Белград
1ᴼ /
0ᴼ
Отворен е конкурсот за програмата за студентска пракса „Зоран Ѓинѓиќ“, преку која студентите и неодамна дипломираните студенти од регионот на Западен Балкан имаат можност за стручно обучување во Германија во времетраење од три до шест месеци. Престојот во Германија им овозможува на студентите да се запознаат со организацијата, деловните процеси и функционирањето на големи и успешни германски компании, за подоцна да го пренесат тоа знаење и ...
Вчера во преполната сала на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ беше означен почетокот на светскиот шампионат во Хип Хоп IDO World Hip-Hop Championship – Street Dance Show 2024. Како што соопшти организаторот, ревијалниот дел на сите земји учеснички кои се дел од овогодинешното издание на светскиот шампионат бил крунисан со врвни перформанси и парада на нациите. Оттаму додаваат дека во следните пет дена, ќе се натпреваруваат 5.000 танчери во ...
Нестандардните и нелегалните депонии, еден од најголемите предизвици на земјава во обезбедувањето здрава животна средина, до 2033 година ќе бидат сведени само на случајни појави, предвидува новата нацрт-Националната стратегија за управување со отпад. Документот пропишува дека во следните пет години отпад треба да се подигнува од најмалку 97 отсто од домаќинствата во земјава, а степенот на собирање треба да се зголеми од сегашните 71 на најмалку ...
Од 14 до 29 октомври, ќе се одржи Неделата на италијанскиот јазик во светот (SLIM), a темата ќе биде „Италијанскиот јазик и книгата: светот меѓу редови“. Официјалното отворање ќе биде во понеделник на 14 октомври со концертот „Пучини 100“, со кој ќе се одбележи 100-годишнината од смртта на големиот италијански композитор Џакомо Пучини. Во Филхармонијата на Република Северна Македонија ќе настапи познатиот македонски тенор Благој Нацоски во ...
Потпретседателската дебата во САД во вторникот вечерта меѓу републиканецот Џеј-Ди Венс и демократот Тим Волц се чинеше како граѓански и релативно воздржан разговор за прашањата кои ги интересираат американските гласачи а се однесуваат на претседателските избори што ќе се одржат на 5 ноември. Оттука, како што објави Би-Би-Си во својата анализа, ова дебата доста се разликуваше од двете претходни претседателски дебати оваа година. Во дебатата која ...
Руските власти објавија апсење на речиси 100 лица поврзани со платежниот систем „UAPS“ и системот за размена на криптовалути „Криптекс“ во истрагата за перење пари поврзани со сајбер криминал. Главниот истражен оддел на Истражниот комитет на Русија – највисоката руска федерална агенција за спроведување на законот – ја објави информацијата заедно со едноминутно видео. Руската операција доаѓа помалку од една недела откако владата на САД ги откри ...
Најмалку 21 лице загинале во поплавите кои вчера ја зафатија Босна и Херцеговина. Дополнително, 16 лица се водат како исчезнати. Во селото Злате загинала трудница откако врз неа паднало дрво, пренесува Н1. Хусеин Хоџиќ од Цивилната заштита вели оти штетите се огромни и дека спасителните служби воопшто не стигнале до околу десетина села. „Километри пат повеќе не постојат. Скоро сите мостови беа уништени. Нема струја, сите бандери се однесени. ...
На годишнината на нападите на Хамас на 7 октомври врз Израел, кои ја провоцираа обемната офанзива на Израел врз Газа, се чини оти регионот е сè подалеку од мир. Израел лансираше ракети кон Либан, што резултираше со масовна експлозија во Бејрут; Хезболах го нападна северен Израел, со што беа оштетени шеесетина станови во Израел; а Хамас нападна град во близина на Тел Авив, при што беа повредени две лица, пренесува Би-би-си. Во Израел се одржуваат ...
Нобеловата наградата за физиологија или медицина оваа година беше доделена на американските научници Виктор Амброс и Гери Рувкун за нивната работа во полето на микроРНК, пренесува Би-би-си. МикроРНК влијае на тоа како гените се контролираат во организмите, а новите сознанија за нив помагаат да се објасни како комплексните организми се создале на Земјата. Фондот за наградата е 970.000 евра, кој ќе биде поделен меѓу двајцата научници. Минатата ...
Полиција употреби солзавец за да ги растера опозициските демонстранти, кои фрлаа молотови коктели и други пиротехнички средства врз разни институционални објекти, пренесува Ројтерс. Демонстрантите ја обвинуваат владата на премиерот Еди Рама за корупција и непотизам. Рама е на власт од 2013 година и победи на три последователни избори. Тие исто така се бунат за тоа лидерот на опозициската партија и поранешниот премиер Сали Бериша е во домашен ...
Преку веб страницата vakcinacija.mk, од денеска започнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип за ризични групи население, информираат во Министерството за здравство. Набавени се 70.000 дози четиритипна вакцина против сезонски грип. „Пријавувањето се врши со пополнување на оваа апликација. На тој начин, директно се регистрирате за вакцинација во системот Мој Термин. Согласно распоредот предвиден во планот за вакцинација, ...
Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата остро реагира на изгласаните измени и дополнувања, како и на предлозите за нови измени на законите со кои што предвреме се прекинува мандатот на членовите и на претседателите на независни и самостојни државни органи, Државната комисија за жалби по јавни набавки (ДКЖЈН), Комисијата за заштита на конкуренцијата и второстепената Државната комисија за одлучување во управна постапка. ...
Со цел унапредување на родовата еднаквост и социјалната инклузија во Република Северна Македонија, денеска во Скопје се одржа првата координативна средба на новоформираната Институционална група за креирање политики поврзани со родова еднаквост и социјална инклузија (РЕСИ), информираат во ХЕРА, Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување. Средбата била организирана во рамки на проектот „Заедно за родова еднаквост: Градење поддршка за ...
Стрип центарот на Македонија од Велес го завршува имплементирањето на циклус од пет изложби, како дел од грантот „Сè што кажуваме е да и дадеме шанса на инклузијата“. Овој грант е дел од вториот повик отворен за предлози за Младинскиот меѓукултурен уметнички фонд во рамки на програмата „Градиме нови мостови“ на Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Завршната изложба се организираше денеска во просториите на Европската куќа во Скопје. На изложбите ќе се ...
Според најновите микробиолошки анализи се утврдило дека водата во Општина Василево не е безбедна за пиење, соопштува Комуналното претпријатие „Турија“ – Василево. Била анализирана вода од местата Василево, Градашорци, Ангелци, Едрениково, Добрашинци, Нова Маала и Чанаклија. Жителите на општината, кои со вода за пиење се снабдуваат од браната „Турија“, нема да можат да ја користат водата од градскиот водовод. Комуналното претпријатие „Турија“ – ...
Слично како и на Балканот, така и во Германија, Франција, Шпанија, Швајцарија и Шведска, групите коишто порано ширеа ковид дезинформации, експресно се префрлија на проруските наративи. Дезинформациите за вакцините се штетни за обичните граѓани, но за оние што ги споделуваат веројатно се начин на кој гледаат на нештата, иако тоа гледиште е погрешно, а некогаш и бизарно. Дури и да не се мотивирани од лоши намери, овие фракции прават штета и се ...
Дезинформациите што ја таргетираат Харис се карактеристични не само поради тоа што се работи за невистини, туку и за тоа што се родово специфични, зачинети со стереотипи и предрасуди, кои ја напаѓаат способноста на една жена да се најде на моќна позиција. Она што на интернет циркулира за политичарката и правничката Харис, често пати има врска со нејзиниот пол, нејзината боја на кожата и нејзините корени од Индија и Јамајка, пишува Вистиномер. ...
Бројни меѓународни организации, но и проверувачи на факти од Украина се согласуваат дека на интернет просторот особено на Телеграм, се креирани неверодостојни, инсценирани видеоматеријали со платени актери, со една единствена цел да се поткопа мобилизацијата во Украина и да се дискредитираат вооружените сили на Украина, пишува Вистиномер. Текстот го објавуваме интегрално: Русија спроведува психолошки и информациски операции за да ја поткопа и ...
Вчера биле убиени пет здравствени работници во јужен Либан во израелски воздушен напад, пренесува Би-би-си. Либанските граѓански заштитни сили соопштија дека здравствените работници биле во црква, која функционирала како импровизиран ургентен центар, кога таа била нападната од израелските одбранбени сили (ИДФ). Најмалку пет луѓе се убиени, но можно и да има повеќе жртви, затрупани под рушевините. Најмалку 115 здравствени работници се убиени во ...
Ураганот Милтон ја зафати Флорида како бура од трета категорија, внесувајќи уште поголеми штети на брегот кој сè уште е опустошен од ураганот Хелена кој се случи само пред неколку недели. Овој нов ураган ги погодил градовите со ветрови од над 160 км на час, откако создаде големи торнада. Бурата започнала да се движи кон југот на Флорида, каде што предизвикала големи одронувања на земјата на островот Сиеста Ки, во близина на Сарасота, околу 112 ...
Ископувањето на линдан од малата депонија во ОХИС ќе продолжи штом се префрлат парите кои за оваа намена се предвидени со последниот ребаланс на буџетот. Во Мултипартнерскиот фонд за чистење на оваа жешка точка во моментов има околу 150.000 евра со кои ќе треба да се чисти петтиот лот од депонијата, кој требаше да биде и последен. Од Министерството за животна средина велат дека доколку се ископаат поголеми количини земја ќе треба да се предвиди ...
Премиерот Мицкоски е сигурно во право кога апелира до опозицијата на отстранување на суетите во политиката при носење јавни оценки за политиките на власта, но е недоследен во својот апел од аспект што истото, критика на сè и сешто, го правеа тој и ВМРО-ДПМНЕ кога беа опозиција, пишува Вистиномер. Текстот го пренесуваме во целост: Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на партиски настан имаше долг говор во кој, во еден дел ...
Англосаксонскиот свет не се бори против христијаните и муслиманите, ниту пак, е поттикнувач на војната во Украина и во Палестина. Во западните држави живеат и муслимани и христијани, како и припадници на други верски заедници, бидејќи правото на религиска определба е неприкосновено во западните земји. Во случајот со Русија која ја почна воената инвазија врз Украина, најголем дел од населението и во Русија и во Украина се православни христијани. ...
Договорот за заем со унгарската Експорт-импорт банка денеска беше потпишан во Будимпешта. Договорот во име на Владата, а во согласност со Законот за Закон за задолжување на РС Македонија со заем кај Унгарската експорт – импорт банка приватно друштво со ограничена одговорност по Договор за заем за буџетско финансирање и финансирање на општи цели, го потпиша министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. „Со потпишување на Договорот денеска ...
Драматични снимки и фотографии од Босна и Херцеговина од утрово кружат во медиумите и на социјалните мрежи, откако повеќе делови од земјата синоќа беа погодени од обилни врнежи, кои придонесоа кон свлечишта, одрони и поплави. Хеликоптер на воените сили на Европската Унија во Босна и Херцеговина (ЕУФОР) врши итен транспорт на тешко повредено дете од Јабланица, соопшти Министерството за безбедност на Босна и Херцеговина, а пренесе Радио Слободна ...
Жители на Флорида излегле од регионот на заливот Тампа, пред директниот удар на ураганот Милтон, кој би се случил еднаш во еден век, пренесува АП. Во исто време, екипи работат за да заштитат мебел, апарати и други потопени предмети од водата од последната голема бура. Вторник е означен како последна шанса за милиони луѓе во оваа област да се подготват за смртоносни бури, силни ветрови и можни торнада. „Денес е последен ден за да се подготвиме. ...
Мартин Стојанов е 24-годишно момче од Радовиш, професор по физичко образование, кој е еден од првите администратори на пирамидалната шема „Конти“ во земјава, а сега, по нејзиното пропаѓање, менаџира нова апликација наречена „Грок“. Од вчера до денеска во групата на социјалната мрежа Телеграм веќе се собрани над 1000 корисници кои вложуваат пари со сиот ризик дека можат да ги изгубат. „Шемата“ повторно е иста – се инсталира апликација, се кликаат ...
Тимот новинари од ИРЛ од Македонија и Штег од Албанија – сите членки на Меѓународниот проект за известување на организиран криминал и корупција (ОЦЦРП), повеќе од десет месеци работеше на првото од серијата истражувања посветени на трговијата со влијание во регионот. Новинарите собраа и анализираа над 3,800 документи, а наодите од истражувањата покажаа како владите на Македонија и Албанија преку државно-спонзорирани зделки им овозможиле на лица ...
Град Скопје ги известува сите даночни и таксени обврзници дека за оние лица кои не ги подмириле своите обврски за комунална такса фирмарина за 2021, 2022 и 2023 година, како и за должниците за данок на имот, се почнува со присилна наплата и забрана на користење средства, најавија денеска градските власти. Како што е наведено во соопштението, сите даночни и таксени обврзници кои немаат платено данок на имот и комунална такса – фирмарина за ...
Министерството за здравство информира дека се обезбедени нови количини вакцини против ковид-19. Станува збор за 11.520 дози кои во текот на неделава ќе бидат дистрибуирани до здравствените домови. „За таа цел, сите заинтересирани граѓани кои сакаат да примат вакцина против ковид-19, може да се обратат до најблискиот здравствен дом“, информира Министерството за здравство. Во Скопје, вакцинацијата ќе се одвива во поликлиника Бит Пазар. Вакцините ...