За да продолжи бесплатниот превоз за студентите, потребно е Владата на Република Северна Македонија да донесе поединечна одлука со висината на средствата што ќе се релоцираат за таа цел. Ова го соопштија од Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УСС УКИМ) по денешната средба со градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска. „Со оваа мерка [Владата] ќе го задолжи Министерството за образование ...

Од одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР е поднесена кривична пријава против Љ.Б.(37) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „учество во странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации“. Во периодот од септември 2023 година, пријавениот заедно со сега починатиот Т.Ш., преку апликацијата „Телеграм“ аплицирале на отворен конкурс за учество во руска војска за месечен ...

Додека скопјани мака мачат со јавниот транспорт и загадувањето на воздухот, владини министри најавуваат партнерство со словенечката приватна компанија „Авант кар“, која од пролет ќе пушти во употреба 100 електрични возила како систем за заедничко користење (car-sharing) во три скопски општини. Ова го најавија министрите за животна средина и за енергетика, Изер Меџити и Сања Божиновска пред почетокот на 2025 година кога ќе се одржат локални ...

Инспектори од Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), минатата недела спроведоа вонредни надзори во магацини за пакување на новогодишни пакетчиња, маркети и продавници кои вршат промет со новогодишни пакетчиња. Во рамки на спроведените 62 контроли, утврдено е несоодветно означување на пакетчиња кај 4 оператори. Кај 3 вида на пакетчиња, констатирано е дека на збирното пакување нема наведено рок на траење, односно датум на минимална трајност ...

Високите сметки за струја се предизвик за Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ). Ова го истакнала ректорката на УКИМ, Биљана Ангелова на средбата со министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска. Како што соопштија од Министерството за енергетика, ректорката Ангелова ја истакнала важноста на енергетската стабилност за редовното функционирање на универзитетот, наведувајќи дека високите сметки за ...

Од денеска, се укинува забраната за сообраќај за тешки товарни возила преку планинскиот превој Стража, а исто така, и на патниот правец Охрид-Кичево, кај Пресека, забраната за движење на тешки моторни возила се укинува, информираат во Центарот за управување со кризи (ЦУК). Забраната за движење во обие делови беше воведена вчера поради големи врнежни од снег. Останува на сила забраната за движење во правец К.Паланка – граничен премин Деве ...

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по жалба изјавена од одбраната на Артан Груби недостапен за органите на прогон, против решението на судија на претходна постапка, донесе одлука со која ја одби жалбата на одбраната и го потврди решението на судија на претходна постапка со кое му се определува мерка притвор од 30 дена, информираат од Судот. На 17 декември Кривичниот суд им одреди триесетдневен притвор на ...

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани и ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“, проф. д-р Изет Зеќири денеска потпишаа Меморандум за соработка помеѓу Министерството за социјална политика, демографија и млади и Универзитетот „Мајка Тереза“-Скопје. „Меморандумот е потврда за нашата подготвеност за заедничка соработка во функција на обезбедување взаемна помош, поддршка и услуги при изготвување, раководење и ...

Од 3 до 10 декември, 13 млади луѓе од земјите во Западен Балкан, во конкуренција од 400 апликанти, беа избрани да појдат во посета на важни историски локалитети и образовни институции во Токио и Хирошима во Јапонија. Официјалната посета на Јапонија беше во рамки на „Јапонската програма за пријателски врски“ – МИРАИ. Ова е петти циклус од програмата што Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO) ја спроведува во соработка со ...

Фондацијата Шер (Share) ќе ги проследи сите собрани докази за прислушување и шпионирање, откако огранизацијата „Амнести интернешнал“ објави извештај во кој се вели дека Српските власти инсталирале шпионски софтвер на телефоните на новинари и активисти, пишува Н1. Филип Милошевиќ од фондацијата Шер објаснува дека форензичката анализа на уредите кои биле во сопственост на новинари и активисти, покажала дека на нив бил користен израелскиот ...

Играта Vampire Survivors е една од најдобрите игри направени од само еден човек, кој што го освои светото, и е многу добар новогодишен поклон за пријател гејмер. Се работи за понова игра во стил на постарите пикселизирани игри. Играта има роуг-лајт елементи каде што доаѓаат бескрајни бранови на непријатели што ве преплавуваат како „зерги“ со градуално раснење на нивниот број и брзина. Целта е кој играч ќе издржи највеќе бранови и ќе останете ...

Во претходните три дена се сослушани вкупно 48 лица во врска со уривањето на настрешницата на влезот на Железничката станица во Нови Сад, кога загинаа 14 лица, а тројца се тешко повредени, соопшти Вишото јавно обвинителство во Нови Сад, кое наложило денеска да се сослушаат уште пет лица. Обвинителството наведува дека по повод трагичниот настан што се случи на 1 ноември го искористило максималниот капацитет за спроведување истражни дејствија ...

Според најновите статистики на Американската асоцијација за пулмологија, секое седмо новородено бебе ќе има мака со белите дробови како последица на глобалното аерозагадување, изјави денеска д-р Оливер Зафировски, директорот на Клиниката за пулмологија, пред свеченото доделување признанија за вработени на оваа Клиника. Покрај вработени на клиниката, на настанот присуствуваше и министерот за здравство и вицепремиер Арбен Таравари. Зборувајќи ...

Денеска во Основниот кривичен суд продолжи судскиот процес за грабнувањата и убиствата на 14. годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, за кои се обвинети пет лица. На денешното судење беа изведени докази на Обвинителството за локациите каде што биле најдени жртвите, извештаи од психијатриски вештачења, наоди од увидите на истражните органи, најдени траги. Од доказите, Вања и Панче биле убиени со истрели со куршуми со ист калибар ...

Од Владата на Република Северна Македонија не посочуваат каде е проблемот со реализацијата на процесот за италијанската инвестиција на Попова Шапка. Иако велат дека се обидуваат да најдат решение, од таму не даваат конкретни информации, туку само се правдаат. Овој процес со години се одолговлекува потврдуваат и последователните изјави на италијанската компанија. Скијачкиот центар и оваа сезона ќе се соочи со истите проблеми, пишува ...

Скопје утрово повторно се најде на листата како најзагаден град во Европа, според моменталните податоци на платформата „IQ Air“. Индексот на загаденост изнесува 157, што го става главниот град во категоријата на небезбеден воздух за дишење. Покрај тоа што е град со најзагаден воздух во Европа, Скопје во моментов е на единаесто место по загаденост во светот. На врвот на листата како најзагаден град во светот како до сега е Делхи (Индија), по ...

Објавата е манипулативна сè со цел да ги претстави САД како корумпирани и подмитливи кои се мешаат во внатрешните работи на други држави. Секоја држава има право да прогласува одредени личности за непожелни во својата земја, односно да ги стави на црна листа, доколку има основи за тоа. Тоа во никој случај не значи дека таа држава се меша во внатрешните работи на друга држава, пишува Вистиномер. Анализираме објава на Фејсбук која вели дека ...

Сексизмот и родовата дискриминација во Северна Македонија се присутни и во законодавниот дом. Пратеникот од редовите на ВЛЕН, Ријад Шаќири, употреби сексистички изјави кон пратеничката од Европскиот фронт, Илире Даути, пишува Порталб.мк. За време на вчерашната расправа на Собраниската комисија за образование, наука и спорт на која се расправаше за Предлог законот за средно образование во второ читање, пратеникот Ријад Шаќири ѝ се обрати на ...

Секторот Санитарна контрола на ЈП Водовод и канализација Скопје денес изврши вонреден мониторинг на водоснабдителниот систем на Скопје кој беше во прекин поради изведување на активности за санација, реконструкција и модернизација на градската водоводна мрежа. Мониторингот опфати девет клучни места и тоа во Автокоманда, Сингелиќ, Маџари, Ново Лисиче, Центар, Драчево, Пржино, Ѓорче Петров и Карпош од каде беа земени примероци од водата за пиење ...

Хајделберг факултетот Скопје соопшти дека формира Бизнис совет, како стратешки советодавен одбор за зајакнување на соработката помеѓу академската заедница, студентите и бизнис секторот. Свечената церемонија се одржа денеска во просториите на факултетот. Оттаму велат дека Бизнис советот претставува платформа за заедничка работа чија цел е да се надминат предизвиците на пазарот на трудот, особено недостатокот на квалификуван кадар. Најавуваат ...

Во понеделник во 18 часот во Кинотека на Македонија, ќе се одржи панел дискусија на тема „Живот без капитализам: Како дотаму?“, како и проекција на документарниот филм „Земја за нас“ и разговор со режисерката Карла Црнчевиќ. Настанот се организира во склоп на дванаесеттото издание на фестивалот за феминистичка култура и акција „Прво па женско“ и е бесплатен. Панелисти ќе бидат Вики Младенова, Здравко Савески и Ленче Деспотоска, а модераторка ...

Скопје, Велес, Куманово, Струмица, Кавадарци, Кичево, Тетово и Кочани и денеска се дават во ПМ честички. Загадувањето на воздухот и зимава руши рекорди, а главниот град повторно е на листата на десетте најзагадени во светот. Утрово, сите мерни станици на Државниот мониторинг за следење на квалитетот на воздухот, освен таа во Лазарополе, кои мерат ПМ 10 и ПМ 2,5 покажуваат високи или многу високи концентрации на честички. Во последното ...

Секторот за контрола и истраги при Царинска управа спроведе поголема акција во Битола и Ресен во која се запленети 780 килограми режан тутун со вкупна вредност од 3,4 милиони денари. Во акцијата се извршени претреси на домови и помошни простории, а извршени се и контроли на градските пазари. Тројца сторители ќе одговараат кривично, а до едно лице ќе биде поднесена прекршочна пријава. Во предистражната постапка од овие дела е утврдена директна ...

Станува збор за петти случај за неколку месеци на Клиниката за детски болести. Ако во четирите претходно само во еден случај биле одредени пропусти околу начинот на пружање на медицинската заштита, при што таква одговорност беше утврдена за истиот случај и за болницата во Козле, сосема е јасно дека ДУИ ги генерализира сите пет случаи и прави извртување на вистината т.е. спин и за директорот и за министерот. Притоа се користат смртни случаи на ...

Во врска со зголемениот број на измами што годинава беа забележани, а кои опфаќаат фишинг напади и случаи на лажно претставување во име на Пошта на Северна Македонија, како и на други државни институции и правни субјекти, Секторот за компјутерски криминал при МВР ги известува граѓаните дека главната цел на фишинг измамите е да се приберат личните податоци на примателот или да се натера да посети лажна веб-страница преку која со оставање на ...

Просечната цена на струјата за домаќинствата од 1 јануари ќе се зголеми за 0,92 проценти, најави денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски. Во првиот блок, зголемувањето е 0,68 проценти, во вториот за 0,9 проценти, во третиот за 1,93 проценти, во четвртиот за 2,24 проценти, додека во евтината тарифа за 0,9 проценти. Тоа значи дека едно просечно домаќинство во државата кое има сметка од 2300 денари ќе има ...

Во платеното политичко рекламирање на последните парламентарни избори, доминираат мажите. Жените се помалку застапени, не се става акцент на родовата разновидност. Ова е заклучокот кој беше истакнат на денешниот брифинг со новинари, организиран од Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ и Меѓународната фондација за изборни системи (IFES). На настанот, експертките Марина Тунева и Билјана Бејкова ги презентираа клучните наоди од ...

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по спроведена сеопфатна истражна постапка денеска до основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице и Обвинителен предлог против едно правно лице и три физички лица. Во периодот од 2014 до 2020 година во Тетово, првообвинетиот С.Ш. како сопственик и управител на обвинетото правно лице од Тетово, заедно и по претходен договор со третообвинетиот ...

Фотонапонските електрани „Битола 1“ и „Осломеј 2“ ќе се градат со грант од пет милиони евра од Европската Унија и заем од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). Двата проекти за производство на енергија од обновливи извори во државна сопственост, во вкупна вредност од 25,6 милиони евра, обезбедени преку Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF), ќе треба да придонесат за енергетска транзиција на земјава и реализација на зеленото ...

Непочитувањето на Законот за урбано зеленило, бројните градби во градот и злоупотребата на зелените површини, беа во фокусот на дебатите на Форумот на тема: „Злоупотреба на урбаното зеленило за градби“ што се организираше во Скопје, пишува Порталб.мк. Архитектите се децидни дека процесот на намалување на зелените површини во центарот на градот е интензивиран. „Веќе сме во фаза кога ни треба синхронизација на правните акти и можеби еден со ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
100%
1011
weather icon

Белград

3ᴼ / 2ᴼ
4.12
79%
1006
weather icon

Загреб

1ᴼ / -2ᴼ
0.51
87%
1004
weather icon

Софија

0ᴼ / -1ᴼ
1.03
73%
1011
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
1.86
97%
1012
weather icon

Љубљана

2ᴼ / 1ᴼ
3.6
90%
1004
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
1.34
88%
1009
weather icon

Тирана

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
81%
1008
weather icon

Подгорица

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
100%
1009
weather icon

Букурешт

0ᴼ / 0ᴼ
2.06
94%
1012
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / 1ᴼ
2.57
92%
1006
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
5.14
100%
1011
Currency

61.63

Currency

52.5

Currency

70.9922

Currency

35.8859

Currency

38.002

Currency

67.2401

Currency

7.52839

Currency

0.68973

Currency

0.3304

Currency

0.52446

Currency

1.20862

Currency

0.57032

Иридиум

198077.91

Калај

49.66

Сребро

2897.70

Рутениум

45750.51

Злато

147776.72

Кобалт

62.83

Алуминиум

3.13

Родиум

324722.54

Паладиум

57453.38

Цинк

3.20

Бакар

11.75

Платина

74080.83