот дошла и пожарна. Според командирот на противпожарната единица Ѕвонко Томевски пожарот избувнал кај едно од возилата, а потоа го зафатил и другото возило. Станува збор за возило Сеат Ибица со скопски регистарски таблички и БМВ со прилепски регистарски ...

Горан Антиќ од Куманово на 25.08.2024 освои Милионер џекпот вреден 1.782.101 денари. Во нашето семејство среќни добитници на МИЛИОНЕР џекпот имаме нов член. Горан Антиќ од Куманово, стана милионер благодарение на видеолотариските терминали на Видеолотарија Касинос Австрија. Тој забавувајќи се кај нашиот деловен соработник Делта Бет Моцарт во Куманово, на 25.08.2024, освои Милионер џекпот вреден 1.782.101 денари. Ова е негова прва голема добивка, ...

Едно лице е повредено во пукање што синоќа се случи во Арачиново. Повредениот, 24-годишниот А.И. од Арачиново, е пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за да му се укаже лекарска помош. Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот. -Околу 21 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Арачиново било пукано кон А.И. (24) од с.Арачиново, кој се здобил со повреди и е пренесен во комплекс клиники ’Мајка Тереза’ за укажување ...

Против М.А. ќе биде поднесена соодветна пријава, мигрантите биле пренесени во Прифатно-транзитниот центар Гевгелија. Hа 28.08.2024 во 22:45 часот на Граничниот премин Богородица, на излез од државата, полициски службеници од РЦГР Југ го лишија од слобода М.А.(38) од Босна и Херцеговина, кој управувал товарно возило „мерцедес“ со полуприколка со босански национални ознаки. Приведен е затоа што при извршена проверка, во полуприколката биле ...

За еден сантиметар е намален водостојот на Охридското Езеро, а нивоата на другите две природни езера во земјава се исти како вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Со тоа, водостојот на Охридското Езеро е за 15 сантиметри понизок од повеќегодишниот просек за месец август. Пониски од просечните се и нивоата на Преспанското и на Дојранското Езеро. Водостојот на Дојранското Езеро ...

Мајката и сестрата на Мараја Кери починале во ист ден изминатиот викенд, објави американската пејачка. „Срцето ми е скршено зашто ја изгубив мајка ми овој викенд. За жал, во трагичен развој на настаните, и мојата сестра почина истиот ден“, кажа Кери, без да ги наведе причините за смртта. Патриша Кери (87) беше поранешна оперска пејачка и гласовен тренер од ирско-американско потекло. Во своите мемоари од 2020, Мараја Кери изнесе детали за ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,74 % во однос на одлуката од 23.8.2024 година. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 0,50 ден/лит. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за ...

55-годишен македонски државјанин го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа која се случила на северот на Грција, во близината на Кукуш (Килкис). Автомобилот со кој управувал државјанинот на Македонија, се судрил со друг автомобил кој го управувала жена на возраст од 44 години, јавуваат медиумите во Грција. Пожарникари интервенирале да го извадат возачот, а со возило на брза помош бил пренесен во болница во Солун, но од таму само ...

Гонџа Агнес Бојаџиу е родена на денешен ден 1910 година, на тогашната улица „Поп Кочина” број 14, што се наоѓала на сегашниот плоштад Македонија, рече во своето обраќање претседателот на владата, Христијан Мицкоски. Гонџа Агнес Бојаџиу е родена на денешен ден 1910 година, на тогашната улица „Поп Кочина” број 14, што се наоѓала на сегашниот плоштад Македонија, рече во своето обраќање претседателот на владата, Христијан Мицкоски. Мајка Тереза ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,12 % во однос на одлуката од 19.8.2024 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 4,611%, кај дизелот 3,788%, кај ...

Претстојната сезона во Лигата на шампионите ќе донесе имплементација на новиот формат во кој сите учесници ќе бидат дел од една група и ќе се по таканаречениот „швајцарски систем“, промена која досега донесе многу коментари, а се чини допрва ќе покаже дали е вистински или изнуден потег на УЕФА. Навивачите се скептични по ова прашање, а од вчера и незадоволни, откако на дел од плејоф натпреварите била пуштена подновената химна на елитното ...

Фрчкоски очекува оставката да биде усвоена и да биде разрешен од Функцијата со Указ на Претседателката, како што и е назначен. Професорот Љубомир Фрчкоски поднесе оставка на местото амбасадор и постојан претставник на Македонија во ОН во Њујорк. Оставката Фрчкоски ја поднел на претседателката Гордана Силјановска – Давкова и за тоа го известил МНР. Професорот Фрчкоски очекува оставката да биде усвоена и да биде разрешен од функцијата со Указ на ...

Обвинетиот Урош Блажиќ денеска на почетокот на судењето во Белград призна дека на 4 мај минатата година уби девет и рани 12 лица во селата Мало Орашје и Дубона. Повтори дека е виновен, како што изјави и на прелиминарното рочиште. Неговиот татко Радиша Блажиќ најпрвин им изрази сочувство на семејствата на жртвите и изјави дека не е виновен за кривичното дело за кое се товари и дека не знае од каде го набавил оружјето неговиот син. Судењето ...

Девет лекови вредни девет милиони евра, меѓу кои за висок притисок, срцеви заболувања, депресија и деменција, стануваат дел од Позитивната листа. Како што информира денеска министерот за здравство, Арбен Таравари, станува збор за девет генерици претставени преку 87 лекови. – Се работи за 87 лекови во различни форми, јачини и пакувања што имаат активна регистрација во нашата држава, девет генерици претставени преку 87 лекови. Помеѓу нив, опфатени ...

Убиениот на паркингот пред ТЦ „Мавровасја“ е Васил Ефтимов, управител на фирмата Мителмонт, дознава Алсат. Тој денеска е убиен со огнено оружје од лице кое, според очевидци, прво го отворило багажникот од неговиот автомобил, од каде што зел пакет, а потоа пукал кон жртвата. Кога се случил инцидентот, Ефтимов бил придружуван од женско лице. По доаѓањето екипата на брза помош ја констатирала смртта. Полицијата веќе соопшти дека во врска со ...

Раководството на криминализираната ДУИ продолжува да живее во паралелен свет. Потценувајќи го албанскиот народ, тие се обидуваат да се претстават како политички жртви на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ВЛЕН. Ова е тешка демагогија. Мнозинството Албанци гласаа за промена на 8 мај, што, меѓу другото, значи кривична одговорност за сите што се збогатуваа на грбот на граѓаните во овие 22 години режим. Целта на албанската опозиција е по секоја цена да го спречат ...

Откриени шокантни детали од трагедијата што се случи во понеделникот во Луна паркот во Пефкохори, Халкидики, кога животот го загуби младо момче (19), пишува телеграф.рс. Младото момче починало откако паднало од еден од апаратите бидејќи столчето на кое седело му се скршило за време на возењето. Младото момче со семејството дошло на одмор на Халкидики и сите отишле во забавниот парк да се забавуваат. Во моментот на несреќата тој бил на вртелешка ...

На големо изненадување на медиумите, а и на граѓаните, градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска за денеска претпладне закажа прес-конференција. Изненадувањето е присутно бидејќи Градот кој пред се треба да биде транспарентен кон скопјани, во изминатиот период докажа дека е лидер во нетранспарентност кон граѓаните и медиумите. -Градот Скопје Ве поканува на прес-конференција што ќе се одржи на 20.08.2024 година во 11 часот во просториите ...

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, денеска ја посети Општина Врапчиште и новоизградениот објект наменет за Територијалната противпожарна станица за општините Врапчиште и Боговиње, како дел од проектот за „Прекугранична заштита од пожари – Fireshield“, финансиран од ЕУ програмата за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Албанија, чии носители се двете македонски општини, албанската Општина Черик и НВО Каритас југ од ...

Американската авиокомпанија „Американ Ерлајнс“ соопшти дека ќе ги прекине сите летови за Израел до април 2025 година поради големите регионални тензии. Според израелскиот јавен сервис „КАН“, „Американ Ерлајнс“ се приклучи на неколку големи компании кои исто така одлучија привремено да ги прекинат летовите. Од 7 август, вкупниот број на странски авиокомпании кои ги прекинаа летовите до и од Израел достигна 20, наведува „КАН“. Меѓу авиокомпаниите ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
6.69
55%
1023
weather icon

Белград

1ᴼ / 0ᴼ
5.66
73%
1024
weather icon

Загреб

0ᴼ / -2ᴼ
2.57
93%
1027
weather icon

Софија

0ᴼ / -1ᴼ
7.72
67%
1020
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
10.95
72%
1018
weather icon

Љубљана

1ᴼ / 0ᴼ
2.06
90%
1027
weather icon

Атина

11ᴼ / 10ᴼ
7.72
47%
1016
weather icon

Тирана

2ᴼ / 2ᴼ
1.54
70%
1018
weather icon

Подгорица

5ᴼ / 5ᴼ
10.29
36%
1020
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 1ᴼ
5.66
57%
1013
weather icon

Будимпешта

1ᴼ / 0ᴼ
7.72
72%
1022
weather icon

Истанбул

3ᴼ / 3ᴼ
6.69
60%
1015
Currency

61.5517

Currency

52.271

Currency

70.5545

Currency

35.0836

Currency

38.2049

Currency

66.2416

Currency

7.43741

Currency

0.66163

Currency

0.33542

Currency

0.52438

Currency

1.22069

Currency

0.58212

Кобалт

58.42

Цинк

3.06

Алуминиум

2.96

Калај

43.36

Платина

79963.65

Сребро

2549.75

Родиум

266047.43

Злато

145757.48

Паладиум

61793.73

Иридиум

145787.60

Бакар

11.76

Рутениум

29514.39