Скопје
11ᴼ /
11ᴼ
Бугарската православна црква го признава автокефалниот статус на Македонската православна црква, кажал бугарскиот патријарх Даниил во текот на неодамнешната посета на Вселенската патријаршија во Истанбул и заедничка служба со вселенскиот патријарх Вартоломеј. Ваквиот став бил искажан во текот на нивната заедничка литургија во храмот „Свети Стефан“ во Истанбул, на што немало реакција од страна на вселенскиот патријарх Вартоломеј. Познато е, ...
Државната изборна комисија (ДИК) вечерва ги соопшти првичните и неофицијални резултати од денешните повторени избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Маврово Ростуше и Центар Жупа, врз основа на податоците што пристигнале преку електронскиот систем. –Во општина Врапчиште запишани се 27 279 избирачи во Избирачкиот список, а се гласаше на ласаше на 39 избирачки места. Досега податоци се пристигнати од 38 избирачки места, што ...
Ова е неприфатлив напад врз статусот на дипломатската мисија и грубо кршење на Виенската конвенција за дипломатски односи…. Очекуваме надлежните органи ефикасно да се спротивстават на ваквите злосторства. Ова се се вели во реакцијата на Софија на скршеното стакло од Амбасадата на Бугарија во Скопје. Денеска се појави и видеото од овој „напад“ и „злосторство“ од кое се гледа дека едно непознато лице, без придружба, удира по стаклото од ...
Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид минатата година опслужиле 3,5 милиони патници и 26.500 летови. „Бројот на превезените 3.475.288 патници преку скопскиот и охридскиот аеродром во 2025 година е зголемување од 9 проценти во однос на 2024 година, додека кај опслужените летови годишното зголемување е 4 проценти“, информира ТАВ Македонија. Во декември 2025, статистиката на концесионерот покажува двоцифрено ...
Гренланд треба да води директни преговори со американската влада без посредништво на Данска, изјави лидерот на најголемата опозициска партија во Гренланд – Налерак, Пеле Броберг. „Ја охрабруваме нашата влада да започне дијалог со американската влада без Данска“, изјави Броберг, лидерот на опозициската партија Налерак, која се залага за независност на Гренланд, според Ројтерс. Тој рече дека Данска со своето посредништво ги антагонизира и ...
ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ТОМОВ“ НА СЛАВЕ КАТИН Фолклорниот ансамбл „Томов“ од Њујорк имаше успешни турнеи низ Македонија, за кои бројни написи беа објавени во разни информативни гласила. Во продолжение ќе поместиме серија написи од членовите на Ансамблот објавени во магазинот „Њузлетр“. Првиот текст е на Џон Брандо и се однесува на Илинденски фестивал во Битола. Во текстот Џон Брандо го вели следното: „Битола, град во јузниот дел на Македонија ...
Македонската ракометна репрезентација го освои второто место на „Жолтиот куп“ во швајцарски Винтертур, откако вечерва одигра нерешено 28:28 со домашната репрезентација. Поради подобрата гол-разлика во претходните две кола на турнирот, ремито повеќе им одговараше на Швајцарците го завршија на првото место, додека Македонците со ист биланс од две победи и еден нерешен резултат се втори. Во пресрет на вечерашниот натпревар Швајцарија имаше +14, ...
Египет е последниот полуфиналист на АФКОН. Седумкратните шампиони на Африка го победија актуелниот шампион Брегот на Слоновата Коска во четвртфиналето во Агадир со резултат 3:2, што значи дека „Црниот континент“ ќе добие нов владетел на 18 јануари. Во полуфиналето, Египќаните за ривал ќе го имаат Сенегал. БСК влезе во овој дуел како благ фаворит, играа одличен фудбал на турнирот, но оваа репрезентација историски не можеше да се справи со ...
27. “MONOGRAPHY TOMOV” The seventh monograph work “Monographia Tomov” (207), was published by “Makedonska Iskra” from Skopje, on 320 pages, in Macedonian and English. Reviewers of this important work are the faculty professor Dr. Vera Stojčevska-Antić and one of the permanent members of the ensemble “Tomov”, Dr. Kristina Kalas, who was the editor of the English text. Monograph “Tomov” by Slave Katin is a mirror for the famous and recognized ...
Само Косово, од земјите во регионот, во новата година влезе со пониска минимална плата од Македонија. Највисоки минимални плати во регионот се добиваат во Црна Гора, каде што е 600 евра. Во Србија, минималната плата се движи од 505 до 580 евра во зависност од тоа колку работни часа има месецот. Во Федерацијата БиХ во Босна и Херцеговина, минималната плата е 525 евра, а во Република Српска 511 евра. Во Албанија, од Нова година минималната ...
Сојузниците, вклучувајќи ги Франција и Германија, тесно соработуваат за тоа како да одговорат ако САД ја спроведат заканата за преземање на Гренланд, додека Европа се обидува да се спротивстави на амбициите на американскиот претседател Доналд Трамп во регионот. Американското воено преземање на Гренланд од Данска, долгогодишен сојузник, би предизвикало големи потреси во рамките на НАТО алијансата и дополнително би го продлабочило јазот меѓу ...
Во Националниот архив на Австралија зачуван е документ од 1934 година во кој се гледа дека извесен Атанас Васил Делјанис, македонски иселеник, побарал во австралиското државјанство да биде внесено неговото вистинско име, не во грчка форма. Во изјавата пред автралиските власти тој рекол дека е Македонец, и дека неговото име во грчка форма било запишано под присила. Во документот јасно и недвосмислено стои дека Македонците под грчка власт биле ...
Во емотивна и достоинствена атмосфера, стотици граѓани на Кочани се собраа во Паркот на Револуцијата за да им оддадат почит на настраданите во Швајцарија. Под мотото „Два града – иста болка“, присутните запалија свеќи и во тишина го споделија товарот на загубата што ја чувствуваат семејствата илјадници километри подалеку. Кулминација на собирот беше пуштањето на 40 бели балони кон небото, симболизирајќи ги згаснатите млади животи во ...
Денеска се спроведува гласањето на болните или немоќни лица, како и на лицата кои се на издржување казна затвор или притвор, за повторните избори за градоначалници во општините Гостивар, Маврово и Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа. „Вкупно 249 болни или немоќни лица можат да го остварат своето право на глас на овие избори. Од нив, 146 лица се пријавени за гласање во Гостивар, 32 болни или немоќни лица имаат право да гласаат во Врапчиште, 69 ...
Како последица на обилните врнежи од дожд, денеска до 12:30 часот се регистрирани одрони, свлечишта и локални поплави во повеќе региони низ државата, информираат од Центарот за управување со кризи. Во Штип поради претходните врнежи зачестени се одроните од камења и свлечишта на коловозите, поради што се апелира на зголемена внимателност при сообраќајот. Во Скопскиот регион, како што информираат од ЦУК, нема нарушување на редовната состојба ...
Се подготвува нов закон за заштита од пушењето, со кој се предвидува драстично заострување на државната политика кон пушењето цигари, но и воопшто кон тутунските производи, објави денеска ТВ Телма. Според нацрт-законот до кој дошла телевизијата, забраната за пушење ќе важи во сите затворени простори од јавен карактер, а увозот и продажбата на тутунски и никотински производи драстично ќе се ограничи. Цигарите ќе се тргнат и од видното поле на ...
Македонската ракометна репрезентација на вториот меч на „Жолтиот Куп“ запиша победа против Украина, откако ја совлада со 26-31. Ова е втор триумф за „црвено-жолтите“ после вчерашната победа против Бахреин. И на оваа средба имаше лоши и добри работи. Селекторот, Кирил Лазаров и неговите момци ќе имаат доволно време да ги корегираат сите недостатоци пред стартот на ЕП каде ќе мора да бидат пефектни бидејќи ги чека тешка задача. Она што треба да ...
ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ТОМОВ“ НА СЛАВЕ КАТИН Во ова продолжение за Георги Томов и неговиот ансамбл „Томов“ ќе го поместиме интервјуто што го направи Џеин Аронович (Jane Aranovitch), која го напиша следното: „Георѓи Томов држи предавања за народните ора од поранешните републики на Југославија и го основа и е раководител на Ансамблот “Томов”. Неодамна предаваше во Торонто и во Монтреал. Прашање: Мора да сте уморен по патувањето во Торонто за ...
25. “GOGA PEČENKOVSKI” The fifth monograph “Goga Pečenkovski” (2004),“Macedonian Spark” from Skopje, is a private edition, printed on 154 pages, in Macedonian. This work presents the history of the Pečenkovski family, which is closely connected with the events in Macedonia, with its history. Their incredible story is a Macedonian chronicle of the survival of the Macedonians, for whom it is difficult to find similar examples in the history of ...
Ѕвездата на Милвоки Бакс, Јанис Адетокумбо, одлучи да стави крај на сите гласини за неговата иднина и јасно стави до знаење дека нема намера да побара трејд – ниту оваа ниту која било друга сезона. Грчкиот ас истакна дека таков потег едноставно не е во неговата природа и дека никогаш нема да биде тој што ќе побара да го напушти клубот. „Никогаш нема да има момент кога ќе излезам и ќе кажам: „Сакам трејд“. Тоа едноставно не е во мојата ...
Австралискиот тенисер Ник Кирјос одлучи да се повлече од поединечната конкуренција на претстојниот Отворен турнир на Австралија. Овој потег, од друга страна, му одговараше на швајцарскиот тенисер Стен Вавринка, кој со тоа доби посебна покана и како 156-ти тенисер во светот ќе избегне квалификации и ќе влезе во главната ждрепка. „Не сум подготвен да играм во Мелбурн“, кратко објасни Ник, кој ќе биде во Мелбурн, но само во машка конкуренција во ...
Обилните снежни врнежи предизвикаа откажувања на летови и возови, сообраќаен метеж и затворање на училишта во делови од Европа. Снегот предизвика колони од 1.000 километри во поширокиот регион на Париз Снегот во Париз предизвика проблеми во сообраќајот и колони од 1.000 километри во поширокиот регион на француската престолнина. Рекордот на должината на колоните е соборен вчера доцна попладне (5.01). Во просек, сообраќајните метежи во регионот ...
Како најистакнати меѓу сите кандидати за двете места во Судскиот совет што треба да ги пополни шефот или шефицата на државата, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова до Собранието ги предложи адвокатката Сузана Јошевска-Атанасовска и професорката Арлинда Кадри-Шахиновиќ. Првата е експерт за кривично право, втората за граѓанско и семејно право. Јошевска-Атанасовска завршила студии по право на УКИМ. Кадри-Шахиновиќ на ФОН. Имаат богати ...
Артан Груби, поранешниот вицепремиер на Македонија и бегалец од правдата, забраден, бил виден во Приштина, пишува новинската агенција „Косова прес“. Груби од декември 2024 година е во бегство за сторен криминал во Македонија, а е ставен на црната листа на Соединетите Американски Држави. Според косовките медиуми тој бил виден недалеку од центарот на Приштина во придружба на две деца. Покрај Груби, македонската полиција сè уште го бара и ...
Поради поплавите што зафатија делови од земјата предизвикани од поројните дождови, во Кочанско и во Охридско, поради излевања реки, се дејствува со механизација. На подрачјето на Скопскиот Регион нема нарушување на редовната состојба поврзано со врнежите од дожд, во Тетовско, пак, се пријавени свлечишта на локалните патишта, соопшти утрово Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од ЦУК наведуваат дека во општина Кочани е забележан значително ...
„Левица е за укинување на т.н. Пржинска влада и непотребните дополнителни заменици-министри со право на вето, сметајќи дека истата нема смисла и се претвори во алатка за меѓупартиско пазарење. Техничката влада функционира како фасада и привид на фер, демократски избори и плурализам, зад кој продолжува суштинската политичка нееднаквост, селективноста и цензура. Затоа, укинувањето на техничката влада за нас е прифатливо само доколку оди рака ...
На денешната прес-конференција лидерот на СДСМ, Венко Филипче изјави дека доколку избори бидат распишани СДСМ ќе учествува на тие избори и ќе се бори со сите демократски средства. Претходно тој ја образложи одлуката зошто не прифаќа лидерска средба. -Нема средба за техничката влада. Тоа е последната линија ја одбрана од целосна злоупотреба на слободната волја на граѓаните за изборниот процес. Не смее да се укине техничката влада која е ...
Алармантна серија на измами го тресе истокот на Македонија. Лажен лекар три дена по ред успешно измамува стари лица, користејќи ја морбидната шема со „тешко повреден роднина“. Билансот е фрапантен – во само 72 часа, од две баби и еден дедо, измамниците изнудиле вкупна сума од над 32.000 евра (околу 2 милиони денари). Најновата жртва е 67-годишна жена од Виница, која вчера останала без својата животна заштеда. Таа во 15:00 часот во ОВР Виница ...
Изборната кампања за повторените локални избори во општините Гостивар, Маврово-Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа завршува денес (петок, 9 јануари) на полноќ, со што официјално започнува предизборниот молк кој ќе трае до затворањето на гласачките кутии во недела, на 11 јануари во 19 часот. Овие избори се од клучно значење за четирите општини кои останаа без избран татко на градот по редовните Локални избори во октомври 2025 година, поради ...
Премиерот Христијан Мицкоски, по локалните избори во октомври, на почетокот на 2026 година повторно ја отвори дебатата за укинување на техничката влада – модел кој се применува со години. Во телевизиско гостување најави дека ќе испрати покани до парламентарните политички партии за лидерска средба. Теми на дискусија ќе бидат реформските закони и укинувањето на техничката влада што се формира 100 дена пред парламентарни избори. Средбата, според ...