Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
„Се бориме за опстанокот и за европската иднина на државата и нема да дозволам ВМРО-ДПМНЕ преку поединци да ја ситни и да ја дели оваа партија“, изјави денеска претседателот на СДСМ, Венко Филипче, откако вчера партијата соопшти дека покренува постапка за исклучување на поранешниот пратеник и градоначалник на Скопје, Петре Шилегов. Филипче на прес-конференција коментираше дека целта на владеачката партија е да ги скрие своите слабости и падот ...
Словенија ја тресе скандал со обвинувања за странско мешање во изборите и корупција, на само неколку дена пред парламентарните избори кои треба да се одржат на 22 март, пренесува „Браселс Сигнал“. Истражувачки извештај откри поврзаност на високи личности од израелската приватна разузнавачка компанија Black Cube со лидерот на централно-десничарската опозиција Јанез Јанша. Неговата Словенечка демократска партија е во тесна трка со коалицијата ...
Проверките на фотографијата од Епстин и балистичката ракета на која наводно на персиски јазик (фарси) пишува „Во спомен на жртвите од островот Епстин“ покажуваат дека таа е дигитално манипулирана. Oбратното пребарување на фотографии не открива никакви веродостојни новински агенции или други реномирани извори што ја споделуваат како автентична фотографија, пишува Вистиномер. Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук која вели: Иранските ...
Националниот парк Шар Планина е побогат за уште два риса. Од таму информираат дека на камерите при вршење на редовен мониторинг, се забележани две нови единки, со што бројот на рисови кои живеат на територијата на паркот од три се зголемува на пет. Од НП „Шар Планина“ велат дека новите рисови се забележани на дел од територијата кој припаѓа на Општина Врапчиште. „Двете единки се во добра здравствена состојба, што претставува показател за ...
Одделението за истраги, при Секторот за контрола и истраги, откри организиран криминал во кој луксузно употребувано возило „Мерцедес-Мајбах“ во 2023 година било пуштено во слободен промет и успешно регистрирано со помош на фалсификувани документи со што буџетот бил оштетен за 1,9 милиони денари, соопштија во Царинската управа. Оттаму информираат дека била спроведена опсежна истрага и форензичко вештачење на уреди, по што до ОЈО ГОКК е ...
Израел вели дека го убиле шефот на иранската национална безбедност, Али Лариџани, во ноќните напади, тврдење кое, доколку се потврди, ќе го направи највисоката иранска личност што загинала во војната откако врховниот лидер Али Хамнеи беше убиен првиот ден. Министерот за одбрана на Израел, Израел Кац, изјави дека во посебен напад е убиен командантот на паравоените сили Басиџ, Голамреза Солејмани, заедно со други високи личности од Басиџ. Иран ...
Лажен инспектор успеал да измами жена од Прилеп за сума од 2.000 евра и 1.000 долари, по што доби притвор, соопштија во Министерството за внатрешни работи (МВР). „ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против М.А.(46) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. На 04.11.2025, пријавениот измамил жена од Прилеп за сума од 2.000 евра и 1.000 долари. Лажно претставувајќи се како инспектор во странска земја, на ...
Нова авиолинија до Братислава започнува да функционира од денеска од аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, а од 29 март ќе се воведе уште една линија од охридскиот аеродром до Милано. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, денеска најави дека овие авиолинии ќе донесат нови туристи во Охрид и ќе значат повеќе можности за зајакнување на економијата. „Развојот на авиосообраќајот претставува еден од врвните приоритети на ...
Семејства се собраа пред центарот за лекување од дрога во авганистанскиот главен град Кабул, барајќи ги своите најблиски откако беше погоден во пакистански воздушен напад, во кој талибанските власти соопштија дека загинале 408 лица. Нападот врз болницата за лекување од зависност „Омар“ во Кабул се случи околу 21 часот по локално време во понеделник. Барјалај Амири, 38-годишен механичар, беше во објектот со 2.000 кревети во вторник за да го ...
Шри Ланка ја прогласи секоја среда за неработна за јавните институции со цел да се заштеди гориво по војната меѓу САД и Израел со Иран, објави Би-Би-Си. „Мора да се подготвиме за најлошото, но да се надеваме на најдоброто“, рече претседателот Анура Кумара Дисанајаке на вонреден состанок со високи функционери во понеделник. Речиси 90 отсто од целата нафта и гас што течеше низ теснецот минатата година беше наменет за Азија, која е најголемиот ...
Американскиот претседател Доналд Трамп размислуваше за тоа дали ќе има „чест да ја освои Куба“, истиот ден кога електричната мрежа на комунистичкиот остров доживеа прв колапс на национално ниво откако САД ефикасно го прекинаа протокот на нафта во земјата. „Знаете, целиот мој живот слушам за САД и Куба, кога САД ќе имаат чест да ја освојат Куба? Тоа е голема чест“, рече Трамп во забелешките од Овалната соба. „Освојувањето на Куба во некоја ...
Ракети и најмалку пет дронови беа лансирани врз амбасадата на САД во Багдад рано утрово од областите околу градот, соопштија ирачки безбедносни извори, опишувајќи го нападот како најинтензивен од почетокот на војната меѓу САД и Израел со Иран. Сведок на Ројтерс видел најмалку три дронови како се упатуваат кон амбасадата. Системот за воздушна одбрана C-RAM собори два од нив, додека трет погоди во комплексот на амбасадата, од каде што можеше да ...
Извршниот одбор на СДСМ започна постапка за исклучување на Петре Шилегов од членството на СДСМ. „Шилегов е уценет и одработува за ВМРО. Ја разоткривме целата бизнис шема на Христијан Мицкоски во енергетиката, од Адамовиќ до „Руднап“. Сега на сите им е јасно зошто толку многу сакаат да го рушат СДСМ. ВМРО толку падна што единствената опција им остана обидот да го урне СДСМ одвнатре. Сега на сите им е јасно дека станува збор за „платформа за ...
Денеска во Кочани се одбележа првата годишнина од трагичниот пожар во доскотеката Пулс, во кој загинаа 63 млади луѓе, а стотици беа повредени. Во Паркот на револуцијата беа поставени 63 бели столчиња, кои останаа празни, како потсетник за прерано изгубените животи и прекинати соништа. На секое од столчињата беа напишани имиња на загинатите и беше оставена по една бела роза. На одбележувањето, покрај семејствата, блиските на загинатите и ...
Италија е најновата европска земја, по Велика Британија, Германија и Грција, што реагира претпазливо на барањето на Доналд Трамп сојузниците да помогнат во отворањето на Ормускиот теснец. Италијанскиот министер за надворешни работи, Антонио Тајани, им изјави на новинарите во Брисел дека Италија ги зајакнува поморските мисии на ЕУ во Црвеното Море. Но, тој додаде: „Сепак, не мислам дека овие мисии можат да се прошират за да го вклучат ...
Малопродажните цени на бензините и дизелот се зголемуваат за седум, односно 6,5 денари за литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад. Бензините Еуросупер БС 95 и Еуросупер БС 98 од полноќ ќе се продаваат за 86,5 денари за литар, односно 88,5 денари. Цената на дизелот, пак се зголемува на 92 денари за литар. Екстра лесното масло за домаќинство исто така поскапува за седум денари и ...
Во играта Диабло 4 можете да ја испробате класата Паладин сосема бесплатно и ако ја немате купено играта воопшто, оваа промоција трае до 19 март. Играта едноставно се симнува преку Battle.net за PC, а оваа бесплатна верзија е достапна за сите играчи и на конзолите Плеј стејшн 5 и Икс бокс, но не и на Стим верзијата на Диабло 4, каде што исклучиво е предуслов да се има купено играта претходно. Новата Сезона 12 Season of Slauther каде може да ...
Нов бран насилство за време на викендот дополнително ги зголеми глобалните пазарни грижи за војната на Блискиот Исток, по американските напади врз виталниот нафтен центар, пренесува „Гардијан“. Цените на нафтата повторно пораснаа поради растечките стравувања за снабдувањето, откако САД го нападнаа клучниот ирански нафтен центар на Харк островот, а Трамп побара од сојузниците да помогнат во повторното отворање на Ормуски теснец. Нафтата брент, ...
Во последните две недели, додека дронови и ракети летаат низ небото над Иран и Заливот, контролорите на воздушен сообраќај ги насочуваа патничките авиони низ побезбеден воздушен простор на рабовите од воената зона. Мапата за следење летови покажува колку станале „зафатени“ Египет и Грузија, пренесува „Би-Би-Си“. Секој контролор се грижи за различен дел од мапата, координирајќи со колегите кои авиони влегуваат и излегуваат од нивниот воздушен ...
Мрачно комичниот трилер „Една битка по друга“ ја освои наградата за најдобар филм на доделувањето на наградите „Оскар“. Филмот триумфираше со шест златни статуетки, од вкупно 13 номинации и ги освои, освен за најдобар филм, и Оскарите за машка споредна улога, кој го доби Шон Пен, кастинг за Касандра Кулукундис, монтажа, како и наградите за најдобра режија и адаптирано сценарио, за Пол Томас Андерсон „Ајде да пиеме мартини! Ова е прилично ...
Украина бара пари и технологија во замена за помагање на земјите од Блискиот Исток кои ја побараа нејзината експертиза во одбраната од иранските камикази дронови, изјави претседателот Володимир Зеленски, откако Киев испрати специјалисти во регионот. Зеленски им рече на новинарите дека три тима се испратени на Блискиот Исток за да спроведат експертски проценки и да демонстрираат како треба да функционира одбраната од дронови. Порано оваа ...
Приватните пензиски фондови, осигурителните компании и банкарите – остануваат најголеми финансиери на државата. Заемите што ѝ ги дале на Владата по основ на државни хартии од вредност се „бројат“ во неколку милијарди евра. На крајот на февруари годинава долгот на државата по основ на државни хартии од вредност изнесувал 4.310.000.000 евра, со тенденција на континуиран пораст во изминатиот период, пишува Порталб. Дури 52,3 отсто од заемите од ...
Денеска се одбележува една година од катастрофалниот пожар во дискотеката Пулс во Кочани, во кој животот го загубија 63 млади луѓе. Во 2,30 часот, времето на започнувањето на пожарот во дискотеката, родители, роднини и блиски на жртвите и повредните се собраа во Кочани, пред објектот и со едноминутен молк им одадоа почит на загинатите. „Не сте само спомен — вие сте љубов“, порачаа од Здружението на граѓани 16 март 2025. Една од најголемите ...
Американскиот претседател Доналд Трамп, во интервју за „Фајненшл тајмс“, рече дека би било многу лошо за иднината на НАТО доколку сојузниците не помогнат во обезбедувањето на Ормускиот теснец, критичен воден пат за глобалниот превоз на нафта. Тој додаде дека очекува Кина да помогне во обезбедувањето на каналот и посочи дека би можел да го одложи претстојниот самит со кинескиот лидер Си Џинпинг ако нацијата не се согласи да помогне. На авионот ...
Цените на нафтата повторно се искачија поради зголемените стравувања за снабдувањето откако САД го нападнаа виталниот нафтен центар на Иран, островот Харг, а Доналд Трамп побара од сојузниците да помогнат во повторното отворање на Ормутскиот теснец. Суровата нафта Брент, меѓународната референтна цена, се зголеми за 1,8% на 104,98 долари за барел за време на раното тргување утрово. Уште еден викенд на насилство низ Блискиот Исток ги зголеми ...
Во текот на изминатите 24 часа полицијата регистрирала седум пријави за семејно насилство низ повеќе градови во државата, а три лица се лишени од слобода, информираа од Министерството за внатрешни работи. Во струмичко, полициски службеници привеле 34-годишен маж и 29-годишна жена од едно село во регионот. Според информациите од полицијата, жената најпрво пријавила дека била физички нападната од нејзиниот сопруг во нивниот дом. Подоцна и ...
Просторот каде што беше планирано да се изгради меморијалниот парк за жртвите на пожарот кој избувна во модуларната болница останува недопрен, градежните работи не се започнати ниту по осум месеци откако владините претставници и пратениците пред локалните избори се сликаа пред камерите, зборувајќи со емоции за жртвите на трагедијата, пишува Порталб.мк. Спомен-паркот за 14-те жртви од пожарот во Модуларната болница во Тетово и натаму останува ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија дека се обидува да ја искористи војната на Блискиот Исток за да предизвика „уште поголемо уништување“ во Украина. Тој рече дека на Украина и се потребни системи за воздушна одбрана без оглед на тоа што се случува на други места. Американско-израелската војна со Иран доведе до тоа многу ракети за воздушна одбрана да бидат искористени, пишува Би-Би-Си. Коментарите на Зеленски дојдоа ...
Доналд Трамп ги повика Велика Британија и другите сојузници да испратат воени бродови во Ормускиот теснец за да помогнат во обезбедувањето на клучниот бродски пат од Блискиот Исток, објави Би-Би-Си. Американскиот претседател рече дека се надева дека Кина, Франција, Јапонија и Јужна Кореја ќе испратат бродови на преминот, каде што вели дека голем број танкери биле нападнати откако САД и Израел ја започнаа војната против Иран пред две недели. ...
Израел започна уште еден „широк“ бран напади врз цели во западен Иран, соопштија израелските одбранбени сили. Израелското министерство за здравство објави дека во Израел 108 лица се однесени во болница со повреди во последните 24 часа. Од нив, 96 имале полесни повреди, двајца биле во „умерена“ состојба, а девет сè уште се на лекарска проверка, објави Би-Би-Си. Од почетокот на конфликтот, се наведува дека 3.195 лица биле згрижени во болница ...