Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Според официјалните податоци на ЦУК, активни пожари се евидентирани во Општина Пробиштип, пожар има во селото Неокази, каде гори ниска вегетација, во Општина Штип, активен пожар е регистриран во местото викано „Исар“, во централното градско подрачје, исто така на површини со ниска вегетација. „Третиот пожар е во Општина Чешиново-Облешево, во селото Новоселани, каде исто така е зафатена ниска вегетација“, соопшти ЦУК. Според официјалните ...
Муцунски истакна дека Министерството активно ја развива економската дипломатија како практична алатка за поддршка на македонските компании. „Нашата дипломатска мрежа мора да биде насочена кон конкретни резултати: отворање нови пазари, привлекување инвестиции, промоција на извозот, поврзување на компаниите и навремено информирање за промените на глобалните пазари“, рече Муцунски. Според него, во современата економија дипломатските односи треба ...
Овој потег подразбира и оставка на целата влада. Функцијата премиер на Молдавија ја вршеше од ноември минатата година, а не изјави зошто сега се повлекува. “Во моментот кога сфатив дека веќе не можам да го извршувам својот мандат во согласност со своите принципи и уверувања, одлучив да поднесам оставка”, напиша Мунтеану на социјалната мрежа Икс. Тој додаде дека ќе продолжи да ѝ служи на својата земја од која било позиција што ја извршува, без ...
Вчера, во рамки на посетата на Струмица на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев беше извршен увид на локацијата во Градскиот парк определена за поставување спомен-обележје во чест на загинатите пилоти од Хеликоптерската единица на Министерството за внатрешни работи. „Како општина ќе ја интензивираме соработката со Министерството за реализација на овој значаен проект, кој ќе ...
Во обраќањето на форумот за одржливоста и создавањето отпорни бизниси што го организира Стопанска комора, Мицкоски нагласи дека Владата ќе продолжи да им дава силна поддршка на компаниите, како и дека останува нивен најважен партнер. Осврнувајќи се на одржливоста, премиерот истакна дека тоа веќе не е административна обврска што доаѓа однадвор, туку развојна можност. „Затоа, ќе продолжиме да ги поддржуваме компаниите во нивната зелена и ...
На видеото, кое за кратко време се прошири на социјалните мрежи, се гледа девојче кое клечи на колена и моли за милост, додека неколку врснички ја навредуваат, ја удираат со шлаканици и ја влечат за коса. Наместо да се обидат да го спречат насилството, дел од присутните го снимаат инцидентот со мобилни телефони и ги охрабруваат насилниците. „Ќутете да слушнеме како ќе пука“, се слуша на снимката, додека едно од момчињата што снима чека уште ...
Во текот на јули и август, секој понеделник од 19 часот, во Синеплекс публиката ќе може да проследи внимателно избрана селекција од долгометражни, омнибус, кратки играни и анимирани филмови. Влезот е бесплатен, по принципот „прв дојден, прв услужен“, без претходна резервација на билети. Програмата за јули започнува со омнибусот „Скопје ремикс“ (6 јули), по што следува „Лазар“ во режија на Светозар Ристовски (13 јули), блок кратки анимирани ...
На изложбата ќе бидат прикажани 30 мозаици, симболично претставувајќи ги 30-те години активно творештво на авторот во оваа вековна сликарска техника, a на отворањето свој музички перформанс ќе има професорот Драган Даутовски. Томовски е еден од ретките мозаичари на овие простори кој активно работи во оваа техника. Неговите теми се универзални и безвременски, а мозаиците ги изработува со исклучителна прецизност и посветеност. Тој дипломира и ...
„Кога ќе завршам со овој дел од мојот живот како претседател на Владата ќе се вратам на факултет кај студентите, јас никогаш не кажав кога тоа ќе се случи, дали за година, 5, 10 години. Ќе треба овие кои што се уплашени од мене, а кои што континуирано ги гледам како ми претскажуваат некаков крај, да се потрудат малку повеќе, за тоа да трае малку пократко. Јас пак од друга страна ќе се потрудам малку повеќе за тоа трае подолго. Што подразбира ...
„Во работењето на ЈП ЖРСМ – Скопје за периодот од 1 јануари до 31 декември 2025 правната служба евидентира кражби по пријави при што е настаната штета во вредност од 28,67 милиони денари, или 446.197 евра. Со тоа се предизвикува нарушување во стабилноста и нормалното одвивање на железничкиот сообраќај на пругите на територија на Р.С.Македонија“, пишува во извештајот и се додава дека лани кражбите се намалени за 80 отсто во споредба со ...
До крајот на оваа фаза имаме уште еден натпревар, во недела гостуваме кај Луксембург. Тој резултат не е важен, првото место е заверено, но Македонија сака уште една победа. „Мислам дека одигравме добар натпревар. Не беше лесно да се победи, но ние се адаптиравме на играта на противникот. Бевме добри во одбраната, најдовме решенија и во нападот, па успеавме да ја оствариме целта и да се квалификуваме за следниот круг“, вели селекторот на ...
Швајцарците покажаа поголема снаодливост на теренот, максимално ги реализираа своите можности и заслужено стигнаа до овој исклучително важен триумф. Натпреварот започна одлично за Швајцарија, која поведе уште во 10. минута. Мензамби испрати одлична асистенција до Емболо, кој прецизно погоди за почетно водство од 1-0. До крајот на првиот дел и двете репрезентации креираа неколку опасни ситуации пред противничките голови, но мрежите мируваа, па ...
„Кон преземените обврски преку реформската агенда пристапивме одговорно и работевме посветено. Така и ќе продолжиме. Резултатот е евидентен и јас сум задоволна од досегашната исполнетост на поставените цели за што сакам да им се заблагодарам на Владата и на институциите со кои партнерски работевме и секако на Европската Унија, која ќе го дополни буџетот на Министерството за образование и наука со 19,2 милиони евра, со кои ќе ги продолжиме ...
Во Скопје, променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд и појава на град. Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и дневни температури од 26 до 34 степени. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (наместа над 60 км/ч). Во Скопје, променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од ...
Новите признанија уште еднаш ја потврдуваат посветеноста на КАМ кон обезбедување квалитетни производи по достапни цени, како и континуираното унапредување на понудата во категориите што се од секојдневно значење за потрошувачите. Со дополнително признание „Best Buy“ се здоби одделот за свежо овошје и зеленчук, како потврда за понудата која комбинира свежина, квалитет и најдобра вредност за потрошените средства. Признание доби и приватната ...
Првиот дел помина во знакот на Португалците кои ја контролираа играта и создадоа неколку сериозни прилики, додека Хрватите беа целосно безопасни во фазата на напад. Сепак, по првите 45 минути немаше голови. Но, затоа второто полувреме понуди тотален фудбал. Хрватска излезе како преродена од соблекувалната и веќе во 53. минута Перишиќ погоди за водство од 1-0. По примениот гол, играта максимално се отвори. Хрватите постигнаа уште еден погодок ...
„Ако зборуваме за патната инфраструктура, за неколку месеци од сега шест автопатски делници ќе се градат. Во понеделник го потпишуваме договорот за изградба на автопатот Блаце – Скопје, проект што граѓаните го чекаат со децении и кој го доби македонска компанија. Многу наскоро ќе биде завршен и процесот за делницата Букојчани – Кичево, а догодина ова време веќе ќе треба да го користиме автопатот Кичево – Охрид. Исто така, догодина ова време ...
„Последниот случај на врсничко насилство покажа деца со недостиг на емпатија и со изобличени вредности. Едни се изживуваат врз дете, а други стојат настрана, снимаат и се забавуваат, наместо да му помогнат и да го заштитат. Ова насилство е аларм за целото општество. Тоа е плод на недостиг на воспитна врска меѓу родителите и децата“, рече Јаневска, додавајќи дека без ангажирање на родителите, секоја иницијатива за справување со врсничко ...
Првиот половина час мина во доминација на Шпанија, но таа беше јалова, без создадени чисти шанси, Австрија одлично се бранеше. Сепак, одбраната пукна во 26. минута кога по асистенција од Кукуреља, Ојарзабал постигна гол за водство од 1-0. Тоа беше резултат од првото полувреме. На вториот гол се чекаше уште половина час, во 66. минута Поро даде гол за дуплирање на предноста, 2-0 за Шпанија. Истиот тандем кој го отвори резултатот, го постигна и ...
Аргентинскиот клуб и искусниот напаѓач постигнаа договор за спогодбен раскин на соработката. Уругваецот, кој во Бока пристигна во 2023 година, се прости од навивачите со емотивна видео-порака, истакнувајќи дека настапот за аргентинскиот гигант бил исполнување на неговиот детски сон. Кавани го напушта клубот со 28 голови на 81 натпревар, а аргентинските медиуми пренесуваат дека ова најверојатно значи и крај на неговата богата професионална ...
Отворени сме, вели Мицкоски, уште денеска, утре, да разговараме за сите модалитети. „Јавно кажувам, дајте да најдеме начин како да го зголемиме гласањето на дијаспората. Не е битно дали тоа ќе биде електронско, дали ќе биде со писма. Дајте да најдеме начин, да најдеме некоја пракса во светот како би успеале на тие луѓе да им овозможиме правото на гласање да го остварат на поедноставен начин бидејќи сега, конкретно го давам примерот со ...
Петти меч, петта победа за Македонија во претквалификациите, овојпат во салата „Лазар Лечиќ“ ја совладавме Ирска. Македонските кошаркари одиграа убав натпревар, покажаа желба, пожртвуваност за националниот дрес и дојдоа до лесна победа. Неизвесно беше само во првата четвртина додека резултатот беше 16-16, потоа Македонија направи серија од 7-0 и со сигурна предност од 23-16 ги заврши првите десет минути. Потоа мечот одеше во еден правец, ...
Марковски го победи Максимилиан Борисов од Бугарија со 2-1 во сетови 7-6, 0-6 и 6-3. Мечот денеска се доигруваше откако вчера беше прекинат поради дождот. Нашиот Амар Хусеиновиќ не успеа да го мине првото коло, тој загуби убедливо од шестиот носител Александер Вајс од Италија со 2-0 во сетови, 6-2 и 6-0. Горазд Србљак го доби првиот сет против петтиот носител Стефан Поповиќ од Србија со 6:2 во гемови, но неговиот ривал беше поуспешен во ...
Москва претрпе најтешки воени загуби, меѓу 400.000 и 450.000 смртни случаи од проценети вкупно 1,4 милиони жртви (повредени и исчезнати) меѓу своите сили од почетокот на инвазијата на Украина пред повеќе од четири години, соопшти центарот. Истражувачкиот центар проценува дека украинската армија изгубила 125.000 војници, а дека меѓу 525.000 и 625.000 биле ранети или исчезнати. Бројот на руските жртви во Украина е повеќе од четири пати поголем ...
Како што истакна, во изминатиот период се зголеми реализацијата на капиталните инвестиции во патната инфраструктура, железниците, енергетиката, образованието, комуналната инфраструктура, одбраната и безбедноста. „Се гради и тоа граѓаните може да го забележат и сами. Еден од најдобрите показатели за тоа како се менуваше економската политика во овие две години е токму буџетската политика. Воведовме нов пристап во управувањето со јавните ...
Самарџиски ќе биде дел од стручниот штаб на македонската репрезентација до 20 години, тој од вчера се приклучи на селекцијата. Поранешниот стартен центар на сите репрезентативни селекции на Македонија ја заврши играчката кариера во 2023 година, а по кратката пауза одлучи своето богато кошаркарско искуство да го пренесе во тренерските води. Во изминатиот период Самарџиски работеше во Кина, каде стекнуваше нови тренерски искуства. „Неговото ...
„Се надевам дека СДСМ и Левица ќе ги остават своите политички мотиви во своето политичко мочуриште, ќе се вратат во Парламентот, сѐ уште има време и оваа реформа да ја испорачаме. Јас сум убеден дека политичките интереси ќе ги остават настрана и ќе ги стават како приоритет националните интереси“, изјави Мицкоски. СДСМ во коалиција со Левица, потсети премиерот, поднесоа 13.000 амандмани за да го спречат гласањето во дијаспората плашејќи се ...
Постапките за овие предмети, како што беше посочено на разгледувањето на Годишниот извештај за работата на ОЈО ГОКК пред Советот на јавни обвинители, се во тек. Елаборирајќи го извештајот, шефот на ОЈО ГОКК Ислам Абази, изјави дека годинава имале повеќе кривични пријави од областа на економскиот криминал и високата корупција и затоа вредноста на замрзнатиот имот е пет пати поголема, споредено со претходната година кога обвинителството повеќе ...
На почетокот на рочиштето судот соопшти дека од Министерството за внатрешни работи е доставен извадок од правилникот за систематизација на работните места со ознака „строго доверливо“, иако претходно било побарано да се разгледа можноста за декласификација на описот и пописот на работните места за потребите на постапката. Судот информира и дека е доставен извештај изготвен од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и ...
Еден од најпознатите бенефити на кефирот е неговата улога во одржувањето на дигестивната рамнотежа. Благодарение на природно присутните пробиотски култури, кефирот придонесува за разновидноста на цревната микрофлора, која има важна улога во целокупното функционирање на организмот. Покрај тоа, кефирот содржи хранливи материи кои имаат важна улога за здравјето на коските, кои претставуваат основа за активен и квалитетен живот. Благодарение на ...