големениот број на заболени од грип не е нешто невообичаено и е очекувано за овој период од годината. Пикот на сезонскиот грип го очекуваме во втората половина од јануари, кога ќе почне второто полугодие од учебната 2025/2026 година, до првата половина од февруари, рече денеска директорката на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), д-р Марија Андоновска. На новинарско прашање дали ќе препорачаат одложување на почетокот на второто полугодие, ...

Оваа ќе биде година на реформи, во која ќе се завршуваат проектите и ќе се ставаат во функција објектите, истакна премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања по пуштањето во употреба на новата градинка „Сончогледи“ во општина Гевгелија. Според него, 2026 ќе биде година на големи и крупни чекори во делот на градежништвото, образованието, енергетиката, економијата, земјоделството… – Генерално, ќе биде година на реформи. Имаме ...

Регистрирани се 1.725 случаи на заболени од грип или заболувања слични на грип во периодот од 29 декември и 4 јануари, што е 2,2 пати повеќе во споредба со претходната недела кога бројот на пријавени лица бил 771. Бројот на пријавени лица оваа недела во споредба со истата недела минатата сезона, кога бројот бил 331, е зголемен 5,2 пати, а во споредба со истата недела во последните 15 сезони, зголемувањето е 38,7 проценти, покажуваат ...

На 07.01.2026 во 16:30 часот во СВР Штип, 77-годишна жена од Штип пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 700.000 денари. Според пријавеното, претходно во текот на денот лицето ѝ се јавило, се претставило како лекар и ја известило дека нејзината сестра била во болница поради скршеница на нога за која било потребно да се изврши операција со вградување на шипки. Како што е пријавено, лицето ѝ ги побарало парите и откако се ...

На 07.01.2026 во 09:40 часот во с.Црник, пехчевско, полициски службеници од ОВР Берово го лишија од слобода У.А.(25) од село Црник. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуамна и семки од растението канабис. Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. На 07.01.2026 во 09:40 часот во с.Црник, пехчевско, полициски ...

На 07.01.2026 во 20:20 часот на локален пат во с.Блатец, виничко, кај место викано „Стопанство“, полициски службеници од ОВР Виница го лишија од слобода М.К.(43) од с.Блатец. Претходно, тој со патничко возило „ауди“ со винички регистарски ознаки, кое го управувал, излетал од патот. При преземање мерки во врска со незгодата е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,38 промили алкохол во крвта. На 08.01.2026 во ...

Во вчерашното гостување на телевизија Алфа, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се осврна на темата за правосудството за што истакна дека правосудниот систем во земјава е во одреден дел контаминиран од страна на поранешната влада на СДС и ДУИ, особено во делот на измените на Кривичниот законик. Според него, некои лица од претходната власт можат да се повикуваат на поповолни закони, што како што вели тој, е најголемиот проблем, ...

ОВЕН Денеска ќе почувствувате желба за осаменост и за активности што ви носат задоволство – работата и општествените контакти може да се стават во втор план. Доколку тоа е вашиот внатрешен нагон, следете го. Забавете го темпото и, доколку е можно, избегнувајте обврски што бараат многу енергија. БИК Денот ќе ви биде релативно мирен. Комуникацијата со колегите и пријателите ќе биде пријатна и лесно ќе најдете заеднички јазик со другите. Доколку ...

По преземени мерки и активности, на 07.01.2026 полициски службеници од СВР Тетово во координација со СВР Скопје и со Единицата за економски криминал – Сектор за општ и насилен криминал при МВР расчисти три кривични дела „измама“ и едно „измама“ во обид, при што во Скопје ја лишиле од слобода А.Ј.(23) од Скопје. Имено, таа на социјална мрежа објавила оглас дека издава станови под наем во Тетово и телефонски ги убедувала да уплатат средства на ...

Детето ја наследува својата интелигенција од мајката, според новите научни истражувања. Хромозомот е наследен фактор во нашите клетки којшто ги пренесува гените на родителот во неговите / нејзините потомци, пренесува српскиот портал „Задоволна“ (Zadovoljna). Жените имаат XX-хромозоми, а мажите имаат XY-хромозоми. Според научните сознанија, нашата интелигенција доаѓа директно од многу Х-хромозомите. Со оглед на тоа што мајката има два такви ...

Ако планирате или веќе сте во процес на слабеење, мора да ве интересира кога вагата ги покажува најточните резултати од вашиот напредок. Мерењето помага да се следи губењето килограми, но изборот на вистинското време за мерење може да помогне попрецизно да го следите напредокот, како и да ве мотивира. Најдобро време за мерење Повеќето здравствени експерти се согласуваат дека најдобро време за мерење е наутро. Застанете на вагата веднаш по ...

Овен Почетокот на годината ќе биде помирен, но темпото ќе се забрза во јуни кога Јупитер ќе влезе во вашата љубовна зона, носејќи ви чувство дека конечно сте на вистинското место во вистинско време. Затемнувањето на сонцето на 12 август носи важни сознанија во вашиот интимен живот, охрабрувајќи ве да се запрашате не само што сакате, туку и како сакате да се чувствувате во вашата врска. Ако сте во врска, влегувате во фаза на сериозни разговори ...

ЈАРЕЦ Вие сте упорни и посветени, така што секоја ваша иницијатива носи напредок, дури и финансиски. Очекувајте бонус или вреден подарок . СТРЕЛЕЦ Истакнатата област на финансиите ви носи одлична заработка и стабилен финансиски почеток на Новата 2026 година. ОВЕН Уран во Бик ви носи ненадејни добивки, најчесто преку игри на среќа. Планетите се на ваша страна. БЛИЗНАЦИ Јупитер во Рак ви носи стабилен почеток на Новата 2026 година и зголемување ...

Чистењето на организмот по празниците не е само прашање на „детокс диета“ – тоа е можност на телото да му ја вратите рамнотежата, енергијата и виталноста. Празниците често се период кога нашите навики се менуваат, а чиниите се полнат со богати, масни и калорични оброци. Иако уживањето во храната и дружењето со семејството и пријателите придонесува за радост и благосостојба, вишокот масна храна, алкохол и слатки може да го остави организмот ...

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп замрзна повеќе од 10 милијарди долари наменети за грижа за деца и помош на семејствата во сојузните држави Калифорнија, Колорадо, Илиноис, Минесота и Њујорк. Како причина за ваквиот чекор, американското Министерство за здравство наведе сомнежи за измами и злоупотреби. Од стапувањето на должност, администрацијата на Трамп неколкупати се закани со кратење на федералното финансирање на ...

Блокадата на САД врз санкционираните венецуелски танкери за нафта останува „насекаде во светот“, изјави американскиот министер за одбрана Пит Хегсет. Претседателот на САД, Доналд Трамп, нареди „блокирање“ на сите танкери за нафта што влегуваат и излегуваат од Венецуела на 16 декември. Шпанската влада соопшти дека компаниите на земјата што работат во Венецуела, вклучувајќи го и нафтениот гигант Репсол, работат нормално и имаат владина ...

САД се обидуваат да запленат танкер поврзан со Венецуела по повеќедневна потера преку Атлантикот, изјавија за британски медиуми двајца американски функционери. Со евентуално запленување, според британските медиуми, може да се разгорат тензиите на САД со Русија, и тоа се случува откако танкерот, првично познат како Бела-1, помина низ американската поморска „блокада“ на танкери под санкции и ги одби обидите на американската крајбрежна стража да ...

Гренланд не е територија која може да биде анектирана или преземена со нечија волја, порача денеска премиерот на Гренланд, Јенс-Фредерик Нилсен, додавајќи дека поддршката на европските сојузници и НАТО е од клучно значење за заштита на суверенитетот и територијалниот интегритет на тој остров во состав на Данска. Во објава на Фејсбук, Нилсен наведе дека Гренланд ги засили дипломатските и политичките активности во последните години за јасно да ...

Полскиот премиер Доналд Туск денеска изјави дека никој нема да ја сфати Европската Унија сериозно, ниту непријателите ниту сојузниците, ако не се вооружи, не верува во сопствената сила и не остане обединета во согласност со слоганот „сите за еден, еден за сите“. „Конечно мора да веруваме во нашата сила, да продолжиме да се вооружуваме и да бидеме обединети како никогаш досега. Еден за сите, сите за еден. Инаку, не успеавме“, рече Туск на ...

Рано утрово, околу 3 часот, се случи убиство во ресторан во Товаришево во близина на Бачка Паланка. Како што дознаваат српските медиуми, 18-годишен маж бил прободен со нож во вратот, и починал во амбулантното возило на пат кон болница. Според очевидци, на сè му претходела расправија. Како што дознава „Блиц“, осомничениот за убиството е сè уште на слобода, а Товаришево е под полициска опсада. Рано утрово, околу 3 часот, се случи убиство во ...

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Мухамед Али, заедно со дежурните екипи на бројот за итни повици 112 и Секторот за операции, континуирано ја следи состојбата по обилните врнежи низ државата. Од ЦУК апелираат до граѓаните, доколку имаат потреба од помош или забележат проблеми, истите веднаш да ги пријават на телефонскиот број 112. Според пријавите и реализираните интервенции заклучно со 21:00 часот на 7 јануари 2026 година, ...

Премиерот Христијан Мицкоски во текот на утрешниот ден ќе упати покани до политичките партии за лидерска средба, која би се одржала во наредните седум до десет дена, пред неговото заминување на Светскиот економски форум во Давос. Теми на средбата би биле консензус за реформските закони и укинување на техничката влада. Во божиќно интервју за ТВ Алфа премиерот Мицкоски рече дека очекува сите лидери на парламентарните коалиции да ја прифатат ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. Од 17:00 часот сообраќајот на ГП Евзони (Богородица) е во прекин за секаков тип на возила, информираат од АМСМ. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со ...

ОВЕН Подготвени сте да организирате 10 лица во вашиот дом за Божиќен ручек, а можете да започнете рано наутро, но ќе ви биде важно да имате мирен и непречен социјален собир. Само расположението може да го расипе подарокот што не е по ваш вкус. БИК Ќе бидете опкружени со убави луѓе и стимулирачка атмосфера и ќе се забавувате. Деновиве и доколку не се чувствувате добро кога сте со партнерот, сепак, немојте да се пренесувате и да кажете нешто за ...

Ви благодарам на сите за присуството. Го честитам најрадосниот празник во христијанството со традиционалната честитка мир Божји, Христос се роди. Посакувам мирни празници, посакувам весели празници на сите верници кои денес овој празник го празнуваат. Ова е традиционален повод да се собере семејството, да се соберат најблиските, да се покаже почит, да се покаже грижа. Посакувам денот да помине мирно, а во мирот во овие турбулентни времиња ни ...

„Божиќ е ден кога тишината зборува погласно од зборовите. Ден кога се потсетуваме на она што навистина нè држи заедно: семејството, верата, солидарноста и меѓусебната почит. Христовото раѓање нè враќа кон суштинските вредности што со векови го обликувале карактерот на нашиот народ. Божиќ нè потсетува дека силата на едно општество започнува во домот, дека стабилната држава се гради врз здрави семејства и дека иднината ја чуваме преку грижата ...

Најниска темепратура утрово во земјава од 0 степени е измерена на Попова Шапка, соопшти УХМР. Следат Лазарополе и Mаврови Анови со 2 степени, 4 Kрушево, 5 Скопје-Петровец, Претор, Пожаране, Тополчани, 6 Скопје-Зајчев Рид, Берово, Крива Паланка, Тетово, Прилеп, Ѓуриште, 7 Куманово, Охрид, Битола, 8 Виница, Кавадарци, 9 Велес, Струмица, Штип и 10 степени Целзиусови во Гевгелија и во Демир Капија. Во изминатите 24 часа до 07 часот утрово ...

„Христовото раѓање е вечен симбол на надежта, светлината и победата на доброто над темнината. Овој голем христијански празник не потсетува на суштинските вредности врз кои се гради едно силно и стабилно општество семејството, почитта меѓу луѓето, солидарноста и заемната одговорност. Божиќ не повикува да се вратиме кон човечноста, моралот и духовните вредности кои не обединуваат. Во време на предизвици пораката на Божиќ е потсетник дека само ...

На 06.01.2026 во 11:45 часот на улица „Архиепископ Михаил“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес, го лишиja од слобода А.К.(63) од Велес. Претходно, тој со патничко возило „пежо“ со велешки регистарски ознаки, удрил во патничко возило „бмв“ со хрватски национални ознаки, управувано од С.Г.(39) од Велес. При преземање мерки во врска со несреќата, било констатирано дека А.К. го управувал возилото под дејство на алкохол, односно дека има ...

На 05.01.2026 во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ги лишија од слобода К.А.(34) и И.М.(34), двајцата од село Марвинци, валандовско. При преглед кај нив, кај К.А. пронајдени се неколку пакувања со амфетамин. Лицата се задржани во полициска станица и на 06.01.2025 врз основа на судски наредби, извршени се претреси во нивните домови во с. Марвинци, при што при претрес во домот на К.А. пронајдени се три поголеми пакувања со ...

weather icon

Скопје

3ᴼ / 3ᴼ
3.6
87%
1006
weather icon

Белград

1ᴼ / 0ᴼ
6.17
66%
1011
weather icon

Загреб

4ᴼ / 3ᴼ
5.14
80%
1012
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
2.57
93%
1011
weather icon

Сараево

-2ᴼ / -2ᴼ
4.85
95%
1014
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
4.12
75%
1011
weather icon

Атина

14ᴼ / 12ᴼ
3.58
79%
1000
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
2.57
62%
1002
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
93%
1003
weather icon

Букурешт

-2ᴼ / -4ᴼ
9.77
73%
1015
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / 0ᴼ
1.03
92%
1013
weather icon

Истанбул

5ᴼ / 5ᴼ
6.69
100%
1007
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Цинк

3.34

Паладиум

54624.12

Сребро

3663.67

Рутениум

45750.51

Кобалт

64.04

Бакар

11.99

Платина

83354.78

Родиум

355265.75

Калај

54.25

Злато

156424.63

Алуминиум

3.15

Иридиум

221848.72